
Скопје
12ᴼ /
12ᴼ



Под мотото „Мирисот на нова книга ја најавува пролетта“ утре во Арена „Борис Трајковски“ почнува 35. Меѓународен Саем на книгата. Оваа саемска манифестација е во склоп на серијалот „Саеми во пролет“, што го организира Скопски Саем со поддршка од Министерството за култура како покровител на Саемот на книгата. На саемот што ќе трае до 10 мај, се најавени над 50 учесници, меѓу кои и најуспешните македонски издавачки куќи, а се очекува да привлече ...
Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец април 2023 година. Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 4 мај 2023 година. Со цел да се избегне ...
Директорката на УЈП Сања Лукаревска во интервју за емисијата „Утрински печат“ најави дека од утре започнува исплатата на Мој ДДВ за првото тромесечје, сега со зголемен лимит од 2.100 денари. „За прв пат ќе исплатиме 2.100 денари кај сите оние кои преку скенираните сметки дошле до тоа ниво. Во текот на утрешниот ден веќе ќе бидат исплатени првите налози. Средствата што треба да се вратат преку оваа мерка за првото тромесечје се околу 10 милиони ...
Меѓународен ден на трудот — меѓународен празник кој се празнува на 1 мај и е посветен на борбата за зачувување и унапредување на правата на работниците. Овој празник се одбележува на 1 мај во знак на почит кон жртвите на штрајкот што се одржал од 1 до 4 мај 1886 г. во Чикаго. На овој штрајк, организиран со цел воведување на осумчасовен работен ден, била употребена сила од страна на полицијата, при што имало и жртви. Подоцна, организаторите на ...
Македонија ги има најслободните медиуми меѓу земјите од Западен Балкан, стои во новиот извештај на организацијата Репортери без граници, но се додава дека и покрај напредокот во рангирањето, новинарите во Македонија продолжуваат да се мачат со разни проблеми, вклучувајќи политички притисоци. Македонија се најде на 38. место во класификацијата за 2023 година, која опфаќа 180 држави од цел свет, при што е рангирана пред земји како Италија, ...
Со 23 гласа „за“ Општина Струмица едногласно изгласа дека новата Стратегија за млади што се носи во општината ќе го исфрли терминот „Родова еднаквост“. Наместо „Родова еднаквост“ ќе стои „еднаквост меѓу мажите и жените“. Промената е на предлог на советникот од ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ристов, кој побара да се разјаснат дел од членовите во Стратегијата, додека градоначалникот Костадинов, рече дека ставот на општината е јасен и тој дел од текстот ќе ...
Нема да се дозволи отворање на капацитети што ја загрозуваат средината, порача министерката за животна средина и просторно планирање од Струмица, Каја Шукова. Таа вели дека внимателно ќе се одлучува какви капацитети ќе се дозволат во кои региони и како тие ќе влијаат на средината. Еко-активстите од струмичко, пак, се гневни што вишиот управен суд неколкупати го враќа предметот со концесионерот на рудникот Иловица на повторно судење. Сметаат дека ...
Со Предлог-законот се предлага да се прошират областите во кои задолжително се употребуваат македонскиот стандарден јазик и неговото кирилско писмо. Ќе се прошири опсегот на задолжително лекторирање на текстовите што се објавуваат, како и документите издадени од институциите. Задолжително лекторирање врши само лектор со лекторска лиценца. Новина што се воведува со овој предлог е обврската за задолжително вработување лектори во органите на ...
Од вчера почна запишувањето на децата во прво одделение во општинските основни училишта во Струмица и тоа ќе се реализира во месец мај Во прво одделение на основното училиште родителот, односно старателот е должен да го запише детето кое до крајот на календарската 2023 година ќе наполни шест години. Родителот може да го запише детето во прво одделение, доколку наполни шест години до 31 јануари 2024 година, но по претходно добиено мислење од ...
Во рамки на проектните активности на ECO-DRR Македонија (екосистемско базирано намалување на ризици од катастрофи), финансиран од страна на Јапонската агенција за меѓународна соработка (JICA) се одржа 3-та работилница на која беа претставени три различни верзии од Картата за опасност од поплави од Радовишка река за град Радовиш. Изработена е од страна на јапонски експерти со користење на апликативен софтвер за симулација на поплави од ...
Грејната сезона завршува утре, а со тоа и кризната состојба во енергетиката што ја прогласи Владата во септември лани. -Во текот на целата грејна сезона имаше струја и парно, рестрикции немаше. Зголеменото домашно производство, донесе стабилна цена. Планот даде резултат. Тоа е најдобар демант за критичарите и квази експертите кои во текот на последниот квартал минатата година предвидуваа најцрни сценарија и го вознемируваа народот, истакна ...
Можноста за користење средства од европските фондови за развој на туризмот. Ова една од темите на кои разговарале градоначалникот на Ново Село Ѓорѓе Божинов заедно со евроамбасадорот на земјава Дејвид Гир кој денеска беше во посета на општината при што освен со градоначалникот оставари средба и со членвоите на Своетот и граѓанскито сектор. Ова е шеста од серијата општински посети по отворањето на пристапните преговори помеѓу Македонија и ЕУ во ...
Колегиумот и учениците од СОУ “Никола Карев” денеска организираа спортски ден со неколку спортски активности. Активноста која можеа да ја забележат и граѓаните на Општина Струмица беше велосипедската прошетка од училиштето до градскиот парк и назад пропратена со полициско обезбедување. Велосипедската прошетка се одвиваше генерално по новата обележана велосипедска патека. Со оваа активност учесниците пратија порака за здрав живот и зачувување на ...
„Рекордни 26 милиони евра субвенции за произведен и предаден тутун од реколтата 2022 година денеска се исплатени на сметките до 15.753 производители на тутун. За нас зборот е збор. Ветивме дека во месец април ќе биде реализирана исплатата и еве денес тутунарите своите заслужени средства може да ги очекуваат на своите сметки. Ова е историска и рекордна исплата! Висината на директните плаќања изнесуваат 80 денари по килограм за прва класа ...
Не 10 туку 25 илјади тони жито скапува во домашните силоси. Ова жито кое полека но сигурно го губи својот квалитет на пазарот остана неоткупено па сега се бара чаре да се откупи за сите страни да бидат задоволни. Од Националната федерација на фармери велат не забрана за увоз туку активирање на интервентниот фонд за да може да се откупи тоа што веќе останало во силосите од ланската реколта. Но зошто не било откупено побаравме одговор и од ...
21 годишната Семија Демова од Струмица готвач на тимот на ,,Concept food and caffe bar“ се закити со злато и бронза на Меѓународното отворено првенство на туристичко-угостителски работници ,,Деживејте ги највкусните моменти“ кој се одржува во Будва Црна Гора. На ова отворено првенство со кое и официјално се отвара новата туристичка сезона на Будванската ривиера учествуваат кувари од 12 држави од Балканот. Струмичанката Демова со своите ...
Нема објективни и разумни критериуми за распределба на над 300 милиони денари јавни пари за платено политичко рекламирање, ниту пак има јасни критериуми за распределба на дополнителните 1 евро по гласач за учесниците во вториот изборен круг, констатираше Државниот завод за ревизија во ревизорскиот извештај за исплатените средства од ДИК за локалните избори 2021 година. По две најголемите партии од позицијата и опозицијата, кои на претходните ...
Групата мигранти во која беше и Фатмата, 23 годишната жена што загина по испукан куршум пред една седмица кај Гевгелија, не биле сместувани во транзитниот центар Винојуг. Тие најверојатно влегле низ еден од нелегалните премини и со помош на двајцата криумчари се обиделе да стигнат до северната граница на државата. Нивниот обид заврши фатално, откако групата беше откриена од полицијата. Во обид да и побегнат на полицијата, помладиот криумчар, 26 ...
Околу 210 илјади денари се собрани од хуманитарниот концерт на Фондација Елеуса ,,Звукот на човечноста“ за четиригодишната Теодосија Лазаревска од Куманово на која и се потребни околу 50 илјади евра за лекување во Турција. Струмичани донираа и преку купување билет за концертот но и на пунктот поставен за таа намена и повторно ја покажаа хуманоста да се подаде рака и помогне на лица на кои им се потребни пари за лекување. На концертот настапија ...
Народната банка во текот на претстојната седмица ќе реализира повеќе активности во насока на чествување на триесет и една година од монетарната самостојност, односно воведувањето на денарот како национална валута и осамостојувањето на Народната банка, под мотото „Денарот го славиме!“. Прогласувањето на монетарната самостојност на 26 април е значаен настан за нашата држава, а воедно и значаен чекор во заокружувањето на нејзината независност. Низ ...
Изградбата на Коридорот 8 и Коридорот 10-д е стратешки проект од национален интерес за Република Северна Македонија. Придобивките од неговата изградба се огромни, бидејќи поврзувањето на земјата со регионот и Европа обезбедува рамномерен регионален развој, раздвижување на економијата на земјата, подобрување на бизнис климата, пораст на странски инвестиции, побрз трансфер на луѓе и стоки, отворање нови пазари и подобро поврзување со меѓународните ...
На 25.04.2023 во 15.10 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на улица „Ванчо Прќе“ во Гевгелија, патничко возило „фолксваген лупо“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Н.А.(20) од Гевгелија, удрило во велосипед управуван од Т.А.(54) од Гевгелија. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила велосипедистката, констатирани во Медицински центар Гевгелија. Увид на местото извршила екипа на Одделението за внатрешни ...
Рано утринава регистрирани се два земјотреса од кои првиот бил 120 километри југоисточно од Скопје, во епицентралното подрачје Струмица, а вториот на 70 километри југоисточно од Скопје и потекнува од епицентралното подрачје Свети Николе – Штип, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Првиот земјотресот бил регистриран во 4 часот и 55 минути со Рихтерова локална магнитуда ML2.2 и интензитет од три ...
По денешниот почеток на обединувањето на Македонската православна црква-Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) со Православната охридска архиепископија (ПОА) на Јован Вранишковски, која до 2002 година функционира во единство со Српската православна црква (СПЦ), отец Тимотеј уверува дека за менување на името на црквата на денешната седница не станало збор. Тој тврди дека останува името Македонска православна црква-Охридска архиепископија. „Нема што да ...
Општина Богданци информира дека поради дефкт на водоводната мрежа, жителите да не ја пијат водата овие два дена, туку да се користи само како техничка. „Се известуваат граѓаните на Богданци дека поради дефект на водоводната мрежа да не ја користат водата за пиење и готвење започнувајќи од денес, вторник (25-ти Април) заклучно со четврток (27 – ми април). Водата од системот за водоснабдување овие три дена да се користи само за техничка употреба,“ ...
Ако туристичката сезона се познава по првите пролетни аранжмани, тогаш ова лето туристичките агенции ќе имаат многу работа. Покрај летувањето преку нив, туристите се почесто ги користат и платформите за онлајн резервација и плаќање на сместувањата. Според нашите сознанија, туристичките агенции одлично поминале со велигденските арнажмани, а голем дел од нив се продадени и за Први мај и веќе се прават резервации за 24 – мај , кога исто така е ...
Неизвесно е дали ќе се одржи државната матура на 27 мај и 10 јуни, откако вчера почна генералниот штрајк на Синдикалната организација на Државниот испитен центар (СОДИЦ-СФДМ). Тие штрајкуваат оти не добиле согласност на барањето за изменување и дополнување на колективниот договор од Министерството за финансии, а заради заштита на економските и социјални права на своите членови. „Сите процеси кои се во надлежност на Државниот испитен центар ...
На 24.04.2023 во 14.15 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на булевар „Ленинова“ во Струмица се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од В.П.(36) од село Пиперево, струмичко и патничко возило „ауди“ со струмички регистарски ознаки, управувано од В.Ч.(48) од Струмица. Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во Медицински центар Струмица. ...
Во рамки на кампањата, велат од Министерството, медицинските тимови треба да посетат 120 населени места и над 2 900 семејства каде што е забележан понизок опфат на вакцинација и да ги информираат за придобивките од имунизацијата Над 30 медицински тима од здравствените домови во државава во наредните пет недели ќе ги посетуваат семејствата каде што има понизок опфат на вакцинирани лица и ќе ги информираат за придобивките од имунизацијата, ќе ...
На 23.04.2023, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гевгелија и Полициската станица Гевгелија го лишиле од слобода Б.А.(42) од с.Богородица, гевгелиско. При претрес, извршен со судска наредба, во станот кој го користи во Гевгелија и во напуштен објект во с.Богородица, кој бил отклучен со клуч пронајден во станот, биле пронајдени и одземени околу 15 ...