
Скопје
24ᴼ /
24ᴼ



На улица „Васил Главинов“ во Струмица утрово во 02:15 часот, изгоре автомобил. Како што информираа од ТППЕ Струмица, пожарот бил во разгорена фаза, а со интервенција со едно против пожарно возило и четири пожарникари е спречено натамошно ширење.Според првичните информации од пожарникарите, причинета е значителна материјална штета. ОД ТППЕ Струмица додаваат дека приодот до местото на пожарот бил отежнат заради паркирани автомобили на пристапните ...
Маските се враќаат во Македонија, комисијата за заразни болести бара да станат задолжителни за влез во здравствени установи. „Тоа е со цел да се минимизира пренесување на заразата во здравствените установи. Таму имаме групи кои може да бидат зафатени со тешка слика од Ковид вирусот кој може да се јави и летарен исхох“, соопшти претседателот, д-р Злате Мехмедовиќ. Здравствените власти во земјава регистрирале зголемување на позитивните случаи со ...
Популарните поп изведувачи, дуото Митевски & Дац воодушевени од песната и дружбата во Струмица го споделија видеото кое го направиле токму во нашиот град. Тие ја изведуваат „Под кулите на Струмица“ која велат дека дотогаш не ја знаеле. „Каде и да одиме, наоѓаме по една убава песна од тој град. Во Струмица тоа беше “Под кулите на Струмица”, a ја научивме од Перо Христов и Распеаните струмичани“, стои во објавата на нивната фан страница. ...
Министерот за економија Крешник Бектеши денеска на својот фејсбук профил информира дека цените на безалкохолните и алкохолните пијалаци ќе се намалат за 10 отсто во наредниот период. Тој информира дека добил неколку писма од домашни производители на минерална вода, сокови и пиво кои го известиле дека доброволно се вклучуваат во кампањата „гарантирана цена”. -Намалување на цените на безалкохолните и алкохолните пијалоци! Денеска добив неколку ...
На овогодинешната последна вечер од културната манифестација во организација на Општина Карпош ќе настапи струмичанката Славица Ангелова, која како фаворит од сенка победи на последната сезона од „Ѕвездите на Гранд“. Со своите фантастични вокални квалитети, пред карпошани ќе се престави и одличниот минатогодишен финалист на споменатото српско музичко шоу, Александар Јосифовски. Завршувањето на карпошовото културно лето ја одбележат гостите од ...
Полицијата вчера го лишила од слобода С.Р.(52) од радовишкото село Али Коч. Тој се сомничи дека на 18 септември 2023 година предизвикал пожар на место викано „Градска корија“ во Радовиш, при што била опожарена шума и насади со тутун. Како што соопшти МВР, С.Р. бил задржан во полициска станица и со него бил извршен службен разговор, при што го признал делото. Тој признал дека на 31 јули и на 1 август годинава на место викано „Градска депонија“ во ...
МВР извести дека вчера во 6.30 часот, полициски службеници го уапсиле Р.Б.(27) од село Николиќ, општина Дојран и С.С.(31) од Нов Дојран. При претрес во нивните домови, извршени со судска наредба, биле пронајдени и одземени повеќе предмети кои потекнуваат од тешки кражби и кражби извршени во туристички капацитети и викенд куќи на подрачјето на Нов и Стар Дојран. Уапсените биле задржани во полициската станица во Гевгелија и за случајот бил ...
Министерот за економија Крешник Бектеши информира дека сите анализи за поевтинување на производите се направени. Појасни дека идејата е производите што ќе бидат опфатени со мерката да бидат обележани за граѓаните полесно да ги препознаат. Владата, утре, на седница ќе ја утврди листата на производи што од среда ќе се продаваат по намалена, гарантирана цена, и тие не ќе смеат да поскапат до 30 ноември. Станува збор за 25 категории и над 50 ...
Даночната реформа како дел од поширок процес на реформи во јавните финансии доби поддршка во Собранието. Денеска беа усовоени измени на Законот за данок на добивка и Законот за данок на додадена вредност, кои се во насока на креирање пооптимален даночен систем кој ќе обезбени повисоко ниво на праведност, ќе го поддржи економскиот раст и ќе овозможи понатамошно усогласување со ЕУ директивите. Исто така поддршка доби и Законот за данокот за ...
Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, заедно со министерката за надворешни работи на Јужна Африка, Наледи Пандор, потпишаа Заедничко комунике за воспоставување дипломатски односи меѓу двете земји, во рамки на 78-то заседание на Генералното Собрание на Обединетите нации, во Њујорк. “Воспоставувањето дипломатски односи меѓу Северна Македонија и Јужна Африка ги потврдува нашите заложби за градење пријателски односи и партнерства и со ...
Запалено стрниште е најверојатно причината за пожарот во близина на село Фурка. Екипите што вчера цело попладне гасеа во атарот на ова дојранско село велат дека сомнежите се дека пожарот почнал од човечко невнимание, односно палење на стрништата во полето. Септемвриските високи температури и ветрот што честопати се јавува во реонот Дојран-Богданци-Гевгелија создаваат услови за ширење на шумски пожари. Вчера пожарот почна околу пладне, а поради ...
„Денес во Нова Маала дадениот збор кон сите граѓани за оваа улица почна да се реализира. Се решава деценски проблем, нема повеќе заборавени граѓани на општина Василево“, истакнува градоначалникот Славе Андонов. Во наредниот период ќе се проектираат останатите улици кои заедно со жителите на Општина Василево се договорени како приоритет за нивните населени места. Во населеното место Нова Маала за две години се инвестирани финансиски средства во ...
Од 19.9.2023 година, од 00.01 часот. максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: моторен бензин „евросупер БС-95“ – 90,50 (денари/литар) моторен бензин „евросупер БС-98 “- 92,50 (денара/литар) дизел-гориво „евродизел БС (Д-Е V)“ – 87,00 (денари/литар) масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 86,00 (денари/литар) „мазут М-1 НС“ – 48,268 (денари/килограм) Малопродажната цена на бензинот „евросупер БС-95“ се зголемува 0,50 денари/л, а ...
Europe House Струмица беше вистинска оаза на уметност и креативност во изминатите денови. Отворањето на најновата самостојна изложба на Соња Настовска, „Oслободени во боја” се одржа минатиот петок. Соња Настовска дипломира на Филозофски Факултет на катедрата по Историја на Уметност и Археологија, и на Факултетот за Ликовни Уметности на Универзитет “Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Уметничките дела ќе бидат изложени до 3 октомври. Дојдете и ...
Учениците – членови на победничкиот тим од СОУУД „Димитар Влахов“ под менторство на професор Ивана Петров Ѓоргиева, кои деновиве со кренати глави се вратија од Меѓународниот натпревар во готвење “Black Sea Fish Festival”, одржан во Констанца, Мамаја, Република Романија денеска беа на гости во кабинетот на градоначалникот Костадинов. „Го имав задоволството да им честитам на учениците од угостителско туристичката струка кои, во голема конкуренција ...
Градоначалникот на Њујорк Ерик Адамс ја прогласи оваа сабота, 16 септември, за ден на македонското наследство. Тој, заедно со македонската заедница во Њујорк, денес ќе го крене македонското знаме на настан во Менхетн, по повод 32 години од независноста на Македонија. „Македонските Американци ќе продолжат да играат клучна улога како што преземаме цврсти чекори да го придвижиме нашиот глобален град напред“, рече градоначалникот Адамс во ...
Здружението на производители на градинарски и цвеќарски видови ХОРТИ ЕКО отпочна со активностите од проектот „Зелени училишта! со засадување на дрвца во СОУУД „Димитар Влахов“ Струмица во училишниот двор. Целта е да се придонесе развивање на свеста кај младата полулација за подигање и одржување на зелените површини. Ваквото наменско и планирано засадување на дрвца има повеќекратни ефекти и далекусежни благодети, не само за озеленување на ...
Во село Просениково, струмичко, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица вчера го лишиле од слобода Л.Ѓ.(22) од село Ерџелија, општина Свети Николе. При преглед на простор во кој престојувал, како и во нива во атар на село Просениково, биле пронајдени предмети кои потекнуваат од тешки кражби извршени ноќта помеѓу 14/09 и 15.09.2023 на подрачје на Струмица. Одземените предмети се вратени на сопствениците, за настанот е ...
На 14.09.2023 во 21.30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода Г.П.(41) од Струмица и 39-годишната И.Ц. од с.Куклиш, струмичко. При преглед кај нив, кај Г.П. бил пронајден и одземен хероин. По преземени мерки и активности било дојдено до сознание дека Г.П. дрогата ја купил од А.Т.(38) од Гевгелија. Денеска (15.09.2023), со судска наредба, бил извршен претрес во домот на А.Т.. При претресот биле пронајдени и ...
По повод Европската недела на мобилност и Светскиот ден без автомобили, Europe House Струмица ви ја најавува овогодинешната „Ден без автомобили – парада за нулта емисија на штетни гасови“. На 22-ри септември, дел од улиците на Струмица ќе бидат исклучително резервирани за велосипеди, тротинети, ролери, бордови и други превозни средства кои не испуштаат штетни гасови. Целта на овој ден е да ја крене свесноста кај луѓето за зачувување на чиста, ...
Запуштениот и руиниран центар во Седларци ќе стане минато, жителите на Седларци ќе добијат соодветен простор за одмор и дружење. Тоа е барање на жителите на Седларци кое веќе почна да се реализира. Центарот на Седларци ќе добие нови содржини: поплочување на центарот со бекатон плочки; поставување на урбана опрема; клупи и корпи за отпадоци; уредување на стариот бунар, чешма за вода за пиење; хортикултурно уредување со високо и ниско зеленило ...
Македонските фудбалери ќе ја пречекаат Ерменија на 17. октомври на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица со почеток во 15:00 часот. Македонската репрезентација во досегашните 11 дуели против Ерменија има ефект од пет победи, три порази и исто толку нерешени. Последниот дуел против Ерменија го одигравме на 11. ноември 2021 година во квалификациите за СП 2022, кога избраниците на селекторот Благоја Милевски триумфираа со 5:0. Пријателскиот ...
Универзитетската клиника за државна кардиохирургија првпат стави стент на лак на аорта кај пациент со аневризма на лакот на аорта, што е нова метода што се изведува кај нас. Оваа специфична метода лекарите од Државната кардиохирургија велат дека во регионот се изведува само во Грција и Словенија за пациенти кои се високоризични. Се изведува со полесна анестезија и пациентите покусо време остануваат во болница. „Се работи за специфична метода, за ...
Андон Сарамандов, градоначалник на општина Гевгелија: „Викендов, од 15 до 17 септември ќе бидеме домаќини на културен настан со богата музичка програма и голем број на учесници кои ќе ја презентираат гастрономската понуда на Гевгелија и регионот. Гевгелија е препознатлива по квалитетните услуги во угостителските објекти, Гевгелија е препознатлива по добрата храна и пијалоци, гевгеличани се препознатливи по својата љубезност и затоа сметам дека ...
На 14.09.2023 во 08.40 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на булевар „Ленинова“ во Струмица се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат“ со струмички регистарски ознаки, управувано од З.Г.(49) од Струмица и патничко возило „тојота“ со струмички регистарски ознаки, управувано од С.В.(39) од Струмица. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот С.В., констатирани во Медицински центар Струмица. ...
На 13.09.2023 во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица ги лишиле од слобода С.Р.(21) од Радовиш и Т.Ј.(18) од Штип. Кај нив биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривични дела „тешка кражба“ и „кражба“, извршени во септември од лица од струмичко. Лицата биле задржани во Полициската станица Струмица и за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По целосно ...
Одделението за Урбанизам при Општина Струмицља известува дека ќе се одржи Јавна расправа, јавна презентација и стручна расправа за Нацрт планот за Генералниот урбанистички план за градот Струмица со плански период 2023-2033 година. Десетгодишниот нацрт план за Генералниот урбанистички план за град Струмица ќе биде достапен за увид на стручната јавност и јавно презентиран од 2 октомври до 2 ноември 2023 година во информацискиот систем ...
Денес започна изведбата на новиот парк со теретана на отворено во близина на тениското игралиште и спортската сала „Христо Татарчев“ во Ново Село, информираше градоначалникот Ѓорѓе Божинов. Проектот се реализира во рамките на Програмата за развој на заедницата финансирана од УСАИД, а имплементирана од Мрежата за рурален развој, заедно со ЛАГ Беласица Огражден и останати четири Локални Акциски Групи. Овој парк за спорт и рекреација е по барање на ...
Синоќа во 22.30 часот полициски службеници од Полициското одделение Ново Село го лишиле од слобода А.В.(25) од село Косевица, општина Македонска Каменица. Тој се сомничи дека извршил обљуба врз 81-годишна жена од струмичко. Лицето било задржано во Полициска станица Струмица, за настанот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и против него ќе биде поднесена кривична пријава. Во текот на денот ќе биде изведен пред ...
Денеска започна уште еден капитален проект – новиот булевар Струмица – Дабиле во должина од околу 2 километри. Проектот е заедничка инвестиција со Јавното претпријатие за државни патишта и решава голем проблем затоа што овој пат е еден од најфреквентните во државата. Новото булеварско решение обезбедува намалување на сообраќајниот метеж, велосипедска и пешачка патека и соодветно осветлување до Дабиле. „Јас сум среќен човек затоа што еден месец ...