
Скопје
20ᴼ /
20ᴼ



Градоначалникот Костадинов денес имаше обраќање на денешната работилница на тема: „Соработката на локалната самоуправа со Народниот правобранител и придобивките од децентрализацијата за граѓаните“, во рамките на проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“. „Струмица е вистински пример за извонредна соработка помеѓу Општината и Народниот правобранител, но поаѓајќи од фактот дека секогаш може повеќе и секогаш може подобро, јас сум безрезервно ...
Брера Струмица (поранешна Академија Пандев) на почетокот на новата фудбалска сезона редеше низа победи, но во последните 5 кола се соочуваат со резултатска криза. Сепак, клубот напредува во професионален правец, неодамна лансираше своја официјална веб-страница, потпишува договори со партнери и спонзори, организира крводарителска акција и сл. А според објавите на социјалните мрежи, клупскиот автобус изгледа навистина светски, како што му доликува ...
Порано од предвидениот рок, завршува уште еден голем проект – комплетна реконструкција на улицата „Крушевска Република“. Се асфалтираат последните метри и оваа значајна и фреквентната улица во горниот дел од градот добива нова, модерна и функционална димензија од кружниот тек кај ЕВН до улицата „Бел камен“. Дополнително „Комуналец“ ќе ги уреди зелените површини. Реконструкцијата чини 19 милиони денари, средства обезбедени од општинскиот буџет. ...
Здружението за култура Транзен по шести пат ја реализира изложбата ,,Несовршен простор”. Се доделува и наградата ,,Владимир Георгиевски”, во сеќавање на големиот мајстор на ликовната уметност, професорот Владимир Георгиевски. Добитник на наградата оваа година е младиот ликовен уметник Ѓорги Динев, а изборот на победникот беше направен во соработка со проф. д-р Фехим Хусковиќ. Оваа година наградата ја финансира и доделува семејството на ...
Во општина Василево, на потегот меѓу населените места Ангелци, Градашорци и Едрениково, во месноста Врчви од пред неколку часови, има активен пожар. На лице место се припадниците на ТППЕ Струмица, кои работат на негово гасење и спречување на понатамошно ширење. Според информацијата од терен, опжарени се околу 5 ха, главно лозов насад во приватна сопственост и сува трева и грмушки. Пожарот, „потпомогнат“ од моменталниот ветер има тенденција за ...
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,25% во однос на одлуката од 29.09.2023 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,615%, кај дизелот зголемување за 0,609%, кај екстра-лесното масло има ...
Во одлична организација и спортска атмосфера заврши четвртиот по ред меморијален турнир во женска одбојка „ Илија Караманов“. Девојките од Наковски волеј се покажаа во најдоброто можно светло и со две победи го освоија првото место на овој 4-ти меморијален турнир во женска одбојка. Струмичката публика имаше можност да ужива во квалитетна одбојка за што се погрижија одбојкарките на Наковски волеј, Работнички Скопје и Младост УГД Штип. Овој ...
Во четврток, 5 октомври 2023 година во НУЦК „Антон Панов“ во Струмица премиерно ќе биде прикажан филмот „Света Петка – крст во пустината“ на Хаџи- Александар Ѓуровиќ, а е работен по бестселер романот „Петкана“ на Љиљана Хабјановиќ Ѓуровиќ. -Филмот зборува за побожната девојка Параскева, која го напушта својот живот меѓу луѓето од Константинопол и тргнува кон Јорданската пустина, каде ги поминува следните 40 години од својот живот, борејќи се со ...
АЈВАРИЈАДА – прекрасен настан кој што привлече над две, три илјади посетители од општина Босилово, цела Македонија и соседните држави на кој сите уживавме. Настан на кој што можеа да се вкусат многу специјалитети од црвени пиперки, модри патлиџани и други локални производи, да се слушне добра македонска музика и да се видат настапите на КУД Гоце Делчев и КУД Кирил и Методиј. Од општината упатија голема благодарност до домаќинките, до гостите и ...
Министерството за образование и наука (МОН) информира дека студентите кои ги исполниле условите на јавниот повик за академеската 2023/2024 година, од понеделник започнуваат со користење на правото на субвенциониран студентски оброк. Со зголемен износ од 140 денари, кој ќе се исплаќа на дневна основа, студентите ќе можат да купуваат во маркети, ресторани, пекарници и други правни лица кои произведуваат, подготвуваат или продаваат храна. МОН ...
Се изврши увид во работите на поставената мини-фотоволтаична централа на Домот на Културата во населено место Калуѓерица, со кое се предвидува намалување на трошоците за електрична енергија за улично осветлување за 30%. Овој проект е предвиден за намалување на трошоците на електрична енергија за улично осветлување во руралните населени места преку искористување на обновливи извори на енергија. Партнери во проектот се Општина Радовиш, Ромалитико, ...
Повеќе од една третина од населението во Италија до 2050 година ќе има над 65 години, во однос на отприлика 1/4 минатата година, соопшти Државниот завод за статистика ISTAT. ISTAT во својот извештај проценува и дека односот меѓу луѓето во работоспособна возраст (15-64 години) и луѓето кои се премлади или премногу стари за да работат (0-14 или над 65 години) ќе се намали за околу 3:2 од 2022 година на отприлика 1:1 во 2050 година, пренесува ...
Живееја и пострадаа во Рим, во времето на царот Адријан. Мудрата Софија, како што ја одликува и името што го носи (бидејќи софија на грчки значи мудрост), остана вдовица, а како добра христијанка се утврди себеси и своите ќерки добро во верата Христова. Во времето кога мачителската рака на Адријан се протегна и врз добродетелниот дом на Софија, Вера имаше дванаесет, Надеж десет, а Љубов девет години. Изведени пред царот, тие сите четири држејќи ...
Еurope House од Струмица, во соработка со Локалниот младински совет на Општина Гевгелија, организираат настан „BeActive – Вежбаме јога заедно“. Бесплатниот час по јога е дел од активностите на Europe House од Струмица во рамки на одбележувањето на Европската недела на спортот, којашто ќе се реализира во ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз Тито“- Гевгелија, на 30 септември 2023 година, во периодот од 12:00 до 14:00 часот. Целната група се млади на ...
Од ноќеска на полноќ малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се намали за 2 денара, додека цените на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), на екстра лесното масло за домаќинство и на мазутот М-1 НС не се менуваат, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Моторниот бензин ЕУРОСУПЕР БС ќе биде 95 87 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС 98 89 денари, дизел горивото ќе чини 85,50 денари, екстра лесното масло 85 денари, а ...
По повод доаѓањето на есента, учениците од СОУУД „Димитар Влахов“ – Струмица дојдоа до идеја за одбележување на истата, преку низа активности заедно со дечињата од детската установа „Виножито“ – Струмица. Тие изработија игра лавиринт од есенски лисја, декорација „Есенско ќоше“, боеја шишарки во есенски бои и изработија есенско дрво. Во активноста беа вклучени ученици од III², IV² и II⁴ со нивните наставнички, Мими Дончева и Емилија Великова, ...
Во периодот од 25-29.09.2023 година, тројца пожарникари-спасители припадници на Републичкиот тим за брз одговор за урбано пребарување и спасување од рушевини, учествуваа на специјална напредна обука во интернациолниот центар за обука за пребарување и спасување во Приштина. Обуката беше водена од француски тим инструктори кој е еден од најдобрите во таа област во светот. Стекнати се непроценливи вештини и знаења од областа на урбаното пребарување ...
Театарската претстава за деца „Другарување со Пет и Еко“ ќе другарува со најмалите граѓани на општина Гевгелија на 5 октомври, во организација на ЈОУ Дом на култура „Македонија“ – Гевгелија. Детската претстава „Другарување со Пет и Еко“ ќе биде одиграна на 5 октомври 2023 година, во Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 18:30 часот. Влезот чини 100 денари. Петте јунаци преку дејството во претставата ќе им раскажат на децата за грешките што ...
Утре во Струмица по четврти пат ќе се одржи Меморијалниот одбојкарски турнир во женска конкуренција „Илија Караманов“. Струмица не го заборава поранешен одбојкар, тренер и професор, кој многу даде за развојот на одбојката во градот. Во спортски дух, со квалитетна одбојка и со добра посетеност, организаторите сакаат да му дадат посебна почит на Караманов и оваа година. Турнирот ќе се одржи во сабота со одигрување на три натпревари меѓу екипите ...
На 28.09.2023 во 11.00 часот во Радовиш, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш го лишиле од слобода Е.Б.(21) од Радовиш. Тој се сомничи дека во текот на овој месец извршил повеќе кривични дела „тешка кражба“, „кражба“ и „одземање на моторно возило“ на подрачјата на Радовиш и Струмица. Во службениот разговор во полициска станица, тој признал дека извршил една „тешка кражба“, една „кражба“ и дека одзел едно моторно возило ...
Успешно заврши проектот „Реконструкција на Домот на културата Ацо Караманов во Радовиш“ за изградба на помошен објект – натстрешница која има за цел оградување на самата зграда на Домот на култура. Оваа нова структура има значајна услужна функција, осигурувајќи полесен пристап од дворот до бината на салата на Домот. Овој проект е имплементиран од страна на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион со партнерство на о. Радовиш во рамки ...
Во периодот од 14-21.09.2023 година се одбележа Недела на борба против туберкулозата под мотото: „Да! Можеме да ставиме крај на ТБ“. На ден 21.09.2023 година во Центарот за дневен престој за стари лица со активно стареење беше одржано предавање од страна на Д-р Васил Тунев. Присутните беа запознаени со туберкулозата како болест, нејзина превенција и лекување. Целта на ова предавање беше подигање на јавната свест за важноста на општото здравје, ...
Гевгеличани уживаа во изведбата на претставата од репертоарот на Театарот „Јордан Хаџи Константинов“- Велес, „Татко“, којашто долови реалистични односи меѓу родител-дете. Фантастичната актерска игра, пред се на Јордан Витанов преку реминисценциите, како и на Маја Љутков, Жарко Спасовски, Славица Манаскова, Благојчо Стојанов и Симона Димковска, ги натера гевгеличани да се потсетат на животните искуства, одминати или сегашни, наградувајќи ги со ...
Во Струмица во сабота, 30 септември 2023 година ќе се одржи 13. издание на манифестацијата „100 Илјади поети за промена“. Програмата ќе биде реализирана во НУ Центар за култура „Антон Панов“ – Струмица. Со почеток во 20:00 часот ќе биде промовиран годинешниот зборник „100 Илјади поети за промена“ и ќе се одржи поетско читање на дел од застапените поети од Србија, Грција, Бугарија и Македонија, ќе биде отворена и изложба на плакати и ќе се одржи ...
Општина Струмица добива уште еден булевар, „Братство и Единство“ на првиот изграден булеварски мост во историјата на Струмица „Обединување“ на реката Водочница. Градоначалникот Костадин Костадинов, претседателот на Советот Марјан Даскаловски, членови на истиот и претставници на општинската администрација, денеска беа на лице место за да видат како се одвиваат градежните активности. -Со огромна радост на струмичанки и струмичани им честитам што ...
Градоначалникот на Василево, Славе Андонов, истакна дека се решава уште еден децениски проблем на граѓаните. Градоначалникот направи увид на градежните работи за изградба на центарот во Нова Маала. Со реализацијата на оваа фаза од проектот центарот на Нова Маала почнува да го добива посакуваниот изглед. „Реализацијата на овој проект е уште еден показател за мојата решителност за решавање на децениските проблеми со кои се соочуваат граѓаните.“, ...
Драги навивачи и Струмичани, Ве повикуваме да се приклучите на добротворната крводарителска акција која ќе биде организирана на СЦ Пандев во среда, 4 октомври, заедно со ОО Црвен крст на Република Северна Македонија и Службата за Трансфузиона медицина. Од 9 до 14 часот Ве очекуваме во просториите на СЦ Пандев, каде покрај дарување крв, ќе можете да се дружите и со нашите фудбалери и тренери. Секој крводарител ќе добие специјална маица ФК Брера ...
Кирил Арапов е именуван за нов началник на СВР Струмица откако Томе Весев замина во пензија. Арапов досега ја извршуваше функцијата началник на Одделението за полиција во СВР Струмица а од вчера Министерството за внатрешни работи го именува Арапов за прв човке на Секторот за внатрешни работи во Струмица. Кирил Арапов е со завршена Воена академија а во МВР е вработен од 2004 година. ,,Началник на Секторот за внатрешни работи Струмица е Кирил ...
„Руже и крв“ е насловот на најновата песна на победничката на „Ѕвездите на Гранд“, струмичанката Славица Ангелова. Автор на песната е Александар Милиќ Мили, кој заедно со Саша Лазиќ и Лилјана Јорговановиќ го напишал и текстот, а со Марко Глухаковиќ го направиле и аранжманот. Станува збор за моќна поп-балада која има големи шанси да стане безвременски хит. Славица за ТВ Канал ВИС изјави: „После победата животот комплетно ми се промени, многупати ...
Учениците во второ одделение од ООУ „Гоце Делчев“ Василево добија спортска облека која е донација од “Boots for Balkans”, австралиска добротворна организација. Донацијата е реализирана преку нашите иселеници во Австралија. Радоста од подароците учениците ја изразија со ветување дека спортувањето ќе стане нивно секојдневие. “Boots for Balkans” е добротворна организација чија цел е преку донации, спонзорства и финансирање да обезбедат еднакви ...