Офанзивниот фудбалер на „АП Брера Струмица“ – 24 годишниот Кристијан Велиновски официјално направи трансфер во ФК „Сумгаит“ од Азербејџан. Станува збор клуб кој се натпреварува во тамошната Прва лига и по четири првенствени кола има две победи, еден пораз и едно ремии се наоѓа на 4 позиција на табелата со меч помалку од останатите екипи. Азербејџанскиот прволигаш кој тежи околу 6 милиони евра, плати обештетување за преминот на Кристијан ...

Полицијата поднесе кривична пријава против Д.П.(26), Г.В.(49), двајцата од Струмица и против правно лице – финансиско друштво од Скопје, поради злоупотреба на лични податоци. Од МВР соопштија дека жена ги злоупотребила личните податоци на друго лице за добивање на брз кредит во износ од 90.000 денари, кој ѝ бил одобрен од одговорно лицето во финансиското друштво за брзи кредити. Случајот во полицијата го пријавила сопругата на оштетениот, ...

Премијата на Типстер Куп сезоната 2022/2023 – станот во Џевахир Скај Сити, ја освои Владимир Трајчев од Струмица. Трајчев до највредната награда стигна благодарение на еден фeноменален тикет уплатен пред крајот на акциската игра која траеше 10 месеци, во периодот од септември 2022 година до јуни 2023 година. „Го сакам спортот и најмногу следам фудбалски мечеви. Често играм во обложувалница, но тоа е за забава. Не играм на многу вложени пари. ...

На 10 септември 2023 година (недела) во склоп на Босилово – Културно лето ќе се одржат два настани од уметнички карактер. Во 20:00 часот во Парк на Паднатите Борци (до Дом на Култура) во Босилово ќе биде отворена изложбата на графики од циклусот „Дневник“ на Стефан Јакимовски, а во 21:00 часот ќе започне концертот на бендот Дактили. Стефан Јакимовски е роден во Скопје, средно училиште завршува во Крива Паланка , а потоа димпломира и моментално е ...

Со повеќе активности, под мотото „Гласник на слободата“ се одбележува Денот на независноста на Република Северна Македонија – 8 Септември. Македонија пред 32 години се осамостои од Југославија. Денеска Армијата ќе има тактичко показни вежби и изложба на единиците на Армијата и на Министерството за внатрешни работи, потоа се организираат спортски активности во соработка со Агенцијата за млади и спорт, културно-уметнички програми, а граѓаните ќе ...

Големата, долгоочекувана Get EXITed журка се одржува вечерва, во Градскиот парк во Струмица, со почеток во 19 часот, а на неа ќе настапат водечките имиња на светската и регионалната сцена – поп и соул сензацијата Џон Њуман, глобалниот хитмејкер Бурак Јетер, омилената уметница во регионот Констракта, рок легендите Ван Гог, струмичкиот Џамбо Агушеви Оркестар и младите продуцентки и диџејки во подем Лана и Д Георс. Вратите на Градскиот парк ќе ...

Актерот Бојан Велевски ја промовираше неговата стенд-ап турнеја, насловена како „Све ли ја да мислам?“ Турнејата ќе има свое деби во Прилеп, на 13 септември, а настанот во Струмица ќе се случи на 22 септември во НУЦК „Антон Панов“. Спој на текст и перфоманс на двајцата најактуелни играчи на фејсбук. Божидар Божиновски (текст) и Бојан Велевски (перформанс). ОПИС: Шоу за тоа како влијаат социјалните мрежи врз нашето секојдневие, како нѐ менуваат, ...

По повод влегувањето во училишните клупи, градоначалникот на општина Радовиш Ацо Ристов, денес ги посети новите првоодделенчиња во општинските основни училишта „Никола Карев“ и „Крсте П.Мисирков“ доделувајќи им ги подароците за нивното зачекорување во светот на знаењето. Пакетчињата беа доставени и до новите првачиња во ООУ „Кирил и Методиј“ во Ораовица, ООУ „Коста Рацин“ во Подареш и ООУ „Орце Николов“ во Ињево. Оваа донација е целосно ...

На прием кај градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, беа победниците на Годинешниот турнир во пинг-понг, којшто го организираше ОО Црвен крст – Гевгелија. На средбата од страна на градоначалникот Сарамандов беше прифатена иницијативата за основање на Спортски пинг-понг клуб во општина Гевгелија, презентирана од ентузијасти, љубители на пинг-понг спортот, со цел натпреварување во Македонските спортски лиги. На Дводневниот турнир ...

Општина Гевгелија ќе аплицира со Проект за изградба на нов урбан зелен парк со урбана опрема и одредени содржини на отворениот Јавен повик за финансирање на предлог-проекти за инвестициони активности од ИНТЕРРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка Бугарија – Македонија, по усвоената одлука од Советот на Општина Гевгелија за аплицирање на проектот, имплементација и обезбедување одржливост на последната 31. седница. Всушност, овој ...

Денес, на свечен начин на спомен обележјето за независноста на Република Македонија пред зградата на ЕЛС општина Радовиш беше одбележан 8 Септември – Денот на независноста. Во име на целокупната општествено-политичка јавност, од страна на делегација на општина Радовиш предводена од Градоначалникот Ацо Ристов беше положен венец од свежо цвеќе. Свежо цвеќе беше положено и од делегација на ОВР-Радовиш и претставници од менаџерскиот тим на Рудниците ...

Под мотото „Гласник на слободата“, го славиме 8 Септември – Денот на независноста на Република Северна Македонија. Министерството за култура се приклучува кон централната прослава, организирана од Владата, со многубројни пригодни манифестации. Под насловот „Отворен ден за граѓаните“, на 8 септември ќе бидат отворени за посета, со бесплатен влез, повеќе културни установи, музеи, галерии и археолошки локалитети. Музејот на македонската борба за ...

На 07.09.2023 во 10.00 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода О.Х.(41) од Струмица. При преглед на неговото дворно место биле пронајдени предмети кои потекнуваат од тешка кражба извршена на 06.09.2023 во продажен објект во Струмица.По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. На 06.09.2023 во 19.00 часот во Струмица, полициски службеници од ...

Среда и четврток, 6 и 7 септември, се реализира пријавувањето во вториот уписен рок на факултетите и академиите на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип. Вкупно има 3110 слободни места, од кои за редовни студенти во државна квота 1614, за редовни во квотата со кофинансирање 833 и за вонредни студенти 663 места. Во вториот уписен рок слободни места нема на насоката Општа медицина на Факултетот за медицински науки, на сите останати насоки и факултети ...

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и градоначалникот Перо Костадинов вчера во Валандово го посетија објектот на киносалата која функционира во состав на Домот на културата „25 Мај“ во овој град. Како што информираат од Министерството, во следниот период ќе биде извршена реконструкција и санација на покривот и на фасадата на објектот. – Станува збор за проект чија вкупна вредност е околу 17,6 милиони денари. Во реализацијата ...

Mанифестацијата „100 000 поети за промена“, во соработка со здружението „Контекст – Струмица“ распишува поетски конкурс за овогодинешното издание на Фестивалот. Поезијата со која ќе може да конкурираат автори од сите генерации треба да биде социјално ангажирана и да разработува теми кои се поврзани со промените, глобално, но и локално. Секој автор може да учествува со по една песна. Песните треба да се испраќаат на Facebook профилот на оваа ...

Во спортската сала „Парк“ во Струмица, со почеток од 18 часот, ќе се одигра ракометниот Супер Куп помеѓу Еурофарм Пелистер и Вардар. Одицијалните лица ги делегираше натпреварувачката комисија на РФМ, а на натпреварот ќе суди судиската двојка Димитар Митревски и Благојче Тодоровски од Битола. Делегат на натпреварот ќе биде Камер Металари, аконтролор ќе биде Драган Начевски. Досега се одиграни пет Супер Куп средби, а на двете последни средби во ...

Околу 170 илјади домаќинства ќе може од 1 декември да имаат евтина дневна тарифа на струја бидејќи само толку имаат дигитални броила – останатите би требало да добијат за некој месец подоцна. Оние кои што имаат недостапни броила за службите на евн ќе останат без дневна евтина тарфиа. Министерот за економија, Крешник Бектеши, освен за евтината тарифа на струја денеска изјави дека од следната недела ќе бидат објавени нови мерки за граѓаните и ...

Преспанското Езеро ја дели судбината на Дојранското. Според проф. д-р Васко Левков од ПМФ, „езерото ги има истите симптоми како Дојранското Езеро во минатото“. Второто беше спасено преку дополнувања со вода од специјално за таа намена изградениот хидросистем Ѓавато. Може ли истото решение да се примени и во случајот на Преспанското Езеро? „Се размислуваше и во таа насока. Меѓутоа, Дојранското Езеро не понира. Преспанското Езеро понира во ...

Врз основа на член 22 став 1 точка 6 од Законот за локална самоуправа (“Службен весник на РМ” бр. 5/02), член 43 од Статутот на општина Радовиш (“Службен гласник на општина Радовиш” бр. 5/02), Градоначалникот на општина Радовиш објавува, ЈАВЕН ПОВИК за доставување на предлог-програми за реализација на традиционалната манифестација САМУН ЕМ ТАТЛИЈА I.Согласно донесената Годишна програма за активности од областа на културата бр. 08-1918/2 од ...

Македонските одбојкари попладнево од 17 часот во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје за противник ја имаат Холандија во битка за второто место во групата Ц и полесен противник во нокаут фазата која ќе ја продолжат во Бари. Со двете победи, над Данска (3-1) и Црна Гора (3-0), како и поразот од неприкосновената Полска (0-3), македонските одбојкари се на третото место во групата со шест бодови, три помалку од второпласираната Холандија која има ...

Денеска, во 6 часот, во селото Митрашинци, Беровско, по добиена судска наредба од Основниот суд Кочани, извршен е претрес во домот на 63-годишниот Б. Б. во село Митрашинци, извести МВР. „При извршениот претрес во куќата во која тој живее, пронајдени се 22 пакувања со експлозив (околу два килограма) и 9 м бавногоречки фитиљ“, соопшти МВР. Б. Б. е лишен од слобода и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна ...

Градоначалникот на Општина Гевгелија, Андон Сарамандов, изврши увид во тековните активности за бетонирање на повеќе улици и краци. Тој оствари средба со повеќе граѓани со кои разговараше за секојдневните проблеми со кои се соочуваат. „Како што ветив минатата година, продолжува изградбата на повеќе улици кои преостануваат во населеното место. Нашата цел е подобри услови за живот во сите населени места. Во наредниот период продолжуваме со ...

Вчера попладне, во 14.40 часот, во Полициската станица Струмица било пријавено дека во село Дабиле, Струмичко, 75-годишниот П. Б. од село Дабиле, управувајќи трактор „имт“, со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола над тракторот и се превртел, извести МВР. „Од добиените повреди П. Б. починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош Струмица“, соопшти МВР. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица ...

На ден 04.09.2023 година беше отворен Дневниот центар за стари лица со активно стареење во село Турново. На отварањето кон присутните се обратија Министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска, градоначалникот на Општина Босилово, Ристо Манчев и претседателот на ОО Црвен крст Струмица Васил Тунев, а меѓу присутните беше и генералниот секретар на Црвен крст на Република Северна Македонија Саит Саити. Проектот за подобрување на ...

На 04.09.2023 околу 08.00 часот во Богданци, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек потраги го лишиле од слобода Д.Ј.(26) од Богданци. Тој бил баран по потерница врз основа на наредба на Казнено-поправната установа Затвор Идризово поради бегство од установата. Лицето било осудено на четири години и девет месеци казна затвор за сторено кривично дело по член 418 од Кривичниот законик, а имал за доиздржување три ...

Од полноќ нови цени на горивата. Регулаторната комисија ги објави новите малопродажни цени на нафтените деривати кои ќе се применуваат од 05.09.2023 година. Нема промена на малопродажната цена на бензинот Еуросупер БС-95. Останува 87 ден./лит. Бензинот Еуросупер БС-98 се зголемува за половина денар и ќе изнесува изнесува 89,50 ден./лит. Цената на дизелот и на екстра лесното масло за домаќинство се намалуваат за 0,50 ден./лит. Дизел горивото ќе ...

РФМ одлучи натпреварот од Супер Купот да се одигра во Струмица. Еурофарм Пелистер и Вардар ќе се борат за трофејот на 6 септември, со почеток од 18:00 часот во спортската сала „Парк“ (капацитет за околу 2000 навивачи). Клубот од Струмица, Астраион, преку социјалните мрежи ги информираше љубителите на ракометот дека билетите се пуштени во продажба на билетарницата на салата „Парк“. Цената на билетите за ракометниот спектакл во Струмица е 150 ...

Соопштение за намена на собраните хуманитарни средства за помош на настраданото население од катастрофалните земјотреси во Турција и Сирија: Црвениот крст упати голема благодарност до сите граѓани и правни субјекти за поддршката во хуманитарната акција на Црвениот крст за помош на настраданото население од катастрофалните земјотреси во Турција и Сирија и со големо задоволство, сака да ја информира јавноста дека во акцијата, вкупно е собрана ...

Граѓани ќе протестираат во Скопје поради случајот со Клиниката за онкологија. Како што е соопштено, протестот ќе почне од 18 часот пред Влада, а потоа ќе продолжи пред Министерството за здравство. „Бруталноста на власта секој ден носи нови жртви, а овој пат жртви се пациентите на Клиниката за онкологија, кои со месеци во живото – загрозувачка состојба чекаа лекови, додека лековите завршуваа на црниот пазар во Косово. Се работи за организиран ...

weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
76%
1013
weather icon

Белград

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
81%
1010
weather icon

Загреб

14ᴼ / 10ᴼ
2.57
68%
1010
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
1.03
81%
1013
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
1.05
82%
1011
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 9ᴼ
1.52
81%
1012
weather icon

Атина

17ᴼ / 15ᴼ
0.89
61%
1011
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
87%
1012
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
0.51
88%
1012
weather icon

Букурешт

13ᴼ / 10ᴼ
2.06
81%
1011
weather icon

Будимпешта

14ᴼ / 12ᴼ
1.82
78%
1008
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 9ᴼ
1.54
59%
1013
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5439

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63344

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1046.13

Злато

106834.23

Бакар

9.45

Паладиум

30350.30

Платина

30882.55

Родиум

173614.03

Цинк

2.52