
Скопје
9ᴼ /
9ᴼ



Министерството за внатрешни работи објави неколку пријави за насилство, односно три случаи во кои мажи тепале жени со кои се во брак или заедно живеат, а не се венчани. Против нив ќе биде поднесени соодветни поднесоци. Во Гостивар на 2.9.2023 полицијата го привела М.Б. (46) затоа што во семејниот дом физички ја нападнал неговата 35-годишна сопруга. Истиот ден во Струмица полицијата интервенирала во домот на Ќ.Ј. (35) од Струмица затоа што ...
Министерството за внатрешни работи соопшти дека е уапсено лице од струмичкото село Колешино, бидејќи по претрес по судска наредба кај се најдени ќесе и две тегли со марихуана. „Вчера во 16.00 часот во село Колешино, струмичко, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода З.М.(31) од село Колешино. При претрес кај него, извршен со судска наредба, било пронајдено и одземено ќесе со марихуана, а при претрес на ...
Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, ги посети сите училишта на подрачјето на општина Гевгелија, на првиот училиштен ден од почетокот на новата учебна година 2023/2024 година. Исто така, ги проследи културно-уметничките програми, во кои учествуваа учениците од погорните одделенија, а подготвени за прием на новите 229 првачиња. Традиционално, на сите првачиња им беа подарени ранци со училиштен прибор за успешен почеток во ...
Денес, во НУЦК „Антон Панов“ градоначалникот Костадинов имаше убава средба со првачињата од струмичките основни училишта, на настанот кој, по повод нивното прво седнување во училишните клупи, беше специјален подарок за нив. „Го имав прекрасното задоволство да им се обратам на првачињата посакувајќи им успех во учењето, но и негување на другарски односи со своите соученици, како едно од највредните нешта во животот.“ – истакна Костадинов. ...
Под влијание на влажен бран во текот на ноќта кон понеделник и во понеделник ќе преовладува претежно облачно и свежо време со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Ќе дува засилен северен ветер (над 60км/ч.), што ќе услови значително намалување на дневната температура за пет до осум степени. Од вторник ќе преовладува умерено облачно време со услови за локален слаб дожд и ќе дува умерен до засилен северен ...
Припадници на Министерството за внатрешни работи по насоки на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство вчера извршиле претрес на Клиниката за онкологија и на уште две локации во приватни станови во Скопје. Предистражната постапка на Обвинителството следи по серијата написи на неделникот „Фокус“ и „Слободен печат“ кои објавија дека онколошката терапија наменета за пациенти се препродавала на црниот пазар. Министерот за здравство д-р ...
И во населеното место Богородица, преку Проектот на Општина Гевгелија за поставување урбана опрема за детски игралишта, изградено е ново игралиште со реквизити за деца. Со изградбата на новото детско катче, всушност, Општина Гевгелија ја заврши реализацијата на Проектот преку којшто беа опфатени и населените места Прдејци и Негорци, со средства од Бирото за регионален развој и сопствено учество. Куќички- лизгалки, лулашки, клацкалки и клупи за ...
Струмичкиот центар за култура има нова директорка. Белагија Аливкинова ја презеде функцијата од досегашниот в.д. директор Дејан Јанев, кој пак ја наследи актерката Танкица Стојанова. Аливкинова е правничка по професија исто како и Јанев. Таа е дипломиран магистер по правни работи, досега вработена како Раководител на одделението за општи и правни работи во Општина Струмица. Аливкинова вели дека вештините за водење културна институција ги ...
Групата Фолтин ќе одржи три самостојни концерти, во Куманово, Штип и Струмица. Во Куманово во Големата сала на НУЦК на шести септември, во Штип – НУЦК Голема сала на 13 и во Струмица – НУЦК Голема сала на 21 септември. Фолтин имаат континуитетот од скоро 30 години концертно присуство пред домашната и меѓународна публика, а не ретко настапуваат и во помалите средини. На концертите ќе бидат изведувани и постарите песни на Фолтин, но и песните од ...
Во рамки на кампањата „Ние сме Европа“, организирана од Секретаријатот за европски прашања, денеска во Струмица, во 18 часот во Амфитеатарот во градскиот парк ќе се одржи отворена трибина „Македонски труд – Европска социјална политика”. На оваа трибина градоначалникот Костадин Костадинов ќе ги презентира струмичките успеси и факти од соработката со европските фондови и општинските социјални услуги. Настанот е дел од информативниот караван ...
Новата учебна година во деветте основни училишта во Струмица ќе ја почнат 442 првачиња, колку што се запишале заклучно со 31 мај годинава, а во трите средни училишта бројот на средношколците е скоро преполовен, односно се запишале 670, а остануваат слободни места за уште 555 ученици. Овие податоци ги соопштија од Општина Струмица пред почетокот на новата учебна година, од каде дополнуваат дека досегашната пракса покажува дека во периодот до ...
Europe House оваа година во Крушево ги одбележа 120 години од раѓањето на Никола Мартиновски, каде и се навршуваат 50 години од неговата смрт и 55 години од отворањето на Галеријата Мартиноски. Овој јубилеј, како и неговото творештво и придонес кон македонската современа уметност беа доволен мотив да 8 млади дизајнери се приклучат на дигиталната ликовна колонија во Крушево и изработат креативни решенија. Под менторството на уметникот Зоран ...
Во „Куќата на фудбалот“ се одржа ждрепката за првото коло од Купот на Македонија. Во оваа фаза нема ниту еден прволигашки дуел, но има неколку интересни парови. Вардар и Брегалница ќе гостуваат кај второлигашите Беса и Новаци, Тетекс е ривалот на Работнички, а Бреа ќе гостува во Гевгелија. Станува збор за еден натпревар кој ќе се игра на 20-ти септември со почеток во 15 часот во Гевгелија. Победникот од овој меч ќе обезбеди пласман во ...
Со прекрасен концерт на Каролина Гочева, пропратен со велелепен огномет, во организација на Рудниците Бучим и Боров Дол и општина Радовиш, беше одбележан 28-ми август, Денот на рударите. Граѓаните имаа можност да уживаат најпрво во прекрасната музика на предгрупата South Park, a потоа следуваа: поздравните говори на Секретарот на општина Радовиш, Љупче Почивалец и Генералниот Директор на рудниците, Александр Раков, огнометот и одличниот настап ...
На 28.08.2023 СВР Струмица спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 178 возачи. Од нив девет возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час. Притоа 40 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 138 надвор од населено место, соопшти МВР. Сообраќајните контроли ...
Во очи на празникот Успение на Пресвета Богородица, во организација на Здружението Троја и општина Радовиш, на 25-ти и 26-ти август, во дворот позади Центарот за култура „Ацо Караманов“ беше одржан првиот блуз фестивал „Радовиш 2023“. Радовишани имаа можност да уживаат во блуз, џез и рок музика благодарение на одличните настапи на бендовите: In the mood, Троја со Гуру Харе, CROSSROAD blues band reloaded и гостинот од Република Грција, Сакис ...
Исплатата на августовската пензија се очекува да започне на први септември. На сметките на пензионерите кои примаат пензија до 14.000 денари пензијата ќе им биде исплатена на 1. септември, додека на останатите во следните денови. Пензијата изминатиот период се исплаќаше некогаш и предвреме, но од минатиот месец најверојатно започна да се исплаќа во законскиот рок. Практиката за исплата на пензиите предвреме беше воведена за време на коронавирус ...
Деца и тинејџери ги учеа тајните на фотографијата во пазувите на Беласица. Како да се направи најдобра фотографија на пејзаж, да се искористи природното светло, да се долови најубавиот кадар. За овие вештини и техники учеа група учесници на работилницата што се одржа во рамки на проектот „Кажи ДА на природата“, проект што го спроведува здружението „Вајлд артисанс“. Младите артисти се дел од изработката на документарниот филм што ќе ги прикаже ...
Денес околу 8.30 часот на единствениот телефонски број за итни повици 112 во ЦУК, се јавило лице кое со ушт две лица се наоѓало во чамец во Дојранското езеро кое било зафатено од силно невреме. Ветрот и брановите го оддалечувале чамецот далеку од брегот, кон внатрешноста на езерето. И покрај постојаните обиди трите лица не можеле да воспостават контрола врз чамецот и да се вратат назад на брегот на езерото. Операторот на 112 ја лоцирал точната ...
Денеска започна изградбата на затворениот базен во Струмица во спортско-рекреативниот дел на градот, кај пам патеката, во близина на АТШ Берово и е уште една потврда за успешната соработка на Општината со Агенцијата за млади и спорт. Градоначалникот Костадин Костадинов и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсовски, денеска беа на увид на почетните градежни активности. Според градоначалникот Костадинов, овој проект е баран од ...
Од полноќ дизелот поскапува за денар ипол, а Екстра лесното масло за домаќинство за еден денар. Цената на Еуросупер БС-95 се намалува за еден денар, а на Еуросупер БС-98 за половина денар. Според денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика, новата цена на дизелот ќе биде 81,5 денари за литар, а на Екстра лесното масло за домаќинство 81 денар за литар. Евросупер БС-95 од полноќ ќе се продава по цена од 87 денари за литар, а Еуросупер ...
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) соопшти дека од утре следува период на претежно сончево време со умерена облачност и со пониски утрински температури. Само локално ќе има услови за краткотраен слаб дожд. Минималната температура утре ќе биде девет, а максималната 33 степени. Во четврток кон крајот на денот ќе биде значително облачно со слаб до умерен, а во југозападните делови повремено засилен ветер од западен правец. Минималната ...
Градоначалникот на Општина Василево, Славе Андонов, информираше дека оваа година за првпат првачињата ќе добијат парична помош од Општината. „Се грижиме за младите семејства и преземаме мерки кои ги стимулираат најмладите, мотивирани и подготвени да влезат во новата учебна година. Во екот на енормните поскапувања кои пак посебно се изразени кај училишниот материјал и за кои секој родител треба да одвои огромна сума на пари, како локална ...
На страницата „X“ „Earth42morrow“ е објавено видео на кое се гледа како во август паѓа снег на Алпите во Франција. Се ближи крајот на август, а на Алпите во Франција врне снег, покажува видеото. French Alps receives fresh August snowfall. Snow blankets Val Thorens #France VC: @Val_Tho#Snow #Alps #Tarentaise #Savoie #Climate #Storm #Weather #Viral #LesTrois #Neige #Tempete pic.twitter.com/kOHcC2fOEL — Earth42morrow (@Earth42morrow) August 28, ...
На 28.08.2023 во периодот од 08.00 до 16.00 часот на подрачје на Секторот за внатрешни работи Струмица била спроведена контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од дозволената, соопшти МВР. Притоа, биле констатирани 161 прекршување на брзината, од кои 82 на подрачје на Радовиш, 45 на подрачје на Струмица, 20 на подрачје на Валандово и 14 на подрачје на Гевгелија. Од нив, 126 пречекорувања на брзината биле ...
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 16 август и се празнува и празникот Свети Јоаким Осоговски – Сарандапорски. Светец со силен култ во Североисточна Македонија Житието на свети Јоаким Осоговски сведочи дека тој се угледал на Игнатиј Богоносец „упатувајќи се како ѕвезда многусветла од запад кон исток, дојде во областите на планините Осоговски“. Значи, пустиножителството Свети Јоаким го започнал во селото Градец, во ...
Првиот човек на Општина Струмица упати честитка до припадниците на православната вероисповед по повод празникот Успение на Пресвета Богородица. „Почитувани благочестиви христијани, Денес го одбележуваме 28 Август, денот на заминувањето од земниот свет на Богомајката-Богородица. Денешниот празник Успение на Пресвета Богородица, или Голема Богородица, е еден од најзначајните празници во христијанскиот свет, и како таков треба да го празнуваме со ...
Екипата на Брегалница во Штип ѝ го нанесе првиот пораз на АП Брера Струмица во рамките на 5. коло од Првата македонска фудбалска лига. Со максимален ефект продолжува Шкендија која во Маџари го совлада Работнички со голови постигнати во судиското надополнување. Резултати: Брегалница – АП Брера Струмица 1:0 Работнички – Шкендија 1:2 Шкупи – Гостивар 3:1 Силекс – Македонија ЃП 2:2 Тиквеш – Воска 1:1 Натпреварот Струга ТЛ – Вардар е одложен поради ...
Градоначалникот на Општина Гевгелија, Андон Сарамандов, заедно со жителите на Негорци и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски заеднички го означија ставањето во функција на новиот водоснабдителен систем за Негорци. Изградбата на цевководот беше приоритетно барање за ова населено место кое се обврзаа дека ќе го реализирааат во програмата за локалните избори 2021 год. Негорци добива редовно и квалитетно водоснабдување преку целата ...
По повод 28 август – Денот на рударите кој што воедно е и Ден на Радовиш, се организира свечена програма за чествувањето на професионалниот празник на македонските рудари. Одбележувањето започнува на 28 август во делокругот на рудниците со свечената церемонија за доделување на наградите на најдобрите рудари помеѓу двата празника, а главната прослава ќе биде вечерта во 20:00 часот во центарот на Радовиш со музички концерт на Каролина Гочева. Како ...