
Скопје
14ᴼ /
14ᴼ



Фудбалскиот клуб АП Брера Струмица ја започна кампањата ,,Ние сме Брера Струмица“ со цел да се направи симбиоза на фудбалот со убавините на градот, но и струмичани кои се препознатливи како верни навивачи и подржувачи на спортот. За таа цел првотимците – капитенот Марио Врдољак, Папе Оумар Сице како и младите – голманот Марко Алчевски, Ване Крстевски и Мартин Ѓоргиевски со фотографии ги промовираат убавините на Струмица која преставува расадник ...
На ден 18.10.2023 година, ОO на Црвен крст Струмица во соработка со Службата за Трансфузиона Медицина организираше крводарителска акција со вработените во СВР Струмица. Акцијата се одржа во просториите на СВР Струмица од 09:00 до 14:00 часот. Крв даруваа 33 крводарители. Со крводарителските акции се реализира заложбата за заштита на животната средина. Ситните подароци кои ги добиваат крводарителите се во насока на намалување на користењето на ...
На 17 октомври започнаа Меѓуопштинските натпревари во ФУТСАЛ за основни училишта во машка конкуренција на Меѓуопштинска натпреварувачка целина СТРУМИЦА со општините: Василево, Босилово и Ново Село, на кои пријавени се и учествуваат 16 училишни екипи поделени во 4 квалификациони групи со по 4 екипи. На првиот турнир за групата А кој се одржа во спортската сала на ООУ Никола Вапцаров во Струмица, учествуваа 4 екипи и беа постигнати следните ...
Градоначалникот Костадин Костадинов присуствуваше на пријателскиот натпревар Македонија – Ерменија кој се одигра на стадионот „Благој Истатов“. Тој на својот фејсбук профил напиша: Македонските фудбалери ги совладаа Ерменците со 3:1. Головите за Македонија ги постигнаа Александар Трајковски во 43. минута, Милан Ристовски во 59. минута и Ердон Даци во 88. минута од мечот. Стрелец за Ерменците беше Едуард Сперцијан во судиското продолжение, од ...
Изминативе неколку години хорор-жанрот е преплавен со зомби тематика. Многу режисери се одлучуваа за постапокалиптични сценарија поврзани со зомбиња кои го преземаат светот. Но, македонската кинематографија не можеше да се пофали со ниту еден филм од овој жанр. Режисерот Вардан Тозија го промени тоа режирајќи го филмот „М“, еден од првите македонски филмови со постапокалиптична тематика. Филмот е копродукција меѓу Македонија, Хрватска, Косово и ...
Здружението „ПРОАГРО ФАРМЕРИ“ и Општина Струмица на 21-ви октомври со почеток од 11:00 часот по трет пат организираат „АГРО САЕМ Струмица 2023“. Учество на саемот ќе земат 150 изложувачки од земјава и странство. Ќе има 40 стандови на храна, 40 штандови на мед, трактори и приклучна механизација, ѓубрива и заштитни средства и богата културно уметничка програма. Ова ќе биде одлична можност производителите да ги промовираат своите најнови производи, ...
Општина Струмица заедно со Македонската секција на Центарот за одржлив развој на енергетски, водни и околински системи (SDEWES-Скопје) го спроведува проектот SCALE-UP, финансиран од програмата на ЕУ, Хоризонт Европа. Во рамките на проектот таа е домаќин на студиска посета од претставници на земјите кои се дел од партнерите во проектот, Холандија, Германија, Полска и Шведска. На средбата со нив, градоначалникот Костадин Костадинов даде целосна ...
Успешно се одржа уште едно издание на најмасовниот спортски настан на улиците во Струмица „Струмица на улица“ под покровителство на градоначалникот Костадин Костадинов и општина Струмица. Нашиот национален и балкански шампион Дарио Ивановски победи во дисциплината полумаратон и го смени рекордот на патеката со време од 1:08:38, на второ место заврши нашата струмичка гордост Жан Тосев со извонредно време од 1:14:35 и трет Дамјан Малиновски со ...
Во пресрет и на Денот на македонското востание – 11 Oктомври, Гевгелија го чествуваше 100-годишниот јубилеј на фудбалскиот клуб „Кожуф“, со што започнува организираниот спортски живот во Гевгелија. Во далечната 1922 година, неколку ентузијасти и вљубеници во фудбалот го формирале ФК „Кожув“, којшто бил втор по старост регистриран клуб во поранешна Југославија, после ФК „Хајдук“ од Сплит. Првиот официјален натпревар ФК „Кожуф“ го одиграл во ...
Maкедонската фудбалска репрезентација утре ќе игра пријателски натпревар против Ерменија во Струмица, на стадионот „Благој Истатов“. Главен судија на мечот ќе биде Никола Дабановиќ од Црна Гора, еден од најдобрите европски арбитри и редовен учесник во натпреварувањата под капата на УЕФА. Помошници ќе му бидат сонародниците, Срѓан Јовановиќ и Владан Тодоровиќ. Македонската репрезентација има слободен термин во квалификациите за Европското ...
Денеска во 14 часот по македонско време официјално стартува светското првенство во шах за кадети во Египет. Во конкуренција на 502 шахисти од 66 земји, Македонија ќе ја претставуваат 3 од 4 шахисти од Струмица: – Мартин Гоцев, до 10 години – Јован Вукашиновиќ, до 8 години – Ина Крумова, девојчиња до 8 години Водач на делегацијата: Љубиша Андоновски Ќе се играат 11 кола по швајцарски систем, по правилата на ФИДЕ за класичен шах. Темпото на играње ...
Отсекогаш Црквата ја прославува Пресвета Богородица како покровителка и заштитничка на христијанскиот род, Којашто со своите застапнички молитви Го смилостивува Бога кон нас грешните. Помошта на Пресвета Богородица како кон поединци така и кон народите, како во мир така и во војна, како во монашките пустини така и во многужителните градови се покажала очигледна безброј пати. Настанот којшто Црквата го споменува и празнува денес го докажува тоа ...
Сабота 14.10.2023 „Струмица на улица“ по 4-ти пат по улиците на Струмица Со цел непречено и успешно реализирање на настанот, АК „Беласица Ран“ ја информира јавноста дека во периодот од 18:00 часот до 22:00 часот под времен режим ќе се одвива сообраќајот на улиците: -Булевар „Маршал Тито“ (од ТЦ Глобал до Македонски Пошти, во двата правци); -Улица „Балканска“ (од Македонски Пошти до крстосница со улица „Крушевска Република”, во двата правци); ...
Од Струмица денеска започна подигнувањето на свеста за менталното здравје кај адолесцентите и нивните семејства во организација на Министерството за труд и социјална политика со поддршка на УНИЦЕФ. Членови на Локалниот младински совет на Струмица и извидници заедно со министерката Јованка Тренчевска и претставничката на УНИЦЕФ, Патриција Ди Џовани, пешачеа и разговараа за менталното здравје од Градскиот парк до Спомен костурницата. Според ...
Македонскиот Народен Театар (МНТ) од Скопје на18 октомври (среда) од 20:00 часот во НУЦК „Антон Панов“ во Струмица ќе ја изведе претставата „Кец на десетка“ од Митко Бојаџиски, во режија на Драган Спасов – Дац и Јордан Симонов. Играат: таткото Доксе – Александар Микиќ, мајката Грациела – Тања Кочовска, ќерката Ана – Нина Деан/Софиа Насевска Трифуновска, Тоше – Ивица Димитријевиќ. Влезниците може да се купат на благајната во НУЦК „Антон Панов“ и ...
Вистинско уживање за сите гурмани денеска приредија учениците и нивните професори од СОУ „Димитар Влахов“, а во чест на претстојниот Светски ден на храната којшто се одбележува на 16 октомври. На повеќе штандови во училишниот двор, презентираа повеќе видови храна подготвена од нивните вредни раце, но и производи од компании со коишто соработува училиштето. Училиштето ја имаше честа да биде посетено и од светски прочуени мајстори на готвењето од ...
Во месец септември Елеуса Фондација започна со реализација на серија музички работилници во основните и средните училишта во Струмица со цел запознавање на младите со македонскиот фолклор и староградската музика. Музичките работилници се одржаа во сите основни и средни училишта во Струмица и основното училиште „Кирил и Методиј“ од Дабиле. Во македонскиот мелос, овие византиски напеви заедно со дел од турски и воопшто арапски инструменти ...
Денеска (13.10.2023) полициски службеници од Полициската станица Гевгелија го лишиле од слобода А.Ш.(42) од Гевгелија. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана, семки од растението канабис, исушени стебла од растението канабис и предмети со остатоци од марихуана и бела прашкаста материја, додека при претресот во дворното место биле пронајдени и одземени 29 засадени стебла од растението канабис. ...
Вчера во 09.30 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на магистрален пат Струмица-Радовиш, на делница помеѓу селата Владевци и Радичево, се случила сообраќајна несреќа помеѓу влекач „волво“ со полуприколка, со струмички регистарски ознаки, управуван од В.Н.(60) од Струмица и патничко возило „хонда“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од Љ.И.(46) од село Воиславци, радовишко, извести МВР. – Во несреќата со тешки телесни ...
Градоначалникот Ацо Ристов вчера ја посети „5-та детска ликовна колонија“ организирана од Центарот за култура „Ацо Караманов“ Радовиш на тема „Фолклорот наша вековна инспирација“ по повод Меѓународниот фолклорен фестивал „Радовишки собор 2023“. По темата Фолклорот наша вековна традиција, младите уметници работеа на техника – Сликање на македонски фолклорни везови на традиционални глинени предмети. Додека пак на тема „Поезијата на Караманов на ...
Денеска стартува Светското шаховско првенство за млади во Египет на кое Македонија ќе ја преставува четири младинци односно шахисти до 8, 10 и 12 години од кои тројца се од Струмица членови на ШК Цареви Кули. Боите на Македонија на ова првенство ќе ги бранат 3 момчиња и 1 девојче и тоа: до 8 год. Јован Вукашиновиќ и Ина Крумова, до 10 год Мартин Гоцев и тројцата од Струмица како и Никола Петровски од Скопје кој ќе биде во категоријата до 12 ...
На ден 12.10.2023 (четврток) се одбележа Неделата на борбата против дијабетес под мотото „Здрави животни навики во превенција на дијабетес“, со предавање на прим д-р Васил Тунев на негувателите на стари лица во Општина Ново Село, каде се мереше и шеќер во крвта. Целта на кампањата е подигнување на јавната свест кај населението, за тоа што претставува дијабетесот и негова превентива преку воспоставување на здрави животни навики. Шеќерната болест ...
Вчера во 16.35 часот, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш ги лишиле од слобода Е.Г.(35) и С.И.(41), двајцата од село Бучим, радовишко, поради сомнение дека сториле кривични дела „пустошење на шума“ по член 226 и „фалсификување на знаци за обележување на стоки, мери и тегови“ по член 272 од Кривичниот закон. На 09.10.2023, комисија од Јавно претпријатие „Национални шуми“, подружница „Плачковица“ – Радовиш извршиле увид ...
Општина Гевгелија објави продажба на 6 градежни парцели, во сопственост на РСМ, со намена домување во станбени куќи, по пат на електронско јавно наддавање. Шесте парцели се наоѓаат во м.в. „Караорман“ во Гевгелија со површина од 331 до 609 метри квадратни. Почетната цена за градежните парцели изнесува 61,00 денари од метар квадратен. Продажбата на шесте парцели ќе се одвива по пат на електронско јавно наддавање (www.gradezno-zemjiste.mk), на ...
Центарот за управување со кризи (ЦУК) преку проектот за ефикасно откривање и управување со шумски пожари, доби теренско возило опремено со ИКТ за ноќни операции. Возилото е планирано да биде поврзано со дроновите и со Командниот центар во Струмица преку GPS. Според ЦУК, развојот и имплементацијата на ИКТ системи за ефикасно рано откривање на шумски пожари со зголемена прецизност, намалување ниски стапки на лажни аларми и способност за 24/7 ...
Елеуса Фондација го најавува својот најнов хуманитарен настан „Јас живеам затоа што знам дека и ти живееш“ (Петре М. Андреевски) што ќе се одржи в недела, 15 октомври 2023 година пред Мала сцена 112 од 19 часот. „Јас живеам затоа што знам дека и ти живееш“ на Петре М.Андреевски како лајтмотив кој гласно говори за коегзитенцијалната поврзаност меѓу сите луѓе и потсетник дека грижата за немоќните е на сите нас, велат во најавата од Фондација ...
Малопродажната цена на Еуродизел од вечерва се намалува за два денара за литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ) согласно најновата одлука. Со поевтинувањето, дизелот од вечерва на полноќ ќе чини 81 денар за литар.Поевтинува и Екстра-лесното масло за домаќинство – исто така за два денара и од ноќеска ќе се продава за 80 денари за литар. Во меѓувреме, цените на бензините не се менуваат. Еуросупер БС-95 и ...
„Младите секогаш ја имаат и ќе ја имаат мојата поддршка, особено кога сакаат да започнат сопствен бизнис“, истакна градоначалникот Костадинов. Повторно е обезбедена финансиска поддршка, а градоначалникот охрабрува младите да се пријават на Јавниот повик за поддршка на Старт-ап бизниси за млади 2023/2024 – трета фаза. Целта е да изградат соодветни лични капацитети за развивање на своите бизнис идеи во реално остварливи бизнис планови со кои ќе ...
Со годинашната акција на Општина Гевгелија за обновување на сообраќајната сигнализација на патната инфраструктура во општината, поставена е нова хоризонтална и вертикална сигнализација. На две фреквентни сообраќајници во Гевгелија – пред крстосницата кај Градскиот стадион и крстосницата кај Амамот, во централното градско подрачје, согласно изготвена проектна документација и елаборати, поставена е нова сигнализација. Обележани се пешачки острови, ...
Денеска (11.10.2023) во 14.30 часот на ул.„Манапо“ во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода И.М.(49) од Скопје, со живеалиште во Струмица. Тој бил осуден на казна затвор од три години за сторено кривично дело по член 247 од Кривичниот законик, а бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Казнено-поправната установа Затвор Штип поради бегство. Лицето ќе биде спроведено во ...