СВР Струмица поднесе кривична пријава против 37-годишниот Н.М. од Стар Дојран, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење“, извести МВР. – На 14.09.2023 на паркинг во просторот помеѓу ГП Богородица и ГП Евзони, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „пежо“, при што пронашле и одзеле 387 штеки различна марка цигари и пет пакувања со тутун, за кои не поседувал документ за потеклото, соопшти МВР. ...

Со пригодна свеченост пред Споменикот на револуцијата во градскиот парк, денеска општина Струмица го одбележа 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ и Ден на борецот. За историографијата на празникот, зборуваше Танкица Митрева член на Советот на општина Струмица. -Постојат денови напишани на најсветлите страници од нашата пребогата македонската историја кои оставиле неизбришлива трага во постоењето на татковината, ...

Во периодот од 7 – 14 октомври 2023 година, тим за брз одговор за пребарување и спасување од урнатини од Дирекцијата за заштита и спасување, учествува на меѓународна вежба за справување со последици од земјотрес, што се одржува во Ереван, Р. Ерменија. Вежбата се организира во рамките на проектот за комплексно управување со земјотрес во Јужен Кавказ, преку ефективно планирање, одговор и здружени операции, финансиран од Европската Комисија. Покрај ...

На 08.10.2023 во 22.00 часот во струмичко село, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода В.М.(38). Тој се сомничи дека во домот физички ја нападнал неговата 57-годишна мајка, а откако таа го напуштила домот тој предизвикал пожар во домот, при што со повреди се здобил неговиот 66-годишен татко. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Струмица, а неговиот татко бил пренесен во болницата во Струмица ...

На територијата на Македонија, вчера биле пријавени три каснувања од кучиња скитници. – На 09.10.2023 во 17:35 часот во Полициската станица Гази Баба, Ј.П.(25) од Радовиш пријавила дека во кругот на студентски дом „Стив Наумов“ била касната од куче скитник. На 09.10.2023 во 19:30 часот во Полициската станица Гази Баба, С.С.(24) од Кавадарци пријавила дека на бул.„Александар Македонски“ била касната од куче скитник. На 10.10.2023 во 02:30 часот ...

На 16 октомври (понеделник) со почеток од 20:00 часот во НУЦК „Антон Панов“ | Сцена 112 ќе биде изведена претставата „Дали е во ред?“ Сценариото е според Лу Син.Кинески, а изведбата е на Јовче Пандев. Станува збор за пиеса за ѕверската страна на човековата природа, робувањето на стереотипите и суетното самопрогласување. Неверојатно прецизен текст, кој дава чувство на постојана присутност преку целото читање/гледање. Монодрамата премиерно беше ...

„Пандемија, војни, несигурност, борба за опстанок, страв од иднината… Тоа се само дел од причините кои доведоа до тоа стресот да стане наше секојдневие. Нарушувањето на човековото ментално здравје е сериозен проблем со кој се соочува светот“. Ова е дел од обраќањето на градоначалникот Костадинов на денешната трибина по повод 10 октомври – Светскиот ден на менталното здравје, која се одржа во организација на Општинската организација на Црвен крст ...

Општина Струмица останува да биде добар партнер за соработка на мисијата на ОБСЕ во нашата земја. На работилницата во промовирањето на демократските принципи на полицијата и полициското работење во заедницата преку размена на добри превентивни практики којашто се одржа Гевгелија, активно учествуваше Ѓорги Аризанов сообраќаен инспектор и секретар на Локалниот совет за превенција на општина Струмица. После одржаните успешни состаноци во Црна Гора, ...

Николчо Ѓоргиев е струмичанец кој живее во Швајцарија. Тој беше меѓу 100-те врвни спортисти кои учествуваа во главната дуатлон трка на долги патеки (10 км. трчање + 150 км. возење велосипед + 30 км. трчање) и како единствен претставник од Балканот и член на ВК „Актив“ бранејќи ги боите на македонскиот дрес го освои 13-то место во генералниот пласман. Во чест на струмичката фудбалска легенда Благој Истатов, Николчо со својот велосипед извози ...

Со свечена програма и полагање венци на спомен обележјето на нашиот великан Ацо Караманов, започна одбележувањето на јубилејните 50-ти по ред „Караманови поетски средби“.Во организација на Центарот за култура „Ацо Караманов“ а во соработка со ООУ „Никола Карев“ и општина Берово, на 09.10.2023 год. Понеделник, беше оддадена почит на нашиот великан, поет, револуционер и сограѓанин Ацо Караманов, кој својот живот прерано го даде за слободна и ...

Бројката на македонски граѓани кои се наоѓаат во Израел се зголемува и се прават напори да се лоцираат, изјави на 9 октомври премиерот Димитар Ковачевски. Тој вели дека се прави сѐ оттаму безбедно да се евакуираат сите македонски граѓани. Евакуацијата на македонските граѓани од Израле доаѓа по големиот напад на палестинските милитанти во Израел кој започна во саботата на 7 октомври, а по кој израелски воени авиони извршија напади врз цели на ...

РЕЗУЛТАТИ ЗА КНИЖЕВНАТА НАГРАДА „КАРАМАНОВ 2023“ – ЗА МАКЕДОНСКИ АВТОРИ Советот на 50 Караманови поетски средби, издавачот и организаторот на средбите – Центарот за култура „Ацо Караманов“ – Радовиш заедно со ОНБ „Браќа Миладиновци“ – Радовиш и жири комисијата за избор на најдобри поетски ракописи добиени по конкурс за 50 Караманови поетски средби во состав: проф. д-р Даниела Андоновска Трајковска – претседател и Борче Панов и Славчо Атанасов – ...

Трошоците на животот во септември годинава, во однос на септември лани, бележат зголемување од 6.6 %, а цените на мало од 4.7 %, покажуваат податоците на државниот завод за статистика. Намалување на индексите на трошоците на животот во септември 2023 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежото и разладеното овошје и зеленчук, маслото и маснотиите, млекото. Пораст на индексите во септември 2023 година, во споредба со ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,97 % во однос на одлуката од 6.10.2023 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините 5,504 %, кај дизелот 6,376 %, кај екстра-лесното масло има намалување за 6,742 % и кај мазутот ...

Дури осум фудбалери од ФК „АП Брера Струмица“ се повикани за македонските младински репрезентации кои периодов имаат настапи во рамките на квалификациите за континенталните натпреварувања за фудбалери до 21 и 19 години. Ова несомнено е потврда за потенцијалот што го нуди клубот во однос на млади фудбалери кои може да се носат и со репрезентативниот дрес на Македонија. Селекторот на младата репрезентација на Македонија Драги Канатларовски за ...

Денес градоначалникот Костадин Костадинов го посети населеното место Куклиш во кое се завршени повеќе активности од програмата за работа на Општина Струмица. Тој ги запозна претставниците на медиумите со завршеното оградување на паркот пред детската градинка, поставената нова мрежена ограда на метална конструкција со бетонски ѕид, санираната мрежа на постоечката ограда на градинката, извршената поправка и фарбање на металните клупи и замената на ...

Средното општинско училиште ,,Димитар Влахов” викендот по втор пат беше домаќин на најголемиот хакатон во светот ,,NASA Space Apss Challenge”. Во силна конкуренција од голем број екипи од цела држава, натпреварувачите од училиштето ја освоија првата награда NASA Space 2023. Од името на градоначалникот Костадин Костадинов и општина Струмица која финансиски го поддржа натпреварот, учесниците ги поздрави Елена Магеровска Паликарова заменик ...

На 8 октомври (недела) со почеток од 13:00 часот ќе започне IV Меѓународен фестивал „Есенски плодови“ во Подареш (Радовиш). Фестивалот вклучува: дефиле на учесниците, фотографирање на групите, снимање на целиот настан, храна и пијалак за сите учесници, награди за саите групи, оценување од страна на жири комисија и одржување на фудбалско игралиште. Специјални гости на настанот се: Јордан Митев, Марјан Коцев, Круме Спасовски и Станислава Ѓорѓевиќ. ...

На 06.10.2023 во 22.30 часот во Струмица полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Ј.М. (34) од Струмица, затоа што во патничкото возило „санг јонг“ со бугарски национални ознаки, управувано од негова страна, бил пронајден кокаин. Исто така, на 06.10.2023, врз основа на наредба од судија на претходна постапка, бил извршен претрес во домот на З.Б. (58) во Струмица, поради основи на сомнение дека му ја ...

На 7 октомври (сабота), со почеток од 19:00 часот во Амфитеатарот во Струмица, сите љубители на хип хоп културата ќе уживаат во настанот наречен „Ден на Хип Хоп“. По тој повод разговараме со еден од членовите на Дивизија, најпознатиот хип хоп колектив во Струмица – Драги Андонов – Кискин. ТВ КАНАЛ ВИС: Здраво Драги, 20-тина години си активен во рап музиката, но и во хип хоп културата генерално. Во сабота се случува голем настан во струмичкиот ...

Министерството за образование и наука информира дека учебниците за шесто одделение кои се веќе одобрени од Националната комисија за учебници и имаат добиено ЦИП запис, веќе се печатат и испорачуваат до училиштата. Задолжените за испорака се максимално одговорни и ангажирани, во договорот со училишните раководства ќе испорачуваат учебници и во текот на овој викенд. Учебниците по албански јазик и природни науки на македонски јазик за шесто ...

Денес во Дом на АРМ, со пригодна програма наменета за првоодделенците од општина Струмица, беше одбележана Детската недела, која секоја година, во првата седмица од месец октомври, се одбележува во сите земји-членки на Обединетите нации. Во рамките на свеченоста струмичките првачиња беа примени во Детската организација, а приемот им го честитаа членките на Советот на општина Струмица Силвана Стојанова и Танкица Митрева. Пренесувајќи им ги ...

Здружението за култура Транзен по шести пат ја реализираше изложбата „Несовршен простор“. Се доделува и наградата „Владимир Георгиевски“, во сеќавање на големиот мајстор на ликовната уметност, професорот Владимир Георгиевски. Добитник на наградата оваа година е младиот ликовен уметник Ѓорги Динев, а изборот на победникот беше направен во соработка со проф. д-р Фехим Хусковиќ. Оваа година наградата ја финансира и доделува семејството на ...

На 7 октомври, сабота, со почеток во 20 часот во Кинотеката во Скопје ќе се одржи традиционална ревија на филмови од последното, 18-то издание на Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“ што се одржа во Струмица, под мотото „Со нови искуства“. Програмата опфаќа 4 наградени странски кратки играни филмови: данскиот „Ивалу“, американскиот „Еж“, австралискиот „Штипење“ и британскиот „Ирско збогум“. „Ивалу“ на Андерс Валтер и Пипалук К. ...

На 05.10.2023 во 18:15 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Е.И.(21) од Шуто Оризари – Скопје. Тој се сомничи дека претходно одзел едно моторно возило и извршил тешка кражба во куќа во Струмица, при што одзел повеќе предмети. Кај него биле пронајдени возилото и одземените предмети и биле вратени на сопствениците. Е.И. бил задржан во Полициската станица Струмица и за настанот бил ...

Вчера вечер во 22.50 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека во село Баница, струмичко, 22-годишниот И.К. од село Баница, управувајќи патничко волзило „фолксваген пасат“ со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и удрил во ограда, извести МВР. – По несреќата, И.К. го напуштил местото, а сопатникот К.Ѓ.(29) од Струмица бил пренесен во Медицински центар Струмица каде му биле констатирани тешки телесни ...

Утре (6 октомври 2023 година), во Малата сала на Народниот театар – Гевгелија, со почеток во 13 часот, младите од општина Гевгелија ќе имаат можност да детектираат еко-проблеми на локално ниво (15-29 години). За таа цел, Општина Гевгелија и Локалниот младински совет на Општина Гевгелија, покрај поканетите членови на разни форми на младинско организирање, ги повикуваат младите (15-29 години) кои не се членови на ФМО да присуствуваат на настанот ...

ОВР Радовиш и ОВР Берово беа посетени од страна на дечиња од Јавната општинска установа – детска градинка „Ацо Караманов“, објект „Цветови“ од Радовиш, како и Детската градинка „23 Август“ од Берово, објави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на неговите профили на социјалните мрежи. „Безбедноста во сообраќајот и работните обврски на полициските службеници во фокусот на најмладите. Во текот на посетата најмладите беа запознаени со ...

Од денеска во употреба е новото мултифункционално спортско игралиште со комплетно партерно уредување во Втората урбана заедница, кај училиштето „Никола Вапцаров“. „Ги исполнуваме барањата на граѓаните, ги зголемуваме можностите и го промовираме здравиот начин на живот на струмичани.“, истакна градоначалникот Костадинов. Игралиштето е општинска инвестиција од близу 12 милиони денари и четврто такво досега направено во градот. Следното е во ...

Група ученици од машинската и текстилната струка со професори од СОУ „Никола Карев“ Струмица повторно на пат кон нови знаења и вештини. Во периодот од 01-14.10.20123 г. тие ќе престојуваат во Лимасол, Кипар во реализација на мобилност во рамките на проектот од програмата Еразмус+ заедно со домаќинот на мобилноста ,,ШипКон”. Примарно, групата посетува обуки во компаниите ,,Моноси” и ,,Грин Свит Пеперс”, но секако не се изоставени и прошетките до ...

weather icon

Скопје

14ᴼ / 14ᴼ
0.51
51%
1014
weather icon

Белград

12ᴼ / 12ᴼ
4.12
80%
1014
weather icon

Загреб

10ᴼ / 6ᴼ
1.03
77%
1014
weather icon

Софија

10ᴼ / 10ᴼ
4.63
87%
1013
weather icon

Сараево

13ᴼ / 13ᴼ
3.95
85%
1013
weather icon

Љубљана

11ᴼ / 9ᴼ
0.51
87%
1015
weather icon

Атина

17ᴼ / 14ᴼ
4.63
54%
1011
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
81%
1016
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
2.57
87%
1016
weather icon

Букурешт

9ᴼ / 7ᴼ
5.81
88%
1012
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 8ᴼ
2.24
88%
1014
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.14
87%
1012
Currency

61.525

Currency

54.0881

Currency

71.7367

Currency

34.5439

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63344

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1047.00

Злато

106834.23

Бакар

9.45

Паладиум

30350.30

Платина

30882.55

Родиум

174417.80

Цинк

2.52