
Скопје
24ᴼ /
24ᴼ



На 13.09.2023 околу 19.00 часот на автопатот Гевгелија – Скопје, во близина на клучка Миравци, гевгелиско, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица при Регионалниот центар за гранични работи Југ ги лишиле од слобода Б.Ј.(30) и Б.З.(26), двајцата од Скопје, поради сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“. Претходно, тие биле забележани со патнички возила „фолксваген голф“ и „сеат ...
На 13.09.2023 во 18.00 часот на регионален пат Радовиш – село Воиславци, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Радовиш го лишиле од слобода Е.Г.(35) од село Бучим, радовишко. При знак за запирање, даден од полициските службеници, тој од возилото „форд“ со радовишки регистарски ознаки, кое го управувал, фрлил неколку ќесиња со марихуана, кои биле пронајдени и одземени. Лицето било задржано во Полициската станица Радовиш и за ...
Ноќва (14.09.2023) во 01.20 часот на Граничен премин Богородица, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишиле од слобода Н.М. од Гевгелија. При преглед во патничкото возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени и одземени 387 штеки различни видови цигари и 1250 грама тутун, за кои не поседувал никаква документација. Лицето било задржано во полициска ...
Во Europe House Струмица, утре 15 септември 2023 година, во 19:00 часот, ќе биде отворена самостојната изложба на Соња Настовска, „Oслободени во боја”. Инаку Настовска дипломира на Филозофски Факултет на катедрата по Историја на Уметност и Археологија, и на Факултетот за Ликовни Уметности на Универзитет „Св. Кирил и Методиј” во Скопје. „Дојдете на отворањето на изложбата со вашите пријатели и блиски, заедно да одиме на едно патување низ ...
Актерот Јордан Симонов ја доби наградата за најдобро актерско остварување на 31. издание на Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“, кој синоќа заврши во Струмица. Тој е награден за улогата на Павле во претставата „Лагата“ од Флоријан Зелер, во режија на Бесфорд Идризи, во изведба на Македонскиот народен театар од Скопје. Наградата на Симонов, која се состои од златен медалјон со ликот на Шишков, парична награда во износ од 1.500 евра и ...
Градоначалникот Костадин Костадинов објави ЈАВЕН ПОВИК за добивање финансиска поддршка во износ од 9.000 денари за 20 деца со надмината возраст, запишани во општинско основно училиште на територијата на општина Струмица во наставната 2023/24 година. Финансиска поддршка во износ од 9.000 денари може да добие родител на дете родено 2014 и 2015 година, кое ја надминало возрасната граница за запишување во прво одделение и до денот на запишувањето ...
Општината доделува 20 стипендии на редовни ученици во средните училишта во износ од 2.500 денари и 25 стипендии на редовни ученици во основните училишта во износ од 2.000 денари во времетраење од 9 месеци во учебната 2023/2024 година. Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ доделува дополнителни 10 стипендии на редовни ученици во средните училишта и 13 на ученици од основните училишта. Право на учество на Јавниот повик имаат сите ученици кои ...
40 нови дела создадени на годинашната јубилејна 60-та Меѓународна струмичка ликовна колонија во периодот од 5 до 15 август, сега поставени пред јавноста. Во фоајето на Центарот за култура „Антон Панов“, местото каде овие дела традиционално се изложуваат на 11 Септември – Денот на ослободувањето на Струмица. Нови дела во различни ликовни дисциплини, додадени во фондот од над 2.800 уметнички дела создадени во изминатите години, од над 1.600 ...
Тројца мигранти од вкупно 16 се повредени откако С.М. (23) од БиХ, со привремен престој во Скопје, бегајќи од полициска патрола најпрвин удрил во рампа на наплатната станица Смоквица, а откако продолжил со движење удрил во столб во селото Негорци. Како што информираа од СВР Струмица, вчера околу 19:45 часот на автопатот Скопје-Гевгелија тој не застанал на знак за запирање даден од полициски службеници и со патничко возило „ауди“ со скопски ...
Градоначалникот Костадин Костадинов објави ЈАВЕН ПОВИК за добивање финансиска поддршка во износ од 9.000 денари за 20 деца со надмината возраст, запишани во општинско основно училиште на територијата на општина Струмица во наставната 2023/24 година. Финансиска поддршка во износ од 9.000 денари може да добие родител на дете родено 2014 и 2015 година, кое ја надминало возрасната граница за запишување во прво одделение и до денот на запишувањето ...
Гевгелија ќе биде домаќин на новиот LAG EXPO 2023: Саем за промовирање на локалниот развој, којшто ќе се одржи на 16 септември 2023 година (сабота), во Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 12:00 часот. На вториот по ред LAG ЕХО 2023, ќе учествуваат 5 локални акциски групи од 18 општини, говорници од земјата и странство и над 40 изложувачи со штандови за претставување на локални производи и храна, како и промоција на убавините и ...
Советот на општина Струмица на денешната седница донесе Одлука за изработка и спроведување на проект со кој општина Струмица ќе аплицира за добивање на неповратни финансиски средства на отворениот повик за инвестициски проекти од Програмскиот приоритет 1 „Позелен пограничен регион“ на програмата Interreg (VI-A) ИПА меѓу Република Бугарија и Република Северна Mакедонија 2021-2027 година. Проектниот предлог е со наслов „Зелен пулс во ...
Согласно годишната програма за активности на општина Радовиш од областа на социјалата и распишаниот Јавен повик, ангажирани се 6 (шест) работници во населените места: Ињево, Воиславци, Калуѓерица, Злеово, Подареш и Ораовица, за изведување на јавни работи во рок од 5 месеци. Се работи за невработени лица коишто не ги губат правата по основ на невработеност а ќе бидат задолжени за редовно одржување на централните подрачја, детски паркови, зелени ...
Од ноќеска на полноќ горивата ќе се продаваат по нови цени, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Според одлуката на РКЕ, бензините од полноќ ќе поскапат за еден, а дизелот за два и пол денари за литар. За два и пол денари ќе поскапи и екстра лесното масло за домаќинство. Па така, литар еуросупер БС-95 ќе чини 88 денари, еуросупер БС-98 ќе се продава за 90,5 денари за литар, а литар дизел ќе чини 83,5 денари. Екстра лесното масло за ...
Нашиот еминентен мултимедиа уметник Киро Урдин ќе учествува на 13. Интернационален поетски фестивал што ќе се одржува од денеска до 17 септември во Букурешт. Фестивалот оваа година покани 158 поети од 26 земји од четири континенти: Северна Македонија, Австрија, Боливија, Албанија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Канада, Хрватска, Куба,Данска, Естонија, Франција, Германија, Грција, Италија, Мароко, Црна Гора, Перу, Полска, Португали ја, Молдавија, ...
Градоначалникот на Општина Василево, Славе Андонов, деновиве е во работна посета на Општина Согут, Република Турција, каде се сретна со повеќе преставници како на локалната, но и на државната власт. Општина Согут, Република Турција е првата општина со која општина Василево се има збратимено. Градот е познат по тоа што Отоманците својата империја ја основале токму овде. Град со голема традиција и историја. Славе Андонов оствари средба со ...
Изминатиот период, во ООУ „Владо Кантарџиев“ – Гевгелија беа преземени повеќе активности за подобрување на воспитно-образовниот процес пред почетокот на новата учебна година. Имено, во Подрачното училиште во Богородица е реконструиран подот, а во Централното училиште, реконструирана подната површина во просторијата за продолжен престој и оплеменета со инвентар и опрема. Притоа, пред почетокот на учебната година, извршена е дезинфекција, ...
Денеска се навршуваат 79 години од ослободувањето на Струмица. Овој најголем празник за струмичани беше одбележан со пригодна свеченост којашто се одржа на Спомен костурницата. За историското значење на овој ден и за придобивките што тој на градот му ги донесе во изминатите 79 години, пред присутните на одбележувањето зборуваше градоначалникот Костадин Костадинов, кој меѓу другото рече: -„Слобода“, тоа не е само обичен збор напишан на хартија ...
Улицата „Свети Кирил и Методиј“ – Гевгелија, по завршувањето на изведбените работи, е комплетно уредена со атмосферска канализација и покриена со асфалт. Ова е уште една улица во должина од 200 метри во јужниот дел на градот, којашто беше опфатена со Проектот на Општина Гевгелија за изградба на атмосферска канализација на 1/3 во градот, но и целосно асфалтирана преку акцијата на Општина Гевгелија за подобрување на патната инфраструктура во ...
Одбојкарската репрезентативка од Струмица, Софија Ричлиева, ќе игра во нов клуб. Таа стави потпис за шпанскиот клуб Премиа Де Далт од Барселона, клуб од Суперлига 2 во Шпанија. Премиа Де Далт минатата сезона ја заврши на петтото место. Ричлиева досега настапуваше за: Македонија Макс, Воллеyро Рома (Италија), Орду Турк Телеком, Бујукчекмеџе Волејбол Академиси (Турција), Дреница и Скендерај (Kосово) , Вестсјаелланд (Данска), Лариса (Грција), Брда ...
Владата на Република Северна Македонија го разгледа и утврди Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2023 година и ја разгледа и утврди Предлог – одлуката за прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници на централната власт и помеѓу фондовите. Со донесените владини заклучоци се предлага прераспределба на средства помеѓу буџетските корисници и фондовите за ...
Со желба театарот да ни биде живот, а не животот – театар, фестивалот за отворен го прогласи Елена Магеровска Паликарова, заменик градоначалник и член на Советот на општина Струмица. – Го дочекавме и влезот во четвртата деценија од споделувањето на струмичката љубов, почит и верност кон бардот на македонското глумиште Ристо Шишков, преку единствениот меѓународен театарски фестивал посветен на актерот, фестивал кој покрај спомените на великанот, ...
26 годишниот Матеј Цветаноски кој беше дел од тимот на Брера Струмица во втората полуетапа од последниот шампионат, повторно е ангажиран оваа сезона и ќе го носи дресот со број 10. Станува збор за офанзивен крилен фудбалер кој зад себе има големо искуство како во македонскиот шампионат така и во странство. Има играно за Македонија ЃП, Пелистер, Вардар, Шкупи како и за унгарски Ѓирмот како и албанскиот Партизани. Минатата сезона Матеј Цветаноски ...
Брера Струмица додели дрес на големата англиска соул ѕвезда Џон Њуман кој настапи на GetEXITed забавата во Струмица. Тој се заблагодари на гестот и најави дека во иднина ќе го промовира градот Струмица, но и клубот Брера Струмица насекаде во светот при своите настапи. Њуман спомна дека знае за Горан Пандев, неговите настапи како во Италија, така и за македонската репрезентација, но и за инвестициите на италијанско – американскиот конзорциум ...
На 8 септември на автопатот А1, на наплатна рампа „Демир Капија“ во правец Гевгелија-Скопје, од полициски службеници од Полициска станица Богородица е лишен од слобода Р.К. (32) од Струмица, кој превезувал мигранти. Во товарното моторно возило „мерцедес спринтер“ со кочански регистарски ознаки, кое го возел, биле пронајдени 28 лица мигранти од Сирија. За настанот е известен јавен обвинител, а мигрантите се сместени во Центар за странци Гази Баба ...
Додека Македонија го прославува својот Ден на Независноста, 8-годишната шахистка од Моноспитово, Надица Велкова ѝ подари на својата нација победа за паметење на европско првенство во шах во Романија. Во возбудлив меч, Надица ја оствари првата победа на европските првенства и тоа над грчка опонентка, Алики Чачали. Справувајќи се со силната и искусна противничка како Алики Чачали од Грција, победата на Надица е доказ за нејзиниот природен талент, ...
Долгоочекуваното, второ по ред издание на „Get EXITed“ настанот во Струмица, во организација на ЕГЗИТ тимот синоќа на посетителите во струмичкиот Градски парк им приреди спектакл за паметење! Повеќе од 20.000 фанови танцуваа до утро со омилените песни на поп и соул сензацијата Џон Њуман, кој со својот специјален настап покажа зошто важи за една од најголемите светски ѕвезди на денешницата, незаборавниот сет на глобалниот хитмејкер Бурак Јетер, ...
Пред споменикот на Гоце Делчев, денеска, општина Струмица со пригодна свеченост го одбележа 8 Септември – Денот на независноста на Македонија. За историографијата на празникот и неговото значење пред присутните зборуваше Александар Ненчев, член на Советот на општина Струмица, кој меѓу другото, рече: „Овој ден е ден – стожерник во нашиот современ времеплов. Овој ден е ден – надежник за нашата истрајност во чекорењето по трнливиот пат на нашиот ...
Сомалиецот Мустафа Ахмед, на инстаграм е познат по неговиот профил Тravelsofmozzy подолго време престојува во Македонија и тука снима забавни видеа, поврзани со нашата култура, начинот на живот, но и нашето секојдневие. Тој неодамна ја посети и Бетмен куќата во Радовиш. „Добре дојдовте во куќата на Бетмен“, напиша тој и преку кратко видео ни ги прикажа куќата и дворот, раскажувајќи дека ова е „најкул“ нештото што го видел досега во Македонија. ...
Сомалиецот Мустафа Ахмед, на инстаграм е познат по неговиот профил Тravelsofmozzy подолго време престојува во Македонија и тука снима забавни видеа, поврзани со нашата култура, начинот на живот, но и нашето секојдневие. Тој неодамна ја посети и Бетмен куќата во Радовиш. „Добре дојдовте во куќата на Бетмен“, напиша тој и преку кратко видео ни ги прикажа куќата и дворот, раскажувајќи дека ова е „најкул“ нештото што го видел досега во Македонија. ...