Рамноправност во нудењето на производи и услуги за потребите на Алијансата, зголемено учество на НАТО пазарот и здружувањето на способностите на индустријата од сите земји се дел од препораките на НАТО – Индустрискиот ден што се одржува во Скопје, а на кој учествуваат високи претставници на двете агенции на Алијансата, НАТО Агенцијата за поддршка и набавки (NSPA) и НАТО Агенцијата за комуникации и информации (NCIA), како и претставници на ...

Согласно договорот, до 2030 година треба целосно да биде забранета употребата на пластична амбалажа за храна и контејнери за еднократна употреба во угостителството. Според договорот, низа „формати на пластична амбалажа за еднократна употреба“, вклучително и употребата на фолии за заштита за куфери на аеродромите, ќе бидат забранети од 2030 година. И натаму ќе бидат дозволено пакувања од хартија или картон. Европратениците синоќа се согласија за ...

Според порталот „onzemondial.com“ во сезоната 2024/25 првенството ќе се вика „Мекдоналдс лига 1“. Договорот на лигата со сегашниот спонзор „Uber Eats“ завршува оваа година. Новиот договор предвидува Француската професионална лига (ЛФП) да добива 20 милиони евра по сезона наместо 15 милиони евра што и следуваат според сегашниот договор. Во моментов лидер во француската Лига 1 е ПСЖ кој на 24 натпревари има постигнато 55 бода. Брест е на второто ...

Денеска во САД е „супер вторник“ ден кога избори за претседателски кандидат од Републиканската и Демократската партија има во 15 држави. Следниот вторник избори се одржуваат и во уште четири држави. Претседателот Џо Бајден, демократ, по сѐ изгледа ги има сите шанси за убедлива победа затоа што никој од неговите сопартијци не покажа сериозни намери да го оспори обидот на актуелниот шеф на државата да оди на резибор за втор мандат. На ...

Во извештајот, во кој се цитирани четири лица запознаени со апелите на Камала Харис, се вели дека таа постојано им укажувала на Бајден и на другите претставници на Белата куќа „дека администрацијата треба да покаже поголема емпатија за палестинските цивили со тоа што јавно ќе зборува за бројот на загинатите во Газа и за страдањата на преживеаните“. Бајден ја поддржа нејзината позиција, според американскиот весник, но исто така рече дека ...

Во петок, 1 март 2024 во организација на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Фондацијата „Ѓорѓи Марјановиќ“, се одржа трибина „Како да се поттикне и поддржи читателскиот интерес кај децата и младите“, посветена на еден од најголемите предизвици со кој се соочува нашата земја. На трибината Александар Марјановиќ, извршниот директор на Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ, ја претстави иницијативата за поттикнување на љубовта кон читањето кај децата ...

- Сите велат: „Ах, каква романтична песна. Сакам 'You're Beautiful' да ни биде првиот танц“. Токму тоа ќе ги зафркне тие луѓе. Јас не сум романтичар, ниту пак, тоа е нежна, романтична, е**на песна!, нагласи Блант. Имено, кажано од самиот автор на песната - таа раскажува за маж кој демне туѓа жена во метро. - Се работи за дечко кој издрогиран стои во метро и демне туѓа девојка додека нејзиното момче е токму таму пред него. Треба да го затворат ...

Во заедничка операција на турската национална разузнавачка служба (МИТ) и Одделот за антитероризам на полицијата во Истанбул, приведени се седум лица осомничени дека и дале информации на израелската разузнавачка служба Мосад, јавуваат турските медиуми. Според извори од турските безбедносни сили, меѓу приведените е и приватниот истражител и поранешен државен службеник Хамза Турхан Ајберк, кој учествувал во утринските емисии на локалната ...

Од нив седум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 94 возила јa пречекориле брзината во населено место, а 101 надвор од населено место. Од МВР најавуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Тие апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и ...

Станува збор за кралот Чарлс Трети од Обединетото Кралство, Нарухито - царот на Јапонија и неговата сопруга - царицата Масако. Пред кралот Чарлс, таа привилегија ја имаше и Елизабета Втора, која Чарлс ја наследи на престолот откако најдолговечната британска кралица почина на 8 септември 2022 година. Значи, овој исклучок важи само за кралот (или кралицата) на Обединетото Кралство, а не и за другите членови на британското кралско семејство. Дури и ...

Милвоки победи со 113:106 без повредените Јанис Адетокунбо и Крис Мидлтон. - Тоа покажува за нашиот карактер. Пред почетокот на натпреварот никој не зборуваше за тоа кој нема да може да влезе денеска на теренот. Тоа зборува за нивото на очекување, за стандардот што почнуваме да го имаме, каков тим стануваме, рече Лилард. Бакс победија откако заостанаа со 15 поени на неколку минути до крајот на третата четвртина. Ова е четврти камбек на Милвоки ...

Фудбалерите на Барселона не се чувствуваат комфорни и се сомневаат во проектот на клубот. Според „Diario Sport“, сомнежите на играчите произлегуваат од одлуката на Чави да си замине и неизвесноста кој ќе го замени како тренер на Барселона. И покрај резултатите кои не ги исполнуваат очекувањата, ангажманот на играчите е најдобар под водство на Чави. Тренерот Чави лично агитираше за ангажманот на многу фудбалери од сегашниот состав, а овие играчи ...

Силно вооружени банди се обидоа да го заземат главниот меѓународен аеродром на Хаити, „Тусен Лувертур“, во престрелка со полицијата и воените единици, во услови на ескалација на насилството во земјата и масовно бегство на затвореници. Како што јавија странските агенции, од оклопен камион на аеродромската писта е пукано кон бандите во обид да се спречат да влезат во комплексот додека десетици вработени бегале. Нападот се случи неколку часа откако ...

Нападот главно бил насочен кон станбени и индустриски области на црноморското пристаниште Одеса, соопшти армијата. Руското Министерство за одбрана, пак, објави дека нивните сили за воздушна одбрана уништиле три украински беспилотни летала над регионот Белгород, кој граничи со Украина. Киев не ги коментираше руските тврдења. На друго место, дронови на украинската морнарица го погодија рускиот патролен брод Сергеј Котов во окупираниот Крим, ...

Согласно мерењата и набљудувањата на метеоролошките станици во Република Македонија, месец февруари годинава се карактеризира како екстремно до многу топол и сув месец во споредба со многугодишните просечни вредности, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Според УХМР, месечната температура се движела од 2,4 целзиусови степени во Лазарополе до 9,7 во Гевгелија. Споредено со просечните февруарски средномесечни температури, за ...

Имено, Сингапур е единствената земја во овој дел од светот каде што Свифт ќе настапи, а соседните земји тоа го прогласија за „непријателски чин“ на оваа град-држава. Тамошната Влада претходно објави дека има дозвола за настап на Свифт, но не ги откри условите. Потоа се дозна дека условот е Сингапур да биде единственото место во ова подрачје каде што Свифт ќе има концерт во рамки на постојната турнеја. Особено незадоволни се во Тајланд и Филипини ...

За 10 март е закажано дербито меѓу најголемите претенденти за титулата во Премиер лигата. Често се случува навивачите на „црвените“ да фрлаат разни предмети кон автобусите на ривалите, а во декември беше оштетено возилото на Манчестер јунајтед. За овој инцидент беше уапсен 23-годишен маж. Постојаната битка во последните сезони меѓу тимовите предводени од Јирген Клоп и Хосеп Гвардиола доведе и до зголемување на тензијата меѓу приврзаниците на ...

Би-Би-Си Истражувачки тим на ОН заклучил дека има „убедливи докази“ дека за време на нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври било извршено сексуално насилство, вклучително и силување и групно силување, пишува Би-Би-Си. Исто така, се вели дека има „убедливи информации“ дека заложниците биле изложени на сексуално насилство. Истрагата ја водеше Прамила Патен, специјален претставник на ОН за сексуално насилство во конфликти. Хамас ги отфрла ...

„Многу луѓе се прашуваат зошто Алексеј толку се бореше и никогаш не се откажа. За ваше добро, за драги, храбри и чесни луѓе кои сега доаѓаат во бескраен ред да се простат од него“, напиша Јулија Навални на платформата Х. Илјадници поддржувачи на Навални се собраа во московската област Маржино на денот на неговиот погреб во петокот за да му оддадат почит на најпознатиот руски опозициски лидер, кој почина во казнена колонија на Арктикот на 16 ...

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски во функција на известител определен од Парламентарното Собрание на Советот на Европа за Босна и Херцеговина денеска e во работна посета на Брисел во институции на Европската Унија, со цел да разговараат за напредокот на Босна и Херцеговина, но и за можностите за напредок на Западен Балкан како целина. Николоски, како што соопшти ВМРО-ДПМНЕ, заедно со неговиот колега Немет најпрво ќе се сретнат ...

“БИСТРО – МАТНО” БАРОМЕТАР НА КОРУПЦИЈА за месец ФЕВРУАРИ 2024 година Транспаренси Интернешнл-Македонија продолжува да ја спроведува редовната месечна активност за следење на случаи и дејствија поврзани со коруптивни однесувања и борбата против корупцијата, што ја нарековме „Бистро-Матно“. Следењето на овие случаи има голем одзив, како во јавноста, така и меѓу домашните и странските институции и со текот на времето прерасна во релевантен ...

Mесец за подигање на свеста за ракот на дебелото црево, е многу битен за информирање на граѓаните, за четвртиот најчест тип на рак во Соединетите Држави и светот. Со над 100.000 нови случаи секоја година и над еден милион вкупно случаи, ракот на дебелото црево е огромен проблем. Но, со рано откривање на оваа болест, се проценува дека повеќе од половина од смртните случаи на годишно ниво, можат да се спречат. Благодарение на националниот месец за ...

Како резултат на експлозиите, остатоци се расфрлани во радиус од 1,6 километри. Полицијата апелираше до локалните жители да се држат настрана од областа. Не е познато какви материјали се запалиле, што ги спречи властите да ги проценат ризиците од загадениот воздух. Како што пренесуваат локалните медиуми, станува збор за индустриски објект за трговија на големо, специјализиран за производство на нови реквизити за пушење, вклучувајќи ги и оние на ...

„Го информиравме министерот за одбрана Остин за моменталната ситуација на фронтот и разговаравме за промените во најважните сектори. Работиме заедно за да ги обезбедиме потребите на украинските вооружени сили и да ги зголемиме капацитетите на армијата“, напиша Умеров на својот канал на платформата Телеграм. Разговорот го потврди и портпаролот на Пентагон. „Секретарот Остин повтори дека САД и нашата коалиција од околу 50 сојузници и партнери ќе ...

Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.С. полициски службеник во Одделот за обезбедување на определени личности и објекти, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие“, казниво по член 382 од Кривичниот законик. Како што информираат од МВР, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и ...

Децата ќе имаат можност да се едуцираат и да научат што подразбира одговорно чување куче и како да се грижат за нивните миленици, наведуваат од претпријатието во денешното соопштение. Активностите се во рамки на проектот „Унапредување на благосостојбата на животните преку волонтерството“, под покровителство на Амбасадата на САД во Скопје. - Сметаме дека за решавање на проблемот со бездомните кучиња, важно е да се влијае на децата. Па затоа, ...

Во натпреварот од 27. коло, Нероаѕурите синоќа на домашен терен ја победија Џенова со 2:1. - Дали судбината на Интер е во наши раце? Очигледно да. За 33 дена ја зголемивме предноста во однос на Јувентус на 15 бода, но треба да останеме фокусирани. Во фудбалот сум долги години и знам како функционира. Има уште многу натпревари пред нас, треба да одиграме три натпревари пред репрезентативната пауза против многу сериозни противници - Болоња, ...

Специјалниот пратеник на Европската Унија во дијалогот меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак се очекува утрово да допатува во Приштина, во обид за наоѓање решение во врска со проблемот настанат со одлуката на косовските власти за забрана на употребата на српскиот динар како платежно средство во Косово, јави дописникот на МИА од Приштина. Лајчак преку неговата страница на Фејсбук објави дека во Приштина ќе се сретне со косовскиот вицепремиер, ...

По повод 60-годишнината од смртта на Милтон Манаки, во киносалата на Кинотеката ќе бидат прикажани документарниот филм „Манаки - Приказна во слики“ за фотографската дејност на Јанаки и Милтон Манаки, целокупниот опус од 42 филма кои овие балкански кинематографски пионери ги снимиле со култната Камера 300, како и филмска репортажа од 1956 година со тогаш „живата битолска легенда“ Милтон Манаки. Најпрвин, со почеток во 18 часот, м-р Роберт ...

Како што се наведува, едномоторниот авион синоќа се урнал на тревна површина во западниот дел на градот, а потоа избил пожар во авионот. Според полицискиот извештај, во авионот имало неколку лица и се верува дека сите загинале, а точниот број на жртви засега не е утврден, изјави портпаролот на полицијата. На автопатот нема повредени возачи, а на терен нема оштетени возила или објекти. Управата на аеродромот во Нешвил соопшти дека Националниот ...

Скопје

7ᴼ/7ᴼ
2.06
93%
1011

Белград

7ᴼ/5ᴼ
1.54
86%
1010

Софија

8ᴼ/6ᴼ
4.12
87%
1010

Сараево

8ᴼ/8ᴼ
3.1
79%
1010

Љубљана

6ᴼ/5ᴼ
1.03
95%
1011

Атина

17ᴼ/13ᴼ
4.92
62%
1010

Тирана

8ᴼ/8ᴼ
2.57
100%
1012

Подгорица

9ᴼ/7ᴼ
1.54
93%
1012
Currency

61.5453

Currency

57.3622

Currency

71.7715

Currency

37.389

Currency

41.9994

Currency

62.879

Currency

7.9235

Currency

0.62181

Currency

0.36864

Currency

0.52531

Currency

1.7628

Currency

0.6882

Алуминиум

2 $

Иридиум

155948 $

Кобалт

552 $

Никел

610450 $

Рутениум

24115 $

Калај

32 $

Сребро

870 $

Злато

74392 $

Бакар

8 $

Паладиум

31935 $

Платина

28923 $

Родиум

152411 $

Цинк

89903 $