Март - национален месец за подигање на свеста за рак на дебело црево

Март годинава е национален месец за подигање на свеста за ракот на дебелото црево.

Mесец за подигање на свеста за ракот на дебелото црево, е многу битен за информирање на граѓаните, за четвртиот најчест тип на рак во Соединетите Држави и светот. Со над 100.000 нови случаи секоја година и над еден милион вкупно случаи, ракот на дебелото црево е огромен проблем. Но, со рано откривање на оваа болест, се проценува дека повеќе од половина од смртните случаи на годишно ниво, можат да се спречат. Благодарение на националниот месец за подигање на свеста за ракот на дебелото црево, вниманието се насочува кон важноста на раното откривање и скринингот. Во март се здружуваме да дадеме надеж и се залагаме за подигање на свесноста, наведуваат од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

- Според Американското здружение за рак, секој може да развие рак на дебелото црево, но некои од водечките ризик фактори се исхрана богата со црвено месо - како што се говедско, свинско, јагнешко или црн дроб и преработено месо - виршли и сувомеснати производи. Возраста и пушењето се, исто така, фактори на ризик. Најдоброто нешто што можете да направите за да го избегнете овој рак е да останете активни, да не пушите, да јадете повеќе зеленчук, наместо црвено месо и да правите редовни прегледи на дебелото црево, почнувајќи од 45 години или помлади, доколку имате семејна историја, појаснуваат од ИЈЗ.

Ракот на дебелото црево, нагласуваат, се лекува и не мора нужно да има смртен исход.

- Причината зошто ракот има поголема смртност кај возрасните во САД, е затоа што, 20 до 25 отсто, од пациентите се метастазирани во моментот на поставување на дијагнозата, што значи дека ракот веќе се проширил на други делови од телото. Сепак, ова може да се излечи со низа достапни опции за третман, вклучувајќи операција за отстранување на ракот, хемотерапија и терапија со зрачење, во зависност од тоа колку е проширена болеста, додаваат од ИЈЗ.

Многу луѓе со рак на дебелото црево немаат никакви симптоми во раните фази на болеста. Сепак, некои симптоми вклучуваат постојана промена во навиките на дебелото црево, вклучувајќи дијареја или запек или промена во конзистентноста на столицата, ректално крварење или крв во столицата, постојана абдоминална непријатност, како што се грчеви, гасови или болки, чувство дека цревата не се празнат целосно, слабост, замор или необјаснето губење на тежината.

- Ракот на дебелото црево е смртоносен, но, еден е од најлесните за откривање и во најраните фази, е еден од најизлечливите видови на рак. Едно лице може да има рак на дебелото црево, без симптоми. Според асоцијацијата за рак на дебелото црево, пациентите на кои им е дијагностициран рак на дебелото црево, често немаат никакви симптоми. Ако сте родени во 1990-тите, имате двојно поголем ризик од рак на дебелото црево и четири пати поголем ризик од рак на ректумот од оние родени во 1950-тите години. Ова е разочарувачка статистика за сите родени во овој период. Ракот на дебелото црево се јавува во семејството. Луѓето со родител, брат, сестра или дете, заболени од рак на дебелото црево, имаат два или трипати поголем ризик да развијат рак на дебелото црево, во споредба со оние кои немаат семејна историја на болеста, појаснуваат од ИЈЗ.

Според податоците од ИЈЗ, тоа е третата водечка причина за смрт кај младите возрасни. Во 2020 година имало околу 18.000 случаи на колоректален карцином дијагностицирани кај луѓе под 50 години, што е еквивалентно на 49 нови случаи дневно.

- Во САД од средината на 1980-тите, стапката на инциденца на рак на дебелото црево се намалува, но и возраста на скринирање се намалува. Ова се должи на зголемената свест на граѓаните, но стапката на скрининг сѐ уште останува ниска, особено кај оние кои немаат здравствено осигурување, подвлекуваат од ИЈЗ.

Болеста може да се спречи. Колку порано се открие ракот, толку се поголеми шансите лицето да го победи. Затоа раното откривање е толку важно.

- Иако е смртоносна болест, тоа е болест што може лесно да се открие и да се лекува. Хирургијата е примарна форма на третман и дава добри резултати во приближно 50 отсто од случаите. Канцерогениот полип може да потрае 10 до 15 години, пред да се развие во рак. Со редовен скрининг, лекарите можат да ги отстранат полипите пред да прераснат во рак, додаваат од ИЈЗ.

Главна цел, додаваат, за спроведување на скринингот и раната детекција на рак на дебелото црево е намалување на морбидитетот и морталитетот во Република Македонија, од рак на дебело црево.

- Стратегијата за подобрување на раното откривање на ракот на дебелото црево подразбира и подoбра информираност на населението за значењето на раното откривање на ракот и едукација на здравствениот кадар за самата програма. Целта е да се намали морталитетот со ракот на дебелото црево. Да се редуцира инциденца, да се зголеми пропорцијата на рано откриени случаи со рак на дебелото црево од 14 отсто до повеќе од 50 проценти, за 10 години и да се подобри квалитетот на живот на заболените, како и да се намалат трошоците за третман на заболените од рак на дебелото црево. Во март, здружени даваме надеж и се залагаме за подигање на свесноста, нагласуваат од Одделот за здравствена промоција и следење на болести при Институтот.

Аналитичари: Реториката се заостри по првиот круг, Левица се најголемите губитници на 24 април

На три дена до двојните избори дел од политичките аналитичари во земјава ценат дека, иако на моменти имало црна изборна кампања, сепак генералната оценка е дека изборната реторика се одвивала во границите на очекуваното.

За некои пак преекспонирано било прашањето за уставни измени и европската иднина на земјата, а по резултатите од првиот круг се разгорела и меѓуетничката реторика.. Дел од познавачите велат дека најголеми губитници на првиот круг од претседателските избори биле СДСМ и Левица.

-Кој е најголем губитник, ако мислите на политичките партии, тоа е СДСМ со оглед на резултатот на кандидатот што го подржува нели за претседател. Левица не е фактор-партија која може значајно да влијае, поготово со своите радикални ставови, антиевропски и анти-НАТО, таа нема некои шанси да биде позначаен фактор,- -Никовски.

-Факт е дека појавата на Максим Димитриевски, на ЗНАМ направи еден пресврт во структурата на македонските политички партии и тука најголем губитник е Левица и мислам дека појавата на ЗНАМ е исклучително значајна бидејќи со своите досегашни политики, СДСМ покажа дека не е достоен за улогата која долги години ја имаше на македонската политичка сцена,- – Иванов.

Адвокатот Јанаки Митровски пак смета дека реториката на дел од партиите била клучна за изборниот исход...

-ДУИ и Левица, ДУИ кои што традиционално одат на предзнакот УЧК и со закани кои што стануваат се поотворени од Бујар Османи дека не може да има Влада без нив што не го пишува никаде и политичката партија Левица која што станува се поочајна и се повеќе игра на национализам бидејќи веројатно тоа им е последната сламка за спас,- Јанаки Митровски – Адвокат.

Дел од поранешните членови на Левица не се со големи очекувања на партијата на претстојните избори, причината за тоа ја гледаат во внатрешните поделби.

-Со оглед на тоа дека циркулираат слики како Апасиев стои до штанд за делење флаери, апсолутно Левица е најголемиот губитник, човекот во 2016, кога теренските активности се сведуваа на на објаснување дека партијата постои, тој не се појави на штанд, така што тие остварија резултат кој што е далеку од нивните очекувања. Сметам дека сликата од првиот круг е релевантна иако луѓе сакаат да си верглаат некоај реторика дека ќе се зголеми или намали, пред првиот круг очекував Левица да се бори помеѓу 8 и 12 мандати, сега мислам дека би биле пресреќни ако се 4,- -Бранко Ристов – Поранешен член на Левица.

Според дел од политичките аналитичари, првиот круг од претседателсктите избор е показател за тоа што може да се очекува и во среда, други пак велат дека не ништо завршено и дека граѓаните ќе имаат нова можност за одлуки.

Тежок удар за Баерн пред натпреварот на сезоната против Реал Мадрид

Дефанзивецот на Баерн Минхен, Рафаел Гереиро ќе го пропушти полуфиналниот реванш со Реал Мадрид во Лигата на шампионите, соопштија од клубот.

Тој заработи повреда при поразот од Штутгарт со 3:1.

Португалскиот дефанзивец беше подложен на лекарски преглед, по што му беше констатирано повреда на коленото и вкрстените лигаменти.

Реваншот помеѓу Реал Мадрид и Баерн ќе се одигра во среда на 8 мај на стадионот „Сантијаго Бернабеу“. Првиот натпревар заврши 2:2.

Државниот и политичкиот врв со честитки за Велигден

Државниот и политичкиот врв упатија честитка до верниците по повод велигденските празници.

-Христовото воскресение нѐ ослободува од стравот од смртта, но и нѐ обврзува, наместо пасивни набљудувачи, да бидеме активни учесници во обновата,– стои во честитката од претседателот на државата Стево Пендаровски.

Кандидатката за претседател Гордана Силјановска Давкова која беше во Соборниот храм порача дека нема поголем празник од Велигден.

Премиерот на техничката влада Талат Џафери пак во честитката вели:

-Велигденската порака за победата на животот над смртта е порака која влева надеж дека за животот, вреди да се преземе секој чекор на храброст и пожртвуваност.

-Да се спротивставиме на сите непогоди, да ги победиме искушенијата, да бидеме солидарни едни кон други и да ги отвориме нашите срца за безусловна љубов, сочувство и заедништво, Истакнува во честитката собранискиот спикер Јован Митрески.

Честитки по повод Велигден и од лидерите на партиите. Претседателот на СДСМ димитар ковачевски пишува:

-Добрината и мудроста да бидат нашиот патоказ – стои во честитката од лидерот на сдсм димитар ковачевски. Овие големи празници носат голема духовна сила, да ги празнуваме секогаш заедно, во радост и спокој.

Додека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на социјалните мрежи напиша:

-Поучени од христијанските начела, да си ја сакаме државата, да го сакаме ближниот, да направиме се утре да биде подобро од денес.

притисни ентер