Транспаренси Интернешнл-Македонија: Барометар на корупција за месец февруари 2024 година

Транспаренси Интернешнл-Македонија продолжува да ја спроведува редовната месечна активност за следење на случаи и дејствија поврзани со коруптивни однесувања и борбата против корупцијата, што ја нарековме „Бистро-Матно“.

“БИСТРО – МАТНО”

БАРОМЕТАР НА КОРУПЦИЈА за месец ФЕВРУАРИ 2024 година

Транспаренси Интернешнл-Македонија продолжува да ја спроведува редовната месечна активност за следење на случаи и дејствија поврзани со коруптивни однесувања и борбата против корупцијата, што ја нарековме „Бистро-Матно“.

Следењето на овие случаи има голем одзив, како во јавноста, така и меѓу домашните и странските институции и со текот на времето прерасна во релевантен алтернативен барометар на корупцијата и на волјата на државата да се справува со овој проблем. На овој начин, сите заедно придонесуваме за поголема свест за овој проблем во општеството во целина.

===============================================================

“МАТНИ” НАСТАНИ ЗА МЕСЕЦ ФЕВРУАРИ 2024 ГОДИНА

1. Автопатот Кичево-Охрид, најголема инфраструктурна инвестиција со “децениска“ изградба – И покрај дополнителен заем од 180 милиони долари, пролонгирање на изградбата за 6 години и зголемување на вредноста на договорот за 45%, делницата Кичево - Охрид не е изградена. Недостатоци за проектната документација, нерешените експроприации на земјиштето како и недоволно обезбедените соодветни човечки и технички ресурси од страна на изведувачот, влијаеле на пролонгирање на изградбата и предизвикале дополнителен одлив на финансиски средства над првично договорените, што не е во согласност со пропишаниот правен стандард за постапување со должно внимание уреден со Законот за трговски друштва, стои во извештајот на ДЗР.

2. ДКСК бара одговорност од Фондот за иновации, незаконски доделувал грантови меѓу кои и на внукот на Али Ахмети - Антикорупционерите побараа од Владата да утврди одговорност кај органите на Фондот за иновации и технoлошки развој, вклучувајќи го директорот Фестим Халили поради сомнежи за злоупотреба на законот поради доделените пет милиони денари на фирмите Тхор индустриес и Еверест ЏД, во сопсотвеност на внукот на Али Ахмети, Дрин Ахмети. Злоупотребите велат се правеле противзаконски со кратењето на роковите за проектите, принцип по кој Фондот работел и во други случаи кои не се поврзани со Дрин Ахмети.

3. Џафери платил казна и продолжил да го прекршува законот - Талат Џафери го прекршил Уставот и платил казна поради неспоивост на функциите. Според антикорупционерите, Џафери иако бил претседател на Собранието истовремено членувал и во партиските органи на ДУИ, поконкретно во претседателството на Генералниот совет на партијата. Од Антикорупциската комисија прашале дали и покрај платената казна Џафери се уште извршува партиска функција, но од ДУИ одговор не добиле.

4. Антикорупциска ќе достави предмет до ОЈО за Ивица Коневски - ДКСК донесе одлука да достави предмет до Основното јавно обвинителство, како и до Финансиска полиција, против екс градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски, за искористување на градоначалничката функција и да го смени деталниот урбанистички план кај Мајчин дом и на местото каде било впишано зеленило, да се впише 9-катница. Од Антикорупциска го сомничат Коневски дека за лична корист – добивање на деловен простор од 312 метри квадратни, ја искористил функцијата градоначалник и место зеленило, нацртал зграда.

5. ДКСК предметот „ДУП-от за Треска“ го затвора и го предава на обвинителството - На последната работна седница, пред да ги отстапат функциите на своите наследници, овој состав го затвори и предметот за начинот на планирање на ДУП-от за „Треска“. На обвинителството му го предава предметот со констатирани сомнежи за корупција на фирмите кои пред 10 години го изработиле планот, за општината да го усвои спротивно на генералниот урбанистички план.

“БИСТРИ” НАСТАНИ ЗА МЕСЕЦ ФЕВРУАРИ 2024 ГОДИНА

1. Посредувале за вработување во Агенцијата за Администрација: седум лица „заработија“ кривични пријави - Седум лица, еден од Прилеп, четворица од Скопје и двајца од Гостивар добија кривични пријави од Министерството за внатрешни работи за повеќе дела. Како што соопштија од оваа институција, тие се теретат за „злоупотреба на службена положба и овластување“, ,,примање поткуп“, „примање награда за противзаконито влијание“, ,,давање поткуп“ и „давање награда за противзаконито влијание“.

2. Истрага за злосторничко здружување: Замрзнат е имотот на „Новоматрикс“, газдата е осомничен за даночно затајување! - По барање на Обвинителството за организиран криминал, Основниот суд Скопје 1 изрекол времена мерка за забрана за отуѓување, располагање и оптоварување на возилата на компанијата „Салус Плус“, попозната според поранешниот назив „Новоматрикс“, чиј сопственик е Александар Наумов. Имено, ова решение е заведено и во Централниот регистар, каде се наведува дека по барање на Јавното обвинителство од 27.10.2023 година, Кривичниот суд донел решение на 31.10.2023 година за донесување привремена мерка – забрана за отуѓување, располагање и оптоварување на моторни возила, поради основано сомневање дека е сторено кривично дело злосторничко здружување и даночно затајување.

3. Професионален војник им доставувал телефони на затвореници во Идризово - Осомничениот во КПУ Идризово – Скопје, како службено лице – професионален војник во Армијата на Република Северна Македонија, поради прогласена кризна состојба на подрачје на затворот, бил ангажиран како надворешно – статично обезбедување од стражарна кула на оградниот ѕид на затворскиот објект. Притоа, тој презел дејствие со кое ги пречекорил границите на своите службени овластувања со намера за двајца осуденици кои издржувале казна затвор во затвореното одделение и на кои согласно куќниот ред во затворот им се забранети мобилни телефони, да им прибави и да им овозможи користење на мобилни телефони и комуникација без надзор на затворска полиција.

4. Полицаец од „Ќафасан“ земал мито, колега го криел – добија кривични пријави - Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран и сериозен криминал и корупција, поднел кривична пријава против К.М. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“ по член 357 и против Г.Б. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање на сторител по извршување кривично дело“ по член 365 од Кривичниот законик.

Транспаренси Интернешнл-Македонија

Македонската платформа на Левица го штити македонскиот јазик

Денес е 5 мај - Ден на македонскиот јазик. На овој ден во 1945 година, Народната влада на Народна Република Македонија ја усвоила азбуката на македонскиот јазик како официјално писмо.

​Левица во својата Изборна програма се залага за ПОСЕБНА ЗАШТИТА НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК преку:

• Посебен закон за задолжителна и проширена употреба на македонскиот јазик и негова институционална заштита преку зајакнати ингеренции на Инспекторатот за употреба на македонскиот јазик, на кодифицираниот литературен и стандарден македонски јазик, како и на неговите дијалекти;

- задолжително изучување на македонскиот јазик од страна на сите ученици од прво одделение;

- задолжително познавање на македонскиот јазик при стекнување државјанство;

- задолжителна примена при брендирањето и јавното рекламирање;

- задолжителна примена на сообраќајните знаци;

- задолжителна и единствена примена на таблите, печатите, штембилите и меморандумите на државните органи;

• Повторно отворање на повеќето лекторати по македонски јазик на странските универзитети ширум светот, како отворање на нови;

• Изработка на т.н. дигитален корпус на македонскиот јазик: соодветен дигитален речник, граматика, етимолошки речник, дијалектни речници и сл.;

• Владино спонзорирани онлајн - часови по македонски јазик за децата на нашите иселеници во странство;

• Задолжителен превод на македонски јазик на сета ТВ и радио програма која оди во етерот, а се емитува на друг јазик различен од македонскиот (од домашни или странски телевизии);

• Владин откуп и ставање на слободно користење на над 100 кирилични фонтови за компјутерско пишување исклучиво на македонска кирилица - која се разликува од бугарската, српската и руската кирилица;

• Задолжително и обврзно користење на кириличното писмо во сите натписи, имиња и логоа на државните органи, јавните институции, здруженијата и фирмите - со цел враќање на приматот на македонскиот јазик, како единствен службен јазик на целата територија на Републиката.

До верниците честитка по повод Велигден упатија градоначалникот на Пустец , МД „Илинден“ и МАЕИ

По повод Празникот над празниците, Христовото воскресение Велигден, честитка до верниците упатија градоначалникот на Пустец,  македонското  друштво „Илинден“-Тирана и партијата Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ.

- Од мое и од име на Советот и општинската администрација честитки до сите православни верници за најголемиот и најзначаен празник Христовото воскресение. Ви посакувам честит и благословен Велигден, мир, здравје, радост, благосостојба, хармонија, наведува во честитката градоначалникот на Пустец, Пали Колефски.

Честит и вековит Велигден на православните верниците во Република Албанија, во матичната земја Северна Македонија и во целиот свет им посака македонското друштво „Илинден“-Тирана.

-Како православни верници, Велигден нè потсетува на моќта на Христовото Воскресение, а во нас ја буди надежта која очајно ни е потребна во нашите животи, за нашите работни места, за нашите семејства, за нашата иднина. На Велигден, нашите мисли и срца се со луѓето на кои им е најпотребна помош, со оние кои се чувствуваат осамено, со оние кои ја изгубиле надежта и вербата за подобра иднина. Верата Христова нѐ учи да делиме и споделуваме. Затоа, на Велигден отворете ги домовите и срцата за вашите сакани, но и за оние кои имаат помалку од вас, стои во честитката потпишана од претседателот Никола Ѓурѓај.

И единствената македонска партија во Албанија, МАЕИ упати честитки по повод Велигден.

-Чествувањето на Празникот над празниците, Христовото воскресение Велигден е дел од нашето духовно и национално богатство. Ви посакуваме достојно празнување на овој светол ден, кој е темел на нашата вера и не учи на заедништво, да си помагате еден со друг и да го почитувате семејството и блиските и да ја имате силата која ви ја дава верата. Христос Воскресна, навистина Воскресна! Нека е честит и за многу години, пишува во честитката МАЕИ.

Претседателот на Барселона по поразот од Жирона: „Вака не може...“

Топло ладно - така може да се окарактеризира сезоната на Барселона без трофеј. Поразот од Жирона не само што ја официјализираше 36-та титула на Реал Мадрид, туку и го означи падот на Каталонците на третото место.

Колку што навивачите беа задоволни од останувањето на Чави Ернандез на клупата и следната сезона, толку беа разочарани од играта против Жирона, која уште еднаш на теренот потврди дека игра подобро од градскиот ривал. И дека заслужено е повторно прва зад Реал.

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, бесен по поразот, е снимен како им вели на колегите: „Вака не може...“.

А, не може од повеќе причини, бидејќи доколку Барселона не заврши како вицешампион, нема да игра во шпанскиот Суперкуп, а со тоа ќе загуби најмалку осум милиони евра што ги носи учеството во Саудиска Арабија и потенцијално до двојно повеќе со спонзорски и промо активности.

-Поразот од Џирона нема да ги промени плановите што ги имаме. Ќе останам тренер на Барселона и следната сезона, изјави тренерот Чави Ернандез по мечот со Жирона.

Ова не е доведено во прашање, велат шпанските медиуми, бидејќи Лапорта не би го погазил својот збор, но Барселона не личеше на тим кој може да се натпреварува на највисоко ниво и да освојува трофеи.

Во исто време, финансиската структура не е стабилна, Лапорта прави разни „гимнастики“ за да го испочитува финансискиот фер-плеј и да ја обезбеди лиценцата од Примера Ла Лига.

притисни ентер