Случајот го потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, кој информира дека случајот бил пријавен во 5 часот и 30 минути во ОВР Струга. - Патничко возило „форд“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Н.Е.(43) од скопското село Орланци, кое се движело по улицата „Партизанска“ во Струга, излетало од патот и паднало во водите на Охридското Езеро. Повредени лица нема, изјави Димоски. По извршениот увид возилото е извлечено од екипи на ...

Компанијата за вештачка интелигенција „Anthropic“, создадена од неколку луѓе кои претходно работеле во „OpenAI“, лансираше модели со вештачка интелигенција „Claude 3“. Тие посочуваат дека новото семејство на модели со вештачка интелигенција функционира дури и подобро од водечките модели со вештачка интелигенција што ги нудат „Google“ и „OpenAI“. За разлика од претходните модели, „Claude 3“ е исто така мултимодален и ги разбира прашањата преку ...

Британската полиција денеска соопшти дека го вратила Ферарито украдено пред речиси три децении во Италија од австрискиот Формула 1 возач Герхард Бергер. Црвеното Ферари F512М беше еден од двата спортски автомобили украдени додека нивните возачи беа во Имола на Големата награда на Сан Марино во април 1995 година, пренесува Асошиетед прес. Ниту едно од двете возила никогаш не било пронајдено, додека производителот не ја известил лондонската ...

- Поминуваме низ тежок период, со оглед на заостанувањето од 10 бода во првенството во однос на Баер Леверкузен. Затоа, ова е многу важен натпревар за нас. Баерн Минхен е еден од најголемите клубови во светот. Овде пласманот во четвртфиналето е речиси задолжително. Повторувам, ова е многу важен натпревар. Ќе имаме енергија да победиме, изјави Де Лихт. Натпреварот Баерн - Лацио ќе се одигра вечер од 21 часот во Минхен. Во вториот вечерашен дуел ...

Јерликаја во соопштение објавено на социјалната мрежа „Икс“ посочува дека полицијата ја спровела операцијата Боздоган-7 низ Турција со координација на Управата за безбедносно разузнавање и Одделот за борба против тероризмот. За време на операцијата, која се одвиваше истовремено во неколку градови, полицијата приведе 12 лица осомничени дека работеле за „Исламска држава“ во Истанбул, додека други беа приведени во 17 други турски градови, меѓу кои ...

Реал сега се натпреварува со таканаречените „клуб-држави“, а Барселона не може да им се доближи во борбата за посакуваните играчи. Реал Мадрид повеќе не ја смета Барселона за конкурент, не само во однос на трансферите, туку и во многу други ситуации. „Кралскиот клуб“ е уверен дека по трансферот на Килијан Мбапе, ниту еден од сегашните фудбалери на тимот нема да мора да биде продаден. Згора на тоа, Французинот нема да биде единствениот дебитант ...

Ова е зголемување од дури 43 проценти во однос на 582-те егзекуции во 2022 година. Властите официјално потврдија дека минатата година биле егзекутирани 125 лица. Според тоа, властите не потврдиле 85 отсто, односно 709 егзекуции. Најмалку 471 лице беа егзекутирани под обвиненија поврзани со дрога, а најмалку 282 поради обвиненија за убиство. Според податоците на веб-страницата, во 2024 година досега имало 83 егзекуции, меѓу егзекутираните имало и ...

Учениците кои што посетуваат настава во образовните установи во оваа скопска општина, ќе се стекнат со знаења за булингот. Овие едукативни средби ги предводи психолог со практично искуство на темата и работа со лица кои што се соочиле со врсничкото насилство. Александар Георгиевски, градоначалник на Општина Илинден и Марија Јосифовска-Спасовска, член на управен одбор и директор во „Макпетрол“ потпишаа меморандум за соработка. - Кампањата „Крени ...

Во четврток, 7-ми март, со почеток во 20 часот, пред публиката ќе се претстави македонскиот џез-состав “Парусион Груп” со неколку периоди од своето творештво. Премиерно ќе биде изведен новиот материјал “Feel the grooves”, типичен за звукот на денешницата, како и проектот “Агол” од минатата година. Составот “Парусион Груп” е предводен од Михаил Мишко Парушев, кој е композитор и свири на ударни инструменти. Член на меѓународно признатиот музички ...

Како што информира Центарот за управување со кризи (ЦУК), нападот се случил околу 10.45 часот во месноста Јелак на Шар Планина. - Мечката со гризнување и гребење му нанела повреди на нозете на скијачот. Екипа на итната медицинска помош од Тетово го транспортира повредениот скијач кон Тетовската болница, каде дополнително ќе биде утврдена тежината на повредите, соопшти ЦУК. Директорот на ЦУК Стојанче Ангелов се упатил кон Попова Шапка од каде, ...

Претседателот на Стопанската комора на Србија (ПКС), Марко Чадеж, потсети дека денеска стартува единствениот пазар на труд меѓу Србија,Македонија и Албанија и посочи дека тоа е навистина револуционерна работа за Западен Балкан, јави дописникот на МИА од Белград. -По толку многу грди работи што ги доживеавме од деведесеттите години на минатиот век, нашите земји и народи почнуваат да соработуваат, изјави Чадеж. Тој посочи дека за Отворениот Балкан ...

СВР Охрид денеска соопшти дека поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „измама“, „ злоупотреба на лични податоци“ и „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“, ОВР Струга поднело кривична пријава против Р.С. (45) од Скопје. - Таа, во текот на 2023 година, користејќи лажен идентитет, во Струга отворила две фирми и со три лица склучила договор за вработување по што, со намера да прибави противправна имотна ...

Бербок пристигна во Босна и Херцеговина како дел од новата дипломатска иницијатива чија цел е да ги охрабри властите во БиХ да усвојат реформски закони до 20 март за да може Европскиот совет да донесе одлука за отворање на пристапните преговори. Услов за тоа е донесување на три нови закони и реформа на постојниот изборен закон преку технички измени кои треба да обезбедат интегритет на изборниот процес. Парламентот на Босна и Херцеговина досега ...

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев денеска оствари работна посета на Факултетот за безбедност - Скопје при Универзитетот „Свети Климент Охридски“ – Битола, а негов домаќин беше деканот на факултетот проф. д-р Никола Дујовски заедно со продеканите. -Средбата претставува континуитет на одличната соработка помеѓу Министерството за внатрешни работи и Факултетот за безбедност, особено од 2017 година наваму со ...

„Какви глуперди расипани човече... Никаков коментар против партијата немам пишано. Само оставка си дадов. Внатрепартиска работа. Така и третирав. Едноставно испратив меил допис до членовите на Централниот Комитет дека си давам оставка од внатрепартиските функции и причините за истите. Оти на таков корен се поставени работите некој крт си го раширил мојот маил. Наместо прст на глава дека нешто не штима чим толку брзо излегуваат информации од ...

Пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата ќе ги преземат сите процедурални, демократски и собраниски процедури за да го спречат носењето на законите за стратешки инвестиции во енергетиката, за кои, сметаат дека се криминални и најавија дека ќе поднесат 40 амандмани. - Очајноста на СДСМ продолжува до последен ден од нивното владеење. Денеска на Комисијата за економски прашања, СДСМ повторно ќе се обиде да ги протурка законите за стратешки ...

И, најважно е тоа да оди постепено, прво како мал дел од оброкот. Се зема мало парче месо, сварено, и се сечка заедно со зеленчукот за бебето. Во никој случај не се препорачува да му се даде одеднаш цела тегла мелено месо на бебето, или како „чист“ оброк. Во почетокот, тоа треба да биде само малку месо - еднаш или двапати во седмицата, наведува босанскиот портал „Аваз“. Месото содржи масти. За разлика од млекото, од коешто маснотиите може ...

Портпаролот на берлинската полиција одби да ги коментира извештаите на германскиот весник БЗ, според кој пожарот го подметнале еколошки активисти. Весникот, исто така, наведува дека биле повикани единици за отстранување бомби откако службите за итни случаи пронашле знак на кој пишувало дека оружје е закопано на местото. Полицијата соопшти дека противпожарната единица работи на гаснење на пожарот на поле во областа југоисточно од главниот град на ...

Албанскиот министер за внатрешни работи Таулант Бала изјави дека многу брзо меѓу Албанија и Обединетите Арапски Емирати ќе биде потпишан договор за екстрадиција на лицата од светот на криминалот, албански државјани, кои се кријат во оваа земја, главно во Дубаи. Тој рече дека набрзо ќе престојува во Емиратите за да го конкретизира овој договор, предупредувајќи дека сите оние луѓе кои имаат проблеми со правдата повеќе нема да можат да избегаат од ...

Во Србија новинарите се изложени на заплашување и притисок, законот им овозможува на државните компании да купуваат приватни медиуми и со тоа да ги национализираат, а Србија се уште само делумно ја декриминализираше клеветата, соопшти денеска Советот на Европа. Во годишниот извештај за 2024 година што го составува партнерската организација Совет на Европа, Платформата за промоција на новинарската заштита и безбедноста на новинарите, се наведува ...

Русокосата убавица нема проблеми со тежината и изгледот, но и и кај неа ништо не паѓа од небо. Совршената става се должи на напорна работи - прво со редовен тренинг, а потоа со многу корегирана исхрана. И по две раѓања Софија нема проблем да ги покаже стомачните мускули, добиени по напорните тренинзи. - Летното тело се „вчитува“ – напишала Софија под фотките на кои манекенката е во бикини и во секси гардероба . Софија со фудбалерот Лука ...

Во овој момент ќе повикам на пратениците да го изгласаат законот за нефер трговски практики, затоа што сметам дека само на тој начин институционално ќе го решиме проблемот со евентуално зголемување на цени кои не се пазарни, изјави вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи. Во изјава за медиуми по настанот за Индустрискиот ден на НАТО, вицепремиерот истакна дека Државниот пазарен инспекторат е секојдневно на терен. - Во прв момент кога ...

Но, мегапопуларната Севе остана смирена и веднаш најде решение за проблемот. Севе на бината се појавила во црни панталони од вештачка кожа во комбинација со розов топ и бели сандали на високи потпетици. Иако изгледаше одлично, тој изглед не издржа до крајот на концертот, а тоа го напиша во описот на фотографиите кои ги објави. - „Guten Tag“. Вака изгледав синоќа пред концертот во Минхен; фризурата падна на третата песна, а панталоните се скинаа ...

Нема резултати, иако остануваат само уште неколку дена да се прекине борбата пред почетокот на светиот муслимански пост Рамазан, објавија британските медиуми, пренесе Бета. Високиот функционер на Хамас, Басем Наим изјави дека екстремистичката организација го претставила својот предлог за договор за прекин на огнот на посредниците за време на дводневните разговори и дека чека одговор од Израелците, кои не дојдоа во Каиро. -(Премиерот Бенјамин) ...

Предвидено е преку системски и интегриран пристап за управување со отпад да се градат капацитети за негово вклучување во циркуларната економија, а со намалување на количините на создаден отпад да се придонесува кон постигнување на целите на одржливиот развој. Како што е соопштено од Општина Охрид, Локалниот акциски план ќе помогне во реализација на регионалните планови за отпад, со развивање на универзалност на услугите преку недискриминација, ...

По неодамнешната реакција на Народниот Правобранител, се посочува “голем број на обработени и нераспределени лични документи кои се заглавени во лавиринтите на МВР, со што постои можност на некои граѓани да им се оневозможи и гласање на претстојните парламентарни и претседателски избори.” Бројката не е мала, станува збор за над 100.000 граѓани. Констатација директно насочена кон нашите колеги во секторот за граѓански работи-тој што го примил ...

Целта на кампот беше да се подигне свеста за користење на родовите податоци и да се постигне поголема родова еднаквост во насока на исполнување на Целите за одржлив развој. Во текот на кампот, учесниците се фокусираа на анализа, толкување, визуелизација и комуникација на податоците, користејќи нови вештини и истражувајќи официјални податоци и отворени извори за развивање на решенија за родова еднаквост за прашања како што се ставање крај на ...

По ланското движење на граѓани за слободни плажи и против нелегално поставените лежалки и чадори од баровите, кое од островот Парос се прошири и во други делови на Грција, сега, грчката Влада изгласа нов закон, а премиерот Кирјакос Мицотакис најави дека ќе се стави ред на плажите, јави дописничката на МИА од Атина. Преку видео објавено на Тик Ток, Мицотакис детално и практично објаснува што предвидува и што не предвидува новиот закон што веќе ...

Францускиот претседател Емануел Макрон пред денешната посета на Прага апелираше дека на Европа и е потребно стратешко будење бидејќи „Русија игра со времето“ и рече дека ништо не е исклучено во дебатата за тоа што може да се направи за да и се помогне на Украина. -Како одговор на прашањето што ме прашаа за испраќање војници (во Украина), реков дека ништо не е исклучено. Секој збор е важен. Токму сега, Европејците мора да се запрашаат дали ...

Според иранските медиуми, егзекуцијата била извршена на 3 март. Во јануари беа егзекутирани четворица Курди обвинети дека се поврзани со нападот. Групата за човекови права „Hengaw“ вели дека никој од петмината не добил правично судење и дека нивните признанија биле добиени со тортура. Лицето кое беше погубено на 3 март беше обвинето дека билo во контакт со агенти на Мосад, израелската национална разузнавачка агенција, од февруари 2019 година. Во ...

Скопје

7ᴼ/7ᴼ
1.54
81%
1015

Белград

14ᴼ/11ᴼ
4.63
51%
1010

Софија

12ᴼ/10ᴼ
5.14
54%
995

Сараево

11ᴼ/11ᴼ
0.28
58%
1014

Љубљана

12ᴼ/6ᴼ
1.03
82%
1000

Атина

17ᴼ/12ᴼ
1.54
65%
1015

Тирана

9ᴼ/9ᴼ
1.54
81%
1018

Подгорица

15ᴼ/14ᴼ
1.54
72%
1018
Currency

61.5161

Currency

57.1177

Currency

72.1028

Currency

37.1059

Currency

42.1843

Currency

63.3539

Currency

7.90283

Currency

0.61687

Currency

0.3772

Currency

0.52643

Currency

1.76281

Currency

0.68476

Алуминиум

2 $

Кобалт

558 $

Никел

524887 $

Рутениум

24115 $

Калај

27 $

Сребро

785 $

Злато

70609 $

Бакар

8 $

Паладиум

31906 $

Платина

28698 $

Родиум

150321 $

Цинк

76077 $