Проекции на филмови по повод 60-годишнината од смртта на Милтон Манаки

По повод 60-годишнината од смртта на Милтон Манаки, во киносалата на Кинотеката ќе бидат прикажани документарниот филм „Манаки - Приказна во слики“ за фотографската дејност на Јанаки и Милтон Манаки.

По повод 60-годишнината од смртта на Милтон Манаки, во киносалата на Кинотеката ќе бидат прикажани документарниот филм „Манаки - Приказна во слики“ за фотографската дејност на Јанаки и Милтон Манаки, целокупниот опус од 42 филма кои овие балкански кинематографски пионери ги снимиле со култната Камера 300, како и филмска репортажа од 1956 година со тогаш „живата битолска легенда“ Милтон Манаки.

Најпрвин, со почеток во 18 часот, м-р Роберт Јанкуловски, редовен професор на Факултетот за ликовни уметности при УКИМ и основач на „Македонски центар за фотографија“, ќе одржи презентацијата под наслов „Фотографиите на Манаки, записи низ времето“.

Потоа следува проекцијата на документарниот филм „Манаки - Приказна во слики“ (2018, 70 мин., црно-бел/колор) во режија на самиот Јанкуловски, а по сценарио на Илинденка Петрушева и Јанкуловски. Филмот е посветен на фотографската работа на Јанаки и Милтон Манаки, првите балкански сниматели, и преку оригинални документарни фотографии го следи нивното професионално патешествие од отворањето на првото фотографско ателје во 1898 година во Јанина, се до нивната преселба во Битола каде покрај фотографско ателје, градат и киносала и почнуваат да се бават професионално со киноприкажување на филмови.

Веднаш по документарниот филм ќе биде прикажана и кратката филмска репортажа под наслов „Средба со нашиот прв филмски снимател“ снимена во 1956 за потребите на филмскиот журнал „Филмски репортер бр.4“ подготвен од страна на екипата на Вардар филм од Скопје.

Подоцна, со почеток во 20 часот, ќе се одржи проекција на 42-та наслови на браќата Манаки снимени со нивната камера со сериски бр.300, а кои помладиот брат Милтон во 1963 година, пред својата смрт, ги предал на чување во Државниот Архив на Македонија.

Зеленски во обраќањето по повод Велигден, ги повика Украинците да се обединат во молитвите

„Да се ​​молиме еден за друг. Кога сите се зближивме еден до друг, престанавме да бидеме туѓи еден на друг“, рече Зеленски во обраќање на социјалната мрежа Телеграм.

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска во обраќањето по повод Велигден, ги повика своите сонародници да се обединат во молитвите и да се молат еден за друг и за војниците на линијата на фронтот, велејќи дека Бог - кој го има „украинското знаме на рамениците“ - ќе направи животот да ја победи смртта.

„Да се ​​молиме еден за друг. Кога сите се зближивме еден до друг, престанавме да бидеме туѓи еден на друг“, рече Зеленски во обраќање на социјалната мрежа Телеграм.

Стоејќи пред црквата „Света Софија“ во Киев, Зеленски истакна дека неговата земја веќе 802 дена се бори за победа против Русија.

Силјановска Давкова: За христијаните нема поголем празник од Велигден

Нема за христијаните поголем празник, изјави денеска кандидатката за претседател на државата, Гордана Силјановска Давкова, честитајќи го Велигден пред Соборниот храм во Скопје.

- Како се чувствувам? Како и секој од вас. Што би рекол епископот, како возљубена родољупка. Црквата е домот. Патот ни го покажува Христос. Тоа е патот на љубов, на добрина, на почит, мислам дека треба да го следиме. Јас сум решила тоа да го правам и ќе продолжам, рече таа.

Според Силјановска Давкова, собирањето е најважниот чин во христијанството, а Црквата е не само главата и телото Христово и нема поубав ден од овој, кога се поздравуваме со „Христос воскресна - навистина воскресе“.

Владејачката партија на претседателот на Того убедливо победи на парламентарните избори

Владејачката партија во Того убедливо победи на парламентарните избори во земјата, освојувајќи 108 од 113 места во Парламентот, јавија светските агенции, повикувајќи се на конечните неофицијални резултати од гласањето во оваа африканска земја.

Според агенциите, огромната супериорност на партијата Сојуз за Републиката на претседателот Фор Гнасингбе дојде откако претходниот парламентарен состав одобри уставна реформа со која се смени формата на државното управување од претседателска на парламентарна.

На тој начин, наведуваат агенциите, Гнасингбе, кој владее 19 години, може да остане на власт, потсетувајќи дека опозициските партии кои ги бојкотираа претходните избори се надеваа на повеќе места во Парламентот.

притисни ентер