УХМР: Февруари екстремно до многу топол и сув месец во споредба со многугодишните просеци

Февруари екстремно до многу топол и сув месец во споредба со многугодишните просечни вредности.

Согласно мерењата и набљудувањата на метеоролошките станици во Република Македонија, месец февруари годинава се карактеризира како екстремно до многу топол и сув месец во споредба со многугодишните просечни вредности, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Според УХМР, месечната температура се движела од 2,4 целзиусови степени во Лазарополе до 9,7 во Гевгелија. Споредено со просечните февруарски средномесечни температури, за триестгодишен период (1991-2020), овогодинешната била 3,9 степени над просечната на ниво на држава.

-Највисоката максимална температура беше измерена на 6 февруари во Гевгелија и изнесуваше 22,9 целзиусови степени. Забележени се високи максимални температури во текот на целиот месец, а и продор на топлотен бран на целата територија на државата исто во текот на речиси целиот месец. Забележени се минимални температури под нулата во првите две декади од месецот, потоа минималните температури се над нулата. Најниската минимална температура во текот на месецот беше измерена во Берово, на 1 февруари и изнесуваше -11,0 степени, се вели во соопштението од УХМР.

Во февруари годинава месечната сума на врнежи во државата изнесувала од 6,8 мм во Скопје Зајчев Рид до 33,5 мм во Крива Паланка. Врнежите биле од дожд и снег на планините. Максимално дневно количество на врнежи од дожд 27,3 мм било регистрирано во Крива Паланка на 12-ти во месецот. На Попова Шапка на 11 февруари беше измерена највисока снежна покривка од 37 см.

Како што наведуваат од УХМР, споредено со февруарската просечна вредност за многугодишен период (1991-2020), измерената месечна сума на врнежи била 30 мм или 63 проценти под просечната на ниво на држава.

Фатена чудна кинеска банда: Фалсификувале монети од две евра?!

Чудна банда кинески фалсификатори е фатена во Шпанија, која правела лажни монети од две евра.

Ова е чудна идеја на фалсификаторите бидејќи во Европската Унија најчесто се фалсификуваат банкноти од 50 и 20 евра, што е и логично - тие се најобични банкноти, и има многу мали шанси некој да ги земе под микроскоп. од банкноти од 100 или 200 евра, пренесува Дојче веле.

Со помош на Европол, шпанската полиција во Толедо разби синџир фалсификатори на пари кои фалсификувале половина милион „висококвалитетни“монети од две евра.

Полициската акција е опишана како „најважната“ против фалсификувањето на пари во Европа во последните 10 години.

Уапсени се 10 кинески државјани, а шпанската полиција соопшти дека ги бркала шест години. Се вели дека монетите се исклучително тешки за следење.

Монетите немаат холограми и безбедносни печати како хартиените пари. Но, повторно имаат доволно карактеристики што тешко се копираат.

Во Италија тврдат: Димитријевиќ ќе биде ново засилување на Олимпија Милано

Познатиот италијански новинар Андреа Калцони во ексклузивна вест денеска вели дека нашиот најдобар кошаркар и актуелен член на Уникс Казан, Ненад Димитријевиќ, својата кариера ќе ја продолжи во Олимпија Милано.

– Ненад Димитријевиќ ќе биде второто засилување (после Џош Небо) за следната сезона. Договор на три години за македонскиот плејмејкер, објави новинарот на социјалните мрежи.

Станува збор за клуб кој редовно настапува во Евролигата, а сезонава во регуларниот дел заврши на 12-тото место.

Популарниот Нено сезонава покажува одлични игри во дресот на рускиот клуб и беше избран за МВП во регуларниот дел на сезоната.

Гордана Сиљановска-Давкова и Стево Пендаровски во „ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ДУЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА“

Дами и господа, утре Канал 5 Телевизија ќе ви го претстави последниот претседателски ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ДУЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА, помеѓу кандидатите Гордана Сиљановска-Давкова на ВМРО-ДПМНЕ и Стево Пендаровски на СДСМ.

Време за промени или за реформи, чекор напред, или статус-кво, што ќе им понуди Пендаровски на гласачите да го задржи тронот, а што Сиљановска да го освои?

Лојален на ветеното или на партијата, каков претседател сакаат граѓаните?

Политички инжињеринг или пародија, се кројат ли договори под маса уште пред да се знаат бројките? Ќе го надомести ли СДСМ пропуштеното во првиот круг? Можен ли е бојкот?

Продолжување на европскиот пат или отворање на Пандорината кутија, што ќе се случува на 9 Мај?

Утре во Само Вистина последното ТВ соочување кај Гоце Михајлоски со Гордана Сиљановска -Давкова и Стево Пендаровски во решавачкиот ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ДУЕЛ ЗА МАКЕДОНИЈА... Веднаш по вестите.

притисни ентер