
Скопје
13ᴼ /
13ᴼ



Државата повторно ќе се задолжува преку издавање на нови три државни обврзници чија вредност е вкјупни 73,8 милиони евра. Македонската берза за долгорочни хартии од вредност објави дека првата обврзница е издадена на 19 октомври на сума од 22,66 милиони евра. Парите ќе треба да се врарат после три години и каматната стапка е пониска и изнесува 3,95 отсто. Втората државна обврзница е на сума од 9,38 милиони евра. Нејзиниот рок на враќање е 15 ...
Американскaта потпретседателка и кандидатка за претседателка, Камала Харис изрази цврсти критики кон Доналд Трамп, нарекувајќи го авторитарец кој не ги слуша потребите на обичните луѓе. Овие коментари произлегуваат од нејзиниот разговор со гласачи во Пенсилванија, каде што се осврна на неодамнешното интервју на поранешниот началник на Генералштабот на Трамп, Џон Кели. Харис доби поддршка од Кели, кој во интервјуто наведе дека Трамп има восхит ...
Тропската бура Трами уби најмалку 26 луѓе, а повеќе од 150.000 принуди да ги напуштат своите домови на Филипините, соопштија утринава властите, откако невремето го зафати североисточниот брег на архипелагот. Трами, локално познат како Кристине, донесе силен дожд на главниот остров Лузон, предизвикувајќи големи поплави и лизгање на земјиштето. Со максимална брзина на ветер од 95 км/ч, бурата се движи кон запад низ планинскиот северен регион ...
Либанската милитантна група Хезболах потврди дека нивниот висок лидер, Хашем Сафедин, бил убиен во израелски воздушен напад врз јужен Бејрут пред околу три недели, јавува Анадолија. Сафедин, кој беше шеф на највисокото политичко тело за одлучување на Хезболах, Извршниот совет, се очекуваше да биде избран за следниот лидер на групата по смртта на генералниот секретар Хасан Насрала во израелски воздушен напад минатиот месец. Хезболах го опиша ...
Експлозија одекна во Анкара во близина на зградата на турската корпорација ТУСАС, производител на воени авиони и вселенска опрема, а причините се уште не се јасни, објави во средата агенцијата ИХА. „Се случи експлозија во производниот погон ТУСАС во Анкара, во областа Кахраманказан. Се слушнаа и истрели“, се вели во соопштението. Шефот на турското Министерство за внатрешни работи изјави дека има загинати и повредени. Инцидентот беше ...
Меѓу десетмината помилувани од страна на претседателката Гордана Сиљановска Давкова, се најде и името на осуденикот Живко Делиџаков од село Богородица. Тој доби кратење на затворската казна од три месеци, но не е познато за кое дело е осуден и уште колку му останува од казната. Но она што е значајно за овој помилуван осуденик е што пред неколку години, заедно со Тодор Петров поднел иницијатива пред Уставниот суд за укинување на Законот за СЈО. ...
Израелската војска денеска потврди дека Хашим Сафиедин, кој требаше да биде избран за нов лидер на либанската милитантна група Хезболах, е убиен во израелски напад врз Бејрут на 4 октомври. Војската соопшти дека Сафиедин бил убиен заедно со шефот на разузнавањето на Хамас Хусеин Али Хазим за време на нападот на 4 октомври, објави „Тајмс оф Израел“. Се посочува дека цел на тој напад бил подземниот разузнавачки штаб на Хезболах во јужните ...
Бразилскиот претседател Луис Ињасио Лула да Силва е во стабилна состојба и може да работи по неодамнешната повреда на домашен терен, соопшти неговиот медицински тим. Како што е соопштено, Лула да Силва телефонски разговарал со неговиот руски колега Владимир Путин. Тој го откажа патувањето во Русија каде што требаше да учествува на самитот на земјите од БРИКС, кој се одржува од вторник до четврток. Од болницата соопштија дека снимките направени ...
Во текот на минатата и оваа година, поради погрешна дијагноза на Универзитетската болница во Шведска, на 33 жени хируршки им била отстранета матката, за што главниот лекар на таа болница денеска изразил длабоко жалење, пренесоа шведските медиуми. Група од 33 жени на возраст од 38 до 85 години добила информација од лекарите дека имаат клеточни промени кои му претходат на ракот на матката, по што тој орган бил отстранет, но се покажало дека ...
Украинските власти соопштија дека мажот, кој бил баран за мобилизација, се самоубил кога полицијата го уапсила и го однела во центар за регрутирање. Оваа драма го прикажува проблемот со мобилизацијата во Украина, во време кога има недостиг од војници на фронтот и кога многу мажи се кријат, поткупуваат или се обидуваат да побегнат во странство за да не бидат испратени на фронтот. Во градот Полтава во централно-источниот дел на Украина, локалните ...
Ким Јо Јонг, сестрата на севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, ги нападна Украина и Јужна Кореја по извештаите дека Пјонгјанг испраќа војници во Русија, нарекувајќи ги двете земји „лоши кучиња одгледани од САД“ и заканувајќи се со нуклеарно оружје. Во изјава за Корејската централна новинска агенција, сестрата на севернокорејскиот лидер предупреди дека „воената провокација против држава со нуклеарно оружје“ може да доведе до „ужасна“ и ...
Врховниот суд неодамна утврди Начелен став за правото на здрава животна средина и загадувањето на воздухот. Накратко, Врховниот суд поентираше дека надлежните институции треба да превземат мерки за намалување на загадувањето и да ги донесат стратешките документи. Од друга страна пак се отвори патот на граѓаните да ја тужат државата за нарушеното здравје, а за кое причината е загадувањето. За овие прашања разговаравме со Никола Јовановски, ...
Кинескиот претседател Си Џинпинг му рече на својот руски колега Владимир Путин дека меѓународната ситуација е во хаос, но дека стратешкото партнерство меѓу Пекинг и Москва е сила за стабилност во време на најзначајните промени забележани во еден век. Во мај, Си и Путин ветија „нова ера“ на партнерство меѓу двата најголеми ривали на Соединетите држави, што тие го опишаа како агресивна сила од Студената војна која предизвикува хаос низ целиот ...
Генералниот обвинител на Украина Андриј Костин денеска соопшти дека поднел оставка од функцијата. Еден ден претходно, украинскиот претседател Володимир Зеленски, коментирајќи ја масовната регистрација на инвалидитет на обвинителите, прогласи политичка одговорност на главниот обвинител. „Денеска, претседателот на Украина одржа состанок на Советот за национална безбедност во врска со очигледно неморалната ситуација со лажните инвалиди на ...
Поранешниот извршен директор на модниот гигант Abercrombie & Fitch (A&F) и неговиот партнер се уапсени и се соочуваат со обвиненија за трговија со луѓе. Мајк Џефрис, неговиот партнер Метју Смит и посредникот се уапсени утрово, јавува Би-би-си. Во јануари ФБИ започна истрага откако Би-Би-Си откри дека поранешниот извршен директор на модниот бренд Abercrombie & Fitch (A&F) сексуално експлоатирал и злоставувал мажи на настани што ги ...
Британската влада одлучи предвремено да ослободи 1.100 затвореници како дел од вонредниот план за намалување на пренатрупаноста на затворите. Оваа мерка е одговор на итната потреба за растоварување на казнените институции кои достигнаа критично ниво на искористеност. Затворениците кои отслужуваат казна подолга од пет години ќе бидат пуштени на условна слобода откако ќе отслужат повеќе од 40 отсто од казната, што е за 10 отсто помалку од ...
Американската актерка Тори Спелинг присуствуваше на „Холивуд шоу“ во хотел во Бурбенк. Таму се помеша со своите обожаватели, а големата промена во нејзиниот изглед им привлече погледи на многумина. Фановите изјавија дека Тори изгледа непрепознатливо. Таа на настанот пристигна во фармерки и црн кроп топ кој го истакна нејзиниот стомак. Освен што ја покажа својата витка линија, Спелинг ги загрижи фановите и со нејзиниот изглед на лицето, кое во ...
Алжирската боксерка Иман Келиф, освојувачка на златниот медал на Олимписките игри во Париз, во иднина својата кариера ќе ја гради во професионални води, изјави таа за медиумите во својата земја. На прес-конференција организирана од Олимпискиот комитет на Алжир, олимписката шампионка во категоријата до 66 килограми зборуваше за плановите за продолжување на кариерата. „Наскоро ќе го направам тој чекор и ќе почнам професионално да боксувам. Во ...
Словачкиот премиер Роберт Фицо по денешната средба со лидерите на Србија и Унгарија изјави дека „не може да замисли некој да ја престигне Србија на патот кон Европската унија“. Тој на заедничката прес-конференција по средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ и унгарскиот премиер Виктор Орбан рече дека главна тема е сузбивањето на нерегуларната миграција. „Целиот состанок за илегалната миграција можам да го окарактеризирам со една ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неговата земја не бара од западните сојузници „нуклеарно оружје“ за да се бори против руската инвазија. Зеленски ова го изјави по неколку двосмислени изјави на оваа тема. „Ние не бараме да ни се даде нуклеарно оружје“, им рече тој на новинарите во понеделникот. Во говорот во Брисел минатата недела, Зеленски рече дека Украина треба да има „нуклеарно оружје“ доколку не може да биде дел од ...
Сто пациентки два месеца чекаат скен на коските за да им биде дадена онколошка терапија, бидејќи нема изотопи истакна Ана Марјановиќ од Здружението посветено на пациентите со рак и нивните негуватели „Хемо-онко“. Таа за овој проблем го известила и министерот за здравство Арбен Таравари. – За скен на коските во овој момент чекаат 100 пациентки со приоритетни упати пратени на тоа испитување за продолжување на онколошката терапија. Додека не се ...
Откако стана премиер, Христијан Мицкоски, во неколку наврати јавно се пријави да биде првиот јавен функционер од кој ќе почне процесот на испитување на потеклото на имотот, со цел да се утврди кој поседува имот со покритие, а кој поседува имот што не може да го оправда преку оданочени приходи, уреден заем, наследство или друг основ, што автоматски би значело дека го стекнал, најблаго речено, на сомнителен и нелегален начин. – Нека почнат од мене ...
Биолошка терапија нема за сите онколошки пациенти, кои би можеле да ја добиваат, поточно пари има само за 24 отсто од пациентите кои примаат терапија во дневната болница, покажува најновиот извештај на Државниот завод за ревизија, објавен денес. Во текот на 2023 година, како што информираат од ДЗР, изготвени се и се применуваат повеќе протоколи/упатства за дијагностика, третман и следење на онколошки пациенти во кои како терапија е вклучена и ...
Населението на Украина се намали за повеќе од 10 милиони од февруари 2022 година, кога започна руската инвазија, што предизвика егзодус и пад на стапката на плодност, соопштија денеска ОН. Регионалната директорка на Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА), Флоренс Бауер, им објасни на новинарите во Женева дека овој пад е поврзан и со други фактори, бидејќи „и пред војната Украина се соочуваше со значителни демографски предизвици“. „Таа ...
Со промената на секоја власт и селењето на Илинденска почнува менувањето на кадрите во сите ешалони, а тоа доведува до „мерење и премерување“ и на богатството на новите министри, заменик-министри, пратеници, директори… Само 30 дена е рокот за поднесување на анкетните листови на сите функционери до Комисијата за спречување корупција, откако ќе ги запоседнат фотелјите. Според досегашната пракса, низ годините се прават доста манипулации со ...
Американскиот државен секретар Антони Блинкен денеска пристигна во Израел на средби со израелските лидери, што е прва станица на пошироката турнеја на Блискиот Исток за да започне уште еден притисок за прекин на огнот. Последната посета на највисокиот американски дипломат, 11-та во регионот откако палестинските милитанти на Хамас го нападнаа јужниот дел на Израел на 7 октомври минатата година, предизвикувајќи војна во Газа – доаѓа кога ...
Кристијано Роналдо повторно се најде на врвот на листата на „Форбс“ за најплатени фудбалери во 2024 година, односно оние кои најмногу заработиле од своите клупски договори и маркетинг активности. Годинава Роналдо на теренот во Саудиска Ал Наср заработи 220 милиони долари, додека надвор од теренот заработи уште 65 милиони, со што го задржа првото место со 285 милиони долари. По него е неговиот долгогодишен ривал Лео Меси, кој заработува 60 ...
Навивачите на фудбалскиот клуб Вардар, незадоволни од резултатите, организацијата и целосната катастрофална ситуација во која се наоѓа клубот, одлучија да се спротивстават, обединувајќи се во голем „НАРОДЕН ФРОНТ – ЗА ВАРДАР“. Во соопштението испратено до јавноста од навивачката група велат „по финансискиот крах, клубот за време на изминатите две сезони беше целосно управуван од страна на здружението на навивачите, односно народот кој апсолутно ...
Фудбалерите на Ал Хилал победија со 5:4 на гостувањето кај Ал Аин од Обединетите Арапски Емирати во третото коло од азиската Лига на шампиони и ја продолжија максималната серија во елитното натпреварување бидејќи во моментов имаат максимални девет бода. Сепак, она што дефинитивно го одбележа овој натпревар е враќањето на терените на бразилскиот фудбалски ас, Нејмар, кој беше надвор од теренот една година поради скинати лигаменти на коленото. ...
Кандидатот за претседател на САД, Доналд Трамп, во интервју за „Волстрит журнал“ изјави дека му се заканувал на рускиот претседател Владимир Путин со удар „среде проклетата Москва“ доколку ја нападне Украина. Кремљ ја оцени заканата на Трамп како предизборна изјава. Трамп уште еднаш повтори дека имал „одличен однос“ со „владетелот на Кремљ“ – Владимир Путин и дека добро се сложувал со него. „Реков: Владимир, ако одиш во Украина, ќе те удрам ...