
Скопје
12ᴼ /
12ᴼ



Кандидатката за градоначалник на Скопје од СДСМ и Коалицијата, Каја Шукова попладнево изјави дека тие кои пред четири години ја донеле Данела Арсовска на власт, сега се извинуваат. -Признаа и јавно дека погрешиле, па затоа бараат извинување. Но, штетата ја видовме сите, рече Шукова. Скопје, додаде таа, не е експеримент, граѓаните не се тука за „некој да проба уште еднаш“. Ова, меѓу другото, беше истакнато денеска во Музеј на Град Скопје, каде се ...
Катчето за рекреација, направено на барање на жителите во рамки на маалските средби, со новата современа теретана во Паркот на франкофонија, утрово беше затекнато уништено. Уште недовршена, теретаната веќе е вандализирана. Некој преку ноќ се обидел да ги запали реквизитите, а вреќата за бокс ја исекле со нож и целосно ја уништиле. Случајот е пријавен во МВР. „Наместо простор за рекреација, некој избрал деструкција. Покрај тоа, искршено е и ...
Фестивалот за европска литература „Букстар“ (BookStar) почетокот на своето единаесетто издание ќе го означи в понеделник на 29 септември во Културно информативниот центар во Скопје со почеток во 19.30 часот, а ќе трае до 2 октомври. Главните настани ќе се одвиваат во Културно информативниот центар во Скопје, меѓутоа дел од програмата ќе се одвива и на други локации. Годинашниот фестивалски слоган гласи „За писателцките работи“, а својот корен го ...
Феминистичкото движење за слобода и правда на жените, „Ниту eдна повеќе!“ најавува блокада која ќе се одржи денес (25 септември) од 18:00 часот пред паркот „Жена Борец“ во Скопје. „Се здружуваме за гласно и солидарно да зборуваме за еднаквост и живот без насилство. Движењето е резултат на нашиот гнев – затоа што жените во оваа држава не се заштитени – и нашиот страв за тоа уште колку жени живеат во насилство или под ризик од насилство, чии крици ...
Кандидатот за градоначалник на СДСМ во Ѓорче Петров, Костадин Ацевски, во новото видео снимено на улицата „Александар Мартулков“ посочи конкретен пример за неконтролираното градење кое го уништува урбаниот живот во населбата Хром. „На парцелите зад мене, кои се со намена за домување во куќи и категоризација А1, никнува зграда и веќе се продаваат станови. Па, нели е доста од згради во Хром? Како е можно дури и куќите да се претвораат во згради? ...
По минатонеделниот протест „Ниту една повеќе“, движењето кое го организираше повторно повикува на блокада овој четврток (25 септември) на раскрсницата кај „Жена Парк Борец“ од 18 часот, пренесува Новатв. „Преку размена во јавен простор да го канализираме нашиот колективен гнев и заедно да дискутираме за решенија наспроти институциите кои ги загрозуваат нашите улици“, напишаа организаторите на социјалните мрежи, повикувајќи ги граѓаните да се ...
На 26 и 27 септември на Матка ќе се одржат натпревари од 4. и 5. коло од Светскиот куп во кајак спуст на диви води. Организатор на ова меѓународно натпреварување Кајакарската федерација со техничкиот организатор Кајак Кану Клуб „Арка-Борец“. Како што информира, кајакарот и организатор на натпреварите, Љубомир Спасиќ од ККК „Арка – Борец“ – Велес, од македонските натпреварувачи, посебно внимание ќе биде насочено кон Благој Гугинов, Александар ...
Градоначалникот Горан Герасимовски, заедно со општинските хигиеничари и синоќа го чистеа сметот од центарските улици. Надлежност има ЈП „Комунална хигиена“ и Град Скопје. Повторно, тој и хигиеничарите ја завршија работата на градската власт која очигледно има кренато раце од хигиената во градот, се вели во соопштението испратено од општината. Герасимовски, истакнува дека дел од контејнерите вчера биле исчистени од ЈП „Комунална хигиена“, но ...
Иницијативата „Стоп за Вардариште“ испрати демант за ијзавата на В.Д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, дека нивните протести се поврзани или под влијание на политичка партија или организација. Граѓанската иницијатива „Стоп за Вардариште“ најостро демантира дека нашите протести се под водство, влијание или во служба на која било политичка партија или организација. Нашата иницијатива е исклучиво граѓанска, чесна и независна – за ...
Националната опера и балет на 3 октомври ќе ја отвори новата сезона 2025/2026 со „Реквием“ од Волфганг Амадеус Моцарт. Едно од најмоќните и најемотивни ремек-дела во историјата на класичната музика, „Реквием“ е последното и недовршено дело на Моцарт, создадено во последните месеци од неговиот живот и обвиено со мистерија и легенди. Делото претставува музичка исповед, исполнета со драматични контрасти – од тивките молитвени моменти до ...
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, заедно со претседателот на Здружението на занаетчии, Бујар Дулови, ја посетија Старата скопска чаршија, каде се сретнаа со занаетчиите и разговараа за нивниот секојдневен живот и работа. Тој изрази голема благодарност за можноста да помине време во Чаршијата која е симболот на Скопје, и како што рече, Македонци, Албанци, Турци и Роми живеат и работат во хармонија и меѓусебна почит. „Многу ми ...
Седница на Советот на Град Скопје за проблемот со јавниот превоз во главниот град засега не е закажана. Според извори од ЈСП, најава за прекин на работењето нема и нафта за автобусите е пристигната вчера во двете бази, која како што велат е доволна за вчерашниот и денешниот ден. Независен член на Советот на Град Скопје и екс заменик градоначалник Скопје Александар Трајановски, за МИА потврди дека досега не е закажана итна седница на Советот за ...
Град Скопје обвинува дека под силен политички притисок, бизнисменот Асмир Јахоски од „Пуцко петрол“ се приклучува кон обидите за креирање хаос во Скопје. Иако има активен договор со ЈСП за испорака на нафта, Јахоски, соочен со обвиненија и закани со затворска казна, ја прекина доставата. Од Градот обвинуваат дека Управниот одбор на ЈСП, предводен од ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски, заедно со Јахоски, се обидуваат да прават политичките игри за предизборен ...
Градоначалникот Горан Герасимовски, утрово се вклучи во лајв видео заедно со хигиеничарите на општината кадешто на терен повторно затекна контејнери со купишта смет и упати остар апел до јавното претпријатие „Комунална хигиена“ да си ја сработи својата работа, пренесува Фронтлајн. „Како изминативе години, така и денеска, и ова понеделничко утро, центарци се будат во ѓубре. Целата општина е полна со смет, нашите хигиеничари се постојано на терен, ...
Четвртото издание на Маалски фестивал 4.0, кое ќе се одржи од 25 до 27 септември 2025 година на повеќе локации во Општина Центар – Скопје. Ве очекуваме на настаните во КСП Центар – Јадро, Парк на Франкофонија, Боемска 2 и Природонаучниот музеј, велат организаторите. Овогодинешното издание на фестивалот е во духот на солидарноста и соседството. И оваа година ве покануваме на МААЛСКИ ФЕСТИВАЛ за заеднички да ги запоседнеме маалските улици и да ги ...
Битола е познат како град што ја негува и живее со традицијата. Денес кога сме под инвазија на шунд и турбо фолк, особено од соседството, во градот под Пелистер продолжува традицијата на создавање квалитетна музика. Доказ за тоа е битолската рок група „Вел“, прилично нова на музичката сцена, според датумот на формирање (2019), но, составена од искусни музичари, кои биле дел од повеќе битолски бендови. „Вел“ за своето шестгодишно постоење издава ...
Дводневниот фестивал за младинска, алтернативна и критичка култура „Ре-култура“ ќе се одржи на 26. и 27. септември со целодневна програма во кафе-книжарниците „Илика“ и „Буква“. Целта на фестивалот, пред сѐ, е да се поттикне учеството на заедницата во креирањето на младинската култура, но и да се истражат потребите и начините на развој, проширување и зацврстување на критичката мисла и култура. Настаните се фокусирани на алтернативната култура, ...
Кандидатот за градоначалник на Чаир од ДУИ и Националната алијанса за интеграција, Бујар Османи, во интервју за Фронтлајн вели дека блокадата на патот кон ЕУ е најголемата услуга за „српскиот свет“ и дека Владата ја претвора Северна Македонија во ембрион на српско-руското влијание. За Општина Чаир Османи истакнува дека е најзагадената општина во Скопје, најнетранспарентната и најхаотичната општина во Скопје. „Затоа јас сакам да направам визија ...
Театарот за деца и младинци – Скопје вечер ќе ја изведе наградуваната куклената претстава „Роња, ќерката на ограбувачот“ во Куклениот театар во Мостар, во рамки на петтиот Меѓународен фестивал на куклена уметност во Мостар (ФЛУМ 2025), што ќе се одржува до 26 септември во организација на Куклениот театар во Мостар. Претставата е работена според истоимениот роман на Астрид Линдгрен, шведска авторка на романот „Пипи Долгиот Чорап“. Станува збор за ...
Издавачката куќа „Ла вита феличе“ од Италија објави избор од поезијата на македонската поетеса Лидија Димковска во избор и препев на италијански јазик на Ема Стефановска. Уредник на изданието е италијанскиот поет и теоретичар Томазо Ди Дио, добитник на наградата „Стрега“ за поезија. Изданието содржи песни од последните две поетски збирки на Димковска: „Црно на бело“ (2016) и „Гранична состојба“ (2021, награда „Браќа Миладиновци“), а објавено е ...
На 24 септември од 20 часот во Културно информативниот центар во Скопје ќе биде отворена изложбата на академската сликарка Јана Јакимовска. Проектот Везилка на Јана Јакимовска е замислен како визуелен и теоретски премостувач меѓу традицијата и современоста, меѓу културната меморија и дигиталниот сегашен момент, меѓу „женската рака“ и „машката историја“. Со него, Јакимовска се надоврзува врз силната метафора од истоимената песна на Блаже Конески ...
Во интервју за Фронтлајн, Изет Меџити ja претставува визијата за урбаниот развој на Чаир, се осврнува на политичките предизвици во земјата и го критикува ДУИ за донесувањето на „српскиот свет“ и обидите преку средби на нејзини претставници за враќање на Груевски на политичката сцена во Северна Македонија. Фронтлајн: Се наоѓаме во простор кој со години беше затворен, вие презедовте акција да го претворите во еден вид модерен паркинг? Изет Меџити: ...
Од денеска до 21 септември првпат во Скопје ќе се одржува регионалниот феминистички фестивал „Еден свет, една борба“. Фестивалот обединува уметници од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Косово, Словенија, Албанија, Украина, Швајцарија и Иран, претворајќи го Скопје во центар на регионален културен дијалог и соработка. Организатор е Фондацијата „Фридрих Еберт“ – Канцеларија Скопје. Овој фестивал претставува уникатна платформа за ...
Пилинг креми од отпад од кафе, полнети играчки со сено и мед со лековити билки – овие иновативни зелени бизниси се победничките идеи на натпреварот „Зелени идеи 2025“, кој го организираше АРНО. Жири комисијата во категоријата ембрионски идеи ги избра „Мирис на сено во сечиј дом“ на здружението „Ума Сто“ и „Природна пилинг крема од отпадоци на кафе“ на тимот EcoScrub. Победничка идеја во категоријата зелени бизниси е „Медена долина – живееме со ...
На 19 септември, на денот кога е роден пред 55 години поетот Игор Исаковски, во кафе-книжарницата Буква ќе биде претставена книгата со неговото севкупното поетско творештво. Од 20 часот во кафе-книжарницата ќе се одржи неформална дружба во слава на поетот и неговиот роденден, а воедно ќе биде претставена собраната поезија „Совршен поет“ во издание на „Или-Или“. Препрочитувањето на поезијата на Игор за мене беше еден долготраен, тегобен и мачен, ...
Во вториот квартал од годинава продадени се помалку станови од првиот квартал од годинава. Податоците што ги објави Агенцијата за катастар на недвижности за периодот од 1 април до 30 мај покажуваат дека во овој период продадени се 676 новоизградени станови од инвеститор, што е за 178 станови помалку во споредба со првиот квартал од годинава. Во фаза на градба се 25.354 станови коишто се очекува да се најдат на пазарот на недвижности. Најголем ...
Во Паркот на Франкофонијата од 19 до 21 септември ќе се одржи првото издание на Street Food Picnic под отворено небо. Како што соопшти Општина Центар, првото издание на Street Food Picnic има за цел да ја збогати културната и забавната понуда на Општина Центар, обединувајќи ја вкусната улична храна, музиката и забавата во едно големо дружење на отворено. Во рамки на тридневниот фестивал, посетителите ќе имаат можност да уживаат во десет штандови ...
– Во Музејот на современа уметност вечер ќе биде отворена самостојната изложба на Џем A.: „Музеј отворен до понатамошно известување“. Изложбата, чии куратори се Јованка Попова и Никола Узуновски, ќе се отвори со „Крит клуб“ перформанс. „Крит клуб“ е перформанс на Џем A. во кој две екипи дебатираат на некое нереалистично прашање поврзано со уметноста. Во средина каде несогласувањето често може да е ризично, „Крит клуб“ создава простор за критичка ...
Организацијата „Стела“ повикува на протест утре во 17:30 часот пред МВР и блокада во Жена Парк Борец во 18:00 часот. Ве повикуваме да кажеме јавно и гласно дека насилството врз жените и фемицидите се неприфатливи! Ве повикуваме колективно да ги обжалиме сите девојки и жени кои изминативе години беа убиени од страна на поранешни или сегашни интимни партнери, зашто институциите и заедницата ги игнорирале нивните повици за помош. Ве повикуваме да ...
На Школка во Градски парк осамна впечатлива уметничка интервенција – ликот на Мајка Тереза, но со марама преку носот, како симболична реакција на загадениот воздух што го гуши Скопје. Како што пренесува порталот Трн, графитот се појавил во период кога воздухот во градот повторно е неподносливо загаден – поради пожари на диви депонии, палење отпад и отсуство на ветер или дожд кои би го расчистиле смогот. Изборот токму на Мајка Тереза, фигура ...