Скопје
36ᴼ /
36ᴼ
На 11.08.2026 во 20:50 часот на регионален пат помеѓу Нов и Стар Дојран, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија го лишија од слобода М.Е.К.(30) од село Радање, општина Карбинци. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „форд“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки било констатирано дека го управува без да поседува возачка дозвола со 0,80 промили алкохол во ...
Место за 25 од утре на откупните пунктови во Струмица, црвените пиперки за конзервно преработувачките капацитети ќе се откупува за 30 денари по килограм. Ваков договор се постигна откако изминативе денови земјдоелците контуинирано протестираа а министерот за земјоделство Борче Серафимовски имаше одделни средби со земјоделците, откупувачите и фабрикантите ,,Од утре па натаму црвените пиперки ќе се откупуваат за прва класа по цена од 40 ...
Првиот човек на МЗШВ Борче Серафимовски попладнево се сретна со преставници од преработувачкиот сектор за и околу за состојбата со откупот на пиперката, динамиката на преземање на родот и можностите на преработувачката индустрија. Информацијата министерот за земјоделство ја објави на ФБ кад соопшти дека имал средба со преставницина Македонската асоцијација на преработувачите (МАП). „Порачав дека секој кој е дел синџирот треба да го преземе ...
Секторот за инспекциски надзор при општина Струмица казни четири лица од Струмица кои го прекршиле Законот за јавна чистота и Комуналниот ред на општината. Сите четири лица добија платни налози за глоби но и сами го исчистиле отпадот од локациите каде биле затекнат На улицата „Ристо Ќурчиев“ инспекторите затекнале градежен отпад и стари предмети од домаќинство оставени на тротоар после реновирање. Лицето морало сам да го предаде отапот на ...
Од полноќ, нафтените деривати ќе се продаваат значително поевтино на бензинските пумпи во државата, дизелот за осум денари за литар, а бензините за четири денари за литар. според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад. Од 11.8.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 87,00 (денари/литар) Моторен бензин ...
Струмичките земјоделци, денешниот кој го одржаа пред канцелариите на Подрачната единица на Министерството за земјоделство во Струмица гневни на игнорантскиот однос и на Министерството и на фабрикантите. Повторно го блокираа центарот на Струмица од каде ги повторија барањата а тоа се повисоки откупни цени. Во моментов низ откупните пунктови во Струмичкиот регион, црвената пиперка се откупува по цена од 40 денари екстра класа која е наменета ...
Синоќа, со проекција на пет наградени филмa, заврши 21. издание на интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“, коешто се одвиваше под мотото „Со отворени очи“. По свеченото отворање од градоначалникот Петар Јанков, на самиот почеток, лауреатката Синоличка Трпкова ја прими наградата „Астер“ од претседателот на „Астерфест филм фестивал“, читајќи ја беседата „Ода за уметникот“. Во текот на петдневните чествувања во знакот на филмската ...
Тимот на Lidl во Македонија продолжува да расте. Од почетокот на август, 17 нови вработени го стартуваа својот професионален пат во Логистичкиот центар на компанијата во Куманово, откако успешно го поминаа процесот на селекција. Lidl активно продолжува со вработувања во логистичкиот центар и маркетите низ целата држава. „Веруваме дека долгорочниот успех на компанијата зависи од луѓето и затоа наша цел е да изградиме стабилен, професионален и ...
Христијан Ефтимов, претседател на СДММ при ОО на СДСМ Струмица и член на Советот на Општина Струмица, денеска побара Јавното обвинителство и Внатрешната контрола на МВР да го испитаат начинот на кој, според него, податоци од полициски документи поврзани со лица од инциденот во Ново Село стигнале до претставници на ВМРО-ДПМНЕ и биле јавно објавени. Ефтимов во прес-изјава обвини дека по физичкиот инцидент во Ново Село, сега следувале, како што ...
Земјоделците од Струмичкиот регион со трактори и земјоделска механизација го блокираа центарот на Струмица и повторно ги испорачаа барањата за повисоки откупни цени на куртовската капија, наменета за конзервно преработувачките капацитети. Чекаат конкретни резултати од министерот за земјоделство Борче Серафимовски со кого вчера имаа средба во Струмица. Како што кажаа, на средбата Серафимовски изразил подготвеност да излезе во пресрет на ...
„Во Ново Село, се случи нешто што не смее да се премолчи.Млади активисти на СДСМ беа нападнати од тепачи на Мицкоски.Младите стоеја мирно. Носеа транспарент за вистина – дека Гостивар се труе со вода, дека луѓето се разболуваат, дека државата молчи и нема одговорност“. Вака кажа денеска претседателот на СДММ, Трајче Стојчевски Според него тоа била група насилници, испратена со јасна намера амеѓу нив имало лица поврзани со Мицкоски и ВМРО и ...
Педесет и едногодишен жител на струмичко село е лишен од слобода поради сомнение дека физички го нападнал својот 19-годишен син и го турнал по скали, при што младиот човек се здобил со тешки телесни повреди. Според информациите од МВР, полициски службеници од СВР Струмица го привеле осомничениот вчера во 16:40 часот, постапувајќи по претходна пријава дека на 1 август, на терасата од семејниот дом, физички го нападнал синот и го турнал по ...
Лицата кои претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вчера во Ново Село ги нарече „деца“ се лица кои биле осудувани за насилство и кривични дела поврзани со дрога, изјави денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски. Тој обвини дека Филипче со вчерашната прес-конференција во Ново Село се обидел да го сврти вниманието од случувањата и како жртви да ги претстави лицата со кои бил фотографиран. Лицата кои претседателот на СДСМ, Венко ...
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, денеска во Струмица оствари одделни средби со претставници на регистрираните откупувачи – трговци и со производителите на пиперка од Струмичко. Во разговорот со откупувачите беа отворени прашањата за тековната динамика на откупот, цените според класата и намената на производот, количините што можат да бидат преземени, извозните можности и навремената исплата кон ...
Повисоки откупни цени на куртовската капија од годинашнава реколта, исплата на субвенциите од лани за предадено кило пипер во преработувачките капацитети и по површина, навремена исплата на предадените количини пипер кај откупувачите и преработувачите. Ова се трите барања кои струмичките земјоделци ги упатија од денешниот протест со блокада на крстосницата кај Робово до министерот за земјоделство Борче Серафимовски кој два дена го бараат на ...
Официјалното жири, составено од Теа Китаришвили, Бернард Дичек и Ана Витанова-Рингачева, ги соопшти добитниците на фестивалските признанија на годинашново издание на Астерфест во Струмица Гран при наградата за најдобар краток филм ја освои „Неми филмови“ на режисерот Крсте Господиновски, во продукција на „Фокус Покус Филмс“. „Златната потковица“ му припадна на филмот „Крајолици на човештината“ на Јана Хунтерова, додека „Сребрената потковица“ ...
По денешниот мирен протест во Муртино каде земјоделците го изразија своето незадоволство од ниските откупни цени на куртовската капија, за утре членовите на Здружение Млади Муртино најавија двочасовна блокада на патот Дабиле – Босилово пред крстосницата кај Робово. „Блокадата ќе започне во 10:30 часот и ќе трае два часа. Со овој протест бараме итен и сериозен состанок на кој ќе присуствуваат министерот за земјоделие Борче Серафимовски, ...
Струмичанка уапсена откако ја нападнала поранешната снаа. „На 05.08.2026 во 18:40 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ја лишија од слобода Н.А.(58) од Струмица, постапувајќи по претходна пријава дека на 05.08.2026 околу 18:10 часот во нејзиното дворно место физички нападнала 37-годишна поранешна сопруга на нејзиниот син. Таа била задржана во Полициската станица Струмица, а за настанот е известен јавен обвинител од ...
Земјоделците од струмичко се заканија дека ќе го блокираат патниот правец Струмица граничен премин Ново Село доколку не се корегираат откупните цени на црвените пиперки. Според нив предложените цени од страна на откупувачите и фабрикантите се ниски и понижувачки. Посебно реагираат на откупната цена од 25 денари за пиперки кои треба да одат за конзервните фабрики. Со вака предложените цени како што кажаа нема да ги покријат ниту ...
Синоќа во Амфитеатарот во Струмица во присуство на огромен број филмски љубители, Градоначалникот на Општина Струмица Петар Јанков го отвори 21. издание на интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“, а основачот и директор на „Астерфест“ Горан Тренчовски ѝ ја врачи наградата „Астер“ на овогодишната лауреатка Синоличка Трпкова. Првата фестивалска вечер во преполн амбиент беа прикажани кратки филмови од маратонската натпреварувачка ...
Граѓанската „Милиеуконтакт Македонија“ отпочна да го реализира проектот „AgriSHIFT – одржливо земјоделство“ кој има за цел да даде поддршка на земјоделците да се справат со последиците од климатските промени и одржливи практики. Со истиот се опфатени и земјоделци од Југоистокот кој има за цел стекнувања знаења и давање можности да се изградат поотпорен и поодржлив земјоделски сектор, подготвен да одговори на предизвиците од климатските ...
Во одлична состојба е површинската вода за капење во Дојранското Езеро, согласно микробиолошките индикатори, посочуваат најновите резултати од земени мостри од Езерото, кои Општина Дојран ги објави денеска. Резултатите се од извршените анализи на три мерни места, соопштија од Општината, и тоа – „Градската плажа“, плажата „Гранико“ и плажата „Полин“. Општинските власти велат дека анализите се спроведени согласно Националната годишна програма ...
ШК „Цареви кули“ од Струмица ќе игра во Првата шаховска лига на Македонија откако во кфалификациите во женска конкуренција на Втората лига го освои второто место. Ова е голем успех за клубот кој е најмлад на шаховската карта на Македонија и успеа да се докаже во младинските категории. Спроед Крсте Танчевски претседатал на клубот ова е резултат на упорноста и професионалноста на сите инволвирани во „Цареви Кули“ кои во последните години ...
Членовите на Доброволното противпожарно друштво Струмица извршија наводнување на садниците од чемперс и црн бор кои минатата година беа засадени во рамките на проектот ,, Едукација во средните училишта за шумски пожари – Да се едуцираме за пожари да ја заштитиме природата“ што го поддржа Општина Струмица. Ова е втор пат како ги наводнуваат садниците кои имаат пуштено коренов систем и се во вегетација. „За нас, ова не е само обврска, туку и ...
Денеска (03.08.2026) во 04:00 часот во Стар Дојран, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Гевгелија лишиле од слобода 35 годишно лице од Ресен (полициски службеник), постапувајќи по претходна пријава дека на 01.08.2026 и 02.08.2026 година во Стар Дојран физички нападнал 36-годишна жена од Прилеп со кој бил во љубовна врска и нејзиниот малолетен син. Известен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, по чии насоки се ...
Фолклорниот ансамбл „Цветови“ од Дедино Општина Конче ја понесе првата награда за најкомплетна и најоригинална изворна народна носија на годинашново 26 тото издание „Илинденски денови“ во Битола. На ова манифестација која траеше повеќе денови учествуваа 35 ансамбли и фолклорни групи со над 1300 учесници кои го презентираа својот фолклор, песна и игра. Жири комисијата во состав д-р Владимир Јаневски, д-р Родна Величковска, д-р Мирјана ...
Вистинска драма се одвивала рано утринава во близина на трим-патеката кон манастирот „Св. Илија“ кај Струмица, каде мајка и дете паднале во провалија и морале да бидат спасувани од пожарникарите.Од Територијалната противпожарна единица Струмица информираа дека повикот за интервенција бил примен околу 05:15 часот, по што на местото веднаш бил испратен тим од пожарникари-спасители. Од ТППЕ Струмица посочија дека благодарение на брзата, ...
Општина Струмица објави известување за жителите на Вељуса со кое ги информираат дека водата не е здравствено исправна за пиење. „Овој наод е констатиран по извршените анализи на земените мостри од чешмата пред училиштето од страна на Центарот за јавно здравје – Струмица. Забраната важи се до добивање на негативни резултати од следна анализа“, стои во известувањето од Општина Струмица Известување има и од ЈПКД Комуналец за жителите на Водоча ...
Македонските православни верници денеска го слават Денот на Свети Илија. Свети Илија или Громовник, проповедал 25 години. Се слави во денот кога се менува времето: до пладне е лето, од пладне есен, па затоа на неговиот ден не се капат (бањат) во реката. Неговото име на еврејски значи сила Господова. Во народното верување свети Илија се смета за клучар кој го отклучува или заклучува небото и го пушта или запира дождот, бидејќи се верува дека ...
Под влијание на топла воздушна маса од југ во деновите од продолжениот викенд и до крајот на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Високите температури ќе се задржат и во текот на вечерните и ноќните часови. За денеска се најавува многу топло време со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 33 до 39 ...