Управата за извршување на кривични санкции на Црна Гора (УИКС) официјално соопшти дека го спречила планираното бегство на две приведени лица, по што случајот го предале во Центарот за безбедност во Бијело Поље. Извор за „Вијести“ тврди дека властите во затворот поседувале информации за подготовките за бегството на таа група, но дека со акцијата чекале да ги фатат на дело. „Граѓанинот на Црна Гора бил изведувач, а планирано е и бегството на ...

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал одржа емотивен говор по пензионирањето. „Бикот од Мајорка“ го одигра последниот натпревар против Ботик ван де Зандшулп во Дејвис купот, а Холанѓаните продолжија со вкупни 2-1. „Имам толку многу луѓе на кои треба да им се заблагодарам. Тешко е да се започне. Благодарност до навивачите. Тоа беше 20-годишна кариера во која секогаш ме носеше. Ми помагаше да го освојам следниот бод, во добри времиња. Во лошо, да ...

Во Грција денеска почнува 24-часовен штрајк, а синдикатите ќе бараат зголемување на платите на неколкуте планирани протести во градовите низ земјата, пишува „Катимерини“. Се очекува штрајкот да влијае на владините операции, училиштата, болниците и јавниот транспорт, вклучувајќи ги железничките услуги и островските фериботи. Лидерите на синдикатот ја обвинија владата на премиерот Киријакос Мицотакис дека не успеала да се справи со инфлацијата и ...

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган потврди дека Турција му забранила на израелскиот претседател Исак Херцог да го користи турскиот воздушен простор. Канцеларијата на Херцог во саботата објави дека тој нема да присуствува на климатската конференција COP29 во Азербејџан поради „безбедносни причини“. Официјални лица во Азербејџан го отфрлија тврдењето дека нивната земја е небезбедна и нагласија дека вистинската причина за отсуството на Херцог ...

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп вчера во Тексас го следеше лансирањето на ракетата „Starship“ на компанијата на милијардерот Илон Маск, чија силна поддршка ја имаше за време на претседателската кампања. Ракетниот систем висок околу 122 метри, во кој астронаутите треба да слетаат на Месечината и да го пренесат екипажот на Марс, беше лансиран во 16 часот по локално време, од комплексот за развој на ракети на Spacex во Тексас. ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ вели дека добро го познава Владимир Путин и дека може со сигурност да каже дека доколку се исцрпат сите други опции, нема да се двоуми да употреби нуклеарно оружје. Зборувајќи за конфликтот меѓу Украина и Русија, Вучиќ предупреди дека заканата од нуклеарен конфликт никогаш не била поголема. „ Илјадитиот ден е од војната во Украина. Пет-шест дена по избувнувањето на војната, која Русите ја нарекуваат ...

Окружниот обвинител на Менхетен денеска објави дека ќе се согласи на одложување на пресудата во случајот против Доналд Трамп поврзан со наводите за перење пари. Оваа одлука треба да им овозможи на обвинителите да се подготват за очекуваното барање на правниот тим на Трамп за отфрлање на пресудата, пренесува CNN. Во писмото до судијата Хуан Мерчан, обвинителството призна дека Трамп, кој треба да ги продолжи своите должности како претседател на ...

Бугарскиот претседател Румен Радев ѝ честита на Радмила Шекеринска за новата функција заменик-генерална секретарка на НАТО. Тој вели дека очекува нејзин придонес во зајакнувањето на колективната одбрана и безбедност на алијансата. „Ѝ честитам на Радмила Шекеринска за нејзиното назначување на одговорната позиција заменик генерален секретар на НАТО и го очекувам нејзиниот придонес во зајакнувањето на колективната одбрана и безбедност на ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека палестинската милитантна група Хамас нема да владее со Појасот Газа по завршувањето на војната и дека Израел ги уништил воените сили на групата. „Ги уништуваме нејзините воени капацитети на многу импресивен начин и продолжуваме кон неговите политички способности“, рече Нетанјаху за време на посетата на коридорот Нецарим во централниот дел на Појасот Газа. Тој нагласи дека Израел не се ...

Турскиот претседател Реџеп Ердоган изрази загриженост поради одлуката на Соединетите Американски Држави да одобрат употреба на американски балистички ракети во Украина, укажувајќи дека тој не поддржува таков потег. Говорејќи на прес-конференција по самитот на Г20 во Бразил, Ердоган предупреди и на опасностите од нуклеарна војна во контекст на новите закани кои доаѓаат од Русија. На прашањето за можните последици од одлуката на САД, Ердоган ...

Секој повик за нуклеарна војна е неодговорен, изјави денеска високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел во врска со одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да ја промени руската нуклеарна доктрина, што значи дека отсега Русија го задржува правото да користи нуклеарно оружје во случај на агресија против неa. На прес-конференција во Брисел, по состанокот на Советот за надворешни работи на ЕУ за одбрана, Борел ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека утре очекува нови оставки од Владата и од други места по трагичната несреќа во Нови Сад, во која загинаа 15 луѓе. „Утре очекувам нови оставки во владата и на други места и сигурен сум дека надлежното обвинителство во најбрз можен рок ќе преземе мерки. Петнаесет лица загинаа не по нивна вина, туку затоа што некој не си ја завршил работата како што треба и согласно законот“, рече Вучиќ на ...

Понатамошното проширување на Европската унија е неизбежно, а сега прашање е колку земји ќе се приклучат и кога, изјави денеска комесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји пред парламентарната комисија за европски прашања. „Политиката на проширување стана една од најважните теми за ЕУ“, рече Вархеји, пренесе МТИ. Зборувајќи за пакетот за проширување на европскиот блок од 2024 година, Вархеји рече дека проширувањето е еднакво на ...

Употребата на ракети АТАКМС на територијата на регионот Брјанск во Русија е сигнал дека Западот сака ескалација, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. На прес-конференцијата на самитот на Г-20 во Рио де Жанеиро, Лавров нагласи дека таквите напади би биле невозможни без учество на САД и предупреди дека Москва ќе реагира на дозволата на САД Киев да изврши удар длабоко на руска територија. „Фактот што вечерва неколку ...

Дмитри Медведев, поранешниот руски претседател и актуелен заменик-шеф на рускиот Совет за безбедност, се огласи откако Џо Бајден одобри употреба на американско оружје за напади длабоко во Русија, а Владимир Путин одобри ажурирана верзија на нуклеарната доктрина. „Откако малку се спушти прашината што ја кренаа западните весници, и покрај очигледната пропагандна намера на изданијата, се гледа дека ова што се случува може да има многу сериозни ...

Рускиот претседател Владимир Путин не смее да ги оствари своите цели во Украина, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, по повод илјада дена од почетокот на руската офанзива. – Зошто е клучно Путин да не ја постигне својот цел? Бидејќи во спротивно, ќе имаме зајакната Русија на нашата граница, која ќе добие поголема моќ и капацитет за интервенција, рече Руте по пристигнувањето на состанокот на министрите за одбрана на ЕУ во ...

На социјалните мрежи се појави видео од атентатот на високиот офицер на Црноморската флота, капетан прва класа, Валериј Транковски, кој загина во експлозија на автомобил во Севастопол. ФСБ објави дека уапсила две лица осомничени за ова кривично дело, за кое тврдат дека го организирала Службата за безбедност на Украина (СБУ). Според информациите од Центарот за односи со јавноста на ФСБ, атентатот се случи пред шест дена. Експлозивната направа ...

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денеска, по повод одбележувањето 1.000 дена од почетокот на војната во Украина, изјави дека ЕУ ќе биде на страната на Украина се додека е потребно и дека земјата „еден ден , што не е досега“ ќе биде дел од Унијата. Таа рече дека денеска е ден на жалост, но и ден на ветување. „Пред 1.000 дена Русија се обиде да ја избрише Украина од мапата. И 1000 дена Русија пропадна поради отпорот ...

Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто изјави дека следните два месеци ќе бидат најопасните во последните децении. На Фејсбук напиша дека актуелниот претседател на САД, Џо Бајден, „кој е сменет од власт, а чии способности многумина ги доведуваат во прашање“, може да носи одлуки кои можат да имаат катастрофални последици за светот, пренесе МТИ. Сијарто додаде дека изборот на новоизбраниот претседател Доналд Трамп и дал шанса на ...

Руска софтверска компанија поканила седумгодишен програмер да му се придружи на нивниот менаџерски тим штом ќе биде доволно возрасен за да започне со платена работа, јавува Би-Би-Си. Сергеј од Санкт Петербург се прослави преку видеа во кои објаснува како се програмира. Врз основа на тие видеа, компанијата за информациска безбедност Pro32 му испратила писмена понуда за работа, за позицијата раководител на корпоративна обука. Според рускиот ...

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша декрет со кој нуклеарното оружје останува последната линија на одбраната. Во новата уредба „Основи на геополитиката во областа на нуклеарното задржување“ се прецизирани параметрите под кои може да се користи ова оружје, пренесоа руските медиуми. „Државната политика во областа на нуклеарното ограничување е од одбранбена природа, насочена кон одржување на потенцијалот на нуклеарните сили на ниво доволно ...

Три лица се убиени во напад со нож на Менхетен, а полицијата уапсила осомничен кој, според властите, ги извршил нападите без очигледна причина. Рамон Ривера, 51-годишен бездомник, вчера е обвинет за три убиства, соопшти њујоршката полиција, пренесува Еј-Би-Си Њуз. Првата жртва, 36-годишниот Анхел Лата Ленди, бил убиен околу осум часот наутро додека работел на градилиште. Два часа подоцна, 68-годишен маж починал од повеќе убоди. Идентитетот на ...

Украина денеска одбележува 1.000 дена од почетокот на целосната руска инвазија, со уморни трупи кои се борат на повеќе фронтови и секојдневни руски напади со беспилотни летала и ракети додека официјалните лица се подготвуваат за враќањето на Доналд Трамп во Белата куќа во јануари. Како поттик за зафатената земја, американскиот претседател Џо Бајден даде зелено светло за употреба на американски ракети против цели подлабоко во Русија, потенцијално ...

Кремљ објави дека предлогот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за замрзнување на непријателствата во Украина, кој, според некои информации, ќе го претстави на самитот на Г-20, е априори неприфатлив за Москва. „Опцијата за замрзнување вдолж борбената линија е априори неприфатлива за руската страна“, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков. Песков нагласи дека во овој случај, условите формулирани од Путин во јуни целосно ...

Г.М.(39) синоќа по полноќ била застрелана и убиена во Подгорица во населбата Забјело, соопшти црногорската полиција. Според истите информации, убиството се случило во дворот од куќата на улицата „Манастирска“. Засега не се познати мотивите на ова дело, како и осомничените. Наводно, жената била убиена со неколку истрели. Полицајците ја опколиле куќата во која се случило злосторството, а соседите се собрале на улицата и со неверување гледале во ...

Норвешкиот масовен убиец Андерс Беринг Брејвик денеска ќе се појави на суд за да побара предвремено ослободување откако помина повеќе од 13 години во затвор. Антимуслиманскиот неонацист уби 77 луѓе во јули 2011 година. Осуммина уби со активирање на автомобил-бомба во Осло, а потоа уште 69, главно тинејџери, во младинскиот камп на Лабуристичката партија на островот Утоја. Ова ќе биде втор обид за условно ослободување на Брејвик, кој отслужува ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, помалку од две недели по претседателските избори во САД, ја критикуваше политиката и расудувањето на администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден во клучните моменти од војната со Хамас и Хезболах. Нетанјаху рече дека САД предложиле да не се влегува во Газа и оти со резерва гледаат на влегувањето на израелската армија во градот Газа, Кан Јунис, а особено Рафа, на југот на територијата. – ...

Финска и германската влада вечерва објавија дека е во тек истрага за отсечениот комуникациски кабел со оптички влакна што минува под Балтичкото Море што ги поврзува двете земји, наведувајќи ја загриженоста за клучната инфраструктура. 1.200 километри оптички кабел минува преку Балтичкото Море од Хелсинки, главниот град на Финска, до германското пристаниште Росток, а можно е да е исечен од надворешна сила соопштија од „Cinia“, финската државна ...

Три дена жалост беа прогласени во општина Параќин по смртта на 23-годишната Ања Радоњиќ, која по 17 дена борба им подлегна на повредите добиени при несреќата на железничката станица во Нови Сад. Таа стана 15 жртва во трагедијата со уривањето на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад. На 1 ноември, таа излегувала од станицата во Нови Сад, додека разговарала на телефон со своето момче. На само неколку метри од него, пред неговите очи, ...

За период од две недели ЕСМ набави електрична енергија за покривање на потребите за универзалниот снабдувач за кои ќе плати над 10 милиони евра на неколку трговци со струја. Вкупно на тендери за набавка на струја од 1 септември заклучно со крајот на ноември ЕСМ плати речиси 20 милиони евра. Овојпат парите ќе ги заработат четири компании од кои најмногу ќе заработи ХСЕ МАК Енерџи, околу 4,4 милиони евра. Новото раководство ја продолжи праксата ...

weather icon

Скопје

12ᴼ / 12ᴼ
2.06
82%
1015
weather icon

Белград

17ᴼ / 16ᴼ
2.01
73%
1015
weather icon

Загреб

16ᴼ / 16ᴼ
2.06
63%
1016
weather icon

Софија

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
82%
1016
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
1.17
84%
1014
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 13ᴼ
2.57
88%
1016
weather icon

Атина

18ᴼ / 15ᴼ
0.45
75%
1012
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
82%
1014
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
3.6
77%
1014
weather icon

Букурешт

16ᴼ / 16ᴼ
1.03
81%
1013
weather icon

Будимпешта

17ᴼ / 14ᴼ
1.34
62%
1015
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
7.2
82%
1014
Currency

61.535

Currency

53.5268

Currency

71.8162

Currency

34.3766

Currency

38.9421

Currency

65.6811

Currency

7.35715

Currency

0.65988

Currency

0.38012

Currency

0.52161

Currency

1.4063

Currency

0.63136

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1051.34

Злато

111305.26

Бакар

9.55

Паладиум

29803.74

Платина

30837.68

Родиум

173614.03

Цинк

2.52