Професорот од Машинскиот факултет во Скопје Атанаско Тунески открива можен владин криминал вреден 2,4 милијарди евра. Во емисијата ,,Заспиј ако можеш” на Алфа ТВ со Горан Момироски и Драган Милосављевиќ експертот за енергетика Тунески открива фрапантни информации за проектот Чебрен кој владата сака да го продаде на грчка компанија. Иако за ова тема во јавноста се говори подолго време екс директорот на МЕПСО и екс членот на Регулаторната комисија ...
Европската унија се соочува со растечко непријателство во муслиманскиот свет и пошироко поради обвинувањата за произраелска пристрасност и двојни стандарди во војната во Газа, предупреди шефот за надворешна политика на блокот Жозеп Борел, цитиран од Ројтерс. Борел рече дека стравува дека таквата огорченост може да ја поткопа дипломатската поддршка за Украина на глобалниот југ и способноста на ЕУ да врши притисок за договори за почитување на ...
Македонските власти од државниот буџет ќе платат најмалку 400 милиони евра казна за одземена концесија за рудник Казан Дол. Оваа информација ја објавува медиумскиот експерт кој е упатен во бизнисот со рудници Виктор Грозданов кој цитира одлука од меѓународна арбитража на која владата на Македонија е прогласена за виновна што одзела концесија за рудникот Казандол. Според информациите на Грозданов објавени во емисијата Заспиј ако можеш, можно е ...
Генералниот секретар на НЉТО, Јенс Столтенберг, по вчерашните средби со претседателот на Владата и претседателот на Собранието, денеска одржа билатерална средба во Владата на која, покрај премиерот Ковачевски, беа присутни и министрите за надворешни работи, внатрешни работи, одбрана.. Вчера Столтенберг на пратениците им порача дека мора да се завршат сите обврски кои сме ги презеле ако сакаме да одиме напред, онака како што сме ги донеле ...
К.Ѓ. (33) вработен во Државен пазарен инспекторат, Одделение за инспекциски надзор Струмица со градовите Гевгелија, Валандово и Радовиш, вчера бил уапсен поради сомнение за сторено продолжено кривично дело „примање поткуп“. На 21.11.2023 осомничениот од двајца жители на радовишко примил 3.000 денари, кои претходно ги побарал од нив за да не спречи вршење на нерегистрирана дејност. Во моментот кога е лишен од слобода, кај него се пронајдени ...
Израелската влада објави список од 300 Палестинци кои би можеле да бидат ослободени според договорот меѓу Израел и Хамас за заложниците, јавува Би-Би-Си. Сепак, не се очекува ослободување на израелските заложници – или почеток на паузата во борбите – до утре. Катар, кој посредуваше во договорот, рече дека „неколку палестински жени и деца затворени во израелските затвори“ ќе бидат ослободени во замена за 50 заложници. Меѓутоа, на списокот објавен ...
Еден од најактивните владини апологети Љупчо Зиков кој освен што е новинар е и финансиски директор на државната компанија МЕПСО именуван од владата а често пати како политички аналитичар се појавува на ТВ дебати, доби незгодна порака од обична граѓанка. Ивана Коровешовска која од Македонија работи за странска фирма а индиректно е спомената од владиниот функционер – новинар – аналитичар во ТВ емисија на Зиков му порачува дека треба да запре со ...
Директорот на Центарот за управување со кризи упати предупредување дека мостот – надвозник во Визбегово е несигурен за сообраќај. По разгледување на мостот, Стојанче Ангелов, упати повик и апел до надлежните институции, за отстранување на опасностите од мостот за граѓаните кои поминуваат по него, а особено за граѓаните коишто со возила поминуваат под него. „На овој мост се јавува една опасност за граѓаните, којашто се провлекува, би рекол, ...
Хавиер Милеи, кој беше избран за претседател на Аргентина во неделата, рече дека е време да ги „врати“ Фокландските острови и дека Буенос Аирес има „ суверенитет над Островите за кој нема што да се преговара. Тој вети дека ќе ги врати по „дипломатски канали“. Портпаролот на британскиот премиер Риши Сунак експресно реагираше со тврдење дека прашањето за суверенитетот „е решено пред извесно време“. Аргентина долго време тврди дека има суверенитет ...
Премиерот Димитар Ковачевски и Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, денеска ќе бидат домаќини на неформален состанок на лидери на НАТО сојузници од регионот, што се одржува во хотел „Хилтон“ во Скопје. Согласно програмата, пред почетоток на состанокот, Ковачевски и Столтенберг, ќе имаат заедничка изјава за медиумите. Изјави за медиуми пред почетокот на состанокот, ќе имаат и Еди Рама, претседател на Владата на Република Албанија, ...
Министерството за надворешни работи на Србија упати протестна нота до Амбасадата на Албанија во која остро го осудува палењето на државното знаме на Србија во Тирана по победата на албанската фудбалска репрезентација над Фарските острови. На 20 ноември на социјалните мрежи и медиумските портали се појави видео на кое се гледаат фудбалски навивачи во Тирана како го палат знамето на Србија на плоштадот Скендербег со порака „Ве чекаме“. Со палење ...
Со свечена академија денеска ќе биде одбележана 115-годишнината на Битолскиот конгрес и Деновите на Албанската азбука. Свечената академија што ја организира Владата ќе се одржи денеска со почеток во 14:00 часот, во Филхармонија, информираат од кабинетот на Првиот Потпретседател на Владата, Артан Груби. Во Собранието денеска на пладне ќе биде врачена државната награда „22 Ноември“, која се доделува за признание на луѓе од политичкиот, културниот ...
Ова го изјави лидерот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари Лидерот на Алијанса за Албанците во вечерашното издание на „Клик Плус“ на ТВ21 изјави дека засега од оваа партија се на став за самостоен настап на претстојните избори, но… „Имавме состаноци и со Ахмети и со Ковачевски“, рече Арбен Таравари за опцијата опцијата да се оди заедно на избори со СДСМ и ДУИ со една изборна листа. „Разговаравме за опцијата да одиме заедно на избори, со една ...
По информациите дека ММФ препорачува да се интервенира во третиот и четвртиот тарифен блок за плаќање на струка, претседателот на РКЕ Бислимоски ја исклучува оваа опција и тврди дека реформата дава резултати, оние што трошат помалку – плаќаат помалку. „Блоковите даваат резултати. Воведената реформа има ефект и има заштеди од 16%. Дури и тоа што беше потопла зимата им удел, но сепак до овој процент е стигнато со штедење на домаќинствата и факт е ...
Израелската влада го одобри договорот со Хамас, кој го подготвија Катар, Египет и САД. Договорот ќе вклучува ослободување на 50 израелски заложници (веројатно 30 деца, 8 мајки и 12 постари жени) и четиридневен прекин на огнот. Истовремено, Израел најверојатно ќе ослободи до 150 Палестинци, вклучувајќи жени и малолетни момчиња, кои во моментов се наоѓаат во израелските затвори под обвинение за тероризам. За време на прекинот на огнот, Хамас ќе ...
Лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21 си дозволи да го навреди мнозинскиот македонски народ, споредувајќи ги неговата љубов и лојалност кон државата со тие на албанското малцинство. Според него, Албанците се најлојални граѓани во Македонија и може да ја стабилизираат, но исто така и да ја дестабилизираат државата. „Албанците секогаш работеле во интерес на државата, многу пати до сега од 1991 година ...
Вчерашните изјави на бугарскиот претседател Румен Радев им служат на интересите на Русија, државата агресор, се вели во коментар на Фејсбук од украинската амбасада во Софија. Говорејќи на конференцијата во понеделникот, Радев рече дека контраофанзивата на Украина била „најлошата грешка од гледна точка на стратегиска проценка“ кога тоа било „најпогодно време за преговори и барање мирно решение“. Радев, кој за време на предизборната дебата за ...
Актерот Сашо Тасевски е уверен дека ВМРО-ДПМНЕ ќе однесе убедлива победа на парламентарните избори в година, па на лидерот Христијан Мицкоски му одреди три приоритети, „најважни за Македонците“, кога ќе формира влада. „Можеме со весела математика до сабајле. Но, ВМРО ДПМНЕ пак ќе дојде на власт во 2024. И тоа со огромна победа над тачињава. Левица може да смета на 4 до 6 пратеника. Без разлика што се крева фама ќе зеле 8, 10, 15 пратеника. Тоа ...
Министерката за одбрана Славјанка Петровска рече дека министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров не е добредојден во Македонија. Според Петровска ако предвид се има однесувањето на Русија и нејзината надворешна политика, не гледа причина Лавров да учествува на министерскиот состанок на ОБСЕ кој ќе се одржи на крајот на месецов во Скопје. „Нема потврда за доаѓањето на Лавров, меѓутоа со оглед на однесувањето на руската надворешна ...
Бесим Исмаили е еден од многуте вработени во комунална хигиена- Скопје. Педагошки факултет завршил со просечна оценка 9. Но, иако дипломираше, рано утрово се грижеше за хигиената на Скопје. „Иако сум со педагошки факултет, животот е динамичен и со една плата не се издржува семејството. Со која оценка дипломиравте? Со 9“, вели Бесим. Иако 10 години е вработен во комунална хигиена, вели дека се уште нема решение за работа. „Многу е тешко, иако со ...
Претседателот Стево Пендаровски и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски го прекршија Преспанскиот договор во делот на употребата на државното име, употребувајќи го името Македонија без додавката Северна во честитките на Твитер за ремито на фудбалската репрезентација против Англија. Премиерот Димитар Ковачевски, пак, воопшто не го наведе името на државата, но носеше шал со натпис „Македонија“ во ложата на Националната арена „Тодор ...
Британскиот весник Miror Sport со луциден коментар по вчерашниот меч меѓу Англија и Македонија кој се играше на арената Филип Втори во Скопје. На насловната страница весникот Miror Sport пишува: ,,Фала му на Бога што не моравме да играме со цела Македонија”, имплицирајќи дека ако Англија се соочеше и со Егејска и Пиринска Македонија тогаш резултатот ќе беше уште пострашен за Англичаните. Мечот заврши со резултат 1:1 а причината за тоа според ...
Природно е да има верски симболи во дворови на верски храмови, политичката корист од разгорувањето на меѓурелигиските тензии прави штета, е анализата на професорот Александар Спасеновски од Правниот факултет во Скопје. Во врска со политичката полемика во врска со поставувањето на крстот во кругот на манастирот „Свети Наум“ на Попов Шапка, причините треба да се бараат во одговорот на прашањето кој има корист од ваквиот обид за разгорување на ...
Сеуште нема ништо од пакетот антикризни мерки за ранливите категории на пензионери кој Владата го најавува со месеци откако граѓаните од третото доба на улица бараат поголеми пензии. Министерката Тренчевска повторно кажа дека работната група го подготвувала пакетот,и ќе бил готов до крајот на неделава, ама не кажа детали кој категории точно ќе ги опфати и што ќе добијат. -Искрено, додека не бидат објавени, не сакам да лицитирам кои категории ...
Продолжува низата протоколарни гафови на владата откако шефот на најмоќната воена алијанса на светот Јенс Столтенберг нас две минути го чекаше премиерот Ковачевски да излезе од зградата на владата. Во моментот кога шефот на НАТО Алијансата, Јенс Столтенберг пристигна пред владата тој мораше да чека во возилото затоа што неговиот домаќин премиерот Димитар Ковачевски не беше таму да го пречека. Досега во историјата не се случило некој гостин да ...
„Ten Barrels Cabernet Sauvignon Reserva 2020“ од винарија Камник доби национален трофеј и е прогласено за најдоброто вино од Македонија на вториот саем „Винска визија на Отворен Балкан“. Винаријата Камник на саемот доби вкупно 18 награди, од кои и 7 златни, 7 сребрени и 2 бронзени медали за селектирани црвени, бели и оранж вина од целосниот асортиман. Ten Barrels Cabernet Sauvignon Reserva 2020 ја доби наградата Best of Show – North Macedonia од ...
Шефовите на клучните сектори за евроинтеграциите поим немаат каде ќе се трошат 350 илјади евра за придобивките од ЕУ. И вицепремиерот Бојан Маричиќ, како и Османи не знае на што точно ќе потрошат стотици илјади евра народни пари. Тој не препрати одговори да бараме во Владата, каде што ја извршува функцијата заменик на премиерот за европски прашања. -Таа целокупна кампања е координарана централно од Владата, ќе треба таму да ги побарате детално ...
Речиси сите коментари на спонзориран пост на СДСМ за трибина за машко здравје се негативни а партијата која се соочува со сериозни предизвици веќе не ги ни брише. ,,СДСМ продолжува и понатаму со трибините од едукативен карактер за нашите граѓани. Овој пат граѓаните од Гевгелија добија совети за заштита и на машкото и на женското здравје од врвни доктори и експерти. Нашата цел е да ја подигнеме свеста кај граѓаните и за навремени прегледи и ...
Наместо бетонизација избран концепт за хумано домување за Расадник. За првпат после изборот на планот на Кензо Танге за обнова на постземјотресно Скопје во 1965 година, додаде, Општина Кисела Вода распиша Меѓународен конкурс за избор на идејниот лик на ДУП-от за Расадник. „Сите заедно сме сведоци на почетокот на новата ера на владеење на правото во општина Кисела Вода и на транспарентно водење политики во служба на граѓаните. Денес финализираме ...
Претседателот на Владата Димитар Ковачевски и Генералниот секртар на НАТО, Јенс Столтенберг, во рамки на официјалната посета на Македонија, одржаа заедничка прес-конференција. На прес-конференцијата беше потенцирана улогата на Македонија како фактор на стабилност во регионот, но и беше посочено дека евроинтеграција на земјата мора да продолжи. „Денес разговаравме за Алијансата, за евро-атланската интеграција на земјата и на регионот но и за ...