Времето на политичари кои политиката ја третираат како извор на моќ, слава и пари мора да заврши. Потребно е комплетно нов принцип на владеење кое ќе придонесе пред се за релаксирање на општеството од сите екстреми. Македонија е жедна за успеси, доста е од криминал, порази и понижувања. СДС и ДУИ мора да заминат во историјата, истакна на денешната прес-конференција Марија Митева, портпарол и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ има за цел да ја ...

Европската Унија мора да престане да им дава лажни ветувања за земјите кандидати за членство и да се фокусира на постојните членки, бидејќи проширувањето не нуди реални шанси за зајакнување на позицијата на ЕУ на меѓународно ниво, изјави француската европратеничка и копретседателка на групацијата Левица во Европарламентот, Манон Обри. – Наместо да им даваме лажни и нереални ветувања за членство на земјите кандидати, да ја зајакнеме нашата ...

По успешните настани „Живот и работа во Словенија“, кои Заводот за вработување на Република Словенија ги одржа во Северна Македонија на почетокот на јуни и во Босна и Херцеговина на крајот на септември, решивме дека поради големата побарувачка од страна наработодавачите и потребите на нашиот пазар на труд, во соработка со Амбасадата на Република Словенија во Скопје, на крајот на ноември повторно да организираме настани за вработување во Северна ...

Пишува: Свето Тоевски „Да живее нашиот албански јазик! Да живее и јазикот на нашите македонски сограѓани! Ние не стоиме зад вас, туку покрај вас, за вашиот мајчин јазик, македонскиот! Да ги унапредиме јазиците заедно, едни до други, а не едни зад други, бидејќи и иднината ја градиме заедно, за да биде нашата земја интегрирана таму каде што ѝ е местото, во Европската Унија!“ – извика лидерот на ДУИ Али Ахмети на Денот на нивната албанска азбука, ...

Прекумерната бирократија го попречува движењето на војниците и силите на НАТО во Европа и тоа може да доведе до сериозни проблеми во евентуален конфликт со Русија. Затоа раководството на НАТО повика на создавање на еден вид „воен Шенген“ за поедноставување на логистиката за војниците во Европа. „Она што не го правиме во мирно време нема да биде подготвено во случај на криза или војна. Алијансата мора оперативно да префрли војници во нивните бази ...

Враќање на споменикот на Андон Лазов-Ќосето, кој беше поставен пред комплексот судови за време на владеењето на ВМРО=ДПМНЕ, а го отстрани ексградоначалникот Петре Шилегов, по втор пат побара градоначалничката Данела Арсовска. Споменикот на Ќосето беше дива градба, вели Шилегов На барање Арсовска, на седница на Советот што ќе се одржи в понеделник, оваа точка пак е на дневен ред. Како и претходниот пат, и сега се предлага наместо пред комплексот ...

Владата ја отстранила забраната за прелет и слетување на руски државни воздухоплови над и во земјава, дознава „360 степени“ од владини извори. Блинкен доаѓа на ОБСЕ во Скопје – за Лавров одлучуваат соседите Тоа значи дека нема формална пречка за авион, во сопственост на руската држава, да слета на некој од аеродромите во Македонија. Славјанка не го сака Лавров во Скопје Македонија се приклучи на рестриктивните мерки за Руската Федерација ...

Новинарка објави дека сака да се кандидира за претседател на Русија на претстојните избори. Како што пишува „Москва тајмс“, Екатерина Дунцова, 40-годишна самохрана мајка на три деца без членска книшка во политичка партија, смета дека тоа што нема директно искуство во политиката може да биде една од нејзините најголеми страни. „Зошто ја донесов оваа одлука? Ја сакам оваа земја, сакам Русија да биде успешна демократска и мирна земја. Но, во ...

По „сторијата“ на „360 степени“ за изигрување со законите на територијата на Општина Шаир, кое трае со години, Обвинителството отвори предмет за спорните легализации на дивоградби. Постапката се отвора по допрен глас, односно по откритијата на „360 степени“ кои недвосмислено покажа дека објекти изградени во последниве неколку години биле легализирани како да се изградени најдоцна до март 2011 година. Има примери кога, апсурдно, барањето за ...

ВМРО-ДПМНЕ е подготвено да нема техничка влада, само и само ДУИ која има стотици скандали зад себе да нема технички премиер, соопшти опозициската партија. Од изградбата на коридорите, до самитот на ОБСЕ, не постои работа за која се фатија кадри на ДУИ, а да не ја компромитирале. Кога ќе се спомне криминал и корупција и малите деца мислат на ДУИ. Партија која нема некомпромитиран функционер не може да биде партијата која ќе даде премиер, па дури ...

Израелската армија (IDF) фрли летоци над Газа во кои ги предупредува жителите да не се враќаат во своите домови на северот од Појасот. Според израелската армија, областа сè уште е воена зона, и покрај четиридневниот прекин на огнот што започна утрово. Портпаролот на IDF , Авичај Адраи, на арапски јазик издаде слична изјава во која им порача на жителите на Газа дека војната не е завршена. Палестинските власти ги повикуваат раселените жители на ...

Пред Собрание излегуваат вработените во судската и обвинителската администрација, Фондот за здравство и Народниот правобранител. Барањата се повисоки плати, а револтот кај административците се појави откако пролетва за 78 проценти се зголемија платите на функционерите, по одлуката на Уставниот суд. Чашата ја прели и буџетот за идната година во кој како што велат не се предвидени средства за зголемување на нивните примања. Поради најавените ...

Професорката Мирјана Најчевска реагира на изјавата на премиерот Димитар Ковачевски дека постоеле законски пречки оради шпто не можеле на да се намалат платиоте на функционерите кои пролетва беа зголкемени за дури 78%. Ковачевски: Нема намалување на функционерските плати Во Македонија може да се ослободат од издржување казна затвор убијци и измамници и оние кои проневериле пари на граѓаните од позиција на власт. Може да се стане јавен обвинител ...

Десничарската партија Алтернатива за Германија (AfD) побара владата да поднесе оставка и да се одржат предвремени избори. Соодветното соопштение е објавено на партискиот профил на социјалната мрежа Х. „Две третини од Германците мислат дека канцеларот Олаф Шолц е преоптоварен. Ова не се однесува само на Шолц, туку и на целата „семафор влада“ (име на германската владина коалиција на партии врз основа на боите на партиите-учеснички). Последица ...

Премиерот Димитар Ковачевски вели дека кај дел од функционерите постојат законски одредби дека не може да се намалува платата. „На пример, кај платите на судиите. Во овие делови од законите делот кај пратениците е регулиран со Законот за пратениците, а пратениците се над тие што ги избираат, а тоа е Владата, затоа велам дека се работи за комплексно решение. Тоа, на крајот на краиштата, треба да донесе правичност во плаќањето на трудот во ...

Девет високи членови вчера објавија дека ја напуштаат СИРИЗА откако одбиле да го прифатат изборот на Стефанос Каселакис за нов лидер, објави „Катимерини“ Второто одвојување од СИРИЗА за речиси две недели предизвика, очекувано, поголема врева од првата, бидејќи главната опозициска партија е вовлечена во најтешката фаза од својата историја. Фракцијата предводена од поранешната министерка за труд Ефи Ахциоглу, позната како „6+6“, во четвртокот го ...

Нема извештаи за бомбардирања, артилериски напади или ракетни напади откако Израел и Хамас утрово го започнаа четиридневниот прекин на огнот во Газа, прва пауза во 48-дневната војна што ја опустоши палестинската енклава. Примирјето започна во 7 часот наутро по локално време, и вклучува сеопфатен прекин на огнот во северна и јужна Газа, јавува Ројтерс. Во 16 часот по локално време ќе почне да пристигнува дополнителна помош во палестинската ...

Поразрешувањето од функцијата јавен обвинител и најавата дека ќе замине во пензија, Вилма Рускоска ќе има прилики да ги признае сите злодела кои ги извршила и по чија наредба, реагира опозициската ВМРО-ДПМНЕ. „Правдата е некогаш спора, но секогаш пристигнува. Без оглед на околностите кои денес доведоа до тоа крајот на кариерата на Вилма Русковска да биде преку разрешување од функцијата обвинител, колку помалку “вилми” има, толку подобро за ...

Судијата Енвер Беџети од Апелациониот суд Скопје, за кого Судскиот совет утврди дека 9 месеци го чувал предметот „Тврдина-Таегет” за да застари е казнет со 20 отсто намалена плата во наредните 6 медеци. Додека Беџети беше критикуван дека како судија известител без причина не го изнесувал на седница предметот за масовното незаконско прислушување и се бараше негова одговорност, Судскиот совет ја чуваше неговата постапка во фиока, зашто беше ...

Правдата е некогаш спора, но секогаш пристигнува. Без оглед на околностите кои денес доведоа до тоа крајот на кариерата на Вилма Русковска да биде преку разрешување од функцијата обвинител, колку помалку “вилми” има, толку подобро за правдата, довербата во судството и граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Во ситуација кога корупцијата е толку голема и несанкционирана, тешко е да се посочи правичен и меродавен орган кој објективно ќе оценува правосудни ...

Премиерот и лидер на СДСМ Димитар Ковачевски доби прашање кога ќе ја избрка од Македонија корумпираната компанија Телеком каде што претходно работел. Прашањето го поставува екс министерот за финансии Џевдет Хајредини ,,Дали и кога Владата мисли од Македонија да го избрка ТЕЛЕКОМ, затоа што е познато дека нивни менаџери подмитувале некогашни и сегашни високи политичари и државни функционери на нашата земјата, во познатиот најголем корупциски ...

Бројките кои ги имам јас и се дел од партиските мерења јасно покажуваат дека има простор за раст и јасно покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ на следните избори може да дојде и да се надева на една таква победа, односно од 61 пратеник, рече Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашното гостување во емисијата „Само интервју“ што се емитува на Канал 5. Мицкоски укажа дека процентите за доверба во ВМРО-ДПМНЕ се од 100 проценти. Оттука додаде ...

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски е подготвен да оди на избори без да се формира техничка влада. Тој во интервју за Канал 5 се согласува да се избрише делот од Изборниот законик донесен со Договорот од Пржино каде беше воведен системот на техничка влада. Според него не треба да има премиер од ДУИ во последните 100 дена пред изборите како што е договорот меѓу СДСМ и ДУИ. Мицкоски нема дилема дека ВМРО-ДПМНЕ ќе освои 61 пратеник затоа што ...

Адвокатскиот тим на ВМРО-ДПМНЕ поднесе предлог до Апелациониот суд Скопје за укинување на пресудата на Основниот кривичен суд Скопје за познатиот предмети Талир – пренесе Курир. Имено, иако ВМРО-ДПМНЕ не беше страна во случајот, туку засегната стана, сепак Кривичниот суд донесе пресуда за замрзнување на имотот на партијата. Од она кое што пристигна до нас, е допис во кој точно се утврдува дека Кривичниот суд својата пресуда не ја темели врз ...

На инцидентот што денеска се случи во Европскиот парламент во Стразбур му претходеше говор на македонската пратеничка Иванка Василевска. Во нејзиното обраќање, Василевска која е универзитетска професорка, укажа на низа историски и реални ситуации поради кои се случи нападот од бугарскиот радикал во салата на Европарламентот. Инцидентот се случи на Мешовитиот парламентарен комитет на Македонското Собрание и Европскиот парламент. Два дена трае ...

Месец мај ги нуди сите можности да се одржат редовните парламентарни и претседателските избори, соопшти денеска премиерот Димитар Ковачевски. Со ова тој ги потврди неофицијалните инфорации дека договор е постигнат, но сепак Ковачевски не лицитираше со датата и најави дека тоа ќе се договри на средба со лидерите на парламентарните партии која планира да ја свика наредниот месец а на која ќе се прецизираат сите детали за изборите. Техничка Влада ...

„Одлуката на Советот на јавни обвинители е очекувана“. Ова за Дојче веле го изјави разрешената обвинителка Вилма Русковска, откако Советот на јавни обвинители едногласно го усвои предлогот на Комисијата за утврдување дисциплинска одговорност за разрешување на обвинителката, откако против неа и против уште две други обвинителки беше покрената дисциплинска постапка поради претресот во Управата за финансиска полиција и конфликтот со поранешниот ...

Низ кафулињата и рестораните низ Скопје се пуши и не се издаваат фискални сметки. Двојни аршини или двојни правила. Голем број граѓани преку социјалните мрежи, но и воопшто во меѓусебна комуникација постојано се жалат дека во нашата земја правилата не важат еднакво за сите граѓани, објави Фактор. Голем број граѓани сведочат дека при набавка на разни производи фискални сметки се добиваат само во средини каде доминира македонско или мешано ...

„Македонскиот и бугарскиот се словенски јазици и би било логично, во духот на европското пријателство, на патот на Македонија кон ЕУ бугарски писатели и издавачи да ‘лобираат’ за претставување на македонската литература во ЕУ. На тој начин тие би сведочеле среде ЕУ дека не се согласуваат со односот на официјалната бугарска политика кон македонскиот јазик. Ако би имале храброст да го сторат тоа, тие бугарски писатели, заедно со своите македонски ...

Лидерот и пратеник од Демократскиот сојуз, Павле Трајанов денеска порача дека неговата партија не преферира да учествува во Влада во која што партнери ќе бидат ДУИ и СДСМ. Според него, штетите што ги направиле двете партии се огромни и ќе треба нови партии и сили за да се менува веќе направеното. – Не може СДСМ, а уште помалку ДУИ, да биде носител на прогресот на Македонија – рече Трајанов во емисијата „Студио 10“. Претседателот на ДС смета дека ...

МВР Билтен

34 минути - МИА

Скопје

-1ᴼ/-1ᴼ
1.03
86%
1014

Белград

3ᴼ/2ᴼ
5.66
60%
1006

Софија

-1ᴼ/-3ᴼ
3.09
84%
1015

Сараево

3ᴼ/3ᴼ
3.22
58%
1012

Љубљана

2ᴼ/0ᴼ
3.09
94%
996

Атина

17ᴼ/15ᴼ
3.09
56%
1012

Тирана

6ᴼ/6ᴼ
3.09
81%
1012

Подгорица

5ᴼ/3ᴼ
2.06
81%
1011
Currency

61.525

Currency

58.6819

Currency

73.8197

Currency

38.0152

Currency

41.9161

Currency

65.9923

Currency

8.058

Currency

0.58031

Currency

0.37941

Currency

0.52651

Currency

1.6957

Currency

0.6922

Алуминиум

2 $

Иридиум

147909 $

Кобалт

486 $

Никел

508086 $

Рутениум

15530 $

Калај

29 $

Сребро

992 $

Злато

85170 $

Бакар

8 $

Паладиум

32347 $

Платина

30775 $

Родиум

147909 $

Цинк

95688 $