Наместо бетонизација избран концепт за хумано домување за Расадник. За првпат после изборот на планот на Кензо Танге за обнова на постземјотресно Скопје во 1965 година, додаде, Општина Кисела Вода распиша Меѓународен конкурс за избор на идејниот лик на ДУП-от за Расадник. „Сите заедно сме сведоци на почетокот на новата ера на владеење на правото во општина Кисела Вода и на транспарентно водење политики во служба на граѓаните. Денес финализираме ...
Два од вкупно пет пристигнати труда освоија еднаков максимален број на поени и рамноправно го поделија првото место на Меѓународниот конкурс за идејно решение за ДУП Расадник во Општина Кисела Вода. Се работи за проекти на проектантска куќа од Хрватска, AG PLANUM doo и од група архитекти од Грција, предводени од Alexios Tzompanakis, за кои одлучуваше стручната меѓународна жири комисија. Третото место го освоија Team PUPA, Life over space, од ...