Белгија не ја оправда улогата на фаворит и освои само бод во пресметката на македонската репрезентација на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје. „Црвените ѓаволи“ поведоа со еден случаен гол со кој не казнија за двете наши стативи претходно, предност која ја имаа до самата завршница кога Чурлинов и Алиоски изведоа магија за 1-1. Селекторот на Белгијците беше реален на пресконференцијата по натпреварот и призна дека едноставно не ...
На средбата со новинарите зборуваше селекторот на белгиската екипа Руди Гарсија кој го изјави следното: „На десет минути до крајот, требаше да го затвориме натпреварот. Сепак, немаше време за да се вратиме по израмнувањето. Не одигравме добар натпревар, знаевме дека Македонија е селекција која казнува грешки, па така беше на теренот. Имаа неколку шанси, двапати погодија статива. Резултатот како што заврши е заслужен и реален за двете селекции. ...