Годината ќе заврши, Владата уште ги подготвува мерките за пензионерите

Сеуште нема ништо од пакетот антикризни мерки за ранливите категории на пензионери кој Владата го најавува со месеци откако граѓаните од третото доба на улица бараат поголеми пензии.
Министерката Тренчевска повторно кажа дека работната група го подготвувала пакетот,и ќе бил готов до крајот на неделава, ама не кажа детали кој категории точно ќе ги опфати и што ќе добијат.

-Искрено, додека не бидат објавени, не сакам да лицитирам кои категории пензии ќе бидат опфатени, ќе бидат опфатени поголем број пензионери, а секако ќе бидат опфатени и други ранливи категории граѓани. До кога пензионерите би можеле да ја користат оваа мерка, ќе биде објавено штом мерките ќе бидат прифатени, односно усвоени на владина седница. Верувам дека до крајот на неделата ќе имате информација за се она што како пакет на антикризни мерки Владата ќе го донесе, кои категории граѓани ќе бидат опфатени и колку месечна ќе биде поддршката, информира министерката по посетата на Општина Ѓорче Петров.
Работната група сеуште нема ни договор за минималната пензија. Министерката Тренчевска не очекува дека до крајот на овој месец ќе се најде решение за ова прашање.