
Скопје
4ᴼ /
4ᴼ



Во рамки на неговата турнеја во земјите од Западен Балкан, генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска попладне пристигнува во дводневна посета на Скопје. Столтенберг посетата ќе ја започне со средба со премиерот Димитар Ковачевски. Генералниот секретар на НАТО, попладне ќе се обрати и пред пратениците во Собранието, во рамки на 132. седница, по што ќе биде примен од Претседателот Стево Пендаровски во неговиот Кабинет. Утре во Скопје ...
Изјавата доаѓа и покрај фактот што продолжуваат нападите врз Појасот Газа и се истрелуваат ракети кон Израел, претставниците на Хамас се „блиску до постигнување договор за прекин на огнот“ со Израел, пренесе Ројтерс. Групата го даде својот одговор на катарските посредници, рече шефот на палестинската група Исмаил Ханија. Официјален претставник на Хамас за ТВ Ал Џезира изјави дека преговорите се фокусирани на тоа колку долго ќе трае примирјето, ...
Премиерот Димитар Ковачевски вчера уште еднаш го потврди договорот постигнат со ДУИ од 2020 година, во последните 100 дена од овој состав на владата, премиер да биде од редовите на ДУИ. Тој договор е се уште во сила, рече премиерот. Истото го потврди и министерот, Бујар Османи: „Премиер предложен од ДУИ во последните 100 дена ќе има. Ова е дел од договорот и нема простор за преговори“, вели Османи. Османи неодамна ги отфрли шпекулациите дека ...
Дел од министрите во македонската Влада вчера заминаа во Тирана за да ѝ дадат поддршка на Албанија во дуелот против Фарските острови, додека македонската репрезентација на во Скопје играше против Англија. Првиот потпретседател на Владата, Артан Груби, придружуван од министерот за правда, Кренар Лога и министерот за економија, Крешник Бектеши, преку заедничка фотографија од стадионот „Ер Албанија“ соопштија дека се во Тирана за да го прослават ...
Во еден од најголемите случаи против италијанскиот криминален клан „Ндрангета“, кој дејствува во регионот Калабрија, во јужниот дел на земјата, Суд во Италија изрече 207 казни на вкупно 2.100 години затвор , јави Си-Би-Ес њуз Во случајот беа обвинети се повеќе од 338 лица. Некои од нив беа обвинети дека се членови на организиран криминал, а други дека се нивни соучесници, вклучително и високо платени професионалци. Обвиненијата беа рекетирање, ...
МВР информира дека се воведува поради пристигнувањето на поголем број на странски делегации кои ќе учествуваат на неформалниот лидерски состанок на НАТО сојузниците од регионот. „Во вторник и среда (21 и 22 ноември), Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото градско подрачје. За таа цел Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат ...
„Крстот на ‘Кодра е диелит’ (Попова Шапка – заб.прев) мора да биде тргнат најбргу, инаку…!!!“ – оваа закана ја упати преку својот фејсбук-профил имамот од исламската вероисповед Нухи Ганија од Тетово. Тој бара од тетовските општински власти да се отстрани веднаш 15-метарскиот крст од Попова Шапка, без оглед што овој верски симбол е поставен внатре во црковен имот, во дворот на манастирската црква „Свети Наум Охридски Чудотворец“ на Попова Шапка. ...
„Градоначалникот на Струга Рамиз Мерко и директорот на Безбедносно-информативната агенција (БИА) на Србија Александар Вулин беа внесени на црната листа на Стејт Департментот на САД, поради корупција и организиран криминал. Но, Вулин беше присилен да даде оставка, а Мерко си ужива сосема спокојно. Струга е посилна од Белград и стои стои цврсто наспроти САД!“ – со оваа вчудовидувачка објава се огласи на својот фејсбук-профил Хусамедин Ферај, еден ...
„Ние сме подготвени да поддржиме секоја политичка линија, која ги претставува Албанците како второ мнозинство во * Македонија. Македонската држава досега е држава на Славомакедонците, но вистината е дека * Македонија е македоно-албанска држава! Албанците треба да бидат опозициски настроени, да бидат спротивставени кон оваа држава. Македонија не е држава на Албанците, таа никогаш не се претставила како таква. ДУИ е партија на режимот во ...
Дежурниот мајтапчија на Фејсбук, Божидар Божиновски, ја има објавата на денот инспирирана од ремито на фудбалската репрезентација на Македонија со европскиот вицешампион Англија во Скопје во квалификациите за ЕП 2024. „Не е срамота нерешено со Англија, срамота е да си за СДСМ…“, констатира Божиновски по теркот на неговиот претходен ФБ-пост „Не е срамота да се изгуби од Италија, срамота е да си за СДСМ…“ по поразот од 5:2 во петокот во Рим. ...
Англискиот селектор Герет Саутгејт ја пофали фудбалската репрезентација на Македонија по ремито 1:1 со неговите избраници на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје на крајот од квалификациите за Европското првенство 2024 во Германија. „Секако дека би сакале да ги остваревме целите, но Северна Македонија беше прилично добра овде. Тие ремизираа со Италија, ви отежнуваат на теренот“, го цитира Би-Би-Си предводникот од клупата на Гордиот ...
Капитенот Енис Барди не го криеше задоволството од ремито 1:1 со европскиот вицепрвак Англија во последното коло од квалификациите за ЕП 2024. „Знаевме дека нè чека еден тежок натпревар против Англија, затоа што знаевме кој е ривалот. Во последниот меч за оваа година бевме заедно и ја дадовме целата сила. Вака треба да се игра за репрезентацијата и да се излезе на терен кога се игра за националниот тим. Освоивме бод што нè радува сите нас, една ...
Големо реми за фудбалската репрезентација на Македонија, која одигра 1:1 со Англија во Скопје на крајот од квалификациите за Европското првенство 2024 во Германија. Третиот нерешен резултат во шестиот меѓусебен дуел со Гордиот Албион го навести Енис Барди во 41. минута, кога неговиот удар од 11 метри прво го одбрани голманот Пикфорд, па одбиената топка македонскиот капитен ја испрати во спротивниот агол од англискиот гол. За 16. гол на третиот ...
Министерството за надворешни работи на Србија на 20 ноември донесе одлука да го прогласи за персона нон грата првиот секретар во Амбасадата на Република Хрватска во Белград, Хрвоје Шнајдер, соопштија од српското МНР. Одлуката, како што се наведува, е донесена во согласност со членот 9 од Виенската конвенција која ги регулира дипломатските односи. „За време на неговиот професионален ангажман во Република Србија, Шнајдер направи груби отстапки од ...
Собранието во рамки на 131. седница вечерва со 83 гласа „за“ и двајца „против“ го донесe новиот Деловник за работа на Парламентот, што ќе се применува од наредниот собраниски мандат. Новиот Деловник е резултат на неколкугодишни разговори меѓу пратениците од овој и минатиот парламентарен состав во рамки на „Жан Моне“ процесот. За новиот Деловник гласаа пратениците од владејачкото мнозинство предводено од СДСМ, пратениците на ДУИ, на ВМРО-ДПМНЕ, ...
Тоа што ние го предлагавме како термин за избори се покажа дека побуди интерес кај власта, а Ковачевски со својата ароганција се обидуваше да ја прекрие немоќта и денес е јасно дека тој е само извршител на ДУИ, рече Драган Ковачки, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашното гостување во емисијата За или против што се емитува на телевизија Алфа. Ковачки објасни кои се причините и парламентарните и претседателските избори да се одржат во ...
Фудбалскиот клуб Престон лајонс, попознат како Престон Македонија до забраната за клупски имиња што имплицираат националност, од 2025 година ќе настапува во новоформираната Национална втора лига (НСТ) како еден од нејзините осум основачи. „Основан во 1947 година. Со страсни следбеници и прогресивна култура, Престон лајонс од северните предградија на Викторија е подготвен да додаде ново поглавје во својата славна историја“, соопшти денеска ...
Голема заедничка операција против сексуалната злоупотреба на деца во Западен Балкан доведе до идентификување на 39 осомничени педофоили во осум земји, објави денеска Европол, истакнувајќи дека две жртви се ставени под системот за заштита. Во соопштението се прецизира дека акцијата „Мозаик 2023“ ја водела словенечката полиција, а била координирана од Европол во рамките на европската мултидисциплинарна платформа против криминални закани. Целта на ...
МВР информира дека утре и задутре, поради пристигнувањето на поголем број на странски делегации, ќе има посебен сообраќаен режим на поширокото градско подрачје во Скопје. „Во вторник и среда (21 и 22 ноември), Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото градско подрачје. За таа цел Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите ...
Претстојниот Самит на ЕУ кој треба да се одржи на 14 и 15 декември ќе биде уште едно големо разочарување за Македонија, а причината за разочарувањето ќе биде токму раштиманиот владејачки тандем: претседателот Стево Пендаровски и министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој им влева непотребна лажна надеж на граѓаните. Ова за Плусинфо го изјави поранешниот министер за надворешни работи и актуелен пратеник во редовите на опозициската ...
„Теренот во Северна Македонија е во ужасна состојба, повторно поставен пред шест недели, а на врвот има слој од крупен песок и камења“. Вака англискиот портал „Токспорт“ го опиша новиот тревник на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, на која вечерва од 20:45 часот ќе ги одмерат силите фудбалските репрезентации на Македонија и на Англија во резултатски неважниот дуел на крајот од квалификациите за Европското првенство 2024 во Германија. ...
Вицепремиерот за економски прашања уште еднаш ја покажа својата дрскост. Тоа што немало покачување на платите во јавниот сектор, на здравствените работници и сите оние кои протестираат за 1000-2000 денари плус, било бидејќи услугите не биле добри. Тој си зеде за право да оценува кој како работи. Уште поскандалозно е тоа што си зеде за право да кажува дека ќе крател на пензиите и на студентскиот оброк ако сакале да се покачат платите. Најдрско е ...
Кратење на буџетот за млади на Агенцијата за млади и спорт, намалени средства за наука и помал буџет за Министерството за животна средина и просторно планирање се предвидуваат со Предлог буџетот за 2024 година, кој беше усвоен од Владата на Северна Македонија. Буџетот на Министерството за образование и наука (МОН) е планирано да се зголеми за 3,75 милијарди денари, односно 13% во споредба со првичниот Буџет од оваа година. Во бројка, ...
Expres.mk од дипломатски извори ексклузивно дознава дека во Скопје доаѓа израелскиот министер за надворешни работи Ели Коен. Шефот на израелската дипломатија и член на политичко-безбедносниот кабинет на владата во Тел Авив Ели Коен доаѓа да учествува на годишната конференција на ОБСЕ која се одржува во Скопје. Коен кој е еден од најнапаѓаните светски дипломати по почетокот на војната меѓу Хамас и Израел во Скопје доаѓа без најава од македонските ...
Денеска во собранието се случи пропагандна претстава откако пратениците на Левица кои претходно молчеа и не правеа проблеми за други настани како за скандалот на Онкологија или бугарскиот протокол, збеснаа за одбиените амандмани за Деловникот на парламентот. Седницата беше прекината откако двајцата пратеници на Левица, Апасиев и Крмов почнаа го скршија компјутерот на заменик претседателот на Собранието, Горан Мисовски, и фрлаа со амандманите кои ...
Премиерот Димитар Ковачевски и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски се поканети да кренат неподвижен пензионер од 4 кат за вадење лична карта. Полната до луѓето кои направија карма каша со промена на личните документи кои се уште важат и кои граѓаните ќе ги плаќаат двојно ако сакаат да продолжат да земаат пензија доаѓа од актерот и писател Сашо Тасевски. Пензионерот кој е неподвижен мора да се симне од четврти кат во Града за да ...
„Македонското граѓанче секогаш ја запоставува својата држава. Денес сме изложени на сериозни психолошки операции против нашата држава и граѓани како дел од хибридните закани. Стремежот да се изолира земјава преку неусвојување на уставните измени и прекинување на преговорите со ЕУ се пресекува преку поттикнување внатрешномакедонски судир и меѓуетнички македонско-албански судир. ‘Имаат ли ум во нивниот десничарски мозок? Десничарскиот екстремизам ...
Дали знаевте дека страницата на vlada веќе втора година паралелно функционира и како online продавница? Ова прашање го поставува пратеникот Миле Лефков кој објавува видео на кое се гледа дека преку официјалниот сајт на владата на Република Македонија може да се набават разни видови производи. Според Лефков некој преку сајтот на владата продава D&G ташни, Casio часовници, Nike, Adidas патики… Ова ситуација која е удар не само за имиџот на ...
Една од водечките македонски музичарки Адријана Јаневска со својот докторат удри научен клин во бугарската антимакедонска пропаганда која официјална Софија ја води меѓу Македонците во Албанија. Јаневска која е професорка на Факултетот за музички уметности од денес е доктор на науки со докторат кој целосно ги урива бугарските пропаганди. ,,Успешно одбранета докторска дисертација на тема „Македонското традиционално народно пеење во: Мала Преспа, ...
Со години и со децении претпријатието „Македонски железници и транспорт“ работи во тешки услови со финансиска поддршка од Владата за да може да реализира одреден број линии во нивниот оперативен план. Ова го изјави министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, и додаде дека минатата годиниа финансиски го помогнале претпријатието со 15 милиони евра, а оваа година очекува подддршката да достигне до 25 милиони евра. „Би го поставил и прашањето ...