
Скопје
4ᴼ /
4ᴼ



Власта најде решение. Според економските министери, ако се покачат платите и пензиите, ќе крати од оброците на студентите, конкретно за раст на платите во здравството и во Обвинителството. Зачестените протести и најави за нови протести за поголеми плати во здравството и судството не го менуваат значително ставот на вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи. Тој вели дека платите може да се зголемат, но доколку се понудат квалитетни ...
Нема парно греење во студентскиот дом „Стив Наумов“ во скопска автокоманда, поради дефект на парноводната мрежа. Радијаторите се студени веќе неколку дена, а тоа претставува сериозен проблем, особено кога се приближуваат постудените денови, реагираат студентите. Тие бараат проблемо веднаш да биде решен, а сакаат и подобри услови за живеење, објави Алфа. Телевизијата беше на лице место и виде дека проблемот нее решен. И родители кои ги сретнавме ...
Вкупните приходи на Буџетот на Македонија за 2024 година се планирани на ниво од 310,1 милијарди денари, или 5 милијарди и 42 милиони евра. Тие се за 10 проценти повисоки во однос на 2023 година. Од друга страна, како што е наведено во документот доставен до пратениците, но и како што најавија владините претставници, расходите се планирани на ниво од 343,6 милијарди денари, или 5,5 милијарди евра, и тие се всушност 5,8 отсто повисоки во однос на ...
Прифатливи се сугеститите на Меѓународниот монетарен фонд за намалување на субвенциите од страна на државата за плаќањето на електричната енергија од страна на државата, рече Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. Според него, тоа ќе значи дека зголемувањето на цената ќе падне на товар на поголемите корисници – односно на оние кои активно користат електрична енергија од третиот и четвртиот блок. – Ние имавме година во која ...
Горд сум на тоа што во извештајот на ЕК е пофалена работата на Центарот 112 за кој вложивме многу напор да го организираме. Сите повици се снимаат па исклучена е можноста да се префрла вината од една на друга институција. Тоа не се тајно снимени разговори и понекогаш се преслушуваат, а кога има сложен случај се прави конференциска врска од неколку служби за да се скрати времето во кое граѓанинот ќе добие помош, вели лидерот на Достоинство и ...
Сметам дека постои доволно простор во мај да се организираат изборите, во нивниот редовен термин, а за финалните ставови на политичките партии ќе информираме тогаш кога ќе се постигне поширок консензус во рамките на Парламентот, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски. Според него, сите кадровски решенија ќе бидат споделувани со јавноста како што ќе се носат од официјалните партиски тела. СДСМ и ДУИ, подвлече премиерот, имаат јасен коалициски ...
Георги Фотев, бугарски професор, тврди дека Македонија никогаш не била дел од бугарската држава. Во разговор за Блумберг ТВ Бугарија Фотев меѓу другото вели: „Подвлекувам, главниот проблем е во Бугарија. Ние имаме парламентарно претставена партија, која е брутално против признавањето на Македонија. Се тврди дека Македонците се Бугари, дека таа е дел од Бугарија… Тврдат дека нема македонска нација и што сакаме сега ние? И колку од народот знае ...
Обезбедувањето на министерот за транспорт денеска од непознати причини стоеше среде улица додека министерот Благој Бочварски држеше прес конференција и зборуваше за проектите на владата. Поради обезбедувањето на министерот чиј припадник стои на едниот коловоз од патот пред кој Бочварски зборува за медиумите сообраќајот на оваа делница се одвиваше крајно конфузно односно од двете страни на патот возилата се движеа само од десната лента. На ...
Македонија би можела да го изгради Чебрен и тој да биде и еколошки и економски иднината за наредните децении. Ова го изјави Љубен Стојаноски, машински инженер и проект менаџер во Монтинг енергетика, чии неколку идејни решенија за енергетските капацитети во земјава се во употреба, објави МКД.мк. За проектот Чебрен вели, доколку ѝ се довери на Грција, таа држава ќе има голема корист, а не и Македонија и дека „златните јајца од кокошката“ нема да ...
„Новиот ‘северномакедонски’ идентитет станува стварност, бидејќи сите го поврзуваат со новото име на државата. Власта повеќе не реагира на секојдневните ‘грешки’, што доаѓаат од страна. Главната цел на промената на државното име и на сите оние што инсистираа на тоа е создавање целосно нов идентитет, со што би му се ставило крај на македонското прашање на Балканот. Вратите за овој идентитетски инженеринг беа отворени со Преспанската спогодба. ...
Народски кажано – се бара „маж“ кој на дело ќе гарантира дека може и даде пари да ги превземе и плати сите долгови на „Еуроникел Индустрис“ поранешниот гигант „ФЕНИ“. Како што објави Фактор, тоа значи дека „фиљан човек“ треба да ги увери сите доверители дека може да исплати околу 100 милиони евра колку што се, веројатно, сите обврски и долгови на „Еуроникел Индустрис“ досега. Само така банката ќе прифати да не ја активира постапката за банкрот ...
Во акцијата „Картел-3“ на турската полиција уапсен е Христијан Палиќ, хрватски државјанин за кој се верува дека е еден од водачите на крилниот картел на Западен Балкан. Халиќ е осомничен за увоз на кокаин од Јужна Америка во Европа и имал важна улога во перењето пари добиени со криминал, пишува турскиот портал yahizaber.com. Неговото апсење ја нагласува клучната улога на Турција во глобалната борба против прекуграничните злосторства поврзани со ...
Во рок од пет минути со мнозинство гласови албанскиот парламент денеска го усвои буџетот за 2024 година, но седницата ја одбележаа пратениците од опозицијата кои активираа димни бомби. Веднаш штом започна седницата, пратениците од опозицијата направија барикади од столчињата, а потоа активираа димни бомби. Опозициските пратеници се обидоа да ја блокираат говорницата со столчиња, но обезбедувањето ги спречи, по што опозиционерите Газмент Бард и ...
Премиерот Ковачевски не презема ништо против функционерот на ДУИ кој ги одзеде документите од општина Центар за диво изградениот мини трговски центар на улицата позната како ,,Пластичарска” изградена на државно земјиште од “непознат градител”, а кој во анкетниот лист не пријавил два стана и еден скап автомобил. Фатмир Арифи кој не може да каже од каде му се становите и возилото сега топката ја префрла на секторот за човечки ресурси кој не смее ...
Министерката за разузнавање на владејачката Ликуд партија во Израел, Гила Гамлиел, вели дека меѓународната заедница треба да промовира „доброволно преселување“ на Палестинците во Газа на локации низ целиот свет, пишува „Times of Israel“. Во авторски текст за The Jerusalem Post, таа вели дека една „опција“ по војната би била „да се промовира доброволно преселување на Палестинците во Газа, од хуманитарни причини, надвор од Појасот“. За поддршка на ...
Центар за социјални работи фалсификува документи, министерката Тренчовска спие, обвинува адвокатот Јанаки Митровски кој тврди дека директор на установа во Валандово антидатирал печат на службени документи што е кривично дело. Адвокатот Митровски опишува случај во кој по притисок од јавноста центарот за социјални работи во Валандово носи одлука со која татко може да си го гледа детето но документот со кој тоа се дозволува е со фалсификувани датум ...
Игор Гиркин, поранешен офицер на ФСБ и руски провоен блогер, кој е во притвор и го чека судењето за поттикнување екстремизам, изјави дека сака да се кандидира за претседател на Русија, пишува Ројтерс. Гиркин, познат по псевдонимот Игор Стрелков, постојано повторува дека на Русија и се заканува револуција, па дури и граѓанска војна, доколку военото раководство на претседателот Владимир Путин не се бори поефективно во војната во Украина. „Се ...
„Срамота е 22 години по завршувањето на вооружените дејствија од 2001 година сè уште да нема репрезентативен и достоинствен споменик кај Карпалак, место каде од заседа во ужасни маки изгореа 10 македонски бранители, скромен но достоинствен споменик на местото на заседата кај Вејце во која беа масакрирани осуммина припадници на македонските безбедносни сили, скромен но достоинствен споменик кај Љуботенски Бачила каде од мини загинаа осум ...
Наместо веднаш да покрене истрага, Јавното обвинителствоповеќе од два месеца молчи и не открива што точно се случувало на Онкологија. Со ваквиот однос од страна на ЈО се поочигледно е дека сакаат да се прикријат вистинските виновници и се фрла дамка и на оние здравствени работници кои професионално си ја вршат својата работа, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ и прашуваат зошто обвинителството молчи и не отвора истрага зошто пациентите не ја добивале ...
Поранешната прва дама на САД, Розалин, Сопруга на Џими Картер почина денеска на 96-годишна возраст, јавија медиуми. „Картер Центар“ соопшти дека Розалин Картер починала по неколкумесечно нарушенo здравје и долгo боледување од деменција во нејзиниот дом во јужна Џорџија. Џими Картер наполни 99 години Џими и Розалин Картер се венчале во 1946 година кога тој имал 21 година, а таа 18 и биле во брак повеќе од 77 години. За разлика од многу претходни ...
Предлог-буџетот за 2024 година, тежок 5,5 милијарди евра е доставен до Собранието и треба да биде разгледан на матичната Комисија за финансирање и буџет. Според податоците на веб страницата на Собранието, Предлог-буџетот е доставен во средата откако во вторникот во Владата го презентираа министерот за финансии Фатмир Бесими и премиерот Димитар Ковачевски, јавува МИА. Според Владата, со буџетот се гарантира редовна исплата на платите, пензиите и ...
По студеното утро, времето во земјава денеска, ќе биде сончево и потопло со мала локална облачност. Утринските температури се движат од минус 5 степени во Берово, до плус 5 во Гевгелија, а максималните дневни ќа бидат во интервалот од 9 до 17 степени. Во Скопје променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Дневните температури ќе се движат од 9 до 16 Целзиусови степени. Извесно затоплување ќе има в среда, за кога се очекува ...
Снимка од тепачка која вечерва се случила во Куманово се споделува на социјалните мрежи. Од неа се гледа како две лица излегуваат од бел автомобил и напаѓаат други две лица, кои возат друг автомобил застанат пред нивниот, пренесува Скопје1.мк. На снимката се слуша постојано изговарање на вулгарни пцовки на албански јазик. Тепачката се случила во централното градско подрачје. Причините засега не се познати. Засега нема информации и дали било ...
Англискиот фудбалски селектор Герет Саутгејт на прес-конференцијата по пристигнувањето во Скопје искажа комплименти за Македонија пред утрешниот реванш од квалификациите за Европското првенстрво 2024 во Германија, иако во првиот меѓусебен дуел во Манчестер славеа со 7:0. „Играме со тим кој, иако не може да се квалификува, има огромна гордост, ранет од она што се случи во Манчестер. Мораме да бидеме подготвени за навистина добра атмосфера. Полно ...
Претседателот Пендаровски позитивно гледа на можноста да дојде до договор за заеднички претседателски и парламентарни избори со кои државата ќе заштеди околу 15 милиони евра а економијата нема да се мачи со политичките теми предолго време. Шефот на државата смета дека оваа недела партиите можат да постигнат договор да се оди на заеднички избори, односно претседателските и парламентарните да се одржат заедно. Својот став Пендаровски го базира на ...
Во март годинава Балканот го доби својот „премиер на сите Албанци“ во ликот на премиерот на Косово Арбен Курти, а денес, само по 9 месеци регионот го има и својот „градоначалник на сите Албанци“ во ликот на градоначалникот на Тирана Ерион Велијај! Ерион Велијај, градоначалникот на Тирана, главниот град на Албанија, ја објави на својот фејсбук-профил видео-пораката на Арбен Таравари, градоначалникот на Гостивар и лидер на Алијансата за Албанците ...
Професорката Мирјана Најчевска реагира за поштенската марка посветена на македонското претседавање со ОБСЕ со слоганот „За луѓе се работи“ (It’s about people). „Го згрешиле само насловот на марката. It’s about mafia. Тоа би било многу посоодветен белег на претседавањето на ДУИ со ОБСЕ (Македонија не беше вмешана во ова претседавање на никаков начин)“, коментира Најчевска на Твитер, очигледно мислејќи на министерот за надворешни работи и ...
Новак Ѓоковиќ постави уште еден рекорд во својата богата кариера, освојувајќи го АТП финалето по седми пат. Во вечерашното финале во Торино, тој го совлада Јаник Синер со 6:3, 6:3 и се оддели од Роже Федерер, кој има шест триумфи на завршните турнири на сезоната. На Ѓоковиќ му висеше пласманот во полуфиналето откако изгуби од Синер во групната фаза, но потоа токму Италијанецот му помогна откако победи во дуелот со Холгер Руне. Ѓоковиќ ќе ја ...
На црковно место најприродно е да биде поставен крст. Крстот на Попова Шапка е поставен по барање на верниците и според Законот за градење не е објект туку урбана опрема, за која не треба дозвола за градба туку решение за поставување, чија законска рамка ниту верските објекти ниту државните институции не ја почитуваат – изјави за „Слободен печат“ претставник на Црковниот одбор на манастирот „Свети Наум Охридски“ на Попова Шапка по низата реакции ...
Парното во студентскиот дом “Стив Наумов” не работи, реагираат од „Студентска револуција“. Тие во допис до медиумите споделуват и комуникација со студентите кои се жалат дека веќе три – четири дена немаат греење. -На студентите станари во студентскиот дом “Стив Наумов” им е кажано дека парното во втора ламела нема да биде поправено. Ова претставува значителен предизвик и проблем, особено кога се приближуваат постудените месеци. Итно бараме ваша ...