Фудбалската репрезентација на Македонија одигра херојски и ремизира против големата Белгија (1-1) во рамките на третото квалификациско коло на патот кон Светското првенство. Долго време во натпреварот немавме среќа, погодувавме две стативи во една акција, а потоа имавме поништен гол и спорна ситуација за пенал, но на крајот правдата беше задоволена. Македонските фудбалери сосема заслужено стигнаа до реми против главниот фаворит во нашата група ...

Белгија во Скопје допатува како голем фаворит, но момците на Благоја Милевски се покажаа во одлично издание, создадоа повеќе шанси, искористија една од нив и дојдоа до бод. Алиоски е херојот на Македонија, тој даде гол во 87. минута за 1-1, а можеше да биде трагичар бидејќи во првото полувреме не погоди на празен гол. Белгија тргна офанзивно уште од самиот старт на натпреварот, се играше пред нашиот гол, но во воведните минути без големи шанси. ...

Фудбалската репрезентација на Македонија освои значаен бод одигрувајќи 1-1 против големиот фаворит Белгија, на стадионот „Тодор Проески“ во Скопје, во натпревар од квалификациите за Светското првенство 2026. Со ова реми, Македонија сега има пет бодови и се наоѓа на втората позиција во групата, зад Велс кој има седум, по победата од 3-0 над Лихтенштајн. Alioski | 🇲🇰 North Macedonia 1-1 Belgium 🇧🇪pic.twitter.com/ybXCENcAVI — Goals Xtra ...