Коалицијата „Вреди“ нема да побара од своето членство и симпатизерите, во вториот круг во Кичево да го поддржат кандидатот на ДУИ. По шпекулациите во некои медиуми дека партиите на Албанците се обединуваат по етничка линија во општините каде противкандидати се Македонец и Албанец, велат дека тие ги немаат гласовите в џеб за да можат да ги вадат по потреба. Потсетуваат и дека тие веќе побараа Фатмир Дехари да се повлече од изборната трка по ...

Само неколку дена по првиот круг гласање, кандидатот на Вреди за градоначалник на Тетово Биљал Касами најавува поддршка за кандидатите на ДУИ во Кичево во вториот круг од локалните избори, наспроти предизборниот договор со ВМРО ДПМНЕ за меѓусебна поддршка. Во гостување за албанска телевизија јавно потврди дека Вреди во вториот круг ќе го поддржи Фатмир Дехари ДУИ во Кичево, наместо кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Јовановски. Според Касами, ...

Кичево, Брвеница и Долнени ќе бидат поприште на етничка изборна битка во вториот круг на локалните избори на 2 ноември. Албанскиот политички блок нема дилема дека во трите општини НАИ предводена од ДУИ и Вреди меѓусебно ќе се поддржат, односно дека ќе гласаат за кандидатот Албанец, без оглед дали е од НАИ или е од Вреди. Ова, пак, ќе значи дека во трите општини докрај ќе биде неизвесно кој ќе победи ако се суди според резултатите од првиот ...