Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
Со ребалансот на буџетот се обезбедени финансиски средства за исплата на директното плаќање во земјоделството за 2025 година, со што Владата најавува дека ќе се затвори циклусот на заостанати обврски кон земјоделците за изминатите години. Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека целта е да се завршат исплатите на директното плаќање за периодот од 2021 до 2025 година и да се надмине состојбата со наталожените долгови и со неисполнетите ...
Иран продал нафта во вредност од 11,5 милијарди долари (10 милијарди евра) помеѓу 28 февруари, почетокот на војната, и 8 април, кога беше постигнат привремен прекин на огнот, соопшти денес иранското министерство за нафта. Помеѓу 8 април и 7 јули, кога непријателствата продолжија, продадена е нафта во вредност од 6,5 милијарди долари (5,7 милијарди евра), со што вкупната продажба на нафта за време на војната достигна 18 милијарди долари, ...
Граѓаните и компаниите во јуни оставиле повеќе пари во банките, а истовремено зеле и повеќе кредити. Според податоците за монетарните движења, паричната маса во земјава пораснала за 1,8 % во однос на претходниот месец, најмногу поради зголемените пари на сметките и краткорочните штедења. Во споредба со истиот период лани, во оптек има речиси 10 % повеќе пари. Порастот доаѓа од поголемите заштеди на граѓаните и фирмите, како и од зголемените ...
Од полноќ стапија на сила нови повисоки цени на горивата. Дизелот поскапува за 6 денари, бензините за 3, и покрај намалените акцизи. Од полноќ возачите во Македонија плаќаат значително повисоки цени за горивата. Според најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), бензините поскапуваат за три денари по литар, додека дизелот ќе чини шест денари повеќе. Новите максимални малопродажни цени се: Еуросупер БС-95 Еуросупер БС-98 ...
Компаниите во еврозоната очекуваат дека во следната година ќе ги зголемуваат продажните цени побавно и дека растот на платите на вработените ќе биде поумерен, покажува најновото истражување на Европската централна банка (ЕЦБ), чии резултати беа објавени во понеделник. Иако инфлацијата сè уште се движи околу три проценти поради високите цени на енергијата, истражувањето засега не покажува дека имало ширење на инфлаторни притисоци врз платите ...
Годишната стапка на инфлација во еврозоната во јуни 2026 година изнесувала 2,8 отсто, што е намалување во однос на 3,2 отсто регистрирани во мај, покажуваат податоците на Евростат. Сепак, инфлацијата останала повисока во споредба со јуни минатата година, кога изнесувала 2 отсто. Слично движење е забележано и на ниво на целата Европска Унија. Годишната инфлација се намалила од 3,3 отсто во мај на 2,9 отсто во јуни. Во истиот месец од 2025 ...
Европската централна банка (ЕЦБ), веројатно, нема да ги промени каматните стапки следната недела, а зголемувањето се очекува во септември, според анкетата на „Блумберг“ меѓу економистите. Сите учесници во анкетата очекуваат ЕЦБ да ги задржи трошоците за позајмување непроменети на состанокот следниот четврток, при што повеќето предвидуваат зголемување од 25 базични поени на депозитната стапка на 2,5 проценти во септември. Централната банка ...
Пензионерите во земјава со внимание го очекуваат септември, кога треба да се реализира новото законско усогласување на пензиите. За разлика од претходните линеарни покачувања, овојпат висината на зголемувањето ќе се утврдува според законската методологија и економските показатели, чии пресметки сè уште се во тек. Последното зголемување на пензиите беше спроведено преку линеарно покачување од 1, објави 4news.mk 000 денари за сите пензионери. ...
Годишната инфлација во Еврозоната се намали во јуни од мајските 3,2 проценти на 2,8 проценти, во согласност со претходната прелиминарна проценка, објави денес Евростат. Забавувањето на инфлацијата е првенствено резултат на послабиот скок на цените на енергијата, кои се зголемија за 8,5 проценти на годишна основа во јуни, значително побавно од растот од 10,8 проценти во мај. Во услужниот сектор на Еврозоната, растот на цените исто така забави ...
Комерцијална банка АД Скопје, преку платформата Zipp.club и иницијативата „Финансиска училница“, го одбележа Светскиот ден на вештините на младите. Од банката истакнуваат дека финансиските знаења и вештини се важни за носење правилни одлуки, поголема самостојност и сигурно градење на иднината. Преку едукативните активности, младите добиваат практични знаења што можат веднаш да ги применат, како и насоки за постепено постигнување финансиска ...
Во државата има околу 100 илјади лица евидентирани како невработени, но компаниите велат дека не може да најдат кадар што одговара на нивните потреби. Бизнис-заедницата ја поздравува новата мерка за субвенционирано вработување, но бара прочистување на евиденцијата на невработени и повеќе преквалификации за да се обезбеди работна сила што ќе одговори на потребите на стопанството. Бизнис-заедницата ја поздравува новата мерка поддршка за ...
Девизните резерви на Народната банка на Република Северна Македонија на крајот на јуни изнесувале 4,15 милијарди евра, што претставува раст од околу два отсто во споредба со истиот месец минатата година, кога изнесувале 4,07 милијарди евра. Сепак, на месечно ниво е забележано намалување. Во однос на мај, девизните резерви во јуни се намалиле за 4,4 отсто, покажуваат податоците на Народната банка. Вкупните меѓународни резерви на крајот на ...
Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска 9 јули 2026 година започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец јуни 2026 година. Kорисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство. Исто така, и ...
Бројот на вработените лица во земјава лани изнесувал 614.334, од кои 330.240 мажи, а 284.094 жени, објави Државниот завод за статистика. Во 2025 година, во однос на 2024 година, вкупниот број на вработените е речиси непроменет, односно бележи намалување од 0,1 отсто. Тоа е резултат, пред сѐ, на намалувањето на бројот на вработените во секторот преработувачка индустрија за 5,2 отсто. Од друга страна, пак, зголемување на бројот на вработените ...
Од полноќ стапија во сила нови, повисоки цени на горивата, откако Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на бензинот и дизелот. Корекцијата доаѓа во период на нестабилност на светските нафтени пазари, што повторно ќе се одрази врз трошоците на возачите и транспортниот сектор. Според најновата одлука на РКЕ, цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,50 денари по литар и ќе изнесува ...
Пазарот на криптовалути ја продолжи позитивната динамика, при што најголемите дигитални средства забележаа раст на вредноста во текот на денешното тргување. Најголемата криптовалута, биткоинот (Bitcoin), поскапе за 1,72 проценти и достигна цена од 62.631,5 долари. Позитивен тренд бележи и етерот (Ethereum), кој порасна за 2,56 проценти, достигнувајќи 1.763,74 долари. Меѓу водечките криптовалути, значителен раст оствари и BNB, чија вредност ...
Министерството за финансии на Северна Македонија на 7 јули ќе понуди едногодишни државни записи во вкупна вредност од 1,8 милијарди денари, односно околу 29,2 милиони евра, покажуваат податоците на Народната банка. Државните записи ќе доспеат на 7 јули 2027 година, а каматната стапка изнесува 4,1 отсто, се наведува во известувањето за аукцијата. Народната банка ќе ги продава државните хартии од вредност во име на Министерството за финансии, ...
Цената на златото падна под 4.000 долари за унца и е на добар пат за најлош квартален резултат во повеќе од една деценија, откако очекувањата за зголемување на каматните стапки во САД и намалувањето на интересот од малопродажните инвеститори предизвикаа нагло распродажба на пазарот. Во изминатите три месеци, вредноста на златото се намали за речиси 14 проценти, иако на почетокот на годината достигна рекорд од речиси 5.600 долари за унца, а ...
Пазарот на капитал бележи нови промени кај акционерите со значителни удели. Согласно Глава 6 од Правилата за котација на Македонската берза, „Алта банка“ АД Битола информираше дека нејзиниот акционер од Србија, АЛТА БАНКА АД БЕЛГРАД дополнително ја зацврсти својата позиција во сопственичката структура. Според официјалното соопштение, акционерот „АЛТА БАНКА“ АД Белград се стекнал со нови 40 обични акции. Со оваа последна трансакција, банката ...
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, денеска ќе потпише грант во вредност од 2 милиони долари со директорката на Светска Банка за Северна Македонија и Косово, Карол Межеван. Потпишувањето на грантот, како што информираат од МЗШВ, ќе се одржи во 12:00 часот во Свечена сала во Владата. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, денеска ќе потпише грант во вредност од 2 ...
Украина треба да добие дополнителни 3,39 милијарди долари помош од Светска банка, изјави украинската премиерка Јулија Свириденко денеска на Конференцијата за закрепнување на Украина, каде што се сретна со претседателот на Светска банка, Аџај Банга, јави ДПА. Од оваа сума 2,35 милијарди долари треба да бидат обезбедени како грантови за стабилизирање на Украина и нејзината економија, додека дополнителни 1,04 милијарди долари треба да му бидат ...
Комерцијална банка АД Скопје ги потсетува клиентите дека преку апликацијата мБанка можат да ги користат своите банкарски производи од кое било место и во кое било време. Услугата е достапна 24 часа на ден и овозможува целосно независно користење на банкарските услуги, без оглед на работното време на Банката. Од Комерцијална банка ги повикуваат корисниците да ја активираат мБанка и да добијат побрз и поедноставен пристап до своите банкарски ...
Македонија го заврши првиот квартал од годинава со значително повисок надворешен долг. За само три месеци обврските кон странство се зголемиле за 742 милиони евра, при што најголемиот дел од растот доаѓа од државното задолжување поврзано со новата еврообврзница. Според најновите податоци на Народната банка, на крајот на март годинава бруто надворешниот долг достигнал 12,94 милијарди евра, што претставува 70,5 проценти од проектираниот ...
Американската технолошка компанија „Оракл“ минатата година отпушти околу 21.000 работници. Според најновиот годишен извештај, намалувањето на работната сила за околу 13 проценти е директна последица од реструктуирањето на бизнисот и пренасочувањето на фокусот кон вештачката интелигенција (ВИ). Бројот на вработени во оваа компанија се намали од 162.000 на 141.000. Примената на технологиите за ВИ во нашите операции резултираше, и може да ...
Задолжувањата за фирмарина Град Скопје ги постави на својата интернет страница (ДАНОЦИ) – Износот за фирмарината во однос на претходната година е зголемен за 100% (од 4.000 денари на 8.000 денари) Градот Скопје на својата интернет страница во делот ДАНОЦИ ги објави на 15 јуни 2026 година новите задолжувања на фирмите (правни субјекти) за тнр. фирмарина (ТФ1 – Фирмарина – КТ за истакнат назив на деловна просторија). Задолжувањата за ...
Вкупните депозити во мај годинава се зголемени за 8,6 % на годишно ниво, додека вкупните кредити бележат раст од 13,4 %, покажуваат најновите податоци на Народната банка. Годишниот раст на депозитите произлегува од повисоките депозити кај двата сектори, при што поголем придонес има секторот домаќинства. Истовремено, кредитната активност продолжува да се засилува, а растот е поддржан од зголеменото кредитирање и на компаниите и на граѓаните, ...
Швајцарската национална банка (SNB) денес објави дека ја оставила клучната каматна стапка на нула проценти, додавајќи дека е подготвена да интервенира на девизниот пазар за да го стабилизира франкот. SNB, како дел од својата квартална проценка на монетарната политика, објави дека нејзината подготвеност да интервенира на девизниот пазар останува висока. Што значи камата од 0 проценти? Кога централната банка ја одржува каматната стапка на ...
Замислете да сте започнале да инвестирате пред 10 години. Веројатно би сакале денес да имате таква можност. Токму затоа едно од најчестите прашања што си го поставуваат луѓето е: „Кога е вистинското време да започнам со инвестирање?“ Одговорот е едноставен, нема совршена возраст. Секоја возраст носи свои предности. Но најголемата предност секогаш ја има времето. Без разлика дали сте во дваесеттите, триесеттите, четириесеттите или ...
Европската комисија објави нацрт-правила во март, предлагајќи скала за оценување од А до G за центрите за податоци врз основа на ефикасноста на енергијата и водата. Системот има за цел да поттикне поголема одржливост во индустријата која треба брзо да се прошири во текот на следната деценија, поттикната од зголемената побарувачка за вештачка интелигенција и услуги за cloud computing. Овие планови оттогаш се заглавени. Комисијата ја одложи ...
Преку кредитната линија позната како „унгарски кредит“ досега се пласирани 230 милиони евра за поддршка на домашните компании и претприемачи. Кредитите се со каматна стапка од 1,95 проценти, три години грејс-период и рок на отплата до 12 години, изјави премиерот Христијан Мицкоски. Според Мицкоски, овие средства ќе поттикнат нови инвестиции и развој на домашната економија. Тој посочи дека индустријата веќе бележи пораст од околу 7,5 проценти ...