Министерството за надворешни работи на Република Бугарија изразува длабоко сочувство до братскиот народ на Република Северна Македонија во врска со трагичниот инцидент во градот Кочани, во кој загинаа десетици луѓе, а многу други беа повредени, стои во официјалното соопштение на бугарското МНР по повод трагедијата во Кочани. Министерот за надворешни работи на Република Бугарија, Георг Георгиев, утрово оствари телефонски разговор со својот ...

По наредба на премиерот Росен Жељазков, авион Спартан на бугарското воено воздухопловство отпатува за Република Северна Македонија кој во бугарските болници ќе превезе пет лица тешко повредени во пожарот во градот Кочани, соопшти бугарската Влада. Во авионот патуваат бугарски медицински тимови, составени од лекари на интензивна нега и специјалисти за изгореници. Повредените ќе бидат примени на специјализирани одделенија за изгореници во ...

Во врска со трагичната несреќа што се случи утрово во Кочани, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија формираше кризен штаб кој редовно ја следи состојбата и координира со надлежните институции. „За сите информации, на располагање е дежурниот телефонски број 075/273-732. Министерството за надворешни работи и надворешна трговија со сите свои капацитети стои на располагање за секоја неопходна поддршка и помош“, велат од МНР. ...