Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Москва дека „игра со животите на украинските затвореници“ по смртоносната авионска несреќа во западна Русија. Тој бара меѓународна истрага по несреќата што се случи вчера во Белгородската област во близина на украинската граница. Од друга страна, Русија соопшти дека нема преживеани откако украинските сили го собориле авионот Ил-76 со 65 украински воени заробеници, шестмина руски членови на ...

„Економските мерки и политики на СДСМ создаваат услови за нови инвестиции, поволен деловен амбиент за инвеститорите и нови и подобро платени работни места. Потврда е влегувањето на македонскиот пазар на трговскиот ланец Лидл, препознатлив во регионот и светот по својот квалитет и цена“, соопшти СДСМ. „Со инвестиција од 80 милиони евра во изградба на современ логистички и дистрибутивен центар во индустриската зона во кумановска Речица, Лидл ...

„Се тресеше гората во Белата палата и на крајот ДПМНЕ за техничката влада понуди слаби и нестручни кадри. Дел од предложените кандидати за во техничката влада се лични пријатели на Христијан Мицкоски, дел се кадри од времето на Никола Груевски за кои има поднесено кривични пријави, дел се поранешни функционери во град Скопје, но ниту еден нема зад себе ниту еден резултат“, вели СДСМ. „Очигледно драмите околу техничката влада од страна на ...

„Оливер Спасовски после 8 години конечно заминува од позицијата министер за внатрешни работи. Спасовски освен што го уништи МВР, целосно ја загрози безбедноста на граѓаните, а неговото министерување беше проследено со стотици скандали за кои до ден денешен нема никаква разрешница“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. „Спасовски наместо да ги заштити граѓаните, ги штитеше криминалците и се фотографираше со нив. Спасовски наместо МВР да ја претвори во ...

Голден стејт Вориорс му оддадоа почит на покојниот Дејан Милојевиќ со интонирање на српската химна пред почетокот на натпреварот со Атланта. Секој играч на Вориорс носеше дрес со презимето на починатиот тренер. Голден стејт се вратија на домашен паркет за прв пат откако помошниот тренер на Вориорс почина минатата недела за време на вечерата во Солт Лејк Сити. Видеото на големото платно во салата покажа фотографии од Дејан, а публиката скандира ...

Триесет и тројца венецуелски офицери и војници се уапсени, понижени и протерани од вооружените сили поради наводен заговор против претседателот Николас Мадуро, се вели во соопштението на Министерството за одбрана. Во соопштението беа именувани генерал-мајор, двајца полковници, шест потполковници, девет мајори, двајца капетани, шест први потполковници и седум наредници. Тие би биле „вклучени во заговори преку планирање на криминални и ...

Пет хокеари од канадскиот јуниорски тим кој го освои златниот медал на Светското првенство во 2018 година се соочуваат со обвинувања за сексуална злоупотреба. Канадскиот весник „Глоуб и мејл“ вчера објави дека пет мажи се поврзани со наводен сексуален напад што се случил во јуни 2018 година и добиле наредба да се предадат на полицијата во Лондон, во канадската сојузна држава Онтарио. Во својот извештај, „Глоуб и Мејл“ не ги именуваа членовите ...

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со акциските контроли во областа на сообраќајот. „Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 179 мерки, меѓу кои 20 за непочитување на брзината на движење, 13 за возење без возачка дозвола, пет мерки за поминување на црвено светло на затворен семафор, 15 мерки за користење на мобилен телефон“, велат од МВР. Од таму додаваат дека сообраќајните контроли ...

Фудбалерите на Атетик Билбао се пласираа во полуфиналето на Купот на кралот. Во четвртфиналниот натпревар ја елиминираа Барселона на домашен терен со резултат 4:2 по 120 минути фудбал на „Сем Мамес“. Веќе во првиот напад екипата на Атлетик Билбао поведе кога Горка Гурузуета постигна гол. Барселона израмни во 26. минута кога Роберт Левандовски го постигна комичен гол, а пет минути подоцна суперталентираниот Ламин Јамал му донесе предност на ...

Северна Кореја денеска соопшти дека за прв пат тестирала нова стратешка крстосувачка ракета Пулвасал-3-31, како дел од нејзините „редовни и задолжителни“ активности за развој и надградба на својот вооружен систем. Ракетата наречена „Пулвасал-3-31“ моментално е во развој и пробното истрелување немало влијание врз безбедноста на соседните земји, соопшти Корејската централна новинска агенција (КЦНА), додавајќи дека нема „никаква врска“ со ...

Полициски службеници од Дел Вале, Калифорнија со хеликоптер префрлиле жена на безбедно, откако нејзиниот автомобил влетал во надојдена река, пишува Би-би-си. Жената преживеала откако се качила во нејзиниот автомобил и ја поминала ноќта таму додека следното утро не била забележана од луѓе кои кампувале во близина. Службите соопштија дека жената поминала 14 часа на покривот од својот автомобил. Таа била пренесена во локалната болница со полесни ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по суви коловози, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, ...

ВМРО-ДПМНЕ вечерва на седница на Извршниот комитет ги утврди кандидатите за министри и дополнителни заменици министри. Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски информираше за одлуките кои биле донесени на седницата на Извршниот комитет на партијата, а се однесуваат на предлозите за министри и заменици министри за техничката владата. На чело на Министерството за внатрешни работи е предложен Панче Тошковски, актуелен претседател на ...

Роберт Де Ниро постави изненадувачки нов рекорд на Оскарите откако номинациите за Оскарите 2024 година беа објавени во вчера, објави британски „Индипендент“. Целосната листа на филмови, актери и режисери кои се натпреваруваат за ценетата златна статуетка беше објавена за време на церемонијата во живо чии домаќини се Зази Бец и Џек Куејд во Лос Анџелес. Де Ниро (80) беше номиниран за најдобар спореден актер како признание за неговиот настап на ...

Македонскиот спортски новинар Горан Антевски на својот фејсбук профил го сподели своето искуство откако со часови остана заглавен на аеродромот во Хамбург чекајки лет кон Скопје преку компанијата Визер. „Со Визер ни на небо, ни на земја. Треба да леташ од Хамбург за Скопје, На инфотаблата на гејт пишува дека летот ќе доцни! На апликацијата на Визер вели дека ти си веќе во авион и леташ и навреме да стигнеш дома! Никој од патниците не добил ...

Војната во Украина, конфликтот на Блискиот исток, заладените односи меѓу Кина и Тајван, како и неодамнешните воздушни напади на САД и Велика Британија врз позициите на Хутите во Јемен го зголемија стравот дека Третата светска војна може да избие во наредниот период. Претседавачот на Воениот комитет на НАТО, адмирал Роб Бауер, минатата недела предупреди дека цивилите мора да се подготват за сеопфатна војна со Русија во следните 20 години и ...

Жељко Гргуриќ, момче родено 2008 година исчезна во Загреб. Жељко е висок 170 сантиметри, има кафена коса и очи. Во моментот на неговото исчезнување тој носел црни тренерки, црно-бела маица, црна јакна и бели патики, пишува Индекс. Преку Фејсбук апел за помош во потрагата испратила бабата на 15-годишното момче, која вели дека неодамна бил во Дуги Село со другарка кај негов познаник и дека бил виден како влегува во бело комбе против негова волја ...

Илјадници Индијци аплицираа за работа во Израел, барајќи да ги пополнат позициите што останаа испразнети откако Израел ги укина работните дозволи за Палестинците по нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври. Индијците на овој начин се обидуваат да ја искористат можноста да се вработат, што во нивната земја е оневозможено. Работничките синдикати и опозицијата го критикуваа планот на Индија да испрати работници во земја која практично е ...

Владеачката СДСМ денеска на собраниската Комисија за избор и именувања го повлече предлогот Љубомир Јовески да биде избран за судија во Уставниот суд. Јовески преку медиумите побара објаснување зошто му е нанесена штета бидејќи неговата кандидатура без никакво образложение за една минута било соопштено дека е повлечена, а причините за тоа, како што вели, ги нема. Кандидатурата на Јовевски за судија во Уставен суд, во Собрание чекаше повеќе од ...

Познатата пејачка Никол Шерцингер се прослави во групата „Пусикет долс“, чиј фронтмен беше таа. Иако денес важи за една од најубавите жени и има завидна кариера, нејзиниот живот порано беше далеку од бајка. Имено, таа во студентските денови живеела многу тешко и се занимавала со разни работи за да се издржува. Пеела опери во италијански ресторан, продавала шминка, па дури и дарувала крв за да собере пари. „Најсиромашна бев кога учев. Дадов крв ...

Зоран Ј.(41) од Смедерево, кој во неделата беше уапсен под сомнение дека го убил Игор Ивановиќ (37), откако претходно се дружеле и биле заедно на прослава, на денешното рочиште во Вишото јавно обвинителство во Смедерево, се бранел со молчење. Злосторството се случило на 22 јануари во куќата на осомничениот, а во врска со убиството со соопштение се огласи и Вишото јавно обвинителство Смедерево. „Осомничениот се товари дека во раните утрински ...

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска се обрати на панел-дискусијата „Инвестициите во инфраструктурата и во културата – траен влог за идните генерации“, рече дека со средствата за капитални дотации во културата за единиците на локалните самоуправи кои во последниве две години изнесуваат 90 милиони денари се потврдува посветеноста на Владата и на Министерството за култура за рамномерен културен развој на локалните самоуправи. ...

На денешната панел-дискусијата на која учествуваше министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, „Инвестициите во инфраструктурата и во културата – траен влог за идните генерации“, проф. д-р Весна Костовска од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ истакна дека со новиот Закон за употребата на македонскиот јазик низ конкретни и суштински чекори се потврдува вистинската и искрена заложба за заштитата на македонскиот јазик. ...

Голем руски воен транспортен авион Ил-76 се урна во регионот Белгород во Русија, кој граничи со Украина. Авионот се урнал во областа Корочански, јавија руските медиуми, без да ја прецизираат причината за падот. На социјалните мрежи се појави и видео од падот на кое се гледа како авионот наеднаш губи висина, а потоа експлодира. Руското Министерство за одбрана соопшти дека во авионот имало 65 украински воени заробеници, од кои сите загинале во ...

Еден вид чоколада на Ритер спорт е повлечена од продажба бидејќи лешниците не се наведени како алерген на хрватската декларација, соопштуваат од Државниот инспекторат на Хрватска. Државниот инспекторат информира дека производот Ритер Спорт чоколадна коцка ирваси 83 грама, се повлекува бидејќи во хрватската декларација не е наведен лешникот како алерген. Поради фактот што алергенот не е означен, производот може да претставува ризик за здравјето ...

На површина од 63.000 метри квадратни метри и со очекувано вработување на над 150 лица, Општина Куманово ја доби до сега најголемата инвестиција која ќе се реализира во индустриската зона во Куманово, логистички центар на Лидл. За градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, ова претставува развој на Куманово и индустриската зона Речицa, но и на североисточниот плански регион на Македонија „Јас денеска како градоначалник сум ...

Домаќинот на Африканскиот куп (КАН), Брегот на Слоновата оска се уште има теоретски шанси да мине меѓу 16-те најдобри селекции на турнирот. И покрај тоа Фудбалскиот сојуз на оваа земја му врачи отказ на селекторот. Брегот на Слоновата Коска го отвори турнирот со победа против Гвинеја Бисао (2:0), но тоа се покажа како единствениот натпревар на кој тимот постигна голови и освои бодови. Следуваше пораз од Нигерија (1:0), а потоа катастрофа од ...

На 24 јануари, рускиот голем воен товарен авион Ил-76 се урна во регионот на Белгород. Пилотот успеал да го однесе падот Ил-76 од куќите во село Јаблоново, таблата паднала во нива. Руското Министерство за одбрана брзо го потврди инцидентот, откривајќи дека авионот превезувал десетици украински воени заробеници, кои треба да бидат разменети на границата. Руското Министерство за одбрана објави: ИЛ-76 се урна околу 11.00 часот по московско време во ...

Магомед Зајналов, ММА борец од Дагестан паднал од десетти кат во зграда во Ростов. Како што пренесуваат руските медиуми, Зајналов паднал од прозорецот на зградата и паднал од десетти кат на улица. Локалните медиуми објавија дека само еден ден по несреќата, овој борец успеал да се разбуди од кома. Популярный боец поп-ММА Магомед «ВЕНОМ» Зайналов выпал с 10 ЭТАЖА! ..сейчас он находится в реанимации.. UPD: у него переломаны ноги и таз, сообщает ...

„Sport Life“ обложувалници, ја заокружија годината со резимирање на резултатите од работењето и воедно ги претставија своите највредни и најуспешни вработени во изминатата 2023 година. Вкупно 52-ца вработени од најразлични сектори, беа прогласени за најдобри и беа наградени со еднократен износ од 200 евра за својот успех и залагање во минатата година. „Секоја година го прославуваме успехот и професионалното работење на своите вработени, и ги ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
72%
1015
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
2.57
78%
1015
weather icon

Загреб

16ᴼ / 13ᴼ
2.06
72%
1016
weather icon

Софија

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
71%
1015
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
1.93
74%
1015
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 13ᴼ
4.63
86%
1016
weather icon

Атина

21ᴼ / 19ᴼ
6.69
51%
1012
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
2.06
72%
1013
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
0.0
68%
1013
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 13ᴼ
3.6
76%
1015
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 17ᴼ
2.57
67%
1015
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
6.69
82%
1015
Currency

61.535

Currency

53.5268

Currency

71.8162

Currency

34.3766

Currency

38.9421

Currency

65.6811

Currency

7.35715

Currency

0.65988

Currency

0.38012

Currency

0.52161

Currency

1.4063

Currency

0.63136

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1051.34

Злато

111305.26

Бакар

9.55

Паладиум

29803.74

Платина

30837.68

Родиум

173614.03

Цинк

2.52