Денес и утре во организација на Царинската управа и со поддршка на Царинската и даночна служба на Обединетото Кралство се одржува јубилејниот 10-ти неформален регионален состанок на кој учествуваат директори и високи претставници на Царинските управи од Западен Балкан, како и претставници од Британското министерство за надворешни работи – канцеларија за меѓународни операции и EXBS. Главната тема на оваа средба е подобрување на регионалната ...

Повеќе од половина од Европејците, 53 отсто, користат лекови против болки „сами“ барем еднаш месечно. Секој петти Европеец ги зема барем еднаш неделно, а по нив секојдневно посегнуваат дури 7 отсто, предупредува Health Research на компанијата Штада. Самолекувањето со кој било лек може да биде фатално, а многу загрижува фактот што Европејците лесно посегнуваат по лекови против болки кои во некои земји може да се купат дури и на самопослужување. ...

Претседателот на УЕФА, Александар Чеферин изјави дека Европската фудбалска унија со право го казнила Манчестер сити за кршење на правилата за финансискиот фер-плеј. Во февруари 2020 година, УЕФА го казни Манчестер сити со 30 милиони евра и две годишна суспензија од европските купови. Меѓутоа, во јули истата година, Спортскиот суд во Лозана ја укина таа суспензија поради недостиг на докази и застареност на случајот и му наложи на Манчестер сити ...

Нападите на Соединетите Американски Држави врз позициите на ирачката армија ќе доведат до „неодговорна ескалација“ и ќе го нарушат суверенитетот на земјата, се вели во денешното соопштение од кабинетот на ирачкиот премиер Мухамед Шија Ал Судани. Вчера, САД извршија напади врз три објекти поврзани со милицијата поддржана од Иран, објави Пентагон. Ирак ќе ги смета таквите операции за „агресивни дејствија“ кои ја поткопуваат долгогодишната ...

На пазарот Хеко во Сараево денеска избувна пожар кој пожарникарите на Професионалната противпожарна бригада (ПВБ) на кантонот Сараево се уште не успеале да го изгаснат, пишува „Кликс“. Како што изјавија за „Кликс“ од Професионалната противпожарна бригада на кантонот Сараево, веднаш по пријавувањето на пожарот, на местото на настанот се испратени две противпожарни возила. „Пожарникарите многу брзо го локализираа пожарот, а сега се работи на ...

Денес СДСМ ја повлече кандидатурата на Љубомир Јовески за уставен судија, објави пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, опишувајќи го како главниот политички егзекутор, слепиот послушник и заштитникот на криминалот на власта во изминатите 6 години. Тој си ја заврши работата, а штета за тоа претрпе најмногу македонското судство, па сега СДСМ глумејќи одговорна партија се откажа од Јовески, вели Стојаноска. „Љубомир Јовески повеќе не е ...

Постојат сериозни сомнежи дека парите од грантот од 620.000 евра кои го имаат добиено сопругите на директорот на АР Еролд Муслиу и на вицепремиерот во Владата Битиќи се злоупотребувани, обвини пратеникот Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ. Партијата постави неколку прашања до институциите: „1 Дали Конзорциумот во кој главна е сопругата на директорот на АР, има поднесено извештај до Владата како се потрошени средствата од грантот добиен со сериозни ...

Ковачевски упорно прашува каде во светот има пример техничка влада да не биде поддржана од опозицијата, иако тие не гласаа во 2016 година, изјави пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова. Како што рече, никаде во светот нема пример, премиер да е човек како Талат Џафери од ДУИ, но има пример каде техничката влада не била поддржана од опозицијата. „Во 2016. година, Владата беше изгласана, без за неа да гласаат пратениците од СДС, тогаш немаа ...

Оваа година е година на одлука. Одлука за европски напредок со СДСМ или изолација со ДПМНЕ, изјави на прес-конференција, портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска. „Пред 4 години граѓаните донеса одлука. Резултатите од таа одлука ги гледаме денеска. За само неколку години со СДСМ државата направи историски изчекори, прво со членството во НАТО а потоа и со почетокот на преговорите со ЕУ после 17 години чекање. Демократијата повторно живее во ...

Утринава пристигна пријава до ЗНМ од страна новинарска екипа на телевизија Алсат која била спречена да го следи протестот во општина Чашка пред ОУ „Тодор Јанев“ против воведување паралелка на албански јазик во училиштето. Откако колегата Авни Тахири и снимателот Новица Апостолоски пристигнале пред општината, дел од луѓето што протестираат им забраниле пристап и влез во општината и почнале вербално да ги напаѓаат, притоа пробале и физички да ја ...

Имајќи ја предвид специфичноста на избор на техничка влада како продукт на Пржинскиот договор, секако роковите се скратени од редовните за постапување во вакви ситуации, кажа денеска претседателот на Собранието, Талат Џафери. Тој истакна дека во претходна координација и во согласност со премиерот се определени рамковните рокови. „Договоривме дека од утре настапуваат роковите за поднесување оставки и за отворање на пат за одржување на седница ...

На 43-годишна возраст, Рохан Бопана стана светски рекет број 1 во двојки за прв пат во својата кариера. Индиецот до овој успех стигна откако се пласираше во полуфиналето на Австралија опен со Австралиецот Метју Ебден. Со тоа Бопана стана најстариот број 1 во историјата на АТП листата во конкуренција на двојки. Далеку зад себе го остави досегашниот рекордер Раџив Рам, кој беше прв на 38-годишна возраст. Интересно е што Бопана е четвртиот ...

Во декемвриските сметки за струја граѓаните веќе го имаат надоместокот од 200 денари за мрежарина но истиот надоместок ќе биде тргнат во месец јануари, информираше првиот човек на РКЕ Марко Бислимоски. Според Бислимоски, во јануарските сметки кои граѓаните ќе ги добијат во месец февруари ќе го нема тој надоместок, за да се тргнат сите сомнежи дека тоа е екстра давачка или профит за некого. „Го правиме ова за да ги убедиме сите, дека новиот ...

Премиерот Димитар Ковачевски заедно со министерот за финансии, Фатмир Бесими денеска остварија средба со директорката на Светска банка за Западен Балкан, Шиаочин Ју и директорот на Канцеларијата на Светска банка за Северна Македонија и Косово, Масимилијано Паолучи. На средбата се разговараше за новата Рамка за партнерство со Светска банка со која Република Северна Македонија во наредните четири години ќе има на располагање 695 милиони ...

На Меѓународниот ден на образованието, претставничката на УНИЦЕФ, Патриција Ди Џовани истакнува дополнителни докази за потребата од натпартиски заложби за реформи на образованието во земјата. Квалитетното образование, вели таа, е клучен двигател на економскиот раст и развој и го забрзува остварувањето на сите човекови права. Образованието овозможува стекнување на потребните вештини и знаења, за да може, по завршувањето, учениците да се вклучат ...

Минатата година ја заокруживме со 135 проекти во општините и во планските региони, финансирани од буџетските програми за рамномерен регионален развој и за намалување на диспаритетите во вредност од над 14 милиони евра. Го финализиравме и ИПА 2 програмскиот период во кој се финансирани 192 проекти за прекугранична соработка во вредност од 60 милиони евра од Европската Унија, а националното кофинансирање од 9 милиони евра го обезбедивме од ...

Немања Матиќ ќе стане нов фудбалер на Бешикташ од Истанбул, пренесуваат турските медиуми. Според овие извори неколкудневните преговори меѓу Рен и Бешикташ завршиле успешно. Матиќ во петок ќе пристигне во Истанбул каде треба да потпише 18-месечен договор. Матиќ има договор со Рен до 2025 година, но откако објави дека сака да замине неколку клубови покажаа интерес. Рен за француските клубови постави оштета од пет милиони евра, но е подготвен да ...

Сојузот на синдикатите на Македонија како единствената класна и работничка организација која опстојува од 1946 година денеска се соочува со најголемиот напад за егзистирањето на ССМ, вели претседателот на сојузот, Слободан Трендафилов. „Поради се што правевме во минатото, организирањето на протестите штрајковите, борбата за подобрување на работничките права, борба за зголемување на платата на работниците, очигледно беше кнедла во грлото на ...

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ј.А.(60) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „давање поткуп“. При сообраќајна контрола извршена на улицата „Магистрален пат“ во Кичево, полициските службеници сопреле товарно возило „Мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, што пријавениот го управувал. Притоа, тој на полициските службеници, во сообраќајните документи им оставил пари со цел да не преземаат службени ...

Полициската станица за безбедност во сообраќајот на патиштата Охрид, известува дека, од денеска на сила ќе биде посебен режим во сообраќајот на булеварите „Туристичка“ и „Асном“ во Охрид. Поради значителните оштетувања на коловозите на овие сообраќајници, предизвикани од дефект на водоводна мрежа, ќе нема можност за нормално одвивање на сообраќајот по булеварот „Туристичка“ од крстосница со „Асном“ до улицата „Јане Сандански“ и крстосницата на ...

Менаџерот на Челзи, Маурисио Покетино, изјави дека очајнички посакува да го освои првиот трофеј во англискиот фудбал. Челси ќе се бори за трофејот во Лига купот, откако со вкупен резултат 6:1 го порази Мидлсброу. . „Очајно сакам да освојам трофеј овде. За една и пол година во ПСЖ освоив три трофеи, сега сакам еден во Англија. Очајно сакам да победам, се разбира“, изјави Покетино, пренесе Би-Би-Си. Челзи во финалето на 25 февруари на Вембли ќе ...

Неми од шок и неверување што по втор пат за две години избувна пожар во кинескиот трговски центар во Нов Белград, кинеските граѓани, сопствениците на продавници се обидуваат на секој начин да ја спасат робата. Некои од нив влегоа во делот што гореше минатиот пат спасуваа се’ што може да се спаси. Како што јавува репортерот на „Блиц“ од местото на настанот, во овој дел од трговскиот центар се шири густ чад, а пожарникарите на секој начин се ...

До политичката партија Левица од страна на загрижени граѓани пристигнаа информации дека на јавна институција, државен инспекторат истакнато е само албанското знаме, без државното знаме, информираат од оваа партија. „Иако овој иредентистички чин на сецесионистот Билал Касами е во директна спротивност со Уставот и Законот за употреба на знамињата на заедниците, јавноста со години е сведок како институциите не постапуваат пред ваквото флагрантно ...

Во судир на брз воз и камион на истокот на Чешка загинал машиновозачот, а неколку луѓе се повредени, соопштија денеска локалните власти. Железничката управа соопшти дека машиновозачот загинал, а 15 лица се повредени. Од полицијата наведуваат дека, според првичните информации, повредени се повеќе од десетина лица. Несреќата се случила рано утринава, кога брз воз кој се движел кон Прага удрил во камион на железнички премин во близина на градот ...

Да се биде дел од ЕУ не е само престиж, тоа е постојана поддршка, пред сè, финансиска и материјална. Членството во Унијата нуди низа на придобивки за целиот земјоделски сектор, најпрво со тоа што им овозможува на земјоделците пристап до интегриран пазар од 500 милиони потрошувачи, а македонскиот домат, пиперка, македонското вино и сите останати производи без пречки ќе се движат кон супермаркетите во земјите-членки на Европската Унија. ...

Слободните денови од зимскиот распуст за учениците беа искористени за нови подготвителни активности за младите шахисти на ШК Алкалоид. Согласно проценките на тренерите беа формирани четири групи со играчи кои се сметаат како напредни во своите генерациски класи. Клупските простории во центарот на Скопје беа локацијата за одржување на зимските кампови. Предавачи беа лиценцираните ФИДЕ тренери, велемајсторите Трајко Недев, Звонко Станојоски, ...

По „Има љубов во нас”, следува втор сингл од најновиот 4-ти студиски албум во најава, со наслов „Ќе ме сакаш ли?“. „Нашата ментална опсесивност да го загарантираме и она што е невозможно да се гарантира е поривот за оваа песна. Љубовта се живее, не се планира, а најмалку се гарантира. Љуби, живеј!“, вели Дани. „Ќе ме сакаш ли?“ е симпатичен приказ на човечката опсесивна потреба за сигурност, барањето гаранција од друг човек за вечна љубов. ...

На големата сцена во Македонскиот народен театар на 15 март 2024 година со почеток во 20:00 часот ќе гостува монобајката „Презимето на розата“, во изведба и режија на Оливера Балашевиќ. „Презимето на розата“ е автентична драма на театарот на исповеди, која ја води публиката низ сеќавањата на авторката на книгата „Планета двориште“. Низ очите на девојчето кое е пораснато покрај брегот на Бегеј, патот на сеќавањето води од детството полно со ...

· Одржлива мобилност: нов SUV за зголемување на гамата на електрични модели на Opel. · Фокусирани на иднината: од страна на Opel, новиот модел наречен Frontera ќе биде претставен подоцна оваа година. Руселсхајм. Opel го најави враќањето на името Frontera во 2024 година и тоа на целосно новиот SUV модел на брендот. Новата Frontera, која ќе биде претставена подоцна оваа година, ќе биде забавен автомобил со паметни функционални карактеристики. Ќе ...

Украинското Министерство за одбрана пред десет дена објави видео на кое се гледа како „Бредли“ уништува руски тенк Т-90. „Бредли“ е моќно оклопно возило од американско производство, а САД во неколку наврати за време на војната ги испраќаа во Украина. Видеото подоцна се прошири на социјалните мрежи, но во меѓувреме се знаеше само дека модерен руски тенк Т-90 е уништен од страна на украинската 47 механизирана бригада. Украинскиот министер за ...

weather icon

Скопје

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
77%
1016
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
2.57
79%
1014
weather icon

Загреб

16ᴼ / 13ᴼ
2.06
72%
1015
weather icon

Софија

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
71%
1015
weather icon

Сараево

15ᴼ / 15ᴼ
1.79
79%
1014
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 13ᴼ
4.63
87%
1016
weather icon

Атина

21ᴼ / 17ᴼ
6.69
54%
1011
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
72%
1013
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
0.0
68%
1013
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 13ᴼ
3.6
76%
1014
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 16ᴼ
2.24
67%
1015
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
6.69
82%
1015
Currency

61.535

Currency

53.5268

Currency

71.8162

Currency

34.3766

Currency

38.9421

Currency

65.6811

Currency

7.35715

Currency

0.65988

Currency

0.38012

Currency

0.52161

Currency

1.4063

Currency

0.63136

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1051.34

Злато

111305.26

Бакар

9.55

Паладиум

29803.74

Платина

30837.68

Родиум

173614.03

Цинк

2.52