
Скопје
15ᴼ /
15ᴼ



(24.01.2024 година) – Лидл денеска ја претстави својата најголема инвестиција во Северна Македонија, логистичкиот центар во близина на Куманово. Ова досега е највредна инвестиција на Лидл во земјава со вкупна вредност од 80 милиони евра, којашто ќе отвори повеќе од 150 работни места. Според планот на компанијата изградбата на логистичкиот центар да започне во следниот период, додека во моментов се одвива тендерската фаза за избор на генерален ...
Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз не успеа да се пласира во полуфиналето на Австралија опен, што значи дека нема шанси по завршувањето на првиот грен слем во сезоната да се врати на првото место на АТП листата. Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ ќе остане на првото место и по завршувањето на Австралија опен. Ѓоковиќ ќе биде број 1 сигурно до 19 февруари. Тоа значи дека Новак ќе има 412 загарантирани недели на чело на АТП листата. Шпанецот ...
Полицијата трага по двајца малолетници, згрижени во јавни установи. „На 23.01.2024 во Полициската станица Чаир, од Јавната установа за згрижување деца било пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник Б.П.(17), кој и претходно се оддалечувал и бил враќан“, велат од МВР. „На 23.01.2024 во 04.00 часот во Полициската станица Гази Баба, од СОС Детско Село, било пријавено дека од установата се оддалечил нивниот штитеник Л.З.(17), кој ...
Уставните судии на денешната седница дискутираа по два предмети по поднесени иницијативи за оценување на уставност и законитост. Уставниот суд одлучи да поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на Одлука за усвојување на урбанистички план за село Маврово со детална разработка на дел од Урбан блок 5 и дел од урбан блок 7 објавен во службен гласник за општина Маврово и Ростуше донесена на ден 26.02.2015 година. Како што е ...
Во полициска станица, во присуство на родител, претставник на центарот за социјални работи и адвокат, бил извршен службен разговор со малолетник од Скопје. Тој се сомничи дека на 23.01.2024 околу 17.00 часот на подрачјето на Кисела Вода, со употреба на пиротехнички средства, предизвикал пожар во куќа сопственост на Б.Т.(70) од Скопје. Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. По ...
По неполна година откако е отворено jавното претпријатие, останаа ветер и магла ветувањата за хуман третман на бездомните кучиња од Струмица, а се по видливи и пострашни доказите дека таму се случува терор врз животните, велат од здружението Анима Мунди. „По бројните сведоштва и докази дури и од вработен персонал, фотографии и снимки, градоначалникот Костадинов и директорката на претпријатието мува не ги лази за си тераат и молчат, а ставот на ...
Александар Зверев ја комплетираше листата на полуфиналисти на Австралија опен. Зверев во четвртфиналето го победи Карлос Алкараз со 3:1 (6:1, 6:3, 6:7, 6:4), за нешто повеќе од три часа игра. Зверев прв пат во кариерата на грен слем турнир успеа да победи Топ 5 играч. До финишот на третиот сет Германецот буквално го збриша својот противник. По два брејка во првиот и вториот сет му беа доволни да дојде до 2:0 во сетови за само 70 минути игра. ...
Познатиот чилеански фудбалер Артуро Видал (36) се врати во клубот во кој ја започна кариерата, Коло-Коло. Видал во Коло-Коло, во 2005 година ја започна својата професионална кариера која го однесе во Баер Леверкузен, Јувентус, Баерн, Барселона, Интер, Фламенго и Атлетико Паранаенсе. Тој имаше четиримесечен договор со Паранаенсе, а кога му истече тој договор се врати во својот клуб. Видал четири пати беше шампион на Италија со Јувентус, еднаш ...
Унгарскиот премиер Виктор Орбан на „Икс“ објави дека му рекол на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг во телефонски разговор дека унгарската влада го поддржува членството на Шведска во НАТО. „Потврдив дека унгарската влада го поддржува членството на Шведска во НАТО“, објави Орбан. Унгарскиот премиер додаде дека му рекол на Столтенберг дека ќе продолжи да го повикува унгарскиот парламент да гласа за влез на Шведска во НАТО и да ја ...
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска присуствуваше на одбележувањето на подготвителните активности за изградба на Лидл логистички и дистрибутивен центар во Северна Македонија во индустриската зона Речица во близина на Куманово, каде имаше и свое обраќање. „Северна Македонија официјално станува дел од големото семејство на познатиот трговски ланец Лидл, кој е препознатлив во регионот и пошироко по ...
Инвестициите во инфраструктурата и културата се траен влог за идните генерации, беше заклучено на денешната панел дискусија посветена на инвестициите во овие два сектори во рамки на годишната конференција „Година на европски можности”. На панел дискусијата покрај министрите за транспорт и врски и култура, Благој Бочварски и Бисера Костадиновска Стојчевска, учество земаа и Ејуп Рустеми, директор на ЈП за државни патишта, Зоран Трифуновски, ...
Македонскиот дипломатски синдикат повторно во една недела најостро реагира против „растечкиот тренд на разбивање на професионалноста и внатрешните регулативи во Министерството за надворешни работи“. „По скандалозните именувања на партиски кадри во текот на минатата недела на клучни позиции во дипломатската мрежа, денес се соочуваме со нов „дипломатски бисер“. Имено, за Генерален конзул во Мелбурн се предлага целосно анонимна личност, на која ...
Столе Димитриевски во наредните денови ќе го прдолжи договорот со Рајо Ваљекано, тврди „Ел Чирингито“. Актуелниот договор на македонскиот репрезентативец со клубот од „Ваљекас“ истекува на крајот од сезоната. Дидејќи влезе во последните шест месеци од договорот со Рајо Ваљекано, неколку лубови покажаа интерес да го донесат Македонецот како слободен играч. Најчесто тој се поврзуваше со Севилја. Сепак тоа нема да се случи и тој ќе остане во ...
Цената на струјата е субвенционирана со 84 отсто, а не со 91, вели вицепремиерот Фатмир Битиќи кој порача дека ЕВН треба да ја смени табелата. „Пресметките тоа што го глеаме на сметките е математичка корекција, затоа што таа не е реалната пресметка, таму е дадено само во делот како би изгледало субвенционирањето. Мислам дека ЕВН би требало да ја смени табелата, но во овој момент укажувам дека цената на електричната енергија е субвенционирана ...
Премиерот Димитар Ковачевски кажа дека фрлил доволно лопати за време на двегодишниот мандат, во време на најголема светска криза, во одговор за новинарско прашање. „Во време на најкризната година, 2023 година имаме двојно поголеми директни странски инвестиции од 2016 година. Двојно повеќе од некои што работеле во време кога немало никаква криза“, кажа Ковачевски. Во однос на прес-конференцијата на ССМ за Работничкиот дом кој со одлука на ...
Министерството за труд и социјална политика информира дека финансиската помош за месец јануари согласно Законот за финансиска поддршка е исплатена. Во оваа група на исплати спаѓаат корисници на посебен додаток, корисници на правото на надоместок заради попреченост, самохрани родители, кои се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош и корисници на право на пензија во висина до 19.000 денари. Финансиската поддршка за корисниците ...
Атлетико Мадрид се засили со романскиот голман Хорациу Молдован (26). Тој потпиша тригодишен договор, а Атлетико на неговиот клуб Рапид Букурешт му плати 800.000 евра. Голманот кој има осун настапи за националниот тим на Романија, сезонава за Рапд бранеше во 22 натпревари, 10 пати успеа да ја сочува својата мрежа. Трансферот на Модован на „Метрополитано“, значи дека Атлетико ќе го напушти Хрватот Иво Грбиќ. Грбиќ (28), според медиумите во ...
Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити утрово беше во посета на Општата болница Велес по повод набавка на нова медицинска опрема за установата. „Денеска сме во посета на Општата болница во Велес по повод набавка на нова медицинска опрема. Станува збор за нов апарат за анестезија набавен од Министерството за здравство во вредност од 4 милиони денари. Овој апарат којшто веќе е поставен во операционата сала е потребен за подобро функционирање ...
Развојот и модернизацијата на Армијата, трансформацијата на полицијата како и европската интеграција на земјата која е и клучно безбедносно прашање беа темите на кои на денешниот втор ден од годишната конференција „Година на европски можности“ во вториот панел „Република Северна Македонија – безбедна членка на НАТО со европска иднина“, дискутираа министерката за одбрана Славјанка Петровска и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. На ...
Германските машиновозачи утринава повторно го прекинаа железничкиот сообраќај барајќи пократко работно време и повисоки плати и започнаа шестдневен штрајк кој може да чини и до 100 милиони евра дневно. Конфликтот меѓу Германските железници (Дојче Бан, ДБ) и Синдикатот на машиновозачите (ГДЛ) ќе го запре патничкиот сообраќај од денеска до понеделник навечер. Ова би требало да биде најдолгиот штрајк во историјата на германските железници. ...
Руската дума, Долниот дом на парламентот, денеска во прво читање го усвои предлог-законот за конфискација на имот на лица осудени за различни кривични дела, вклучително и „намерно ширење лажни информации“ за руската армија. Мерката ќе важи за сите кои ќе бидат прогласени за виновни за „дискредитација“ на вооружените сили, повикување на санкции против Русија или поттикнување екстремистички активности. Предлог-законот е усвоен во првото од трите ...
Папата Франциско денеска упати нов повик за крај на сите војни, евоцирајќи го ужасот од масовните убиства на Евреите и другите жртви на нацизмот пред Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на холокаустот, кој се слави во сабота. „Сеќавањето и осудувањето на тоа страшно истребување на милиони луѓе може да им помогне на сите да не заборават дека логиката на омраза и насилство никогаш не може да се оправда“, рече Папата на неделната аудиенција. ...
24-часовниот штрајк на вработените во јавниот транспорт, кој го свикаа синдикатите на локално ниво, денеска го прекина сообраќајот на автобуси, метро и трамвај во повеќе италијански градови. Во Милано, работи само централниот дел од линијата два, на миланското метро, помеѓу станиците Абијатеграсо и Кашина Гоба, објави „Анса“. Синдикатите изјавија дека штрајкуваат, меѓу другото, поради платите, застапеноста на преговорите за обновување на ...
Северна Кореја истрела неколку крстосувачки ракети кон отворено море, соопшти јужнокорејската војска. Ракетите биле забележани утринава и паднале во морето меѓу Корејскиот полуостров и Кина, соопшти Генералниот штаб во Сеул. Деталите се уште се анализираат во соработка со САД. Северна Кореја, самопрогласена нуклеарна сила, е предмет на меѓународни санкции поради нејзиното нуклеарно оружје и ракетна програма. За разлика од балистичките ракети, ...
Главниот политички егзекутор, слепиот послушник и најревносниот заштитник на криминалот на власта во изминативе 6 години, Љубомир Јовески, денес СДСМ го „пушти низ вода“, напиша на социјанлните мрежи Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. „По 2 и пол години и 25 продолженија на матичната Комисија во Собранието, по еклатантно кршење и газење на Деловникот, власта сега се откажува од Јовески. Но да не се лажеме, СДСМ ...
Џордан Тиодор по пауза од шест години повторно ќе игра во Евролигата. Поранешниот македонски репрезентативец потпиша договор со Басконија. Тиодор во Басконија дојде како замена за повредениот плејмејкер Крис Чиоза. Неколку натпревари шпанскиот тим на плејмејкерската позиција го имаше само Коди Милер Мекинтаер. Џордан Тиодор е искусен бек, но прашање е како ќе се снајде во Евролигата, бидејќи во кариерата најчесто играше во Еврокупот и Лигата ...
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска заедно со амбасадорот на Народна Република Кина, Џанг Ѕуо го одбележаа официјалното отпочнување на функционирањето на доградбата во градинката „Димче Мирчев“ во Општина Велес со која се обезбедува нови 75 места за деца во предучилишната јавна установа. Воедно на посетата беше промовирана и сензорна соба, реализирана со поддршката на амбасадата. „Ги проширивме капацитетите на ...
Град Скопје продолжува со трета фаза за реализација на стратешкиот проект од програмата „За модерно Скопје“ за испитување и студија за магистралните водоводни цевководи. Со изработката на стратешката студија, како што информираат, се добива дијагностика и утврдување на состојбата на двата постоечки челични водоводни цевководи, со димензија Ф1600, за прв пат од нивната изградба. Во третата фаза се анализира состојбата на самите цевки во нивниот ...
Земјите од Западен Балкан кои стагнираат со реформи, не напредуваат на патот кон ЕУ и не ја усогласуваат својата надворешна и безбедносна политика со политиките на ЕУ, нема да можат да добијат пари од новиот Фонд за реформи и раст на Западен Балкан, изјави претседателот на Комитетот за надворешни работи, Дејвид Мекалистер. Тој ова го рече на заедничката седница на Комисијата за надворешни работи и Комисијата за буџет на Европскиот парламент, ...
Голем руски воен транспортен авион Ил-76 се урна во регионот Белгород во Русија, кој граничи со Украина. Авионот се урнал во областа Корочански, јавија руските медиуми, без да ја прецизираат причината за падот. На социјалните мрежи се појави видео од падот на кое се гледа како авионот наеднаш ја губи висината, а потоа експлодира. Руското Министерство за одбрана соопшти дека во авионот имало 65 украински воени заробеници, од кои сите загинале ...