Денеска премиерот Димитар Ковачевски лично ја поднесе оставката до Собранието, со што во оставка е целата Влада до изборот на техничката во недела на 28 јануари. „Денеска, како што кажав, ќе го направам тоа што е според закон предвидено. Мојата оставка е потпишана, сега ќе ја однесам во архивата. Ќе се видиме со претседателот на Собранието, ќе му посакам успешна процедура до недела, а потоа и успешен негов избор за технички премиер на ...

Џон Мекинро, поранешниот светски рекет број еден, а сега стручен коментатор на Еуроспорт, даде кратко интервју за хрватскиот Индекс, во кое најмногу зборуваше за Новак Ѓоковиќ. „Луѓето можат да го мразат или сакаат, но за мене тој е еден од најголемите, не тенисери, туку спортисти во историјата. Има неверојатни физички предиспозиции, а ментално подготвени спортисти како него имаше многу, многу малку. Желбата за победа, интензитетот во неговата ...

Норвешката министерка за борба против плагијати, Сандра Бор, поднесе оставка по минатонеделните извештаи дека копирала делови од магистерскиот труд пред една деценија. Бор, норвешката министерка за истражување и високо образование, на прес-конференција призна дека делови од нејзиниот магистерски труд биле плагијати откако наводите се појавија на интернет, објави политико.еу. „Кога го напишав магистерскиот труд пред десет години, направив ...

Во рамки на понатамошната истрага што ја спроведуваат БИА и ВЈТ Јагодина во врска со случајот со Д.Р., осомничен за шпионирање за албанската разузнавачка служба ШИШ и т.н. Косовската разузнавачка агенција А.Д., државјанин на Србија, е приведен во Нови Пазар. „А. „Д. е осомничен дека бил член на разузнавачката мрежа организирана од Д.Р на територијата на Србија и дека по негова наредба собирал релевантни податоци и информации за потребите на ...

Американската амбасадорка Анџела Агелер кажа дека не и е познато некакво конкретно и експлицитно руско влијание врз изборите годинава. „Не ми е познато некое конкретно влијание, но уверена сум дека има бидејќи генерално го има во овој регион Најважно е, како што се приближуваме кон предизборниот период, граѓаните на државата да поставуваат прашања кон кандидатите и кога ќе гласаат да размислуваат за своите приоритети. Тоа е најважно. Важно е ...

Арина Сабаленка ќе ја браби титулата на Австралија опен. Тенисерката од Белорусија, во полуфиналето ја победи Коко Гоф. Со овој триум Сабаленка и се реваншира на Американката за поразот во финалето на ју-ес опен минатата есен. Сабаленка се уште нема загубено сет на турнирот. Во полуфиналето против Гоф победи со 7:6, 6:4. Мечот траеше еден час и 44 минути. Вистински ролеркостер беше првиот сет, во кој двете тенисерки три пати направија брејк и ...

Шаќир Брахими од Скопје е добитник на автомобилот Opel Corsa, главната награда од наградната игра на Македонски Телеком „Телеком наградува“. Шаќир е припејд корисник на Македонски Телеком и денес ги доби клучевите од својот нов автомобил. Во наградната игра којашто траеше од 22.11.2023 до 10.1.2024 учествуваа над 50 000 припејд и приватни постпејд корисници. Со бесплатно регистрирање преку апликацијата Telekom MK за секоја регистрација ...

Полициски службеници на СВР Тетово, вчеравечер во 22 часот и 25 минути во тетовска Брвеница го лишиле од слобода 43-годишниот Ј.Ј. од ова село затоа што на неговата семејна веселба околу 21 часот и 15 минути било пукано со огнено оружје, при што еден заталкан проектил завршил во куќата на 81-годишниот соселанец С.Т. Куршумот причинил оштетувања на дел од објектот. Нема повредени лица, извршен е увид, а Ј.Ј. е задржан во Полициската станица ...

Шест хороскопски знаци подобро ги „читаат“ луѓето од другите – можат да ви ги читаат мислите. Ништо не може да се скрие од некои хороскопски знаци. Тие ја гледаат секоја ваша намера. Кои се знаците? Рак Чувствителни и емотивни, Раковите се сметаат за најемпатични од сите хороскопски знаци. Тие секогаш чувствуваат кога некому му е потребна нивната поддршка и брзаат да помогнат дури и без повик. Препознавање на емоциите на другиот, како тоа да е ...

Српскиот актер Милош Биковиќ со завидна кариера во Русија постигна голем успех, па ќе се појави во третата сезона на популарната серија на HBO White Lotus, која предизвика коментари и во Украина. „Милош Биковиќ, српски актер кој ја поддржува Русија од почетокот на целосната инвазија, сега ќе глуми во третата сезона на „White Lotus“ на HBO“, објави украинското министерство на Твитер. Miloš Biković, Serbian actor who has been supporting Russia ...

Основното училиште „Лазо Ангеловски“ во Ново Лисиче, кое е едно од најголемите училишта во Македонија, доби целосно ново ЛЕД осветлување, извести општината Аеродром. „Станува збор за инвестиција во вредност од околу 50.000 евра, реализирана од Општина Аеродром со поддршка на Програмата за развој на Обединетите нации – УНДП. Проектот беше спроведен низ транспарентен процес и повеќе форумски сесии, во кои граѓаните даваа свои предлози, а потоа ...

Евентуалниот трансфер на Килијан Мбапе во Реал Мадрид ќе предизвика заминување на Винисиус Жуниор, пренесуваат шпанските медиуми повикувајќи се на извори од „кралскиот клуб“. Мбапе е долгогодишна желба на Реал и од клубот се надеваат дека конечно по завршувањето на оваа сезона ќе успеат да го реализираат овој трансфер. Доколку Реал го реализира планот и го донесе Мбапе, веднаш на продажба ќе го стави Бразилецот. Винисиус минатата сезона ...

Метеоролозите од Јапонија предвидуваат дека денеска ќе падне уште снег, еден ден откако речиси 800 возила беа затрупани со часови на автопат во централна Јапонија, пренесе АП. Линијата долга шест километри настана откако две приколки се заглавија во снегот во средата, принудувајќи ги војниците да дојдат и да помогнат во ослободувањето на возилата. Јапонската метеоролошка служба објави дека до петок би можеле да паднат околу 60 сантиметри снег ...

На социјалните мрежи денеска се прошири драматично видео од турски воен транспортен авион Ц-160. Како што објави новинарот Рагип Сојлу на „Икс“, турскиот авион принудно слетал поради дефект. Scary: A Turkish C-160 military cargo plane makes an emergency landing immediately after the take off due to malfunctioning in Turkey’s Kayseri pic.twitter.com/vt1ok2yzE6 — Ragıp Soylu (@ragipsoylu) January 25, 2024 Според Сојлу, дефектот се случил веднаш ...

Полицијата во Тајланд уапсила жена чиј миленик лав бил снимен додека се вози низ градот Патаја. Снимката од младенче лав како гледа минувачи од задниот дел на автомобилот стана вирална на социјалните мрежи. Лавот со синџири го возел маж од Шри Ланка кој оттогаш ја напуштил земјата, а властите веруваат дека станува збор за пријател на сопственикот на животното, Саванџит Косунгнерн. Home-slice rolling down soi 5 with a lion cub in the back of ...

Монстат ги презентираше прелиминарните резултати од пописот, според кои во Црна Гора живеат 633.158 жители. На пописот од 2011 година, Црна Гора имаше вкупно 620.029 жители. Прелиминарните резултати вклучуваат објавување на резултатите од пописот, по населени места, единици на локална самоуправа и за територијата на Црна Гора, за бројот на жители, домаќинства и станови и други населени простории. Пописот на населението, домаќинствата и ...

На децата и младите во Флорида помлади од 16 години ќе им биде забрането да ги користат социјалните мрежи без оглед на одобрението од родителите, според нацрт-законот усвоен од Претставничкиот дом на Флорида. Според американските медиуми, нацрт-законот не кажува кои платформи ќе бидат забранети, но ги таргетира сите социјални медиуми кои ја следат активноста на корисниците, им дозволуваат на децата да поставуваат материјали и да комуницираат ...

Две недели водечките европски спортски медиуми, повикувајќи се на колегите од Франција, се занимаваат со иднината на Карим Бензема. Според нив, поранешниот француски репрезентативец не е задоволен во Ал Итихад и сака да се врати во Европа. Наводно за неговите услуги се заинтересирани Челзи, Арсенал, Лион и од вчера Манчестер јунајтед. Бензема, кој има астрономски договор со Ал Итихад, синоќа реши да им одговори на медиумите. „Чиста лага! ...

Дмитриј Медведев, близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин, зборуваше на Телеграм за вчерашната несреќа на транспортен авион во Русија. Русија тврди дека во авионот имало 65 украински воени заробеници, кои требало да бидат разменети. Украина индиректно потврди дека го соборила авионот. Сепак, засега нема докази дека во рускиот воен авион всушност имало украински воени заробеници. „Приказната за уништувањето на авионот Ил-76 е ...

Тоше Проески денеска ќе го прославеше својот 43 роденден. Иако за многу фанови на Тоше Проески времето застана во 2007 година, тој сè уште живее преку неговите песни и дела. Така е и денес. Седумнаесет години подоцна, на неговиот роденден, фановите се сеќаваат на македонскиот славеј. Црвениот крст од Крушево ќе организира хуманитарна крводаристелска акција која ќе трае до 16 часот во просториите на Спомен куќата. Во 11 часот и 15 минути, ...

Во МВР од страна на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и директорот на Управата за водење на матичните книги, Емир Сулејмани, беше потпишан Договорот за соработка и размена на информации во електронска форма, а со цел натамошно поттикнување и јакнење на меѓусебната соработка и поуспешно и поефикасно спроведување на законски утврдените надлежности. „На овој начин воспоставуваме соработка со размена на податоци и документи во ...

Поранешниот југословенски и хрватски фудбалер Звонимир Бобан повеќе не е функционер на УЕФА, откако реши да ја напушти функцијата. Хрватот ја извршуваше функцијата прв човек на фудбалот во УЕФА од 2021 година, кога на таа функција беше назначен на лично инсистирање на претседателот на европската куќа на фудбалот, Александар Чеферин. УЕФА излезе со соопштение во врска со неговото заминување. „УЕФА сака да го објави консензуалното заминување на ...

72-годишна Израелка која била заробена од милитантите на Хамас речиси 50 дена, изјавила за израелската телевизија дека била заробена во мрачен, влажен тунел каде се сретнала со лидерот на Хамас, јавува „Асошиетед прес“. На 7 октомври, Адина Моше беше однесена од Кибуц Нир Оз, тешко погодено земјоделско село. Таа беше ослободена како дел од договорот со кој беа ослободени околу 100 заложници, главно жени и деца во замена за привремен прекин на ...

Судот во Холандија во средата пресуди дека властите можат да користат пиштоли „пејнтбол“, кои испукуваат топчиња со боја кои се расфрлаат при удар, за да ги растераат волците во популарниот национален парк, откако барем еден од нив почнал да им се приближува на посетителите. Таа одлука беше победа за источната провинција Гелдерланд, која беше тужена затоа што се обиде да употреби пиштоли „пејнтбол“ за да ги исплаши дивите волци, кои се ...

Шест лица се пронајдени мртви во пустината Мохаве во јужна Калифорнија. Полицијата истражува кој стои зад убиствата откако шест тела беа пронајдени расфрлани во оддалечен дел од пустината, соопшти Канцеларијата на шерифот на округот Сан Бернардино. Полицајците кои ја примија дојавата ги открија телата во вторникот вечерта во оддалечена област во близина на автопатот 395 во близина на Ел Мираж, околу 95 километри североисточно од Лос Анџелес, ...

Кошаркарите на Феникс го победија Далас со 132:109 и ја забележаа седмата последователна победа во НБА лигата. Санс во последно време играат одлично, се наоѓаат на шестото место на Западот со 26 победи и 18 порази. Од друга страна, Маверикс имаат скор 24-20 и ја заземаат осмата позиција во истата конференција. Девин Букер ги предводеше Санс со 46 поени, од кои 22 постигна во третата четвртина, а имаше и седум скока и три асистенции. Бредли Бил ...

Маж од Јапонија е осуден на смрт за подметнување пожар во јапонско аниме студио во 2019 година, при што загинаа 36 луѓе, а десетици други беа повредени. Во инцидентот животот го загубија претежно млади уметници и вработени во студиото кои беа заробени на горните катови од зградата. Шинџи Аоба (45) се изјасни за виновен за нападот на студиото за анимација во Кјото, но неговите адвокати побараа полесна казна, тврдејќи дека е психички нестабилен. ...

Заврши фазата по групи на Африканскиот куп (КАН). Место меѓу најдобриот 16 избори и домаќинот Брегот на Слоновата коска. Резултатите од последното коло во Ф групата и овозоможија на домашната репрезентација да влезе во нокаут фазата како една од четирите најдобри третопласирани селекции. Брегот на Слоновата коска во групата А забележа една победа и два порази, поради што Сојузот го отпушти селекторот Жан-Луј Гасет. До крајот на КАФ ...

Хирургот Серкан Баил, кој во Истанбул ја оперираше Британката Морган Рибеиро, која почина во Белград откако и се слоши во авионот, рече дека не направил ништо лошо. Морган сама го финансирала патувањето и операцијата на стомакот, за која платила 2.500 фунти. Таа беше оперирана во приватна болница од хирургот Серкан Баил. „Не направив ништо лошо. Таа почина од белодробна емболија во авионот, а не од компликација по операцијата“, рече тој. Оваа ...

Русија лансираше 14 беспилотни летала и пет проектили кон Украина во текот на ноќта, соопшти во четвртокот украинското воздухопловство, а системите за противвоздушна одбрана уништија 11 беспилотни летала, пренесува Ројтерс. Украинските воздухопловни сили на својот канал на Телеграм објавија дека Русија гаѓала главно цели на југот на Украина. Гувернерот на Одеса, Олех Кипер, на Телеграм изјави дека при нападот на пристанишниот град на Црното ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
87%
1016
weather icon

Белград

14ᴼ / 13ᴼ
6.69
87%
1014
weather icon

Загреб

16ᴼ / 12ᴼ
0.51
71%
1016
weather icon

Софија

8ᴼ / 8ᴼ
2.57
87%
1016
weather icon

Сараево

12ᴼ / 12ᴼ
0.92
89%
1014
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 11ᴼ
2.57
90%
1016
weather icon

Атина

17ᴼ / 13ᴼ
0.89
75%
1012
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
87%
1013
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
0.51
72%
1014
weather icon

Букурешт

14ᴼ / 12ᴼ
2.06
84%
1014
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 11ᴼ
1.54
71%
1015
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
6.69
87%
1015
Currency

61.535

Currency

53.5268

Currency

71.8162

Currency

34.3766

Currency

38.9421

Currency

65.6811

Currency

7.35715

Currency

0.65988

Currency

0.38012

Currency

0.52161

Currency

1.4063

Currency

0.63136

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1051.34

Злато

111305.26

Бакар

9.55

Паладиум

29803.74

Платина

30837.68

Родиум

173614.03

Цинк

2.52