
Скопје
8ᴼ /
8ᴼ



Истражувачите од Баптистичкиот универзитет во Хонг Конг открија нов вид на медуза која има 24 очи. Научниците спуштија мрежа во езеро во Хонг Конг. Кога внимателно го погледнале уловот, пронашле суштество во облик на коцка со 24 очи! – Научниците го анализираа уловот и открија нов вид четвртасти медузи – се наведува во истражувањето. Новиот вид Tripedalia maipoensis има проѕирно тело со мала белузлава нијанса. Според студијата, медузата, долга ...
Градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски ја разреши од функцијата директорката на градинката „Детска радост“ во општината Гази Баба. Тој на денешната прес-конференција рече дека веќе подолг временски период до него пристигнувале информации за незаконско работење на директорката. Незaвисниот ревизор утврдил дека во градинката се работело спротивно на повеќе закони. Директорката купувала мебел за нејзиниот кабинет а не за децата, ...
На 11.05.2023г. (четврток) во ресторанот “Центар” во Прилеп, со почеток од 20часот, ќе се одржи голем хуманитарен и донаторски концерт, за доизградба на манастирскиот комплекс Св. Никола во прилепско Загорани. На концертот ќе настапат повеќе познати имиња од македонската музичка естрада, меѓу кои: Дамјан Стојаноски, Елена Велевска, Миле Кузмановски, Оливер Лозаноски… Цената за карта е 1100 денари по лице. Повеќе информации на флаерот во ...
Митрополитот Петар во вечерашната Топ Тема најави дека името на Телевизијата, формирана од фирматa „Преобразба“, чиј сопственик е тој а која доби дозвола за работа и од 1 мај треба да почне да емитува програма во етер ќе биде „Вистел“ или вистинска телевизија. -Нашата телевизија не е свештеничка телевизија, 50 % ќе има забавен карактер, 30% ќе има образовен и документарен карактер. Во образовниот дел имаме ли цркви, манастири кои се распаѓаат а ...
Фото/илустрација На 24.04.2023 во близина на Железничката станица Браилово, полициски службеници од СВР Битола – Полициско одделение Ропотово го лишиле од слобода Ц.М.(32) од Прилеп. Тој бил затекнат како со патничко возило „фолксваген шаран“ без регистарски ознаки, превезувал нежигосани огревни дрва и без соодветна документација. Возилото и дрвата биле одземени за понатамошна постапка, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно ...
Синодот на МПЦ-ОА, утре во полн состав, треба да донесе историска одлука за обединување на МПЦ-ОА и ПОА, со што треба да се финализира договорот меѓу МПЦ-ОА и СПЦ со кој беше обезбедена согласноста на Српската црква за автокефалност на МПЦ-ОА, дознава религија.мк. Според Уставот на МПЦ-ОА, во Синодот во полн состав членуваат сите епархиски архиереи и викарните архиереи избрани во МПЦ-ОА. Според информациите на верскиот портал, постигнат е ...
Синдикалната организација на Државниот испитен центар (СОДИЦ-СФДМ) од денеска стапи во Генерален штрајк, поради недобивање на согласност на Барањето за изменување и дополнување на колективниот договор од страна на Министерството за финансии, a со цел заштита на економските и социјални права на своите членови, соопштија оттаму. -Сите процеси кои се во надлежност на Државниот испитен центар (Државна матура, државно тестирање, обука и испит за ...
Отворање на 333 канцеларии за „Една точна за сите услуги“ е одговорот на катастрофалниот учинок на петте пункта кои за една година издале само 1062 документи. Новиот министер за администрација вели дека главниот проблем што сите пет пункта дневно издавале по 4 документи во просек, е неинформираноста на граѓаните дека на едно место можат да добијат услуги од 7 институции. 333 канцеларии ќе значат поврзување со Македонски Пошти. Во секоја Пошта ...
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,20% во однос на одлуката од 20.4.2023 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 3,666%, кај дизелот за 6,122%, кај екстра лесното масло за 6,120% и кај ...
Управата на манастирот Св. Илија Писокал кај прилепското село Кален, секојдневно го разубавува и пожртвувано се вложува, ова светилиште да стане едно од главните дестинации за верниците и добронамерниците од околината, но и за секој гостин кој ќе го посети градот под Марковите Кули. Ако ја отворите Фејсбук страната на манастирот, ќе видите дека речиси секојдневно овие луѓе неуморно работат, изнаоѓаат донатори, го средуваат секое ќоше, а ...
И покрај апелите од храмот Св. Петка во пресрет на веста за Христовото воскресение, верниците да внимаваат со свеќите и да не ги оставаат каде ќе најдат, а со цел да се избегне неповратно уништување на плочките и калдрмата во дворот на храмот, сепак разумот не преовладеа кај секого. -Храмот “Св. Петка” се заблагодарува на сите кои на воскресенската ноќ со свеќите “помогнаа” да се “фрескоживописа” оградниот ѕид, фонтаните, плочките и калдрмата ...
Во чест на градителот на планинарскиот дом на Селечка Планина, Томе Темелкоски, “Прилепски Планинари Авантуристи” по втор пат организираа планинарска дружба на која присуствуваа над 200 вљубеници во природата од сите краишта на Македонија. Турата започна од манастирот Св. Димитрија кај село Селце, па преку Домаќинско Чешмуре, Дина Нива, Стогот, Врапчето, врвот Устрелец, споменикот Карпалак и врвот Чуле, планинарите стигнаа до планинарскиот дом ...
Витаминка и овој пат својот асортиман го претставува на саемот ISM Келн во Германија, еден од најважните настани за кондиторски производи и закуски. За најголемиот македонски производител во прехранбената индустрија, присуството во Келн е можност за стекнување нови пазари, но и за следење на новите трендови во индустријата. „ISM Келн претставува собир на најголемите и најзначајните компании од секторот и тука се презентираат трендовите, ...
На 23.04.2023 во 13.53 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола – Ресен, кај превојот „Ѓавато”, во атар на с.Ѓавато, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат“, управувано од И.А.(57) од Ресен и патничко возило марка „мерцедес”, управувано од С.Ј.(52) од Ресен, двете со ресенски регистарски ознаки. Од здобиените повреди на местото на несреќата починала И.А., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. ...
На 22.04.2023 во Скопје во спортскиот центар “Борис Трајковски” се оддржа триесеттото Државно првенство во пинг понг за кадети и кадетки до У-15 години, од каде пингпонгарите на Младост96 Прилеп повторно се вратија со медали. Иако имаат по 12 години, сепак во повозрасната У15 категорија, кадетите на Младост96 прикажаа одлични игри и заслужено освоија медали. Мартин Ристески и Давид Јоноски во игра на двојки го освоија бронзениот медал, ...
Боречкиот клуб “7 Мај – Златна рака”, викендов убедливо го освои првото место во женска конкуренција за кадетки, на турнирот кој се одржа во скопско Студеничани. Први места освоија: Ангела Трајкоска во категорија до 43кг, Елена Деjкоска во категорија до 49кг. и Деспина Богеска во категорија до 53кг. Второпласирани беа: Марија Велјаноска во категорија до 43кг, Кристина Цветаноска во категорија до 46кг и Тамара Цветкоска во категорија до 57кг. ...
Сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови облачноста ќе се зголеми и на места ќе има појава на краткотраен дожд, појава на грмежи и засилување на ветерот. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степена. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб променлив ветер. Од пладневните часови ќе има услови за нестабилност ...
Mинистерството за економија го објави ОГЛАСОТ за надоместување на дел од трошоците за купени и вградени ПВЦ или алуминиумски прозорци во домаќинствата за 2023 година. Вкупно предвидени се 25.000.000 денaри и ќе се опфатат околу 1.200 домаќинства. Министерството за економија, на лицата кои ќе купат и вградат ПВЦ или алуминиумски прозорци во своите домови, ќе им обезбеди поврат на средства во висина до 50 %, но не повеќе од 20.000 денари по ...
Со Божествена литургија која се одржа во црквата Христово Воскресение во прилепското село Беровци денеска беше одбележана неделата на Св. Апостол Тома или кај народот позната како Томина недела. Инаку денешниот ден е слава на црквата каде присуствуваа голем број на жители, како од Беровци така и од другите населени места. Се пееја македонски песни и се виеше оро. Убавото време помогна за масовна посетеност и дополнително им го разубави ...
Со голот на Кире Маркоски во 30-та минута, Работнички попладнево славеше над Победа на градскиот стадион “Гоце Делчев” во Прилеп и им го нанесе на прилепчани десеттиот последователен пораз. Црвено-белите остануваат заковани на дното на табелата со само 13 освоени бода од 26 одиграни кола не постои никаква надеж дека би се избориле за десеттото место кое води во плеј-аут. Фудбалските вљубеници во Прилеп и денеска останаа разочарани, затоа што ...
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Денеска (23.04.2023) во периодот од 11.00 до 17.00 часот на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 127 возачи. Од нив, 88 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 39 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им ...
Кошаркарите од прилепски Мега баскет синоќа против Младинец од Скопје го започнаа плеј-оф разигрувањето за влез во Втората кошаркарска лига, и буквално го растурија противникот. Во преполната спортска сала на ООУ “Добре Јованоски”, вљубениците во кошарката беа сведоци на победа од 70 поени разлика – 109:39. Со оваа убедлива победа, прилепчани уште еднаш најавија дека се главни играчи за пласман во повисок ранг на натпреварување, а сега ќе треба ...
Денеска е Томина Недела или Нова Недела, Антипасха, во западното христијанство позната како Бела Недела или Мал Велигден. Ова е значаен христијански празник кој се прославува во првата недела по Велигден и е посветен на светиот апостол Тома. Кога Исус Христос се јавил на апостолите, Тома не бил со нив, а кога тие му кажале дека го виделе учителот тој не поверувал и им одговорил: „Дури не ги видам клинците на рацете Негови, и не го ставам прстот ...
Во с. Дебреште, Општина Долнени, во моментов се одржува традиционалниот турнир за пеливани – традиционално борење, кое се негува и одржува пет века на овие простори. На турнирот учествуваат над стотина пеливани од Македонија, Турција, Албанија и Бугарија. Турнирот е во организација на “Младинското здружение Дебреште„, а ќе се одржува под покровителство на Општина Долнени. Турнирот во пеливанство започна во 10 часот на стадионот во селото, а за ...
Во текот на изминатата вечер (22/23.04.2023)во периодот од 22.00 до 04.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата санкционирани се 30 возачи.Од нив 15 на територија на Битола, 11 во Прилеп ,по 1 во Ресен и Демир Хисар и 2 Македонски Брод. За време на контролата биле санкционирани и 20 други видови прекршоци. Акциски контроли ...
Пратениците во канадскиот парламент носеа розови потпетици како дел од настанот „Надеж на високи потпетици“, спонзориран од засолниште за жени во Онтарио, за да се подигне свеста за насилството врз жените. „Насилството врз жените сè уште преовладува во нашето општество. Надеж во потпетици е настан кој ја подигнува свеста за насилството врз жените, истовремено охрабрувајќи ги мажите и момчињата да бидат дел од решението. Ги носевме нивните ...
Денес во 19 часот во фоајето на НУЦК “Марко Цепенков” ќе се одржи “Пијано вечер” во изведба на двајца врвни професионалци, пијанисти и наставници во музичкото училиште, Денис Најдоски и Илија Иваноски. Денис Најдоски е роден на 05.02.1993 во Прилеп каде што го завршува основното музичко училиште во класата на наставник Михајло Стојкоски. Во 2006 година своето образование го продолжува во класата на м-г проф. Снежана Анастасова – Чадиковска во ...
После вчерашниот пожap со кој пожapникapите неколку часа се бореа да го стават под контрола, со соопштение на социјалните мрежи се јавија и сопствениците на конфекцијата за детска облека “Тила”. –Драги наши пријатели, за оние кои сеуште не се информирани, со многу тешко срце и голема болка во душата, Ве информираме дека вчера на 21.04.2023 г во фабриката Тила изби пожар во кој за жал изгоре се! Причините за пожарот за жал сеуште не се познати и ...
Ако некогаш сте посакале да избегате од метежот и вревата на секојдневниот живот и да отидете на оддалечен остров без други жители, ова можеби е вашата шанса. Сместен веднаш до јужниот брег на Шкотска, се продава островот Барлоко, по цена од 190.000 долари или 170.000 евра. „Сè уште постои многу романтично чувство поврзано со поседување на свој шкотски приватен остров, каде што можете да избегате од метежот и вревата на секојдневниот живот и да ...
Храмот Св. Кирил и Методиј – Параклис упатува благодарност до сите верници кои донирале за обновување на фрескоживописот во Параклисот. -Неискажливи се милостите на Бога со кои Он го просветлува и осветлува секој човек во светот. Секојдневно ние сме опсипани од благодатите на нашиот Отец Небесен, а најголем показател за Неговата безгранична љубов кон родот човечки е, без сомнение, понижението и страданието на Синот и Словото Божјо заради нас, ...