
Скопје
8ᴼ /
8ᴼ



Претседателите на државата, на Собранието и на Владата за неколку дена ќе добијат повисоки плати за околу 70 илјади денари. Платите на претседателот на Уставниот суд и потпретседателите на Собранието ќе бидат повисоки за околу 60 илјади денари, а на министрите и пратениците за околу 56 илјади, пресмета „Радио слободна Европа“. Претседателот Пендаровски ја повика Владата преку законско решение да го регулира ова прашање. Тој смета дека е ...
Денеска (30.04.2023) во периодот од 11.00 до 18.00 часот на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 157 возачи од кои (32-Битола, 51-Прилеп, 44-Ресен, 14- Демир Хисар, 9-Крушево и 7- Македонски Брод. Од вкупно 157 возачи, 79 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 78 надвор од населено место. На сите ...
На 01.05.2023 во 19.20 часот на Железничка станица Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода А.А.(28) од Скопје, кондуктер во Железници на Република Северна Македонија. Кај него биле пронајдени вкупно 1.000 евра за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело по член 418 – б од Кривичниот законик. Претходно, околу 18.30 часот на Железничка станица Кукуричани, неготинско, во патнички воз, кој сообраќал на релација ...
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,34% во однос на одлуката од 28.4.2023 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 2,834%, кај дизелот за 3,930%, кај екстра лесното масло за 0,58% и кај мазутот ...
Тим предводен од потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски денес е во посета на населените места Големо и Мало Коњари и Беровци во прилепскиот регион во рамки на акцијата “Ова е Македонија за сите“. Во рамки на посетата, потпретседателот Николоски истакна дека ВМРО-ДПМНЕ почнува голема теренска активност во која ќе бидат опфатени голем број населени места во Македонија. Секој викенд ќе бидеме на терен со граѓаните пред се во селата, ...
После настанатиот дефект во текот на денешниот ден, односно поради пропаѓање на веќе постоечкиот стар подземен канал, на кружниот тек кај Поштата во централното градско подрачје, сакаме да ве известиме дека екипите на ЈКП„Водовод и канализација“Прилеп, се на терен и работат во координација со надлежните лица од Општина Прилеп за што побрзо санирање на настанатиот проблем и овозможување на непречено одвивање на сообраќајот, за што известено е и ...
По повод празникот Св. Кирил и Методиј на 24.05.2023, манастирот Св.Илија Писокал кај прилепското село Кален, организира хуманитарна забава за реконструкција на манастирската црква. Празникот ќе започне со света утринска литургија со почеток во 07часот, а со почеток од 10часот ќе започне голема хуманитарна забава на која ќе настапат голем број естрадни уметници од домашната сцена. Меѓу најпознатите изведувачи се: Дамјан Стојаноски, Влатко ...
По повод патрониот празник на музичкото училиште, “Ордан Михајлоски-Оцка” од Прилеп, градоначалникот заедно со директорот на училиштето ги промовираа новите кабинети во училиштето по пијано и народни инструменти, а училиштето доби нова звучна изолација, нови врати и нова конструкција на влезот. Вкупната вредност на овие инвестиции изнесува 800 000 денари. После тоа следуваше пригодна концертна програма подготвена од учениците и нивните ...
Натпреварот од полуфиналето во женскиот фудбалски куп помеѓу прилепскиот женски фудбалски клуб Деспина и ЖФК Каменица, бил далеку од фер и натпреварувачки. Наместо тоа натпреварот бил исполнет со груби стартови и фаули, за кои сега двете екипи меѓусебе се препукуваат. Најпрво фудбалерката на Каменица, Мила Талевска, ги обвини прилепчани дека во нивниот пријателски дуел пред три месеци, претседателот на ЖФК Деспина и’ се заканил дека ќе биде ...
Витаминка ја доби наградата Најпосакуван работодавач за 2022 година меѓу македонските компании за производство на храна. Изборот на Витаминка како компанија каде младите би започнале професионална кариера следи по анкетата спроведена од Vrabotuvanje.com.mk. на која одговориле 1138 испитаници, посетители на сајтот. Наградувањето и изборот за најпосакуван работодавач меѓу силна конкуренција значи дека Витаминка е компанија каде високо се ценат ...
Републичкиот завод за статистика на Србија ги објави конечните резултати од пописот на населението. Според податоците собрани минатата година, во Србија живеат 6.647.003 жители. Жените сочинуваат нешто повеќе од половина од вкупното население – 3.415.025 или 51,4 отсто, додека мажите сочинуваат 3.231.978 или 48,6 отсто, објавено е на веб-страницата на Републичкиот завод за статистика. Според резултатите од пописот, во Србија живеат вкупно ...
Во текот на изминатата вечер (28/29.04.2023)во периодот од 22.00 до 04.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата санкционирани се 20 возачи. Од нив 12 на територија на Прилеп, 6 во Битола, по 1 во Демир Хисар и Македонски Брод. За време на контролата биле санкционирани и 19 други видови прекршоци. Исто така вчера ...
На улица „Никола Парапунов“ во Гостивар, вчера околу 15.15 часот полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го привеле 29-годишниот З.И. од гостиварско Дебреше. Од МВР денеска информираа дека тој бил осуден на казна затвор од три години за сторени кривични дела по член 235 и член 236 од Кривичниот законик, а бил баран по потерница врз основа на судска наредба за доиздржување на затворска казна од една година и ...
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,57% во однос на одлуката од 24.4.2023 година. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 2,00 ден/лит и сега ќе изнесува 68,00 ден/лит. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Мазутот М-1 НС не ...
Во текот на вчерашниот ден на состанок и во посета на пречистителната станица на ЈКП „Водовод и канализација“Прилеп беа претставници на Европската банка за обнова и развој(EBRD) г-н Дејвид Талер – информираат од јавното претпријатие. -Целта на ваквата посета беше да се увиди ефикасноста на функционирањето на пречистителната станица, што е превземено од страна јавното претпријатие за подобрување на ефективноста, како и кои се потребите за ...
По увидот на полицијата, било констатирано дека телото е на 49-годишен македонски државјанин. Тој на 24 јануари влегол во Бугарија преку граничниот премин Деве Баир-Ѓуешево. Според полицијата, извршител на убиството е 14-годишно момче од Несебар. Македонски државјанин е убиен во Сончев Брег, јавуваат бугарските медиуми повикувајќи се на информации од полицијата. Мажот бил избоден со колец. Во четвртокот околу 11 часот, регионалната канцеларија ...
-Денес го потпишавме договорот за рехабилитација и асфалтирање на над 60 улици на територија на општина Прилеп, со фирмата изведувач. Имајќи ја во предвид состојбата во која се најдуваат голем дел од улиците, после направената анализа дадовме предност на улици на кои што не е интервенирано во последните 30-40 години. Ги исполнуваме нашите ветувања и започнуваме една градежна офанзива која што ќе трае континуирано до крајот на оваа календарска ...
Доцна во ноќта, по пристигнувањето на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ од Мадрид, кошаркарите на Партизан кој одиграа уште една маестрална партија и го растурија Реал Мадрид со 15 поени разлика на гости (80:95), беа дочекани со овации од навивачите. Партизан стигна до 2:0 во победи против Реал Мадрид, и тоа благодарение на двете победи на гостински терен. На српскиот тим сега му останува да триумфира уште еднаш за да се избори за место во ...
Рекордни 26 милиони евра субвенции за произведен и предаден тутун од реколтата 2022 година денеска се исплатени на сметките до 15.753 производители на тутун, информираше министерот за земјоделство Љупчо Николовски. Висината на директните плаќања изнесуваат 80 денари по килограм за прва класа произведен и предаден тутун, 70 денари за втора класа и 60 денари за трета класа произведен и предаден тутун од реколта 2022 година. „За прв пат тутунот ...
Куќата на Бетмен се наоѓа во Радовиш. Вака тврди извесна Александра Дидиќ на нејзиниот профил на Инстаграм, каде споделила видео на кое е прикажана куќа со симболот на Бетмен. Почнувајќи од оградата на дворот, па се до фасадата на куќата. „Ако некогаш сте се запрашале каде живее Бетмен, упатете се во Радовиш во Македонија и ако ги прашате минувачите за куќата на Бетмен, сите ќе ви ја покажат точната локација, бидејќи на ова место живее само ...
Градоначалникот на општина Прилеп ја посети фабриката на “Кромберг и Шуберт” во индустриската зона “Жабени” кај Битола. -Во официјална посета на компанијата „Кромберг и Шуберт“ во Битола се уверивме во навистина одличните услови во кои што работат во моментов околу 300 прилепчани. Од страна на одличниот менаџерски тим бевме запознаени со производствениот процес на компанијата и со фактот дека во моментов оваа фабрика брои над 5000 вработени, ...
27 април e Светскиoт ден на дизајнот, а по повод овој ден, учениците од ООУ ,,Климент Охридски’’- Прилеп, самостојно изработија костими од рециклирачки материјали, а нивните ментори: Маја Џопа, Александра Богоеска и Александар Крстески им беа поддршка во избор на стилот и материјалите. Светскиот ден на дизајнот има цел да ја инспирира и подигне општата свест за вредноста на дизајнот. Денот ги слави сите аспекти на дизајнот – естетика, форма и ...
Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган денеска им додели медал на македонските спасувачи кои учествуваа во потрагата и спасувањето на настраданите од катастрофалниот земјотрес што се случи на почетокот на февруари во Кахраманмараш и Хатај. Во Националниот конгресен и културен центар во Бештепе турскиот највисок државен медал за пожртвуваност во име на државата го прими заменик директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Зулфиќар ...
Во наредниот период ќе има трибини на отворено и граѓански собири во 12 града низ државава и 19 тимови со вкупно 200 луѓе кои ќе прават посета на над 700 населени места низ државата. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот брифинг со новинарите посочи дека ВМРО-ДПМНЕ почнувајќи од овој петок (28.04.2023) започнува со акција „Ова е Македонија за сите“ која ќе трае до роденденот на партијата 17 јуни. 19 тимови со вкупно 200 ...
БЕЗ ПОМОШТА НА НАШИТЕ ПРИЈАТЕЛИ, ПОЖАРОТ ВО ТИЛА МОЖЕШЕ ДА НАПРАВИ УШТЕ ПОГОЛЕМ ПУСТОШ! И покрај тоа што не успеавме да спасиме ништо од вториот кат на зградата на Тила, мораме да изразиме ГОЛЕМА благодарност до нашите пријатели кои дојдоа со 2 кранови за да им помогнат на пожарникарите да пристапат до опожарените места! Без нив, пристапот и обидот да се изгасне пожарот ќе беше невозможен! Затоа од се срце им се заблагодаруваме на нив што ...
Претседателот Стево Пендаровски денеска истакна дека тој преку својот претставник учествува во работната група за уставните измени и оти со тоа јасно го кажува неговиот политички став, дека е за промена на Уставот со внесувањето на Бугарите во него. -Јас учествувам преку мој претставник и со тоа јасно го кажувам мојот политички став, дека сум за тие уставни измени, сметам дека тие не се нешто страшно за нас и сметам дека државата нема да ...
И ден после светската премиера на филмот за Дарко Панчев „Патот на Кобра до ѕвездите“, се пишува и се споделуваат импресии на присутните. Панчев го собра балканскиот фудбалски крем на официјалното промовирање на документарецит на свеченото случување во хотелот „Александар Палас“ во Скопје. Легендарниот голгетер на Вардар и Црвена Звезда, поддржуван од Универзитет Скопје и ректорот Аце Миленкоски, успеаја да соберат дел од балканските фудбалски ...
Пратеникот и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски се обрати пред Советот на Европа од каде истакна дека Бугарија со години одбива да ги спроведе 16-те пресудите на Европскиот суд за човекови права поврзани со Македонците во Бугарија. -Ова е многу важен извештај. Како што јасно се вели во неговото резиме: „Оваа работа се појави во контекст на зголемената меѓусебна поврзаност помеѓу улогите на Европскиот суд за човекови права, ...
Со кампања под мотото „Денарот го славиме!“, Народна банка одбележува 31 година од монетарната самостојност, односно воведувањето на денарот како национална валута и осамостојувањето на централната банка. – Прогласувањето на монетарната самостојност на 26 април е значаен настан за нашата држава, а воедно и значаен чекор во заокружувањето на нејзината независност. Низ годините Народната банка се градеше и се воспостави како современа, кредибилна ...
Градот под Марковите Кули веќе една година е дом на 250 млади и талентирани личности кои работат за глобалната компанија Таскфорс која има свои кацеларии на два континенти, САД и МАКЕДОНИЈА. На листата градови со нашиот Прилеп се и Чикаго, Ноксвил, Чарлстон, Загреб, Скопје и Битола, а тимот во Прилеп во континуитет се проширува, заради растот на комапнија, но и заради одличните услови кои ги нуди за работа. Модерни простории направени по ...