Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,92% во однос на одлуката од 5.5.2023 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,392%, кај дизелот за 0,874%, кај екстра лесното масло за 0,827% и кај мазутот ...

Задолжителен тест на дрога кај средношколците и кај учениците од деветто одделение, контрола на оружјето што го имаат граѓаните, анализа на казните за извршителите на насилство и контрола на интернет-провајдерите се меѓу мерките што денес ги претстави професорот Марјан Ѓуровски како дел од предлозите за зголемување на безбедноста во училиштата. Тој заедно со тим професори од Филозофскиот факултет го спроведува научноистражувачкиот проект ...

Ракометарите на Прилеп и Јуниор Кисела Вода ги поделија бодовите во натпреварот од „плеј-аутот“ на македонската Суперлига. Мечот заврши со резултат 24-24 (11-11 на полувремето), резултат кој се чини дека е најреален, иако прилепчани очекуваа сигурни три бода од овој натпревар и обезбедување на сигурен опстанок во ракометната Супер лига. Иако Прилеп имаше водство во првото полувреме и со три гола разлика во еден момент, гостите од Кисела Вода ...

Општина Битола е подготвена за реализација на уште еден голем инфраструктурен проект, предвиден за оваа градежна сезона. Согласно подготвената проектна документација и склучениот договор наскоро ќе започнат работните активности со кои Битола ќе добие нов кружен тек на улица „Прилепска“ со улица „Баталјон Стив Наумов“ (место викано кај Ветеринарната станица) – информираат од општина Битола. -Предвидените средства за оваа намена се во износ од ...

Извидничкиот одред „Феникс” од Прилеп по петти пат го организираше настанот „Фениксија”, кој се одржа во с.Штавица. На настанот присуствуваа 150 извидници од цела Македонија. Истиот траеше 3 дена, а извидниците имаа можност да учествуваат во активности од натпреварувачки и едукативен карактер. Во време на подем на извидништвото во Македонија, Извидничкиот одред „Феникс” претставува еден од најактивните извиднички одреди во Македонија, кој ...

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 25 април. Денеска е Св. апостол и евангелист Марко. Именден празнува Марко. Светиот апостол и евангелист Марко е христијански апостол и светец, сопатник и помошник на Апостол Петар, којшто во своето Прво послание го нарекува син свој, не син по тело туку по дух. Така го напиша Светото Евангелие, коешто го виде и го посведочи за вистинито и самиот апостол Петар. Тој го постави Марко за ...

Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне променливо облачно, на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално во форма на краткотрајно невреме. Во Скопје сончево со мала до умерена облачност, попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со појава на пороен дожд проследен со грмежи, краткотрајно и во вид на невреме. Времето во следните денови: Од вторник следува ...

Македонскиот автомобилист Игор Стефановски – Иџе успеа да ја запише втората сезонска победа во ридско планинскиот шампионат на ФИА Европа. Иџе во трите трки во Шпанија заврши со вкупно време од 5:54,765, со што запиша рекорд во својата конкуренција. Покрај првата позиција во својата група, Иџе имаше десетто најбрзо време во вкупниот поредок. Кога се работи за генералниот пласман сезонава, по три трки Иџе е при врвот. Со две победи и едно второ ...

„После неколку дена откако упатив јавна порака до Димитар Ковачевски да дебатираме за договорот за градба на делови од Коридорот 8 и 10 Д со кој сопствената држава јасно ја ставија во подредена позиција, оттаму добив целосен молк. Бега од народот на избори, бега од мене пред јавноста да се соочи за договорот од неколку милијарди евра кој тој го договори. Бега не само затоа што е кукавица, туку затоа што нема одговори за тоа дека како премиер ...

Мина Зиројевиќ, член на Советот на родители во ОУ „Владислав Рибникар“ рече дека на седниците на Советот на родители никогаш не се разговарало за ученикот, кој уби осум ученици и обезбедувањето на ова училиште. – Како што дознавме од останатите ученици кои го познавале момчето, неговото однесување не било такво што би укажувало на оваа трагедија. Се забележувало дека е компетитивен, а од време на време се имал вербални караници со останатите ...

Еден од најдобрите македонски кошаркари на сите времиња, Перо Блажевски, денеска е во Прилеп, каде ја предводи екипата на КК Маџари во плеј-оф дуелот за пласман во Втора лига со прилепската кошаркарска екипа Мега Баскет. Блажевски е еден од кошаркарите со најголем број настапи за репрезентацијата на Македонија, а беше стрелец на победничките поени за МЗТ Скопје во историскиот триумф над Реал Мадрид во 1996 година. Како тренер работеше во ...

Околу десетина пораки пристигнале на новата електронска адреса на Министерството за образование кои се однесуваат на врсничко насилство. Во соопштението е наведено дека дел од пораките се однесувале и на проблеми со поранешни професори и сугестии како да се превенира и намали насилството меѓу децата и младите од училишна возраст. „Секоја пријава ќе се истражи и ќе се преземат соодветни мерки“, соопштија од МОН. Министерството за образование и ...

Tри девојки од Боречкиот клуб “7-ми Мај Златна рака” од Прилеп, ја претставуваат Македонија на Балканското првенство за кадети кое се одржува во Сер, Грција. Откако вчера Ангела Трајкоска со неколку победи и еден пораз за Прилеп освои бронзен медал, денеска во категорија до 40кг, таа се закити со злато, а друштво и праеше Елена Дејкоска, која го освои третото место во категорија до 43кг. Третата девојка, Тамара Цветкоска, за жал загуби во ...

Полициски патроли од утре ќе бидат во близина на секое училиште, изјави Данило Стевандиќ, државен секретар во МВР на Србија во изјава за локални медиуми. Како што наведе, полицијата ќе биде засилена на сите јавни места каде што се собираaт голем број луѓе. – Видливото присуство на полицијата ќе биде зголемено на сите јавни места каде што се собираат голем број луѓе: во трговски центри, во паркови, на плоштади…, рече Стевандиќ. Претседателот на ...

На 25 и 26. 04. 2023 год. во просториите на ФИНКИ во Скопје, се реализира 26-тата Македонска олимпијада по информатика. Натпреварувачите се натпреваруваа во два дена. Гимназијалецот Благој Рујаноски Стојановски освои сребрен медал, а Михаил Живковиќ доби пофалница за успешно учество. Ментор на учениците им е профeсорката Анета Стојческа. Со постигнатиот резултат, гимназијалците ја продолжуваат традицијата на постигнување на високи успеси по ...

Коста К.(13), момчето кое пред два дена во ОУ „Владислав Рибникар“ уби осуммина негови врсници и училишниот чувар Драган Влаховиќ и рани седум лица, детално го испланирал страшното убиство, но и како да избегне затвор, покажа вештачењето на неговиот телефон. Како што е утврдено, момчето-убиец го планирал масовното убиство еден месец, а она што било откриено со прегледување на неговиот телефон е застрашувачко – Коста К. свесно извршил убиство на ...

После долги години доминација на црвено-црните од Скопје, македонската ракометна Супер лига добива нов шампион. Вечерва во преполната спортска сала “Боро Чурлевски” во Битола, Еурофарм Пелистер ги совлада гостите од Скопје и речиси сигурно ќе стане нов шампион. Громогласната атмосфера од првата до последната минута, беше мотив плус за битолчани да стигнат на прагот на првата титула после сезоната 2004/05. Крајниот резултат на семафорот беше ...

Ангела Трајкоска Тамара Цветкоска и Елена Дејковска од Боречкиот клуб “7-ми Мај Златна рака” од Прилеп, ја претставуваат Македонија на Балканското првенство за пионери и кадети кое од 4-7 мај се одржува во Сер, Грција. Од клубот веќе се пофалија со првиот успех. -Денес од Сер Грција од Балканското првенство У15 Ангела Трајкоска со неколку победи и еден пораз за Прилеп носи бронзен медал – напишаа од БК “7-ми Мај Златна рака”. Честитки за ...

Дете во основно школо во Чаир, Скопје, отишло во училиште со пластичен пиштол и го вперило кон други ученици. Потоа, пиштолот го предал на директорката. Инцидентот се случил вчера, а го потврдија и од МВР. „На 05.05.2023 околу 12 часот во просториите на основно училиште на подрачјето на Чаир, Скопје, полициски службеници во присуство на родители, педагог, психолог и директорката на училиштето извршиле службен разговор со малолетник-ученик во ...

Го славиме големиот празник Ѓурѓовден, а според народните верувања има посебно значење ако денеска загрми. Овој празник се смета за граница меѓу зимата и летото и врзан е за здравјето на домашните, женидба на младите, плодност на стоката, добри посеви… Се верувало дека ако на Ѓурѓовден е ведро, ќе биде плодна годината, а ако на овој празник врне дожд, летото ќе биде сушно. Порано се верувало дека колку недели пред Ѓурѓовден ќе загрми, толку ...

По победите на гости кај Радовиш и дома против Скопје, ракометарите на РК Прилеп забележаа тесен пораз на гостувањето против Струга, и со 20 освоени бода го дочекуваат утрешниот натпревар, против претпоследната екипа во плеј-аут сегментот на Супер лигата, РК Јуниор од Кисела Вода. Со триумф прилепчани со сигурност ќе го запечатат опстанокот во најелитното ракометно друштво кај нас, а за тоа ќе имаат потреба од што поголема поддршка од ...

Денеска ќе се одржат погребите на 10-те жртви од двата масакри што се случија во Србија во текот на два дена. Во Белград ќе бидат погребани четворица ученици и училишен чувар, кои во масовното пукање во основното училиште „Владислав Рибникар“ ги уби момчето К.К. (13), додека во Мали Орашје ќе бидат погребани петтемина соборци кои ги уби У.Б кај Младеновац. (21). На белградските гробишта денеска ќе бидат погребани четворица ученици и работник од ...

Именден празнуваат: Ѓорѓија, Гоце, Ѓуро, Ѓурѓа, Ѓоре, Ганка, Ганчо, Гинка, Ѓурѓица и др. Големиот црковен и народен празник посветен на светиот великомаченик Георгиј Победоносец маѓу народот познат како Ѓурѓовден спаѓа меѓу неподвижните празници или меѓу празниците со постојан датум. Секоја година се паѓа на 6 мај според новиот, или на 23 април според стариот календар. Ѓурѓовден е најголем пролетен празник што го празнува не само христијанското ...

На покана на Министерот за образование и наука, Сојузот на средношколци учествуваше на вчерашната средба со универзитетските професори од областа на педагогијата, психологијата, социологијата, правото и безбедносните науки, која се одржа во просториите на МОН. Оваа средба е првата фаза од консултациите за креирање мерки и надополнување на постоечките механизми за детекција и спречување на меѓуврсничкото насилство во училиштата. Став на Сојузот ...

На улица “Сотка Ѓорѓиоски” бр. 27, отспротива на катната гаража, се наоѓа раскошниот бутик на два ката, “DINA FASHION”. Кој бил досега знае дека само тука во Прилеп ќе најдете толку голем избор на машка и женска облека…буквално се’ за сечиј вкус. А вие кои се’ уште не сте ги посетиле, побрзајте! Затоа што во пресрет на летните свадбени, полуматурски и матурски прослави, во “DINA FASHION” ќе најдете над 200 модели фустани и над 50 модели на ...

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,86% во однос на одлуката од 2.5.2023 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 4,905%, кај дизелот за 5,550%, кај екстра лесното масло за 5,333% и кај мазутот ...

Во организација на Друштвото на биолози, на 28.04.2023 година во просториите на Природно-математичкиот факултет се одржа Државниот натпревар по биологија. Ученичката Софија Гешоска од IV-7клас, под менторство на професорката Софија Крстеска, ја освои првата награда. Талентот, вложениот труд и посветеноста на ученичката во низата од четиригодишното средно образование, секогаш се вреднуваше со освоени места на државните натпревари. Успесите на ...

Екипата на Мега баскет од Прилеп ја делат две победи од пласман во повисок ранг на натпреварување. По одличната сезона и освоеното прво место во третата Б лига, прилепската екипа два пати убедливо го совлада Младинец во четвртфиналниот натпревар од плеј-оф разигрувањето. Сега на патот им стои последната препрека, а тоа е КК Маџари ГБ, екипа која исто така забележа две победи во четвртфиналето. -Се очекува неизвесна борба, во која нијанси можат ...

Во финалниот настан на едукативната активност „Имам став”, која се одржа на 02.05.2023 во салата „Борис Трајковски” во Собранието на Република Македонија, гимназијалците од “Mирче Ацев” Прилеп постигнаа голем успех освојуваќи го второто место. За овој висок пласман заслугите им припаѓаат на учениците: Андреј Андреески, Марио Пеливаноски, Филип Тренкоски, Филип Станкоски, Стефани Стојческа, Димитар Зердески, Андреј Зојчески, Михаил Аризанкоски, ...

Искршени новoзасадените липи по булеварот ,,Гоце Делчев’’, накај автобуската станица во Прилеп – oбјавија од Јавното комунално претпријатие “Комуналец”. -Знаеме ли што е зелена општина?Знаеме ли дека сите засадени дрвја го формираат мозаикот на зелена општина? Знаеме ли дека Општина Прилеп е прогласена за најзелена општина од страна на Канцеларијата на Европската унија во Скопје? Се знаеме и повторно правиме штета– пишуваат од Јавното ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
87%
1016
weather icon

Белград

14ᴼ / 13ᴼ
5.14
87%
1014
weather icon

Загреб

16ᴼ / 12ᴼ
0.51
72%
1016
weather icon

Софија

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
87%
1016
weather icon

Сараево

12ᴼ / 12ᴼ
0.92
89%
1014
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 11ᴼ
2.57
90%
1016
weather icon

Атина

16ᴼ / 13ᴼ
3.09
75%
1012
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
87%
1013
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
1.03
88%
1014
weather icon

Букурешт

14ᴼ / 12ᴼ
1.54
80%
1014
weather icon

Будимпешта

16ᴼ / 11ᴼ
1.54
71%
1015
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 9ᴼ
5.66
87%
1014
Currency

61.535

Currency

53.5268

Currency

71.8162

Currency

34.3766

Currency

38.9421

Currency

65.6811

Currency

7.35715

Currency

0.65988

Currency

0.38012

Currency

0.52161

Currency

1.4063

Currency

0.63136

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1051.34

Злато

111305.26

Бакар

9.55

Паладиум

29803.74

Платина

30837.68

Родиум

173614.03

Цинк

2.52