Во Прилеп денеска беше поставен камен темелник за автопатската делница Прилеп – Битола на Коридорот 10д, една од четирите делници предвидени за изградба со Договорот со американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“. На настанот главен збор имаше Артан Груби, кој денеска се „ребрендираше“ со нова маица со натпис „10Д“. – Автопатот не може да го спречи ни Мицко, ни Свети Мицко. Делницата ќе се заврши и по неа ќе возат граѓаните. Дојдено е крај ...

Најгласен е муабетот во одредени политички кулоари дека Ковачевски кој работи како помал бизнис партнер на ДУИ во владата, веќе еднаш си поднел писмена оставка до собранието. Па овие кои се многу свесни дека со поадот на власта доаѓа и одговорност, многу жестоко го убедувале во спротивното. Талат и останатите од компанијата го убедувале да не си даде оставка, затоа што знаат дека од правдата нема бегање. Значи имаме премиер кој утрото се буди, ...

По повод 11-ти Мај, Денот на културата во сообраќајот, станицата за технички преглед “Авто Контрол” Прилеп во соработка со МВР и сообраќајната стука при С.О.У “Ристе Ристески-Ричко” Прилеп, организираше превентивна активност во центарот на Прилеп, преку делење на флаери со едукативна содржина, а со цел да се унапреди сообраќајната култура и да се придонесе за побезбеден и посмирен сообраќај, помалку сообраќајни незгоди и помал сообраќаен метеж. ...

Националниот парк „Пелистер“, годинава ќе го добие првиот Авантуристички парк за возрасни и деца, со цел збогатување на својата туристичка понуда, развој на локалната економија и една поширока димензија, воспоставување нови и зацврстување на веќе постојните релации на прекугранична соработка на Република Северна Македонија и Република Грција. На терен забрзано се работи на паркот кој изобилува со привлечни содржини, искачување на карпи, зип ...

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган заостанува зад својот главен ривал Кемал Киличдароглу за повеќе од пет проценти пред претседателските избори кои ќе се одржат во недела, покажуваат последните анкети. Анкетата покажа дека Реџеп Таип Ердоган има 43,7 % поддршка, а Кемал Киличдароглу 49,3 %, што значи дека овие избори би можеле да завршат во првиот круг, пренесува Ројтерс. Претседателските избори се најголемиот политички предизвик за ...

Работа и задоволство. Премиерот на американска турнеја во придружба на семејството. Димитар Ковачевски заедно со сопругата Елена Ковачевска и малолетните ќерка и син најпрвин беше неколку дена во Њујорк, а потоа и во Вашингтон. Од Владата цел ден не одговараат на прашањата на Алфа во кое својство е заминато и семејството на премиерот, кој платил за авионските билети, за хотелското сметување, дали е ангажирано и дополнително обезбедување, колку ...

Денови на Крали Марко е манифестација во организација на Општина Прилеп, со која преку разни активности се одбележува годишнината од загинувањето на легендарниот крал и се промовира Прилеп како град каде што живеел истиот. Програмата по повод одбележувањето на смртта на овој средновековен владетел, познат по бројни јунаштва и подвизи, кој го следат стотици македонски и балкански приказни, песни, преданија, митови и легенди е следна: Четврток ...

Покачувањата од 3.000 денари, 2.500 денари и 2.000 денари ќе добијат сите вработени во јавните здравствени установи, одлучи Владата на последната седница. Оттаму информираат дека министерот за здравство Фатмир Меџити ќе го потпише Анексот со репрезентативниот Самостоен синдикат за здравство, фармација и социјална заштита, со што се овозможува зголемување на платите на вработените во јавните установи во здравството. „Владата на Република ...

Компанијата ДСА ТЕАМ ДООЕЛ повеќе од 8 години е лидер во регионот за автомобилска контрола на квалитетот. Се работи за тим од професионалци фокусирани на помагање на компаниите во областа на управување со целокупниот квалитет, континуирано подобрување, управување и решавање на проблеми со речиси една деценија искуство на мултинационалните пазари. Поради зголемениот обем на работа, имаме потреба од вработување на кандидати за работната позиција: ...

Министерот за земјоделство Љупчо Николовски во Брисел ги изгубил платежните картички и сега не знае колку пари му дошле на сметката по покачувањето на платата. Тој, како што пренесе Експрес, не кажа на што ќе го троши новото покачување, зашто како што рече, и кога ќе го добиел, ќе донирал. Министерот Николовски е само еден од добитниците на новото зголемување на функционерските плати за 78 отсто, кое предизвика многу реакции во јавноста. ...

Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Прилеп при СВР Битола, вчера (09.05.) во средното училиште “Ристе Ристевски Ричко“ во Прилеп спроведоа едукативна работилница на тема – “Превенција од девијантни појави: дрога, алкохол и цигари“. Во текот на работилницата на учениците им беа презентирани сите суштински информации околу поимот на зависност, особено од користење на наркотичните дроги, надополнето со фактографијата за тоа ...

На денешен ден, пред 34 години, на 10 мај 1989 година, битолчанецот Димитар Илиевски Мурато, како прв македонски алпинист се искачи и го освои највисокиот планински врв на светот Монт Еверест (8.848 метри). Македонската јавност никогаш нема да го заборави разговорот меѓу Димитар Илиевски-Мурато и членовите на македонската алпинистичка хималајска експедиција, што го водеа тој ден на Хималаите и легендарната фотографија на Димитар снимена на ...

По несреќниот пораз во неделата во Прилеп, каде гостите од Скопје триумфираа после продолженијата, екипата на Мега Баскет вечерва, со висок триумф на гостински терен се врати во плеј-офф серијата за пласман во Втората кошаркарска лига и се избори за мајсторка. Во спортската сала “Наум Наумовски – Борче”, младата прилепска екипа го победи Маџари со 15 поени разлика (59-74), со што дечките докажаа дека поразот во Прилеп воопшто не ги демотивира ...

Покрај зимскиот празник Атанасовден, православната црква на овој светец му посветила уште еден, кај народот познат како летен Атанасовден кој се празнува на 15 мај. Во прилепско за овој ден највесело ќе биде во манастирот Св. Атанасиј кај село Ропотово, каде со почеток од 11часот ќе се одржи света литургија, а домаќините ќе служат ручек. За забавата ќе се погрижи естрадната ѕвезда, Јордан Митев. По тој повод се покануваат сите верници и ...

Хрватскиот фестивал за едноминутни филмови е меѓународен филмски фестивал кој секоја година се одржува во Пожега. Фестивалот прв пат се одржа во 1993 година, а 31-то издание ќе се одржи од 31 мај до 4 јуни. Единствен филм на ова издание од Македонија е “LIFE IS WHAT IT IS” од фотографот и камерман од Прилеп, Зоран Пилоски. Фестивалот во Пожега досега има пречекано автори и судии од повеќе од 40 земји ширум светот. На Пилоски му посакуваме успех ...

Агенцијата за вработување ги објави јавните повици од Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување за 2023 година. Една од најпривлечните за невработените во изминатите години се покажа мерката Самовработување со грант, преку која има можност да се добие неповратна помош за свој бизнис. Како што е наведено во огласот, мерката опфаќа: oбука за „Претприемништво и развивање на бизнис вештини“, ваучер систем за изработка на бизнис ...

– Програмата за практиканти им дава можност на студентите да се запознаат со она што им претстои во кариерата во областа на осигурувањето. Како општественo одговорна компанија, СН Осигурителен Брокер АД Битола овозможува програма за практиканти преку која настојува да го поддржи потенцијалот на младите, нивната креативност и амбицијата за напредување. Програмата за практиканти им дава можност на студентите да се запознаат со она што им претстои ...

Цените на нафтата на светскиот пазар денеска паѓаат поради неочекуваниот пораст на залихите на нафта во Америка, додека инвеститорите очекуваат податоци за инфлацијата во таа земја. Во Лондон цената на суровата нафта „брент“ е пониска за 52 центи или 0,7 отсто и сега изнесува 76,92 долари за барел. Во Њујорк цената на лесната сурова нафта падна за 49 центи, или 0,7 отсто, на 73,22 долари за барел. Аналитичарите велат дека зголемувањето на ...

Билетите за навивачите на македонската репрезентација за натпреварот Англија – Македонија кој ќе се одигра на 19. јуни, 2023 г. на стадионот Олд Трафорд во Манчестер ќе бидат пуштени во продажба во 10.00 часот наутро на 10. мај, 2023 година. Билетите, кои ќе бидат со цена од 30 и 40 британски фунти, ќе можат да се купат директно од Англиската Федерација на следниот линк. Билети за лица со попреченост ќе може да се нарачаат на следниот ...

И покрај штрајкот на Државниот испитен центар, со кој вработените бараат повисоки плати, како и нивните изјави дека нема шанса државната матура да се одржи во планираниот термин, министерот за образование Јетон Шаќири е уверен дека матурскиот испит ќе се полага на 27 овој месец. Шаќири вечерва во гостувањето на „Сител“ рече дека нема одложување на државната матура. Ако е потребно, и вработените од Министерството за образование и наука ќе бидат ...

Во градот под Марковите кули на 1-ви јуни ќе се одржи седмото издание на фестивалот „Прилеп фест“. Како и изминатите години, така и сега, тој ќе се одржи во Центарот за култура „Марко Цепенков“, каде ќе настапат познати музички ѕвезди од нашата земја, но и од соседството. Како минатите така и оваа година Советот на фестивалот успеа да ви претстави прекрасни македонски современи песни, испеани од најреномираните македонски и странски пејачи, а ...

Матурското табло на гимназијата од Македонски Брод на кое има повеќе наставници од ученици, а кое се сподели на социјалната мрежа Твитер, ја покажува вистинската слика за трендот на намалување на ученичките паралелки и исселувањето во поголемите македонски градови на граѓаните од овие мали градови, но и во странство. Во гимназијата во Брод има два класа кои ќе матурираат оваа година, едната е смер гимназиско образование каде има 8 ученици, а ...

Коста К.(13) кој со пиштолот на татко му уби осум врсници и чувар во ОУ „Владислав Рибникар“, ниту денеска, шест дена по монструозниот чин, не се кае. Тој е во изолација на Клиниката за неврологија и психијатрија за деца и млади кај д-р Суботиќ, сосема мирен и има само две прашања: „Кога да излезам одовде?“ и „Какви се реакциите на она што го направив?“. Kaко што пишува „Блиц“, момчето убиец не побарало никаков контакт, ниту пак побарало да се ...

Мерките дадоа резултат, смета министерот за економија Крешник Бектеши, кој денеска рече дека Македонија е најевтина земја во регионот во делот на цените на прехранбените производи и нафтените деривати, таму каде што владата може да има влијание согласно различни мерки. Тој вели дека „во април инфлацијата е намалена за 13 отсто, а споредбено со октомври кога почна ценовниот шок намалувањето на инфлацијата е речиси седум отсто“. Бектеши смета ...

Денеска се одбележува 9 мај, Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа. Денот на победата над фашизмот се одбележува на 9 мај 1945 година, кога со капитулацијата на нацистичка Германија заврши Втората светска војна во Европа. Безусловната капитулација на Германија беше потпишана во Берлин од фелдмаршалот Вилхелм Кајтел, маршалот Георги Жуков во име на СССР и британскиот генерал Артур Тедер во име на западните сојузници. Со ова, формално ...

На јутјуб каналот на Филип Петрески и на новата веб страна www.bucin.mk, објавено е видео од безбедносните камери на манастирот Св. Георгиј Победоносец во селото Бучин – крушевско. На видеото може да се забележи како чудна светлина се движи во манастирот во доцните вечерни часови. Во описот на видеото пишува дека истото потекнува од 11 септември 2022година, а за прв пат се објавува сега за Божиќните празници. Погледнете во продолжение: ...

Македонскиот филм „Најсреќниот човек на светот“, во режија на Теона Стругар – Митевска во кино “Мис Стон” – денеска (8 мај 2023) со почеток од 20.00 ч. Филмот имаше премиера лани и беше избран за македонски кандидат за Оскар во категоријата најдобар меѓународен филм. Филмот е копродукција помеѓу Македонија, Словенија, Хрватска, Белгија, БиХ и Данска. режија: Теона Стругар Митевска улоги: Ирма Алимановиќ, Изудин Бајровиќ, Ведрана Божиновиќ, ...

Голем број вљубеници во природата викендов се дружеа на втората по ред Прилепска трансферзала во должина од 60 километри, која се одвиваше два дена. Во првиот ден планинарите поминаа 35,5км, а во вториот уште 24. Турата започна од Варош до манастирот Св. Богородица – Трескавец, па преку Дабница и Присад, учесниците пристигнаа на Плетвар. Вториот ден патеката на движење беше по Селечка Планина, а крајната дестинација беше селото Штавица. Една ...

Денеска на Економскиот факултет во Прилеп се одржа натпревар од областа на циркуларната економија за учениците од средните општински училишта од Пелагонискиот регион. На натпреварот учествуваа 22 тимови, односно 88 ученици од средните училишта. На победничкиот тим, учениците од СОУ “Ѓорче Петров” – Прилеп под менторство на проф. Христина Петковска Димеска, им беше доделена награда во износ од 10.000 денари. Покрај наградата од Економскиот ...

Борачките од “7-ми Мај – Златна рака”, Ангела Трајкоска и Елена Дејкоска, по којзнае кој пат не’ направија горди како прилепчани и Македонци, а причина за тоа овојпат се успесите кои девојките ги забележаа на Балканското првенство за кадети и јуниори, кое изминатите денови се одржа во соседна Грција. Ангела освои бронза и злато, а Елена се закити со бронза. Настап на Балканското првенство имаше и Тамара Цветкоска која за жал загуби во борбата ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
0.51
82%
1015
weather icon

Белград

17ᴼ / 15ᴼ
1.03
75%
1015
weather icon

Загреб

15ᴼ / 15ᴼ
2.06
67%
1016
weather icon

Софија

9ᴼ / 9ᴼ
0.51
81%
1016
weather icon

Сараево

14ᴼ / 14ᴼ
0.57
82%
1014
weather icon

Љубљана

15ᴼ / 13ᴼ
3.09
87%
1017
weather icon

Атина

18ᴼ / 15ᴼ
0.89
75%
1013
weather icon

Тирана

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
82%
1014
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
4.12
72%
1015
weather icon

Букурешт

16ᴼ / 15ᴼ
2.06
83%
1014
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 13ᴼ
1.54
62%
1015
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 9ᴼ
6.69
82%
1014
Currency

61.535

Currency

53.5268

Currency

71.8162

Currency

34.3766

Currency

38.9421

Currency

65.6811

Currency

7.35715

Currency

0.65988

Currency

0.38012

Currency

0.52161

Currency

1.4063

Currency

0.63136

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1051.34

Злато

111305.26

Бакар

9.55

Паладиум

29803.74

Платина

30837.68

Родиум

173614.03

Цинк

2.52