Викендов во Битола се одржаа три Државни првенства во категории до У19, У13 и У11 години. ППК Младост96 учествуваше во две од трите категории и тоа во У19 и У13, каде членовите на клубот освоија голем број на медали. Во У19 женски Софија Хасану која е позајмена од градскиот ривал Младост го освои второто место и стана вицешампион на Македонија. Во финалето загуби од Фани Јованоска од ППК Крушево со резултат 3-2. Бронзен медал освои играчот на ...

Во спортската сала „Бранители 2001“ во Крива Паланка се одржа Државното карате првенство за деца, на кое учествуваа 283 натпреварувачи од вкупно 52 клуба. Салата „Бранители 2001“ и општината Крива Паланка како град допринесоа за високиот квалитет на турнирот и ја потврдија довербата да бидат домаќини. На Државното првенство беше присутен и претседателот на Карате федерацијата на РС Македонија, Петар Белистојаноски како и градоначалникот на ...

На светиот и велики понеделник, се сеќаваме на блажениот Јосиф, прекрасниот; се сеќаваме и, на од Господа проколнатата, исушена смоква. Почнуваат светите страдања на нашиот Господ Исус Христос, а пред тоа, како на Негов праобраз, се сеќаваме на прекрасниот Јосиф. Јосиф беше син на патријархот Јаков, син којшто му го роди Рахила. Омразен од своите браќа, заради некои сновиденија, Јосиф прво бива фрлен, од нив, во длабока јама, за потоа браќата, ...

65-годишен прилепчанец кој бил ангажиран како овчар прнајден е мртов . Во СВР Велес од Итна медицинска помош синоќа во 20:45 часот било пријавено дека во велешката населба Превалец починал 65-годишниот Д.М. од Прилеп, кој бил ангажиран како овчар. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, информира денеска Ристе Самарџиев портпарол на СВР Велес. –Увид на местото бил извршен од екипа од СВР Велес и по ...

Бебе вчера починало во стомакот на родилка од Битола откако ѝ била дадена таблета да го испровоцира породувањето, ама родилката била пратена дома од лекарот гинеколог кој бил дента на смена. Кога родилката се вратила ноќта на болница да раѓа веќе било доцна, дежурните лекари виделе дека бебето страда, по бојата и исцедокот на водењакот, се обиделе да ја породат родилката и да го реанимираат бебето, но му немало спас, дознава „Независен“ од ...

Хотелските аранжмани во Охрид и во Струга во претстојната туристичка сезона ќе поскапат за 30 отсто, велат од Асоцијацијата на хотелиери (ХОТАМ) за ТВ 24, додавајќи дека ќе има покачувања на цените и за претстојните велигденски празници. Од Асоцијацијата наведуваат дека поскапувањето се должи на високите цени на производите и енергенсите, како и на повисоките плати на вработените, со цел да ги одвратат од заминување во странство. – Македонија ...

На 09.04.2023 во 14.00 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на патниот правец Градско-Прилеп, пред мостот кај с.Тројаци, се cлyчила cooбpaќajна нecpeќа помеѓу патничко возило „ауди“ со охридски регистарски ознаки, yпpaвyвано од М.И.(27) од с.Горно Лакочереј, охридско и патничко возило „пежо“ со прилепски регистарски ознаки, yпpaвyвано од Д.М.(49) од с.Врбоец, крушевско. Во нecpeќата со тешки телecни повpeди се здобиле возачот ...

Овие две намирници се најдобриот природен лек при проблемите со висок притисок. Цимет Неколку истражувања потврдија дека систоличкиот (голем) и дијастоличкиот (мал) притисок кај возрасните лица се намалува со помош на познатиот миризлив зачин – циметот. Доколку додадете по половина лажичка цимет во вашата дневна исхрана, полесно ќе го контролирате високиот крвен притисок. Циметот не е познат само како вкусен зачин, туку и како извор на витамини ...

Денеска во СОУ “Коле Неделкоски” во Велес се одржа 60. Државен натпревар на млади природници и техничари, на кој учество зедоја повеќе ученици од прилепските училишта, а од ООУ “Кире Гаврилоски”, наградени беа учениците: Учениците се натпреваруваа во следните области и ги освоија наградите: Во областа екологија, Иван Синадиноски од 7 одделение освои прва награда. Негов ментор беше професорката Маја Мојсоска Во областа кино и видео техника, ...

Лазарова сабота или Лазарици или Лазаровден — еден од поголемите христијански празници од пролетниот циклус којшто е променлив празник и секогаш се паѓа еден ден пред Цветници, кои се точно една недела пред најголемиот празник Велигден. На овој ден се споменува чудесното воскресение на четиридневно упокоениот Лазар извршено од Исус Христос. Овој настан бил на шест дена пред предавството и убиството на Христос на Голгота. На Лазарева сабота ...

Ракометарите на РК Прилеп забележаа уште една победа во плеј-аут сегментот на ракометната Супер лига, откако вечерва на гости триумфираа кај Радовиш со 17:19. Прилепчани имаа фуриозен старт на натпреварот, но по почетните 0:6, радовишани се подразбудија и се вратија во натпреварот, па дури и успеаја да израмнат на 8:8 пред крајот на првиот дел. Но, избраниците на Реваз Чантурија не дозволија промена на резултатот во корист на домаќините, па ...

Рап иконата Снуп Дог откри дека има исклучително висок коефициент на интелигенција што во споредба со останатите Американци го прави генијалец. Уште во 2020 година, раперот ги потврди шпекулациите за тоа колку навистина бил неговиот коефициент на интелигенција. Она што е интересно, според извештајот за интелигенција на нациите од 2019, просечниот коефициент на Американците е 97.43. Но истражувањата кои следеа после овој извештај потврдуваат ...

Денес 09.04.2023 година во ССОУ ”Коле Неделковски” од Велес, се одржа 60-от јубилеен државен натпревар на младите техничари и природници во организација на Сојузот на клубови на млади техничари и природници и Народна техника на Македонија. На натпреварот задоа учество ученици од OOУ “Гоце Делчев” од Прилеп, кои многу успешно се претставија во своите области и освоија бројни награди. Под менторство на наставник-ментор м-р Кети Иваноска, Емили ...

Шкупи ја зациментира Победа на последната позиција од табелата. Веќе е смешно да се бара еден виновник, особено кога мрежата е полна и губите со 0-6 на домашен терен. Има ли вина во дефанзивниот ред кој неуспеа да одбрани ниту еден напад на гостите или пак нападот кој не беше ни блиску до поентирање? Или пак управата на клубот? Постои ли стратегија за опстанок? Постои ли план за натпреварите кои следуваат до крајот на сезоната? Има ли надеж за ...

Под покровителство на Лекарската комора на Македонија и техничка организација на шаховскиот клуб Прилеп, на 08 Април 2023 година се одржа републички турнир во шах на доктори. Учество зедоа 11 доктори и 1 докторка од повеќе градови, а турнирот го отвори нивниот колега градоначалникот на Прилеп др. Борче Јовчески. Во крајно неизвесна борба победничкиот трофеј со 9 поени од 11 партии го освои проф.др.Вело Марковски од Скопје, половина поен повеќе ...

Цели три години трафостаница на ЕВН стои вака во Кривогаштани и никој досега не го решава проблемот, велат жители од оваа пелагониска општина. -Ги прашуваме шефовите во ЕВН Прилеп, дали и пред нивните дворови каде си играат нивните дечиња вака под напон стојат голи жици? – стои во дописот кој стигна до нашата редакција. Жителите од Кривогаштани бараат итно ЕВН да испрати екипа и да го санира проблемот, пред да се слyчи некоја тpaгедиja. ...

Програмата Црвен крст во Акција- Промоција на Хумани Вредности (ЦКА-ПХВ) повеќе од 20 години претставува национална алатка за регрутирање и задржување на волонтери на возраст од 13 до 17 години во Црвениот крст. Како дел од оваа Програма, неколку млади дечки решија да направат мал проект, кој има цел да помогне на семејство кое живее во рурална средина. Семејството се состои од татко и 8 годишно дете и живеат во тешка состојба. Целта е преку ...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, изјави дека неговата ќе имплементира нови политики за младите, меѓу кои но и нула персонален данок за млади до 29 години, загарантиран работен однос за 500 најдобри студенти, домови за млади брачни парови и дигитализација во образованието. „За 500 најдобри дипломирани студенти на универзитетите во Македонија државата мора да обезбеди загарантиран редовен работен однос, за да може да ги искористи, ...

Влегувањето на Исус Христос во Ерусалим откако го воскресна четиридневно погребениот Лазар е мигот на најмногубројното и најрадосното препознавање во Него Господ и Спасител. Исус влегува во престолнината на осле, според старозаветното пророштво. Ова е уште еден од многубројните знаци по кои би можеле да Го препознаат, но сепак овој знак не го разбраа ниту Неговите ученици. Многуброен народ наслушна дека ќе дојде, па го дочекаа со палмови ...

Liqui Moly Македонија на дилерска средба ги претстави резулатите од првата година работа на компанијата како независен дистрибутер за продуктите на германскиот производител. За завршница на настанот им беа доделени плакети на најдобрите дистрибутери во првата година работа на Liqui Moly Македонија, а првото место го освои компанијата “Матадор” oд Прилеп. Позната по производство на врвни лубриканти компанијата Liqi Moly, со седиште е во Улм, ...

Во текот на изминатата вечер (08/09.04.2023) во периодот од 22.00 до 04.00 часот на територија на СВР Битола била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата биле санкционирани 81 возачи. Од нив 10 на територија на Битола, 64 во Прилеп, по 3 во ДемирХисар и Крушево и 1 во Македонски Брод. За време на контролата биле санкционирани и 86 други видови прекршоци. Акциски ...

Во пресрет на најголемиот христијански празник Велигден, учениците од IV б, IV в ,I а ,I в ,II а и II б одделение, заедно со нивните наставнички се потрудија да завладее празнична атмосфера во нашето училиште. Со велигденски мотиви го декорираа главниот влез на нашето училиште и училишниот хол, а со тоа и најавија дека велигденските работилници веќе се започнати во училиштето – објавија на ФБ од ООУ “Рампо Левката” Прилеп. Повеќе фотографии ...

Во мај, португалската партија Чега ќе биде домаќин на светскиот самит на лидерите на екстремно десничарските партии, на кој меѓу другите ќе учествуваат поранешниот бразилски претседател Болсонаро и италијанскиот вицепремиер Матео Салвини. Претседателот на партијата Шега, Андре Вентура изјави дека Болсонаро и Салвини „веќе ја прифатиле поканата за големиот светски самит на десницата“ во Лисабон на 13 и 14 мај, пренесува Хина. „Присуството на ...

Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Руската Федерација Дмитриј Медведев изјави дека никому не му е потребна Украина, па таа ќе исчезне и нема да биде на мапата на светот. – Зошто Украина ќе исчезне? Затоа што тоа никому не му треба – изјави заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија во објава на ВКонтакте. Медведев во написот забележува дека Украина не им е потребна на Европа, САД, Африка и Латинска Америка, Азија, ...

Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска повтори дека нема да учествуваат во работната група за уставните измени, оценувајќи дека во оваа фаза тоа е беспредметно и оти власта сака да го политизира процесот. По повикот што вчера повторно го упати вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ до ВМРО-ДПМНЕ да се вклучат во процесот и во рамки на работната група да ги кажат ставовите Мицкоски рече дека повеќе нема да ...

При денешната посета на општина Гази Баба, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на кампањата на СДСМ „рамо до рамо„ истакна дека реакцијата на народот за кампањата на СДСМ е „внимавајте, затварајте ги дворовите, заклучете ги вратите, криминалци шетаат по улиците не им отворајте“. „Мудроста на народот е најголема, и таа е неприкосновена, еве јас ќе искористам еден коментар кој што често пати ...

Основното училиште “Добре Јованоски” од Прилеп важи за едно од ретките училишта каде се почитуваат различностите и учениците од различна етничка заедница функционираат како едно. Можеби таквата кохезија и другарство, е и главната причина зошто училиштето низ годините било вистински расадник на идни познати и славни прилепчани. Македонскиот репрезентативец Илија Несторовски, уредникот на Канал 5 телевизија Гоце Михајловски, ТВ презентерот ...

Македонското јагне се извезе на европскиот пазар за католички Велигден, а сега стигнува во домашните месарници. Кланичарите велат дека годинашниов извоз е нешто помал од лани. Во споредба со лани помал е извозот на македонското јагне на европските пазари. Се извезуваше за Хрватска, Италија. Главно поради цената, зашто имаше доволно стасано јагниња поради топлата зима. За сточарите е ниска цената од околу 200 денари за килограм жива мера, за ...

Во текот на изминатата вечер (07/08.04.2023) во периодот од 22.00 до 04.00 часот на територија на СВР Битола спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата санкционирани се 29 возачи, при што кај возач во Прилеп при алкотестирање биле измерени 2.99 промили алкохол во крвта. Од нив 7 прекршоци на територија на Битола, 17 во Прилеп, 2 во Ресен и Македонски Брод и 1 Крушево. За ...

Ќе се ревидираат цените на дел од 11-те видови овошје и зеленчук коишто со владина одлука се замрзнати од 5 април. Одлуката ќе се донесе во вторник на седница на Владата, а следува по новите цени кои се пријавуваат од увозниците во Царинската управа. На средбата што се одржа вчера во Министерството за економија со увозниците на овошје и зеленчук е договорено да се направат минимални корекции на цените. Последните податоци што биле анализирани ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
1.54
72%
1015
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
2.57
78%
1015
weather icon

Загреб

16ᴼ / 13ᴼ
2.06
72%
1016
weather icon

Софија

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
71%
1015
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
1.93
74%
1015
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 13ᴼ
4.63
86%
1016
weather icon

Атина

21ᴼ / 19ᴼ
6.69
51%
1012
weather icon

Тирана

16ᴼ / 16ᴼ
2.06
72%
1013
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
0.0
68%
1013
weather icon

Букурешт

15ᴼ / 13ᴼ
3.6
76%
1015
weather icon

Будимпешта

18ᴼ / 17ᴼ
2.57
67%
1015
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 10ᴼ
6.69
82%
1015
Currency

61.535

Currency

53.5268

Currency

71.8162

Currency

34.3766

Currency

38.9421

Currency

65.6811

Currency

7.35715

Currency

0.65988

Currency

0.38012

Currency

0.52161

Currency

1.4063

Currency

0.63136

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1051.34

Злато

111305.26

Бакар

9.55

Паладиум

29803.74

Платина

30837.68

Родиум

173614.03

Цинк

2.52