Во текот на изминатата вечер (29/30.06.2023)во периодот од 23.00-04.00 часот на територија на Битола спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол. При контролата санкционирани се 11 возачи. За време на контролата биле санкционирани и 15 други видови прекршоци. Акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила – информираат ...

Комисијата за финансирање и буџет при Советот на Општина Прилеп, одржа седница на ден 15.06.2023 година во состав Ирена Стерјовска Локвенец-претседател, Александар Китаноски, Дарко Андреески, Александра Сваќароска и Трајче Ржаникоски на која седница ги разгледа барањата за распределба на средства од буџетот на Општина Прилеп за 2023 година, наменети за финансирање на спортски клубови, професионални спортски клубови, здруженија и фондации во ...

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека неговата земја нема да дозволи САД да испратат израелски мобилен систем за воздушна одбрана „Железна купола“ во Украина. Овој систем за воздушна одбрана, конструиран од израелските индустрии за специјални намени со финансиска помош од САД, е дизајниран да пресретнува ракети и артилериски гранати истрелани од далечина од четири до 70 километри. Во интервју за Wall Street Journal, Нетанјаху ...

На Инстаграм страницата „antidroga07“ се појави видео од албанскиот пристанишен град Драч, на кое се гледаат испреплетени змии како се сончаат на карпите покрај морето. – Иако нивниот модел наликува на еден од отровните, сепак се работи за сосема безопасен, воден вид наречен Natrix tessellata. Присуството на голем број од овие змии на една локација е и показател за големиот број риби со кои првенствено се храни овој вид. Таму веројатно не ги ...

Еве не, чедата на МПЦ, собрани заедно со претставници на сите цркви и верски заедници за да им кажеме ДА на животот и на светоста на семејството оформено од еден маж и една жена, за да кажеме дека ќе ги браниме нашите најмили – децата од неприфатливи и нагрдувачки нови идеологии. Собрани сме за достоинствено и радосно да го покажеме нашето прегрнување на сиот свет како Божјо творение и да кажеме дека Црквата ниту сега, ниту кога било, не ...

Битолски пензионер е повикан од полицијата, откако било утврдено дека тој со чкртање ја оштетил таблата на влезот во Бугарскиот конзулат во градот, соопшти полицијата. На 28.06.2023 во СВР Битола по добиена пријава дека со чкртање е оштетена таблата со натпис поставена на влез на конзулат во Битола, од страна на полициски службеници од полициската станица при СВР Битола преземени се мерки и извршени се оперативни проверки, по што на службен ...

Започна сенародниот собир организиран од Македонската православна црква – Охридска архиепископија под мотото ,,Имаме Должност”. Македонската православна црква – Охридска архиепископија денеска организира сенароден собир во знак на протест поради односот на власта кон нивното барање за повлекување од собраниска процедура на предлог законите за матична евиденција и за родова еднаквост, бидејќи ги сметаат за сериозна закана за општеството, а ...

Борачките на боречкиот клуб “7-ми Mај Златна рака” од Прилеп одново со ангажман на меѓународната сцена. Oвојпат прилепските борачки Ангела Трајкоска во категорија до 42кг. и Тамара Цветкоска во категорија до 58кг., ќе ги бранат боите на Македонија на Eвропското првенство за пионери, кое ќе се одржи во Унгарија. По успешно одработените припреми во Хрватска кои ги организираше боречката федерација на Република Македонија, прилепските девојки се ...

Светската здравствена организација, или водечката светска здравствена организација, следниот месец ќе го прогласи еден од најчестите вештачки засладувачи за можна причина за рак, објави во четвртокот британската новинска агенција Ројтерс, повикувајќи се на два извори запознаени со процесот. Аспартамот, кој се користи во низа производи од диетални газирани пијалаци на Кока-Кола до гуми за џвакање Mars Ektra и некои пијалоци Snapple, за прв пат ...

На 28.06.2023 полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода Н.И.(62) од Битола. Имено, по претходно издадена наредба од Основен суд Битола, полициските службеници извршиле претрес во дом и простории кои ги користи Н.И., при што биле пронајдени и одземени три ќеси со марихуана, дигитална вага, предмети со остатоци од марихуана и други предмети во врска со кривичното дело. Н.И. е приведен и по ...

Паско Кузмановски најлегално, лиценцирано и со сите дозволи, работи (сервисира) оружје, занает за кој и јавно зборува уште пред многу години пред тв камерите. Кој е од Крушево, го познава “Сандокан”, пишува на Фејсбук Филевски Игор. На 27. јуни МВР излезе со молскавично соопштение дека Криминалистичката полиција на СВР Битола во содејство со полициски службеници од ОВР Крушево вчера (26.06.2023), по претходно добиена судска наредба извршиле ...

После 10 години од опожарувањето на планинарскиот дом Копанки со поддршка на општина Битола отпочнаа активностите за реконструкција на планинарскиот дом Копанки. Согласно потпишаниот договор помеѓу општина Битола со ПСК ПЕЛИСТЕР, изработен е проект за реконструкција на планинарскиот дом Копанки и од денес се видливи градежните активности. Општина Битола минатата година во буџетот за реконструкција на планинарскиот дом издвои 3.8 милиони денари ...

УЕФА најави дека ќе испрати препорака до ФИФА го користи следниот формат за квалификации за 16-те европски селекции кои треба да учествуваат на следниот Мундијал кој ќе биде прв со 48 репрезентации. За место на Мундијалот, Македонија ќе треба да помине низ две фази од квалификации, прво групна, па потоа плеј-оф. Во групната фаза нема да има промени, ќе се игра во традиционалниот формат (дома-гости), а репрезентациите ќе бидат поделени во 12 ...

Катарина Сечи од Нови Сад е една од ретките жени во Македонија и регионот што руши стереотипи и работи како професионален возач на камион. 25-годишната девојка веќе две години е шофер на шлепер во прилепската фирма “Енигма Транспорт” и е вистинска мотивација за сите припаднички од понежниот пол кои сакаат да се занимаваат со оваа професија. И не е само тоа, Катарина освен голем шлепер, во слободно време вози и моторцикли, и тоа од оние со ...

И вториот добитник на автомобил HYUNDAI Tucson од најновиот инстант лоз 7 Х 7 кој Државна лотарија го пласираше неодамна, е од Прилеп – објавија од продажното место City Tobacco во центарот на градот. Среќата најпрво и’ се насмевна на Јована Стојановска од Прилеп, а вториот добитник се уште не е познат. ...

Откако јавноста попладнево беше информирана, дека 20-то јубилејно издание на фестивалот на скарата и пивото, “Пиво Фест 2023”, нема да се одржи, и општина Прилеп преку соопштение ја изнесе својата страна од вистината. Соопштението во целост го пренесуваме во продолжение: -Во пресрет на традиционалниот датум за организација на Фестивалот на пивото, а тоа е срединатa на јули и со цел да се одбегнат сите шпекулации во јавноста, како Општина Прилеп ...

Дваесеттото јубилејно издание на фестивалот на скарата и пивото во Прилеп, кој беше предвидено да се одржи од 13-16 јули, сепак нема да се одржи. Организацијата на фестивалот изминатите недели предизвика голем број полемики во јавноста, па се наговестуваше ваков развој на настаните. Во официјалното соопштение од на Фејсбук страната од фестивалот, која се користеше минатата година, стои дека 20-то издание на “Пиво Фест” се одлага за следната ...

„Северна економија навистина ја поставивме да биде земја која покажува напредок“. Ова е новиот гаф на Ковачевски, а премиерот никако не успева да го прочита она што му го напишале. По стапките на неговиот претходник Заев, така и Ковачевски знае честопати да згреши. Вечерашниот, веројатно ненамерен лапсуз, веднаш беше забележан од Твитер заедницата која го коментираше. Премиерот наместо името на државата кое го користи владата „Северна ...

На 26 јуни 1921 година во Софија бил убиен Ѓорче Петров, една од личностите кој целиот свој живот го посветил на борбата за слобода на македонскиот народ. Роден е како Ѓорѓија Петров Николов на 2 април 1865 година во Варош, во семејството на Петре учителот од Тројаци. Основното образование го завршува во Прилеп при учителите Никола Ганчев и Јосиф Ковачев. По неуспешниот обид да се запише во Софиската машка гимназија како стипендист, Ѓорче се ...

Екс премиерот Зоран Заев му се закани со тужба за австрискиот амбасадор Георг Вуцас во врска со случајот на судска наплата на штета во интерес на фирма од Австрија во кој, како што тврди амбасадорот, се инволвирани роднини на фамилијата Заеви. „Целосно се оградувам од било каква моја инволвираност во споменатиот деловен спор што се води во судовите. Колку што гледам и читам од соопштението на амбасадорот, овој судски деловен процес е јавен и ...

Саша Поповиќ ги додели клучевите од автомобилот Фиат ТИПО на нашата Славица Ангелова која победи во „Ѕвездите на гранд“ за сезоната 2022/23. Креативниот директор на „Гранд“ продукција доделувањето на клучевите го направи во склоп на комплексот кој го гради на Бежаниска коса каде и живее. -Ух кога ќе се појавиш во Струмица со овој автомобил, а сите знаат дека си го добила откако победи во „Ѕвездите на гранд“, тоа ќе биде шоу, вели Поповиќ. ...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ денеска од Брисел за вестите на Алфа истакна дека додека власта зборува за европски вредности прави криминал, кој доаѓа токму од врвот на партиите на власта и затоа се неопходни избори за да може да дојде влада на ВМРО-ДПМНЕ со силна реформска агенда. – Апсолутно неприфатливо е земја кандидат за членство во ЕУ да има такво ниво на криминал и корупција како што тоа се случува во Македонија. Неприфатливо е да бидеме ...

Бројна прилепска екипа, плус една битолчанка, изминатиот викенд го освоија врвот Митикас (2917м.), највисоката точка на планината Олимп во Грција. Целата авантура од почеток до крај на својот Фејсубк профил ја раскажа Протоереј Љупче Петрески, а ние ви пренесуваме во продолжение: Олимп, престолнината на грчките богови е планина која ниту еден планинар не треба да ја “прескокне”! Олимп можеби не е меѓу највисоките во светот но, секако е меѓу ...

Од 1 декември од 13 до 15 часот се враќа евтината тарифа на струјата, соопшти денеска првиот човек на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски. – Не ја воведуваме оваа тарифа од политички причини, туку поради сигналот на цената на струјата на сите берзи – појасни Бислимоски. Во однос на цената на струјата која граѓаните ќе ја плаќаат од 1 јули до 31 декември годинава, Бислимоски рече дека во двата пониски блока се намалува цената, ...

Светиот архијерејски синод на Македонската православна црква-Охридска архиепископија со голема загриженост го следи процесот на носење на Законот за родова еднаквост и Законот за матична евиденција. По тој повод, поглаварот на Македонската православна црква-Охридска архиепископија, г.г. Стефан, преку видеообраќање побара поддршка за протестот пред Соборниот храм в четврток, на 29 јуни, против носењето на Законот за родова еднаквост и Законот за ...

Прилеп полека се подготвува за Меѓународниот ракометен турнир во чест на Миле Нешкоски, кој оваа година за прв пат ќе трае 4 дена, од 25-28 август. Списокот на учесници e комплетиран, а покрај домаќинот РК Прилеп, од домашните екипи ќе учествуваат: Мулти Есенс, Пролет, Скопје, Еурофарм Пелистер 2 и Струга. Редовен учесник на турнирот е и екипата на РК Дубочица од Србија, а она што ќе биде интересно да се види и што ќе му даде посебен европски ...

Криминалистичката полиција на СВР Битола во содејство со полициски службеници од ОВР Крушево вчера (26.06.2023), по претходно добиена судска наредба изврши претрес во дом и простории на П.К.(71) од Крушево. При претресот пронајдени се над 60 пушки, над 60 пиштоли и околу 2000 парчиња ловечка и боева муниција од различен калибар, како и разни делови за пушки и пиштоли. За случајот е известен Јавен обвинител. По целосно расчистување и ...

Одлуката за целосна забрана за пуштањето пластични и оксобиоразградливи кеси за носење стоки на пазарот во земјата ќе стапи во сила на 1 јуни 2024 година, а не на 1 јуни годинава, информираат од Министерството за животна средина и просторно планирање. „Министерството за животна средина и просторно планирање ја информира јавноста дека во согласност со Правилникот за изменување на Правилникот за стандардите за биоразградливост, кои треба да ги ...

Фејсбук статус на Александар Стојановиќ: Поминаа скоро две години откако аплицирав за вработување во Министерството за внатрешни работи, како извршител со високо образование од областа на безбедноста. Документите ги поднесов на 03.08.2021, за пред некој ден, на 23.06.2023 година, да добијам одговор дека НЕ сум избран за натамошна постапка за вработување во МВР, при што документите ми беа вратени на домашна адреса. И се запрашав зошто сум ...

Властите најавија дека ќе се испита снимката од гласовите и разговорите на членовите на екипажот кои биле во подморницата Титаник, која исчезна додека се движеше кон остатоците од Титаник. Инспекторите од Канада отишле до бродот „Полар принц“ за да пронајдат информации кои би можеле да бидат корисни во истрагата за исчезнувањето на подморницата „Титан“, која со екипаж од пет лица се упатила кон потонатиот брод Титаник, пренесува „Си-Ен-Ен“. Ќе ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
9.77
43%
1012
weather icon

Белград

24ᴼ / 22ᴼ
6.17
56%
1011
weather icon

Загреб

26ᴼ / 23ᴼ
3.6
40%
1013
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
6.17
48%
1014
weather icon

Сараево

25ᴼ / 25ᴼ
2.23
40%
1011
weather icon

Љубљана

22ᴼ / 21ᴼ
4.12
56%
1015
weather icon

Атина

21ᴼ / 19ᴼ
3.6
61%
1011
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
3.6
52%
1012
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
1.54
28%
1011
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 23ᴼ
4.12
37%
1013
weather icon

Будимпешта

26ᴼ / 24ᴼ
5.66
48%
1013
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 16ᴼ
6.69
49%
1013
Currency

61.525

Currency

53.5268

Currency

71.7367

Currency

34.5534

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63352

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1051.34

Злато

111305.26

Бакар

9.55

Паладиум

29803.74

Платина

30837.68

Родиум

173614.03

Цинк

2.52