
Скопје
27ᴼ /
27ᴼ



На 03.07.2023 на ул.„Тризла“ во Прилеп полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Р.Р.(25) и Е.Р.(19) од Битола. При преглед на патничко возило „ауди“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Р.Р., биле пронајдени и одземени седумдесет и три пакувања и шест ленти-кластери „трамадол“, како и бланко рецепти. Лицата се приведени во Полициска станица Прилеп, поради сомнение за сторено кривично дело по член 212 од Кривичниот ...
ЕВН Хоум е повикана на 1 декември да испорача дневна евтина тарифа на струјата за сите, а како тоа ќе го направат е нивна надлежност и одговорност, рече денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. Според него, оперативните работи треба да ги направат тие што се повикани за тоа. -Фактот дека Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) излезе со цени кои се аплицираат од 1 јули до крајот на годината и со самото кажување дека на 1 ...
Упатуваме апел до сите со цел да предизвикаме одговорно живеење со грижа и добро однесување кон објекти кои имаат општокорисна вредност и се од заедничко значење за сите нас. Изминатите 24 часа екипите на ЈКП”Водовод и канализација”Прилеп интервенираа два пати на исти објект поради причини предизвикани од наши несовесни сограѓани – пишуваат од ЈКП Водовод и канализација Прилеп. Соопштението во целост го пренесуваме во продолжение: -Станува збор ...
–Непредвидени и неочекувани настани секогаш се можни, сепак постои начин да се заштитите од непредвидени трошоци кои можат да произлезат од таквите настани, велат од СН Осигурителен Брокер АД Битола, препорачувајќи каско, здравствено патничко осигурување и асистенција на пат. Добрите подготовки за патување, особено кога се патува во странство, се од големо значење патувањето да мине без непријатни изненадувања. Иако непредвидени и неочекувани ...
СВР Битола поднесе кривична пријава против В.О.(29) од Битола и И.Н.(62), поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. Во период од шест месеци во 2023 година, првопријавениот во повеќе наврати набавувал марихуана која му ја препродавал на второпријавениот, по што на 28.06.2023, по извршен претрес во домот на второпријавениот, ...
Синоќа 39 годишна тукушто породена мајка се фрлила од први кат на Клиниката за Гинекологија во Клиничкиот центар Мајка Тереза во Скопје, пренесува „Фактор“. Директорката на клилниката за гинекологија, Викторија Јовановска за „Фактор“ ги потврила информациите. Пациентката итно била пренесена на КАРИЛ, на Одделот за неврохирургија, каде што и била извршена операција, бидејќи имала тешки повреди на цервикалната кичма. Инаку, 39 годишната ...
Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,27% во однос на одлуката од 26.6.2023 година. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,00 ден/лит. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), не се менуваат. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се ...
Деновиве на социјалните мрежи се ширеше апел за помош на малиот Стефан од Кривогаштани, на кого му е дијагностицирана Конгенитална мускулна дистрофија (Dg Dystrophio Muscularis Congenita) и за кого треба да се набави адекватен респиратор за домашна употреба. -Неговиот живот не може да продолжи без адекватен респиратор, кој може да се набави со ваша помош. Потребни се 585.200 денари. Ве молиме да собереме сите и да му помогнеме на Стефан. Вашето ...
-На 02.07.2023 во 13.00 часот било пријавено дека на крстосницата од ул.„Борка Талески“ и ул.„Кеј 9 Септември“ во Прилеп се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“, управувано од Ф.Ј.(33) од Прилеп и патничко возило „голф“, управувано од М.З.(26) од Прилеп, двете со прилепски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот во возилото „опел“, З.М.(33), додека со телесни повреди се здобил возачот ...
Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 20 јуни. Денеска е Св. Наум Охридски. Свети Наум е најблискиот соработник на свети Климент, првиот словенски епископ. Во делото на просветувањето на Словените со евангелската вистина тој учествуваше како учител, а потоа и како свештеник. Десетина години пред смртта го основа манастирот посветен на светите Архангели на Охридското езеро. Овој манастир е денешниот Св. Наум. Свети Наум се ...
После оправданата пауза од 2 години Тур Де Галичица се враќа на сцената со побогато и проширено издание на кое ќе бидат застапени неколку видови на спортови и тоа: • Велосипедизам • Спортско качување • Параглајдинг • Планинарење Трчање на 5км низ улиците на Ресен Домаќини на настанот се Општина Ресен, Велосипедски и планинарски клуб „ПРЕСПА БАЈК“ и Националниот парк Галичица. Истите ќе се погрижат Преспа да биде центар на активниот туризам во ...
Од прилепскиот боречки клуб “7-ми Мај – Златна рака” информираат, дека одработен е и последниот тренинг од клубските припреми кои се одржаа во Прилеп, а на гости на прилепчани им беа и од боречкиот клуб “Качаник” од Косово, предводени од тренерот Ферат Рамадани. -Во последните 4 денови двата боречкиот клуба одработија 10 заеднички тренинзи, а во пресрет на заминувањето на нашите борачки Ангела и Тамара на Европското првенство во Капосвар, ...
По катастрофалната сезона во Прва лига, Победа ги консолидира своите редови и се подготвува за новата сезона во Втората лига. Првиот чекор раководството на клубот го направи денеска со поставувањето на Филип Мирчески за нов тренер. Мирчески досега ја предводеше младата екипа на Победа, истата екипа која беше шампион на Македонија во сезоната 2021/2022 и играше во Лигата на шампионите. Младиот стратег дел од својата кариера ја помина токму во ...
Македонскиот фудбалски репрезентативец Тодор Тодороски е на прагот да направи трансфер и само формалности го делат од заминување за Турција, по добрите партии во Азербејџан. 24-годишниот прилепчанец кој игра како десен бек моментално е член на Сумгајит. За него се распрашува клуб дел од турската Суперлига и прави напори да го донесе во својот тим. Сепак, за се ќе се прашува клубот од Азербејџан, затоа што Тодороски е под договор – oбјави ...
Во својата редовна колумна за порталот на “РАДИО ПЕЛА”, новинарот Зоран Момироски, се осврна и на паушалите на советниците во Советот на општина Прилеп. Во предизвобрната кампања повеќемина истакнаа дека своите советнички паушали или дел од нив ќе ги донираат каде што има потреба, но според Момироски тоа го напаравил единствено советникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, ортопедот специјалист Кире Јоноски. -ВО МИНАТИТЕ НЕКОЛКУ КОЛУМНИ НЕКОЛКУ ПАТИ ...
Поранешната министерка за финансии Нина Ангеловска викендов се омажи со својот партнер Виктор Станков, а свадбената веселба се одржа во познат скопски ресторан. За најпосебниот ден Нина избра елегантна бела венчаница со корсет, а Виктор беше облечен во бел костум. Меѓу гостите беа и поранешните премиер Зоран Заев и министер за здравство Венко Филипче. Двојката се венча во соборониот храм во Скопје, а младенците биле пречекани од блиски роднини ...
Со паркирање во хуманитарните зони Х1, на неколку локации во нашиот град, граѓаните ќе донираат дел од средствата во солидарниот фонд, а потоа тие средства ќе се користат за помош на наши сограѓани од ранливи категории и итни случаеви, кои имаат ургентна потреба од финансиска помош – напиша на ФБ градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов. -Штип е град на солидарноста, град на хуманоста, да паркираме и донираме и сите заедно да дадеме ...
Градоначалникот на општина Бутел, Дарко Костовски преку статус на Фејсбук пишува дека добил закани од советникот во општината од политичката партија Алтернатива. -Вчера добив директна закана, цитирам: ако продолжиш вака ќе ти се скрши вратот. Ова го истакна советникот во општина Бутел претставник на политичката партија Алтернатива, на вчерашната седница на советот, читаше од некој друг напишано писмо па ми се обрати на таков начин. Од како го ...
Никој не може да го оспори правото на црквата да протестира, секој има уставно право на тоа, но според информациите што доаѓаат на овие теми, чудно ми е што црквата првпат повикува на протест по тој повод. Мислам дека имавме многу потешки дилеми со кои се соочија црквата и државата, изјави во интервју за Аргумент плус на ТВ 24 претседателот Стево Пендаровски по повод вчерашниот протестот организиран од МПЦ-ОА. Според Пендаровски, протестот е ...
Американскиот претседател Џозеф Бајден направи гаф кога го напушти телевизиското студио, пред водителот да го одјави интервјуто и да објави реклами. Во ретко интервју, кое го дал за MSNBC, тој стана од столот додека сè уште беа вклучени камерите, се ракуваше со водителката и си замина, пишува New York Post. Дури потоа водителката објави реклами, иако невообичаено е гостин тоа да го направи пред тоа. „Не заминувајте“, им рече водителката на … ...
Вчера во Прилеп и денеска во Долнени на Рудина се одржува 49-то издание на Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“. Фестивалот годинава има над 300 учесници од сите краишта на земјава и од соседството, кои ги грмнаа гајдите, кавалот, зурлите, тапаните… Македонскиот фолклор несомнено располага со огромно богатство, но она што остави најголем впечаток кај публиката беше настапот на младите тапанари од Фолклорниот ансамбл ...
На 30.06.2023 во 13.42 часот било пријавено дека во Прилеп на крстосницата од ул.„Борка Медаро“ со ул.„Димче Карески“ се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко моторно возило „ауди“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од С.Т.(35) од Прилеп и велосипед управуван од малолетник од Прилеп. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот констатирани во Градската болница Прилеп. Извршен бил увид од увидна екипа ...
Проширувањето на работната сила го одразува растот и успехот на една компанијата, a TASKFORCE е одличен пример за тоа. Таскфорс е глобално позната компанија во светот на професионални услуги насочени кон осигурувањето, здравствената заштита, финансиите и логистика, а сервисира големи клиенти со што ја држи позицијата на водечки играч во нејзиниот сектор. Прославата на оваа значајна пресвртница достигнувајќи работна сила од 2.000 вработени се ...
На 30.06.2023 полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола на ул “Леринска”во Битола го лишиле од слобода Н.П.(43) од Битола, а на ул”Генерал Васко Карангелевски” лишен од слобода е Е. Р.(38) од Битола. Имено, на (30.06.) во СВР Битола З. С.(56)од Битола пријавил дека пред Домот на културата во Битола, Н.П и Е Р со употреба на остар предмет му упатиле сериозни закани по живот него и на неговата фамилија. По документирање на ...
Информацијата дека овогодинешното јубилејно 20-то издание на фестивалот на скарата и пивото во Прилеп, се одложува за в година, ја разбранува јавноста. Граѓаните иако поделени во мислењата, сепак најголем дел очекуваа фестивалот да се случи и манифестацијата да го продолжи својот континуитет. Но, се чини дека има светло на крајот од тунелот, а позитивната вест дека “Пиво Фест” сепак ќе се одржи летово, на својот ФБ профил ја сподели Звонко ...
Одредени подробности при уредувањето на домот може да станат „проблем“ во лето, покрај високите температури и да придонесат за дополнително загревање на внатрешноста на куќата. Тука спаѓаат изборот на бои, употреба на одредени апарати и несоодветна изолација. При високите дневни температури и силна сончева енергија, лекарите ги советуваат луѓето да го ограничат своето време надвор. Сепак, неретко во домот е потопло отколку надвор. Следат ...
Струмичанката Славица Ангелова привлече големо внимание во јавноста во целиот регион по триумфот во „Ѕвездите на Гранд“. Сепак, освен што убаво пее и што е паметна (студира медицина), малку се знае за оваа талентирана девојка. Причината за тоа е што Славица за време на натпреварот не сакаше да открива детали од приватниот живот, а така остана и по победата. Нејзиниот ментор Ѓорѓе Давид по победата призна дека Славица имала емотивни проблеми за ...
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ги информира потрошувачите дека се отповикува следниот небезбеден производ – QADRONE VERIEGATO Geechele 400, поради присуство на хлопирифос. АХВ ги објави и деталите од производот кој треба да го вратите од каде што сте го купиле. Сериски број/лот: 15.10.2023 Рок на употреба: 15.10.2023 Производител: GECCHELE Italy Увозник: ВЕРОПУЛОС ДООЕЛ Скопје Дистрибутер: IL FORNAIO DEL CASALE S.p.A Italy – ...
Дневниот центар за деца со посебни потреби во Крушево доби сосема нов лик благодарение на Моzzart. Регионалниот лидер во приредување игри на среќа донираше средства собрани од акцијата „Повеќе од гол“ во износ од 663.000 денари за подобрување на условите за престој во оваа институција. Старите креветчиња беа заменети со нови, децата добија нови постелнини, ќебиња, играчки и едукативни материјали. Центарот доби нов тв приемник, лаптоп и се што е ...
Oткако Секторот за Урбанизам при Општина Прилеп ја подготви техничката документација за изведба, вчера после повеќе години чекање започна изградбата на водоводната линија до манастирскиот комплекс „Трескавец„. Општината како носители на овој проект, за изградба на манастирскиот водовод, задолжена за изготвување на инфраструктурниот- урбанистички проек, со ребалансот на Буџетот, успеа да издвои три милиони денари за кофинансирање на овој значаен ...