
Скопје
9ᴼ /
9ᴼ



Грчкото правосудство покрена обвинение против уште 40 навивачи на Динамо Загреб откако навивач на АЕК беше избоден со нож во Атина, со што бројот на обвинетите се искачи на 70, соопшти судски извор. Повеќе од стотина хулигани беа уапсени во понеделникот вечерта по масовната тепачка меѓу приврзаниците на двата клуба, пред натпреварот од квалификациите за Лигата на шампионите. Во тепачката загина грчкиот навивач на АЕК, Михалис Кацурис (29). Тој ...
Претседателот на Србија Александар Вучиќ во телевизиско интервју за Пинк изјави дека Албин Курти поттикнува нестабилност и во Македонија и на југот на централна Србија. „Она што се случи во Северна Македонија е скандал над скандалите. Таму беше промовирана идејата за „голема Албанија“, беа истакнати нејзините симболи, а Курти беше претставен како премиер на сите Албанци и премиер на Тетово. , меѓу другото“, истакна Вучиќ на ТВ Пинк. Тој се ...
Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ, изјави дека хрватските навивачи во Грција се заробени како да е војна, дека ги третираат како плевел и оцени дека односот на грчките власти кон нив нема врска со законот, демократијата и почитувањето на човековите права. „Тоа не е правна држава! Овие луѓе се третираат како воени заробеници. Да бев премиер, ќе размислував што ќе правам. Не е лесно. Ова е на граница на воениот закон. Тие се третираат ...
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска изјави дека ќе им пружи максимална поддршка на хрватските граѓани во Грција, кои беа уапсени поради навивачки судири и информираше дека побарал од грчкиот премиер Киријакос Мицотакис што поскоро да ги депортира невините во Хрватска, бидејќи, според него, не е можно сите стотина уапсени да се подеднакво одговорни за настаните во Атина. Пленковиќ на почетокот на седницата на хрватската Влада се осврна на ...
Според полициското соопштение, кое го пренесува АБЦњус, (ABCnews.al), туристите влегле во морето на плажата во Гољем ризикувајќи да се удават додека пливале. Откако биле изнесени од морето, на плажата им била укажана прва помош од присутната крајбрежна стража и полициски службеници од Каваја кои во моментот биле дежурни на плажите, „Тројцата туристи се испратени во Регионалната болница во Драч за укажување лекарска помош. 48-годишниот државјанин ...
Најмалку 93 лица загинаа во катастрофалниот пожар што го зафати историскиот град Лахаина на хавајскиот остров Мауи, соопштија американските власти, пренесува Гардијан. Ова е најсмртоносниот шумски пожар во САД по повеќе од еден век, а стравувањата се дека бројот на жртвите ќе се зголеми. Гувернерот Џош Грин откако го виде пустошот во Лахаина изјави пожарот е најлошата природна катастрофа со која се соочиле Хаваите. „Можеме само да чекаме и да ги ...
Постои реална можност Кремљ веќе да не ја финансира платеничката група Вагнер, соопшти денеска британското Министерство за одбрана. Министерството во дневниот билтен соопшти дека руската држава дејствува против некои од деловните интереси на сопственикот на Вагнер, Евгениј Пригожин, откако тој го предводеше неуспешниот бунт против највисоката руска војска во јуни. „Доколку руската држава повеќе не му плаќа на Вагнер, вториот најверојатен плаќач ...
Русија опремува нови нуклеарни подморници со хиперсонични ракети Циркон, соопшти главниот московски бродоградител. „Повеќенаменските нуклеарни подморници од проектот „Јасен-М“ ќе бидат опремени со ракетниот систем „Циркон“, изјави Алексеј Рахманов, извршен директор на Обединетата бродоградба, а пренесува Скај њуз. Подморниците Јасен-М се новата руска флота од подморници со крстосувачки ракети со нуклеарен погон, кои треба да ги заменат ...
Бројот на жртвите од шумските пожари на Мауи сега изнесува 89, соопштија официјални лица во саботата, со што ова го прави најсмртоносниот шумски пожар во САД во повеќе од еден век. Степенот на штетата стана појасен во саботата, бидејќи тимовите за пребарување со кучиња трагачи ги пребаруваа урнатините на Лахаина во надеж дека ќе наидат на преживеани, четири дена откако пожарот го срамни историското одморалиште, уништувајќи згради и топејќи ги ...
Полска приведе двајца Руси кои дистрибуирале пропагандни материјали на Вагнер групата во полските градови, изјави министерот за внатрешни работи Мариуш Камински. „Агенцијата за домашна безбедност идентификуваше и приведе двајца Руси кои дистрибуираа пропагандни материјали на групата Вагнер во Краков и Варшава“, напиша Камински на платформата за пораки X, порано позната како Твитер. Двајцата беа обвинети, меѓу другото, за шпионажа и беа уапсени. ...
Во текот на изминатата ноќ Русија изврши масовни ракетни напади врз повеќе места во Украина, соопшти Воздухопловството на вооружените сили на Украина. Во Л’вов, на западот на Украина, делови од ракети паднаа врз станбени згради и има повредени, изјави шефот на регионалната администрација Максим Козицки. Тој додаде дека се урнал таванот во еден од хипермаркетите, а оштетени се и возила. Во Луцк, на северозападот на Украина, погодена е индустриска ...
Вкупно 88 летови на аеродромот Шарлероа во Белгија беа откажани денес и утре поради штрајкот на пилотите на Rayanair незадоволни од работните услови, што е нивниот трет штрајк за еден месец. Околу 15.000 патници кои треба да полетуваат и да слетаат во Шарлероа се погодени од ова социјално движење, соопшти управата на аеродромот за AFP. Пилотите на Rayanair со седиште во Белгија веќе штрајкуваа за време на викендот на 15 и 16 јуни (откажани 120 ...
Големата порота во сојузната американска држава Џорџија денеска го обвини Доналд Трамп за обид да ги смени резултатите од изборите во САД во 2020 година, јавија британските меидуми. Тужбата, поднесена во Окружниот суд Фултон, од обвинителката Фани Вилис, може да ги продлабочи проблемите со правдата на Трамп, кој е водечки кандидат за номинација на Републиканската партија за претседателските избори во 2024 година, додаваат британските медиуми. ...
Тројцата осомничени беа уапсени во февруари и оттогаш се во притвор. Се вели дека работеле за руските безбедносни служби. Тие беа обвинети дека поседувале лични документи кои имале намера да ги користат „незаконски“, знаејќи дека документите се лажни. Станува збор за пасоши, лични карти и други документи од Велика Британија, Бугарија, Франција, Италија, Шпанија, Хрватска, Словенија, Грција и Чешка. Уапсените се Орлин Русев (45) од Грејт Јармут, ...
Гувернерот на регионот Одеса, Олех Кипер, изјави дека руските дронови нападнале два пати а главни цели им биле пристаништата и житарките на југот од регионот. Според украинските власти, жртви нема, но уништени се силоси и магацини во кои биле складирани пченица и сончоглед. „Руските терористи го нападнаа регионот на Одеса синоќа и тоа два пати со дронови. Главна цел им беше пристаништето и житните култури со кои располага Украина во јужниот ...
Луси Летби (33) беше обвинета за убиство за смртта на пет машки и две женски новороденчиња, како и пет обиди за убиства на машки бебиња и пет обиди за убиства на девојчиња помеѓу 2015 и 2016 година кога работела во болницата во Честер во Северна Западна Англија. Таа беше обвинета за намерно повредување на новородените бебиња на различни начини, вклучително и вбризгување воздух во нивните крвотоци и внесување воздух или млеко во нивниот стомак ...
Русија објави дека воведува санкции за главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд (ICC), Карим Кан, кој во март издаде налог за апсење на Владимир Путин, а санкционирани се и британски министри и новинари. Во соопштението, руското Министерство за надворешни работи објасни дека воведува нови санкции поради „воената поддршка“ што Лондон му ја дава на Киев и затоа што спроведува „агресивна, непријателска антируска политика“. На руската „црна ...
Масовниот убиец Андерс Бехринг Брејвик ја тужи Норвешка за кршење на човековите права поради тоа што се наоѓа во „екстремна“ изолација и поднел уште едно барање за условно пуштање на слобода, соопшти неговиот адвокат во петокот. Брејвик, кој е претставен како ултрадесничарски милитант, уби 77 луѓе, главно тинејџери на летен камп на тогашната владејачка норвешка левичарска партија на остров крај Осло, во пукање и подметнати експлозии во јули 2011 ...
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека поседувањето на нуклеарното оружје е единствениот одговор на неговата земја за безбедносните закани. „Поседувањето на нуклеарното оружје денес е единствениот можен одговор на некои од позначајните надворешни закани за безбедноста на нашата земја“, вели шефот на руската дипломатија во интевјуто за списанието за надворешна политика Международная жизнь, од кои делови беа објавени ноќта ...
Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Руската Федерација, Дмитриј Медведев, ги повика Европејците да не си играат со авиони коментирајќи ја изјавата на германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок, која ја нарече одлуката на Холандија и Данска за трансфер на борбените авиони „Ф16“ во Украина „добар ден за Украина и Европа“. Медведев рече дека еден од овие добри денови може да биде последен за Европа, пренесува ...
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп најави дека ќе се предаде во четврток во сојузната држава Џорџија за да се соочи со обвинувањата за наводно изнудување коишто произлегувалe од неговиот обид во оваа сојузна држава да ги поништи резултатите на претседателските избори во 2020 година за кои и денес тврди дека му се украдени. Пишувајќи во понеделникот на својата социјална мрежа Truth Social (Општествена вистина), Трамп наведе дека тој ...
Трите најголеми аеродроми во главниот град на Русија, Москва, од рано утрово ги прекинаа полетувањата и слетувањата, објави руската новинска агенција ТАСС, пренесува регионалниот сервис на Радио Слободна Европа (РСЕ). „Воздушниот простор е затворен над (аеродромите) ‘Внуково’, ‘Шереметјево’ и ‘Домодедово’“, изјавил неименуван официјален претставник додавајќи дека слетувањата се суспендирани, а полетувањата одложени. Руските власти, како што се ...
Републиканскиот национален комитет соопшти дека вкупно осум кандидати за претседателска номинација на Републиканската партија се квалификувале за првата предизборна дебата во Милвоки, во американската сојузна држава Висконсин. Нема да им се придружи поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, кој наместо тоа ќе биде интервјуиран од еден од најпопуларните американски водители, Такер Карлсон. За да се квалификуваат за дебатата, кандидатите ...
Повеќе од една година Ковачевски тврди дека ВМРО-ДПМНЕ прифатило уставни измени. Во петокот сите лаги на СДС потонаа, не само што немаа 80 пратеника, немаат ниту 70. СДС знаат дека во моментот кога ќе ги стават на гласање уставните измени, тие ќе пропаднат, затоа развлекуваат во надеж месец повеќе да останат на власт. Додека СДС се држи за власта како за сламка за спас, Македонија тоне. Народот живее од ден во ден се полошо, – велат од ...
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден при контроли во областа на сообраќајот, на територија на градот изрече вкупно 276 мерки, меѓу кои 109 за возење повеќе од дозволената брзина. Изречени се и 11 мерки за возење без возачка дозвола, седум за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, девет мерки за користење мобилен телефон при возење, четири за управување под дејство на алкохол, пет мерки за возач почетник… ...
Денеска е Св. Емилијан Исповедник. Во првата половина на деветтиот век свети Емилијан беше епископ во градот Кизик, во времето кога во Византија царуваше иконоборецот Лав Ерменецот. Поради цврстото држење до православното учење за почитувањето на иконите, епископот Емилијан, како и многу православни епископи беше принуден да ја напушти својата катедра и испратен во прогонство. Во прогонство проживеа уште пет години, трпејќи многу маки и ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини Табановце и Богородица времето на чекање за влез и излез од државата изнесува околу 30 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, ...
На територија на град Скопје изречени се вкупно 177 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 109 санкции, 14 мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл. Изречени се четири мерки за минување на затворен сигнал – црвено светло, 13 санкции за управување под дејство на алкохол, четири мерки за возач почетник, соопшти МВР. Оттаму додаваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и ...
Откако од ВМРО-ДПМНЕ денеска го обвинија дека спротивно на Деловникот ја одложил точката за гласање за уставни измени, Џафери на прес конференција им одговори дека ја дезинформираат и манипулираат јавноста. Објасни дека според членот 81 од Деловникот претседателот на Собранието има дискреционо право да ја прекине седницата, ако нема доволно пратеници за гласање, или ако оцени дека тоа е неопходно – Јас констатирав дека претресот е завршен. Тоа е ...
Талат Џафери спротивно на Деловникот за работата на Собранието ја одложи точката за гласање за потребата од отворање на уставот. Според Деловникот гласањето мораше да се случи во петокот, кога беше завршен претресот и имаше обезбедно кворум за гласање, истакна Миле Лефков, пратеник на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Наместо тоа Џафери мораше да ги примени членовите 95 и 96 од Деловникот, според кои не смее да се одложи гласање за измена на ...