
Скопје
28ᴼ /
28ᴼ



Еве список со ситуации кога мајка ви била во право и вие сте го знаеле тоа, иако не сте сакале да признаете. Требаше да облечете џемпер. Не требаше да ручате во новата кошула. Особено ако имавте топла супа. Секојпат кога таа ќе рече „Доколку… (пополнете го името на најнесериозната личност со која се дружите) скокне во бунарот, дали и ти би скокнал?“ Во тој момент веројатно мислевте дека ќе го направите тоа. Сега кога ќе размислите… па и не баш. ...
Архитектите сметаат дека овој објект не е институција во класична смисла, туку дека претставува имагинативно дизајниран простор кој овозможува развој на детската креативност. Светло обоени и закосени форми ја карактеризираат новата предучилишна установа во чешкиот град Ричани, едно од поголемите предградија на главниот град Прага, за кое проектот го потпиша студиото „Архитектура“. Дизајнот на градинката „Ветрник“ е заснован на детството, со ...
Насликани труднички стомаци може да бидат или хит или промашување. Во ерата на социјалните мрежи, секојдневно сме сведоци на многу неуспешни обиди за „уметничка бременост“, но кога тоа се прави тактично и со вкус – резултатите се неверојатни. Во денешно време постојат многу креативни начини за идните мајки да ја прослават својата бременост и да ги задржат спомените од овој посебен период во нивниот живот. Додека некои избираат едноставни, но ...
Проблемите со тироидната жлезда често се поврзуваат со возрасните, а многу родители се изненадени кога дознаваат дека проблемите со тироидната жлезда се најчестото ендокринолошко нарушување кај децата на училишна возраст. Се проценува дека речиси 37 од 1.000 деца имаат некоја форма на болест на тироидната жлезда. Имено, на секоја клетка во телото ѝ се потребни тироидни хормони за да функционира на нормално ниво, така што проблемите со тироидната ...
Скокови во развојот се случуваат кога развојот и моториката на бебето напредуваат толку многу, што апетитот му се зголемува, а тоа станува пораздразливо и немирно. Го знаете чувството кога наеднаш ќе се најдете како гледате во вашето бебе, а ви изгледа како да пораснало преку ноќ. Ова не е ништо необично, со оглед на фактот дека бебињата можат да пораснат и до девет милиметри за една ноќ. Тоа се скокови во развојот и не за џабе бебињата растат ...
Да се справите со проблемот на непослушноста кај децата никогаш не е лесно. А кога има елементи на непочитување кон родителите, наставниците или друг авторитет во неговото лошо однесување, целата ситуација е уште покомплицирана, објаснува психологот Ејми Морин. „Без разлика на тоа како детето покажува непочитување, важно е да се реши проблемот пред да се влоши. Студија од 2015 година на истражувачите од Универзитетот во Вирџинија покажа дека ...
Основно училиште во Вифелштед, Долна Саксонија воведе четиридневна работна недела за повеќе од 300 свои ученици. Поради недостиг на наставен кадар, децата на училиште ќе одат само четири дена во неделата. Имено, две бремени учителки добија забрана за работа затоа што може да се заразат со коронавирусот, а друга професорка отсуствува подолго време. Планот неодамна стапи во сила, а тој предвидува еден ученик од 2. до 4. одделение да мора да остане ...
Прашањата до психолозите и психотерапевтите може да ги испраќате на е-пошта: prasajpsiholog@deca.mk. Ве молиме прашањата пишувајте ги на кирилица. Нашето мото е: Кој прашува, дејствува! Кој си молчи, претпоставува! ПРАШАЊЕ: Син ми има две и пол години и никако не сака да седи во градинка. Уште пред да влеземе почнува да плаче и не престанува, максимум 10 минути останува. Одма ме викаат да го земам, не можат да го смират, дури се тресе. Трета ...
Љубовта ги одржува луѓето заедно и прави да се чувствуваме сигурни, полни со надеж и среќни. Сите добиваме од љубовта, без разлика дали ја даваме или ја примаме. Понекогаш животот станува тежок. Грижата и гневот нè трошат, а ние почнуваме да ја трошиме целата наша емоционална енергија. Како резултат на тоа, забораваме да дозволиме љубовта да ги исполни нашите срца и животи како што треба. На децата, сепак, им треба постојано потврдување дека се ...
Го чувствував тоа во нивното зјапање и тресење на главата, начинот на кој ме гледаа за да ме посрамотат или гледаа настрана засрамени во мое име. Бев потресена и несигурна. Дали бев ужасен родител? Се грчев кога син ми имаше испади, кога неговите гласни врескања одекнуваа во продавниците за храна, рестораните, чекалниците, училниците и многу други места. И јас сакав да врескам, да му кажам на светот за неговата дијагноза АДХД (хиперактивно ...
Ако детето е немирно, во повеќето случаи цртаниот филм ќе го смири. Ако детето навистина не сака да јаде, често наоѓаме „решение“ во цртаните филмови и хранењето во исто време. Но, оваа форма на „мотивација“ може да биде контрапродуктивна на долг рок и во голема мера да влијае врз навиките во исхраната на детето. Психологот Лаура Маркам верува дека хранењето додека гледате во кој било екран може да предизвика сериозни последици. „Не дозволувајте ...
Ако сте бремени и имате гадење, може да ви се даде навидум чудно објаснување дека тоа е затоа што носите машко дете. Но, дали има вистина во тоа или се работи за мит? Дали е потешка бременоста со машко или со женско дете? Истражување објавено од научници од Кембриџ посочува дека бременостите со момчиња се потешки за поднесување отколку бременостите со девојчиња. Експертите го припишуваат ова на фактот дека момчињата обично растат побрзо, па им ...
Тагата е емоција како и секоја друга. Сепак, оваа емоција прави да се чувствуваме лошо и предизвикува многу необични пориви кај нас кога е во прашање детската тага. Во одредени моменти, тагата е и неопходно чувство бидејќи без неа не можеме да одржиме емоционална рамнотежа. Секако дека е добра емоција сѐ додека внимаваме на таа тага и бараме решенија кои ќе направат да се чувствуваме подобро. Затоа, мора да научиме да ја препознаваме тагата и ...
Кога вашата ќерка, која сè уште е мало девојче, ќе праша дали може да се шминка, како ќе одговорите? Како мали девојчиња, многумина од нас тајно ѕиркаа и пребаруваа по козметичките чанти на мајките и пробуваа кармини, сјаеви и маскари. Иако често ни забрануваа, тоа се некои од поубавите моменти што ги паметиме од детството. Веќе гледаме и шминка за деца во разни продавници и аптеки. Некои ќе тврдат дека нема ништо лошо во тоа, додека други ќе ...
Детскиот психолог д-р Елизабет Килбеј, која учествувала во документарци за тајните животи на 4, 5 и 6-годишни деца, ги повикува родителите да не вршат преголем притисок врз децата околу изборот на игра или начинот како ќе игра, туку да ги остават децата да водат во дизајнирањето на играта. Истражување на 500 родители на деца на возраст меѓу 3 и 10 години, нарачано од „Kinder Surprise“, покажало дека половина од родителите (49 проценти) ...
Личноста се формира во раното детство, но не се сеќаваме на искуства од нашите најрани години. Овој феномен ги погодува речиси сите луѓе, па дури има и официјално име – детска амнезија. Како што старееме, забораваме на луѓето, настаните, па дури и местата што сме ги посетувале кога сме биле деца. Детската амнезија е неможност да се запаметат детали и настани што се случиле пред четиригодишна возраст. Некои истражувачи отишле подалеку и откриле ...
За многу бремени жени, особено оние на кои им е првпат, помислата за породување е страшна и стресна. Но, Ен Ричли, акушерка и авторка на многубројни статии за породувањето, сподели неколку совети од прва рака кои сигурно ќе им помогнат на сите идни мајки да бидат максимално подготвени за породувањето. Поттикнете го бебето да се намести во правилна положба Акушерката советува дека околу 34. недела од бременоста веќе можете да почнете да го ...
Ќе бидам искрена – татко ми не е топол човек. Тој е секогаш тука – наоколу, секако, но неговиот начин да покаже дека се грижи е да ми каже како подобро да се грижам за мојот автомобил. Никогаш не престанав да размислувам како мојот однос со татко ми влијае врз мене денес (или некогаш). Истражувачите тврдат дека „неквалитетните татковци“, а не само оние што не се присутни, негативно влијаат врз односите со нивните ќерки во возрасна доба. Во 2019 ...
Добиваме нешто за ништо само кога сме бебиња. Ако имаме среќа да се родиме од добра мајка која е поддржана од добар татко, ќе добиеме безусловна љубов без ништо да се бара од нас. Затоа таквата љубов се нарекува безусловна. Како што стануваме способни да дадеме нешто, да бидеме добри, да седнеме на нокшир, да ги послушаме мама и тато, веќе нешто се бара од нас. Добрите родители сепак даваат безусловна љубов, но имаат и барања. Исполнувањето на ...
Постои романтизирана претстава за тоа каква треба да биде трудницата и како треба да се однесува. Жената треба да биде маѓепсана од чудото што се случува во неа и целосно заљубена во нејзиното променливо тело. Таа треба да биде благодарна за можноста да негува и да донесе нов живот на овој свет. Секоја што не се придржува до оваа филозофија е исклучена, неблагодарна, нешто не е во ред со неа, има нешто немајчинско во себе, нешто навистина не е ...
Дислексијата беше многу помалку дијагностицирана пред само една деценија, а ако тоа било случај, тогаш тоа е прилично доцна во животот, односно во образованието. Денес се дијагностицира многу порано, па затоа е полесно да му помогнете на детето што е можно порано да разбере како и самото да си помогне. До не толку одамна на децата што имаа проблеми со дислексија тешко им одеше на училиште. Поради традиционалниот начин на учење, тие често не беа ...
Во минатото селективниот мутизам се сметаше за доброволно одбивање да се зборува, додека во 1994 година не се увиде дека всушност не е доброволен избор, објаснува психологот Барбара Милетиќ. Според Дијагностичкиот и статистички прирачник за ментални нарушувања, селективниот мутизам спаѓа во категоријата на анксиозни нарушувања заедно со агорафобија, специфична фобија и социјална фобија, напади на паника и анксиозно сепарациско растројство. ...
Двегодишните момчиња често покажуваат претерано посесивна љубов кон своите мајки, велат авторите на водичот за родители „Што да очекуваме во втората и третата година“. Тоа се нормални чувства кои ќе поминат со текот на времето, ако правилно се поставиме. Веќе во четвртата година момчињата ќе почнат да се оддалечуваат и веројатно малку ќе ги нервираат бакнежите и прегратките од мајката, што е исто така сосема нормален дел од развојот. Реагирајте ...
Да се биде родител на дете со барања е предизвик, вели психотерапевтот Андреј Фулер. И тој добро го знае тоа бидејќи илјадници такви чувствителни, тешки, мали пациенти поминале низ неговата ординација. За да се справат со воспитувањето и нивното растење, на родителите им требаат посебни вештини, подготовка и стратешко планирање. Но, многу често оние деца што се сметаат за тешки се всушност лидерите на иднината, рече Фулер. Тие знаат што сакаат и ...
Доминика Кларк неодамна роди петорка во болница во Краков. Оваа жена од Полска веќе е мајка на седум деца, на возраст од 10 месеци до 12 години, па последната бременост ја нарекува чудо. Лекарите велат дека шансите за зачнување петорка се 1 на 52 милиони. – Планиравме осмо дете, но не очекувавме пет. Имавме поголеми шанси да победиме на лотарија. Како математичарка, ја сакам оваа статистика – вели таа. Доминика последните 10 недели од бременоста ...
Балканската вселенска организација СЕСА, чија цел е развој на вселенската програма и вселенското инженерство, ја вклучува и детската имагинација во својата работа! Најмалите ќе имаат задача да нацртаат, да направат некое дело на тема вселена или некаква фотографија која треба да ја испратат до надлежната организација на членка на СЕСА. Сè што е испратено ќе биде објавено на веб-страницата на СЕСА и ќе се зачува во меморијата на сателитот, кој ќе ...
Прашањата до психолозите и психотерапевтите може да ги испраќате на е-пошта: prasajpsiholog@deca.mk. Ве молиме прашањата пишувајте ги на кирилица. Нашето мото е: Кој прашува, дејствува! Кој си молчи, претпоставува! ПРАШАЊЕ: Мојот син има 2 години и 5 месеци. Ние сме тројазично семејство, јас сум од Македонија, мажена за Романец и живееме во Романија, а дома зборуваме на англиски. Но, едните баба и дедо зборуваат романски, а другите македонски. ...
Доколку сте бремени, најверојатно сте го слушнале советот дека во исхраната треба да внесете бадеми, и тоа наутро. Но, зошто е оваа препорака и што содржи бадемот што е важно за трудницата и за бебето во развој, открива Ксенија Варакина Митрај, биохемичар од Русија. Иако многу трудници се прашуваат дали јаткастите плодови се дозволени за време на бременоста бидејќи се алергени, па се плашат да не му наштетат на своето бебе, еве што вели Ксенија: ...
Дали некогаш сте слушнале од некои родители дека е потешко да се одгледуваат машки деца отколку женски деца во првите години од животот? Иако секогаш има исклучоци, неодамна експертите дошле до откритие што може да ја потврди оваа претпоставка. Имено, почитуваниот невропсихолог Алан Н. Шор во своето најново истражување открил дека десната хемисфера на мозокот кај момчињата се развива побавно отколку кај девојчињата. Што значи тоа? Тоа значи дека ...
Дали знаете дека слепото црево е еден од најпроблематичните органи во дигестивниот систем на детето? Овој „недоразвиен“ дел од цревата често предизвикува големи проблеми, а доколку навреме не се дијагностицира неговото воспаление, може да доведе до фатални последици. Дали е тоа всушност слепото црево? Слепото црево е почетниот дел од дебелото црево, иако самото по себе не е „слепо“. Имено, според лекарите, слепото црево е оној дел од дебелото ...