Денес сѐ почесто се зборува за горливиот проблем со врсничкото насилство меѓу децата и младите. Вербалното или физичкото малтретирање што долго трае може да остави длабоки емоционални последици врз здравјето на детето, но и да доведе до сериозни повреди. Ако вашето дете е жртва на злоупотреба од врсници, психолозите велат дека како родител треба да направите сѐ што можете за да го спречите тоа. Имено, можете да му помогнете на вашето дете да се ...

Колку и да сакаме еднакво општество, сè уште не сме баш дотаму стигнати. И ние се потсетуваме на овој факт секогаш кога ја разгледуваме работната сила и сме принудени да признаеме дека жените сè уште се помалку платени од мажите. За да се додаде уште нешто на таа веќе обесхрабрувачка вистина, друго место каде што работите се несигурни за жените е кога станува збор за бременоста и породилното отсуство. Како жени, толку сме свесни за овој факт, ...

Дали си жива моја старица? Син ти живее и ти праќа поздрав. Нека навечер над твојата колиба таа чудна светлина сè уште свети. Ми пишуваат дека те гледаат често многу загрижена за мене и дека секој час одиш по пат во твојот излитен стар капут. Во самракот син често истото привидение те мачи: како во крчма фински ножеви ми забиле во срцето. Не плаши се! Смири се, драга! Од привидот те боли срцето. Јас не се пропив така, за да умрам без да те ...

Училишниот советник, едукатор и тренер за родителство Кимберли Волф, образована на „Харвард“, вели дека често се среќава со татковци кои се чувствуваат изгубено кога станува збор за воспитувањето на нивните ќерки. Многумина од нив се прашуваат дали треба само да седат настрана и да ѝ остават сѐ на партнерката. Токму затоа Волф поминала голем дел од својата кариера помагајќи им на татковците да ги подобрат своите комуникациски вештини, да го ...

Деновиве сите погледи се вперени во менталното здравје и на децата и на возрасните. Затоа, д-р Беки Кенеди, најпродавана авторка на бестселерот „Good Inside“, го споделува нејзиниот совет од 5 секунди, што родителите можат да го пробаат веднаш за да им помогнат на децата да се чувствуваат видени и потврдени. „Знам дека звучи премногу добро за да биде вистина. Ова е нешто што ќе се исплати повеќекратно“, вели таа во воведот што го објавила. Потоа ...

Прашањата до психолозите и психотерапевтите може да ги испраќате на е-пошта: prasajpsiholog@deca.mk. Ве молиме прашањата пишувајте ги на кирилица. Нашето мото е: Кој прашува, дејствува! Кој си молчи, претпоставува! ПРАШАЊЕ: Син ми има речиси четири години и има тикови – го врти горниот дел на рацете во круг. Тиковите ги има секојдневно и самиот е свесен за нив, но сепак ги прави. Пред неколку месеци посетувавме дефектолог, но според него, нема ...

Квалитетот на вашиот живот се одредува според квалитетот на прашањата што си ги поставувате. И квалитетот на вашето родителство ги следи истите правила. Секојпат кога поставувате прашање, вашиот ум оди во потрага по одговори и со тоа ја обликува вашата реалност. За таа цел, често се грижиме за деталите од животот на нашите деца, но ретко застануваме да се фокусираме на поголемата слика. Сепак, постои една родителска должност што ја споделуваме ...

Додека сме млади и неискусни жени, не сме свесни за сето она на кое нè учи нашата мајка, не само со зборови, туку и со нејзиниот пример, однесување и однос кон животот. Сè што таа кажува, прави и доживува, почнува да се цени повеќе дури подоцна. Само кога ќе пораснеме, само кога самите ќе станеме мајки. Женската сила е посебна, онаа што е тешко да се скрши, која се стекнува така што ќе помине низ животот во свет во кој мажите би сакале да го ...

Ваквите резултати се добиени од најголемото тестирање на вработени мајки и татковци, кое ги опфаќало родителите со работна недела од 4 дена. Иако имало многу позитивни исходи, едно од најинтересните откритија е дека мажите многу повеќе се грижеле за децата за време на студијата. Учествувале 2.900 вработени во 61 компанија низ Обединетото Кралство. Студијата започнала во јуни минатата година и траела шест месеци. Вработените работеле 80% од ...

Британската ТВ-водителка и модел Оливија Атвуд станала вирална на „Тик-ток“ откако на поткастот „Приватни делови“ рекла дека мисли оти децата не треба да бидат водени на свадби. „За мене, децата на свадби се апсолутно неприфатливи. Дури и да имам свои деца, не би ги поканила“, рекла таа во видеото кое има повеќе од два милиони прегледи. Таа истакнала дека нема свои деца, па не ја разбира таквата љубов, но сепак останува на ставот дека не е ...

Најголем дел од спонтаните абортуси се случуваат во првиот триместар, односно пред 12. недела од бременоста, додека спонтаните абортуси во вториот триместар (помеѓу 13. и 19. недела) се јавуваат кај 5 отсто од сите бремености. Лекарите објаснуваат дека спонтаните абортуси во првиот триместар најчесто се случуваат поради одредена генетска абнормалност на плодот, но има и други причини. Прекинувањето на бременоста во првиот триместар генерално се ...

Многу родители ги казнуваат децата за да бидат издржливи, но детскиот психолог Мона Делахук вели дека тоа е погрешно. Имено таа објаснува дека наместо казнување, родителите треба да користат различни методи. „Новата парадигма гради отпорност кај луѓето. Истражувањата за релационата невронаука јасно покажуваат дека отпорноста на децата се гради со одговорно родителство, што вклучува смирување на детето кога неговиот нервен систем е во неволја“, ...

Читањето е од големо значење за развојот на детето. Бајката и лекцијата од бајката може да влијаат врз различни аспекти од животот на детето – од емоционален и морален развој до развој на имагинацијата и вокабуларот. Важно е да знаете што сакате да го научите вашето дете и да изберете бајки кои се соодветни за неговата возраст. Карактеристиките на бајката се дека таа е измислена приказна која често содржи фантастични суштества, како самовили и ...

Како поранешен посредник за развод и сегашен семеен посредник, сум го слушнала секое оправдување што родителите го користат за да се чувствуваат подобро кога ќе се распадне нивното семејство. Наведувам неколку од најчестите лаги што веројатно си ги кажувате себеси ако размислувате за развод. Моите деца сакаат да сум среќен/а Не, вашите деца сакаат нивните биолошки родители да се соберат, да се однесуваат како возрасни и да создадат стабилен, ...

Оптимизмот е клучна вештина за среќа, здравје и успех, особини што повеќето родители ги посакуваат за своите деца. Но, како родители, како да ги поставиме темелите за нашите деца да имаат оптимистичен поглед? Додека некои студии покажуваат дека оптимистичните особини генетски се пренесуваат, општо е прифатено дека нашата околина игра голема улога. Бебињата се природни оптимисти во извесна смисла, бидејќи тие доаѓаат на овој свет непристрасни и ...

Дали моето дете е премногу слабо? Ова е прашање што најверојатно родителите на децата кои се борат со дебелина нема да можат така лесно да го разберат. Факт е дека дебелината кај децата е многу изразена во последните години, а статистиката покажува дека бројките се поразителни. Сепак, тоа не значи дека другиот крај на овој проблем не е, исто така, проблем. Дали детето може да биде премногу слабо? Секако. Сепак, прекумерното слабеење не може да ...

Кај повеќето бебиња првите заби почнуваат да никнуваат на шест месеци, но често се случува да почнат и порано. Проблемот е што родителите многу промени ги поврзуваат со растот на забите, но многу симптоми можат да бидат погрешни, особено оние поврзани со инфекции и вируси. За да бидете сигурни дека на вашето бебе му никнуваат заби, ова се најчестите симптоми што ја придружуваат оваа фаза: Ако вашето бебе се лигави повеќе од вообичаено, ...

Кога ќе откриете што е хипервнимание и како го попречува развојот на децата, ќе разберете и зошто е важно да го елиминирате. Професорот д-р Ранко Рајовиќ потсетува на некои веќе малку заборавени игри кои ќе ви помогнат во борбата со овој огромен предизвик на денешното родителство, но и во развојот на длабокото внимание. Во емисијата „Вијугавим друмом“ погледнете ги предлозите на д-р Рајовиќ кои ќе ви ги олеснат и разубават родителските задачи. ...

Без разлика дали бебето се храни со адаптирано или мајчино млеко, резервите на железо се добро одржувани до 4-6 месеци по раѓањето. Но, на таа возраст може да почне да опаѓа. Имајте на ум дека железото во крвта на бебето не може наеднаш да исчезне! Бебињата што се здрави, родени во термин и редовно се хранат соодветно, ретко се изложени на ризик од недостиг на железо. Со воведувањето цврста храна, многу е важно бебето да продолжи да има ...

Мaтеa Ридл е седуммесечно бебе, иако многумина би рекле дека е новороденче врз основа на неговата конституција. Мајката Џеневи Кук се породила во 28. недела, а нејзиното бебе било тешко само 450 грама. По 98 дена минати на одделението за интензивна нега, тој бил пуштен дома, но лекарите немале јасна дијагноза за ова малечко бебе. „Прво ни рекоа дека има микроцефалија, дека неговата глава е помала отколку што треба поради ненормален развој на ...

Мислев дека ќе биде лесно правилно да се воспитува момче. Кога бев бремена на 21 година, ме мачеше помислата да имам ќерка. Не мислев дека сум подготвена да го преземам сето она што доаѓа со воспитувањето девојче во денешното општество – борбите за имиџот на телото, културата на принцеза, културата на силување. Воспитувањето момче би било полесно, си помислив. Ќе си дојде дома со потечено око, можеби ќе биде одбиено од спортскиот тип, но сигурно ...

Жителка на Хрватска на форумот „Редит“ поттикнала дискусија за промените во воспитувањето и навиките на денешните деца. Имено, нејзиното прашање било кои се разликите во воспитувањето и однесувањето што луѓето ги забележуваат меѓу денешните деца и нивните врсници во минатото, а многу луѓе, особено родителите, кои забележуваат големи разлики, ѝ одговориле во коментарите. – Забележав дека многу деца (над 10 години) зависат од превозот на нивните ...

Кога работите како учител, учите многу за децата и за себе. Затоа Мелиса Салгуеро несебично го споделува со другите своето богато искуство стекнато од 15 години работа во училницата на музичко училиште. Таа ги открива четирите работи што родителите никогаш не треба да ги прават. Никогаш не казнувајте го вашето дете за лоши оценки Ако вашето дете се врати од училиште со лоша оценка, обидете се да не го карате. „Казнувањето на детето за лоши ...

Неколку месеци учениците се соочуваат со нова препрека во наставата – дојави за бомби. При дојава, Министерството за внатрешни работи е должно да направи целосна проверка на училиштето, а учениците заедно со наставниците да се оддалечат што е можно подалеку од училишната зграда. Во меѓувреме наставниците во пониските одделенија (од прво до петто одделение) се должни да ги повикаат родителите да дојдат и да си ги земат децата. Дојавите за лажни ...

Прашањата до психолозите и психотерапевтите може да ги испраќате на е-пошта: prasajpsiholog@deca.mk. Ве молиме прашањата пишувајте ги на кирилица. Нашето мото е: Кој прашува, дејствува! Кој си молчи, претпоставува! ПРАШАЊЕ: Мојата ќерка има 9 години. Постојано имаме проблеми со училиштето. Сега е 4. одделение, но овој проблем трае уште од прво одделение. Од самиот почеток не сакаше да комуницира со нас во врска со училиштето. И јас и мојот ...

За луѓето што сакаат да се преселат, рангирањето на земјите во светот како најпогодни за живот може да биде корисно. Но, ако децата се вклучени, треба да се земат предвид повеќе фактори отколку, да речеме, просечниот приход или економската стабилност. Можеби сакате да дознаете повеќе за здравјето или среќата на децата во одредена земја, квалитетот на образованието, политиките за семејно отсуство – дури и кои земји имаат најзелени површини или ...

Многу родители брзо посегнуваат по антипиретици кога нивните деца почнуваат да покажуваат знаци на температура, но педијатрите велат дека тоа не е потребно. Според националното истражување на Детската болница „C.S. Mott“, секој трет родител би му дал на своето дете лек за намалување на температурата кога нема ниту 38 Целзиусови степени, а секој втор за температура од 38 до 38,8 степени. Овие лекови можат да му олеснат на детето, но непотребното ...

Дански психотерапевт споделува девет совети за родителство на дански начин за да им помогне на родителите да ги скротат тинејџерите. Ибен Сандал од Копенхаген е водечки терапевт за одгледување среќни тинејџери и вели дека конфликтот не мора да создава дистанца. Ибен, мајка на две деца, смета дека родителите мора да ги преиспитаат традиционалните и прифатени методи на казнување. И додава дека присилувањето на тинејџерот да размислува за своето ...

Мајка на четворка се фотографираше во 30. недела од бременоста и 30 недели по породувањето, па фотографиите стана вирални откако ги сподели на нејзиниот инстаграм-профил. Ешли Крандел, која е мајка на четворка, вели дека имала тежок пат до мајчинството, поминувајќи низ повеќе спонтани абортуси пред конечно да забремени со четворка преку ин витро. Таа успеала да ги износи бебињата до 31. недела и четири дена, кога е направена фотографијата со ...

Родителството никогаш не доаѓа со упатства, па затоа е вистински предизвик за секој родител да го дисциплинира и воспитува своето дете. Меѓу другото, тврдат експертите, важно е да се поучат за потенцијалните опасности за, откако ќе пораснат, да се одбранат од негативните влијанија на светот околу нив. Сепак, одредени однесувања на родителите можат да направат повеќе штета отколку корист. Ги учат децата никогаш да не разговараат со непознати Во ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
1.54
34%
1012
weather icon

Белград

27ᴼ / 25ᴼ
1.54
43%
1012
weather icon

Загреб

22ᴼ / 22ᴼ
3.09
43%
1015
weather icon

Софија

19ᴼ / 19ᴼ
9.26
49%
1013
weather icon

Сараево

26ᴼ / 26ᴼ
1.6
39%
1012
weather icon

Љубљана

23ᴼ / 21ᴼ
4.12
51%
1015
weather icon

Атина

23ᴼ / 20ᴼ
3.6
54%
1012
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
3.6
68%
1012
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
1.54
34%
1011
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 26ᴼ
3.6
39%
1013
weather icon

Будимпешта

25ᴼ / 24ᴼ
3.6
48%
1013
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 18ᴼ
6.17
48%
1014
Currency

61.525

Currency

53.5268

Currency

71.7367

Currency

34.5534

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63352

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1051.34

Злато

111305.26

Бакар

9.55

Паладиум

29803.74

Платина

30837.68

Родиум

173614.03

Цинк

2.52