Ристо Крмзов, бизнисмен од Струмица, ќе помине 30 дена во притвор, потврди неговиот адвокат Ване Андреев. Притворската мерка му е определена поради опасност од бегство, влијание врз сведоци и можност за повторување на делото. Крмзов од Кривичниот суд ќе биде спроведен во истражниот затвор „Скопје“ во Шутка. Адвокатот на Крмзов истакна дека оваа одлука е необјаснива, бидејќи неговиот клиент веќе една година е под мерки, како што се одземена ...

Судија на претходна постапка доцна попладнево го прифати предлогот на Обвинителството и му одреди 30-дневен притвор на бизнисменот Ристо Крмзов. Тој ќе биде пренесен во истражниот затвор „Скопје“ во Шутка. МВР со детали – Злосторничко здружување, перење пари, даночна измама Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, во соработка со Други релевантни институции, поднесе кривични пријави против Р.К. (56), З.К.В. (30) и В.П. (29), сите ...