
Скопје
20ᴼ /
20ᴼ



Психијатарот Шими Канг во својата книга наведува дека постојат три вида родители, односно три родителски стила. Еден од нив е таканареченото медуза-родителство. Како што посочува името, медуза-родителите се флексибилни со своите деца, нивните распореди и нивните желби и потреби. Родителите кои ги воспитуваат своите деца на овој начин ретко користат казнување или посериозно поставување на граници, но се посклони да комуницираат. Ова води до ...
Се случува децата да прашуваат зошто мама и тато мораат да работат, обично со нежни, невини гласови велејќи дека им крадеме време, внимание, а со тоа и љубов. Некој може да се чувствува така, особено тргнувајќи од претпоставката дека во денешно време работата понекогаш е луксуз, дека е неопходно да се работи за да се издржува семејството, но има и такви што работат работа што ја избрале, што им се допаѓа, тоа го прават со страст и ентузијазам. ...
Велат јаболкото не паѓа далеку од дрвото. Иако повеќето од нас можат да ги одредат физичките карактеристики и особините на личноста што сме ги наследиле од родителите, постојат и некои болести за кои можеме да ги „обвиниме“ мајките и татковците, тврди американската генетичарка д-р Шивани Назарет. Ова се пет неочекувани здравствени состојби кои можеме да ги наследиме од нашите родители. Висок холестерол Најчесто ја обвинуваме исхраната за ...
Новороденчето не треба да се шета кога надвор е многу студено и има ветер и/или магла. Маглата е многу лоша за бебињата, но и за сите други бидејќи најчесто се работи за смог. Значи, кога да излезете надвор за првата прошетка? Како што кажавме претходно, би било мудро да се почека неколку недели пред да се изложи новороденчето на зимски услови. И тоа од повеќе причини. -зимските бебиња мора да облечат зимска облека во која често не им е удобно; ...
Прашањата до психолозите и психотерапевтите може да ги испраќате на е-пошта: prasajpsiholog@deca.mk. Ве молиме прашањата пишувајте ги на кирилица. Нашето мото е: Кој прашува, дејствува! Кој си молчи, претпоставува! ПРАШАЊЕ: Имам еден проблем, детето има заостанување во психомоторниот развој. Кога го споредувам со другите деца, забележувам дека е далеку од нив, не трча, не скока, доцни со говорот, но го има, не бои и не црта… Детето има четири ...
Мислите дека е тешко да се справите со вашето 2-годишно дете? Според истражување спроведено од „OnePoll“, повеќето родители мислат дека тоа не е ништо во споредба со она што ве чека кога вашето дете ќе наполни осум години. Имено, осумгодишно дете веќе има личност и став, а сепак сака да го заврши денот со гушкање и прегратки. На таа возраст детето почнува да се подготвува за пубертетот и промените што тој ги носи. Осумгодишните деца можат да ...
Дејството се одвива на блиското игралиште… децата скокаат, трчаат, се спуштаат по лизгалките, а настрана стои мало девојче кое сака да го проба сето тоа, ама се срами или се плаши. Мајката стои до неа и внимава да не падне случајно или некое „непослушно“ момче да не ја турне. Навистина чудна глетка. Кој тука се забавува? Дали детето знае зошто дошло на игралиште и како се чувствува кога ги набљудува другите деца? Каква порака испраќаат ...
Наставниците се суперхерои. Тие им го посветуваат целото свое време и внимание на своите ученици и им ги менуваат животите. Наставничка од Мелбурн, Австралија, ја покажала својата посветеност кон своите ученици правејќи кадифени играчки инспирирани од цртежите на нејзините ученици. Изработките им ги дала на крајот од учебната година. Рид Паркер, таткото на еден од учениците што добиле играчка, ја споделил играчката на интернет, па така ...
Џејдон е 11-годишно момче кое воодушевува со своите вокални способности. Тој обожава да пее насекаде, а тоа не изненадува бидејќи има толку убав глас. Пее уште од мали нозе, а пеењето е неговата најголема пасија. Често настапува на настани во неговото училиште. Неговото семејство е неговата најголема поддршка, кое го охрабрува да ги следи своите соништа. Негов најголем сон е да настапува во „Медисон сквер гарден“, а најголемо влијание врз него ...
Не постои совршен родител, а на децата не им е потребно совршенство. Доволно е што покрај себе имаат мајка и татко кои не се плашат да ја прифатат одговорноста за своите грешки и кои се подготвени да учат и да работат на себе. Така децата усвојуваат модел на однесување кој им овозможува да прават грешки и да знаат дека правењето грешки не е страшно, сѐ додека не научат нешто од тие грешки и сѐ додека растат како поединци. Родителите што имаат ...
Иако децата, кога се мали, обично не сакаат да ги споделуваат своите работи со другите, има нешто што со големо задоволство го споделуваат со сите, а тоа се вирусите и бактериите. Најчесто ги разменуваат со другарчињата во градинка и ги носат дома да го почестат целото семејство. И додека мајките понекогаш се разболуваат, тие со текот на времето стануваат поотпорни. Шелдон Коен и неговите колеги од Универзитетот „Карнеги Мелон“ во Питсбург ...
Некои бебиња се почувствителни и бурно реагираат кога ќе видат некого, додека други се плашат ако некој им пријде или ги допре. Бебињата што се навикнати на чести посети побрзо се навикнуваат и полесно прифаќаат непознати лица, па оваа фаза обично им трае многу малку. Дали стравот од непознатото е нормална појава? Стравот од непознати лица е сосема нормален и најчесто се јавува сосема неочекувано и ненадејно. Бебето одеднаш се плаши од ...
„Нашите мајки ги губеа децата од сипаници и голема кашлица, а благодарение на вакцините, младите генерации не го гледаат тоа во нивната непосредна околина“, истакна во емисијата „Впечаток на неделата“ д-р Ивана Беговиќ-Лазаревиќ од Градскиот институт за јавно здравје во Белград. Зборувајќи за епидемијата на мали сипаници во Смедерево, таа изјавила дека доколку инфекцијата се прошири, не очекува размерите на епидемијата да се појават како во 2017 ...
Почна некако наивно и од љубов, како така да треба: да се омажиш и со насмевка на лицето да ги пеглаш неговите кошули. Така ѝ рекла мајка ѝ, дека тоа е женска работа, така треба да биде и така отсекогаш правеле сите жени во семејството. Малку стекнато знаење, малку што ќе каже светот. По некое време таа самата почна да вели: остави, јас ќе го направам тоа. Остави, јас ќе го направам тоа Со оглед на тоа што не работи, ѝ беше непријатно тој уморен ...
Депресијата кај децата многу се разликува од класичното лошо расположение или тага. Како што објаснува педијатарот Ден Бренан, само затоа што детето изгледа тажно, не значи дека е во депресија. Меѓутоа, ако нерасположението трае подолго, не исчезнува или ги попречува неговите нормални социјални активности, интереси, училишни обврски или функционирање на семејството, ова може да биде знак дека детето има депресија. Исто така, педијатарот ...
Терминот „деца со силен карактер“ првпат во литературата се појавил кога професорот д-р Џејмс Добсон вака ги дефинирал децата за кои другите би рекле дека се тврдоглави, непослушни или невоспитани. За истите работи размислувал и доктор Јеспер Јул, дански семеен терапевт, кој таквите деца ги нарекува „автономни деца“. Доктор Јул ги опишува таквите деца како поединци кои од самото раѓање се на некој начин порешителни од другите, односно од ...
Во текот на бременоста градите можат да пораснат и за пет броја, што значи дека им треба добра поддршка, но и удобност. Градникот треба да биде цврст и удобен за да не се опуштат мускулите, особено по породувањето и прекинувањето на доењето. Во продолжение прочитајте ги одговорите на сите прашања при купување градник: Кога да купам труднички градник? Најдоброто време е околу еден месец пред датумот за породување. Не купувајте градник во првото и ...
Има многу работи за кои треба да ѝ се заблагодарите на мајка ви освен за совршениот нос и ваучер за шопинг што ви го подарила. Според едно истражување, целата ваша интелигенција доаѓа од мајка ви, без разлика дали тоа ви се допаѓа или не. Ајде да ја разложиме науката за оние што мразеа часови по биологија. Жените имаат XX хромозом, а мажите имаат XY хромозом. Хромозомот е како хард диск кој живее во нашите клетки. Ги транспортира нашите гени до ...
Прашањата до психолозите и психотерапевтите може да ги испраќате на е-пошта: prasajpsiholog@deca.mk. Ве молиме прашањата пишувајте ги на кирилица. Нашето мото е: Кој прашува, дејствува! Кој си молчи, претпоставува! ПРАШАЊЕ: Имам ќерка на возраст од 1 година и 10 месеци. Од неодамна живееме во странство, а за кратко ќе почне да оди во градинка. Има многу мал фонд на зборови, како: мама, баба, тете, ајде, да, не… Распознава ликови, предмети и ...
Дури и откако дознавме дека мизерното расположение на мојот син на крајот на училишниот ден има официјално име, попладневните часови и понатаму беа навистина тешки. Моите очекувања постојано беа високи кога тој ќе истрчаше од автобусот, со насмевка, стиснувајќи ми ја раката. Но, кога ќе влезевме низ вратата, ставот на моето весело дете целосно се менуваше. Ништо не можеше да го направи среќен. Ужината беше солена кога требаше да биде слатка, ...
Од време пред екранот до бунт кај тинејџерите, лесно е да помислите дека децата ви се „лизгаат“ од рацете. Можете да си помогнете ако им верувате на вашите инстинкти. Кога најстариот син на познатиот лекар и психотерапевт Габор Мате имал осум години, неговите изливи на гнев толку многу го вознемириле, што го однел кај познатиот психолог Гордон Нојфелд. Тој разговарал со Мате и неговата сопруга Рае, а потоа и со нивниот син Даниел. На крај им ...
Немам амбиции. Повеќето денови работам 10 или 11 часа, преземам задачи за кои едвај имам време и не знам кога последен пат не сум работела за викенд. О, чекајте – знам: тоа беше 2010 година. Мојот мозок е постојано во движење, а и јас, но бидејќи немам дете, очигледно не сум амбициозна. Барем според Хедер Хаврилески, која знае сѐ што е важно во животот затоа што е мајка, дефинитивно не сум амбициозна. Амбицијата доаѓа само откако ќе родите дете. ...
Штом вашето бебе ќе ја помине фазата на новороденче и кога ќе падне папочната врвца, можете да вежбате брзо капење под туш. Туширањето не се препорачува во првите денови бидејќи бебето потешко ја регулира телесната температура и поради силниот млаз вода, тоа би било преголем шок за него. Кога ќе ја совладате техниката на држење и кога бебето ќе се навикне на водата, тогаш можете да го ставите под туш. Пред да го внесете бебето во кабината, ...
Прашањата до психолозите и психотерапевтите може да ги испраќате на е-пошта: prasajpsiholog@deca.mk. Ве молиме прашањата пишувајте ги на кирилица. Нашето мото е: Кој прашува, дејствува! Кој си молчи, претпоставува! ПРАШАЊЕ: Имам 3-годишен син кој речиси три месеци не носи пелени. Кога ги тргна пелените, почна да се плаши од нокширот и од веце-школката и три недели мочкаше в гаќи. Еден ден престана да мочка и да кака велејќи дека го боли, а во ...
Најважно од сè, секогаш бидете тука за нив, да ги заштитите и да ги пренасочите кон уметноста. Верувајте во нив и нивната самостојност. Затоа што тие можат, а вие сте тука за да им укажете за боите на светот и неговата убавина. Терминот слепило се користи за целосна или речиси целосна загуба на видот. Оштетувањето на видот може да доведе до проблеми во нормалните секојдневни активности, како што се возење, читање, дружење, пешачење и други. ...
Дали треба да ги стерилизираме шишињата за бебиња или не, е тема која често предизвикува многу дискусии меѓу родителите. Светската здравствена организација советува опремата за хранење бебиња, вклучувајќи шишиња и цуцли, да се стерилизира додека детето не наполни најмалку 12 месеци. Стерилизацијата може да ги заштити децата од инфекции, особено од дијареја и повраќање. Не е важно дали користите адаптирано млеко или го чувате вашето измолзено ...
И покрај непопуларноста што ја ужива домашната работа во општеството денес, нејзиното потекло е многу нејасно. Ако пребарувате „кој ја измислил домашната работа?“ на интернет, ќе добиете многу резултати. Некои тврдат дека била измислена од одредена личност, но прашање е колку се точни овие извори. Како и многу работи, домашната задача можеби нема ниту еден пронаоѓач. Домашната задача постоела дури и во Римската Империја Во реалноста, раните ...
Сигурно ви е познат моментот кога ве излудуваат децата, па ќе ви се смачи и ви доаѓа да им кажете секакви работи. Една од првите фрази што ви паѓа напамет е: „Срам да ти е“ или „Не ти е срам?“ Никогаш не добиваме упатство за одгледување на децата, но ако го добиеме, сигурно дека упатствата за засрамување на децата ќе бидат означени со црвени букви. Засрамувањето не е добра опција бидејќи им ги одзема слободата и достоинството. Она што често го ...
Без разлика дали сте вработен или родител кој останува дома, едно е сигурно: животот е полн со обврски. Родителите често преминуваат од една задача на друга, со мала или без пауза. Ние сме чувари на распоредот, подготвувачи на оброци и поправачи. Ние сме, исто така, забавувачи од светска класа, помагачи за домашни задачи, помагачи за наставниците и (неофицијални) социјални работници. И да не заборавиме на нашата најважна работа – шофери. ...
Ники Јуркутц, медицинска сестра која им дава совети на родителите преку инстаграм-страницата „Tiny Hearts Education“, предупреди на можен сериозен здравствен проблем кај бебињата, на кој многумина не обрнуваат внимание. Таа објави две фотографии од глава на петмесечно бебе барајќи од следбениците да се обидат да ја најдат разликата. На првата фотографија главата на бебето изгледа нормално, додека на втората фонтанелата кај бебето е испупчена, ...