Ах, таа цуцла! Како и многу работи со децата, одлуката е тешка, а на крајот сѐ зависи од тоа на кого му верувате. Односно, за кое верување ќе се одлучите. Сепак, постојат причини „за“ и „против“ користење на популарната цуцла. Да се понуди цуцла или не? Кога детето не сака – зошто не сака, можеби сепак сака… Ако сака, по година-две ќе се мачите како да ја отсака. И така повторно и повторно, како и многу други родителски проблеми и дилеми. Факт е ...

Одредена храна може да има многу негативно влијание врз здравјето на детето, но и врз неговото однесување, концентрацијата и квалитетот на сонот. Токму затоа, објаснуваат педијатрите, потребно е да се избегнуваат одредени намирници бидејќи тие не содржат никаква хранлива вредност, а во некои случаи можат да бидат и токсични. Ова е храната што педијатрите ја прогласиле за најлоша за децата: -газирани пијалаци -пакувани сокови -супа или тестенини ...

Прилично е лесно да одлучите каде ќе спие вашето бебе кога ќе се вратите дома од болница. Повеќето родители првично избираат да ја делат просторијата затоа што е побезбедно и полесно. Но, во одреден момент можеби ќе сакате да си ја вратите вашата спална соба. Еве како да одредите кога е време за оваа голема промена. Американската академија за педијатрија не препорачува детето да почне да спие во својата соба веднаш по раѓањето. Академијата тврди ...

Има денови кога детето од градинка ви носи два, три, четири цртежи. И другиот повторно. Па, црта цртежи дома. И сега помножете го тоа со, да речеме, 15 (не сметајќи ги сите денови од месецот). А потоа со, приближно, 10 месеци градинка во годината. Па, доаѓа училиште и други работи. Па ако имате повеќе деца… Да бидеме искрени и отворени: мал број родители имаат доволно простор да ги задржат сите уметнички дела на нивните деца. Некои дела ...

Му ветивте на вашето дете дека ќе му го донесете омиленото колаче кога ќе се вратите од работа, но по напорниот ден сте заборавиле. Влегувате во домот и се обидувате да најдете изговор за да го смирите разочараното дете. Тоа што ќе го кажете ќе одреди колкава емпатија ќе покаже детето, според една неодамнешна студија спроведена на Универзитетот „Дјук“, а објавена во списанието „Когнитивен развој“. Децата на возраст од три до пет години можат да ...

Откако минатата година објави дека ќе стане мајка, актерката Хилари Свонк постојано се смее. Дури и на нејзината последна објава на „Инстаграм“ блика од среќа, а и реакциите се такви. Има ли некој што не ја сака Хилари Свонк? Како актерка, како личност. Таа е една од оние луѓе на кои сите им се смешкаат, еден од оние типови „девојки од соседството“ на кои не можете да им замерите. Но, кога остана бремена, многумина имаа што да кажат… View this ...

Има работа за тој што сака да работи – таков е описот на ова преслатко видео на кое ќе видите малечко дете кое неуморно помага во растоварување камион полн со големи шишиња вода. Можеме да се согласиме дека навиките за вредно работење се градат уште од мали нозе, а сигурно е дека секое дете сака да се почувствува корисно. Ima posla ko hoće da radi 💪💪 pic.twitter.com/cmw1pMnTRa — 🇷🇸Čvarci & Kačamak🇷🇸 (@cvarciikacamak) February 11, 2023 ...

Аутизмот е сложено развојно нарушување кое најчесто се манифестира во првите три години од животот, не е ментална или заразна болест. Аутизмот е голем тест за целата заедница, особено за родителите, кои понекогаш грешат во големата желба да му помогнат на детето. Таква е специјалната диета која се базира на избегнување храна која содржи казеин и глутен. Аутизмот е нарушување за кое сѐ уште нема лек. Рестриктивната исхрана, наместо очекуваното ...

Балканскиот менталитет го оправдува тоа на различни начини. Главните реченици се: „Спиј сега додека можеш, нема да имаш време ни да си ја измиеш косата, премногу е тешко, ќе го видиш ова или она, без разлика каков е тој – немаш ништо од маж ти, мојон само седи и гледа, нема да стигнеш ниту кафе да испиеш, нема враќање во младите денови, цел живот грижи“. А тоа, секако, е случај кога до себе имате уште едно дете кое го нарекуваат сопруг, но сепак ...

Децата плачат – тоа е она што го прават. Нивните умови се мали торнада од емоции, па логично е кога работите ќе тргнат наопаку, тие да имаат неверојатна реакција. Но, некои деца се премногу чувствителни и нивните чувства експлодираат како вулкан, понекогаш се чини од никаде. Да знаете како да се справите со дете кое плаче за сè, може да биде она што и вас ќе ве заштити од солзи и нервози, а и самото дете. И да, постојат начини да му помогнете на ...

За време на пандемијата на ковид-19 лекарите почнаа да забележуваат необичен феномен: значително е зголемен бројот на девојчиња кои рано влегуваат во пубертет. Покрај САД, слични извештаи објавија и Италија, Турција, Велика Британија, Индија и Германија. И за тоа не може да се обвини вирусот бидејќи зголемувањето на случаите не беше ограничен само на девојчињата заразени со ковид-19. Додека возраста на која девојчињата влегуваат во пубертет ...

Младиот Марсин е талентиран гитарист, аранжер и продуцент. Со неговите брзи раце, тој може да аранжира цели симфониски оркестарски дела на една гитара. Неговите видеа додека свири станаа вирални, па тој стекна интернет-популарност. Освоил награди во Полска и Италија, а учествувал и во шоуто „Америка има талент“. Во јануари 2020 година, потпишал договор со „Сони мјузик“. За него е пишувано во реномирани списанија како „Ролинг Стоун“ и „Билборд“. ...

Прашањата до психолозите и психотерапевтите може да ги испраќате на е-пошта: prasajpsiholog@deca.mk. Ве молиме прашањата пишувајте ги на кирилица. Нашето мото е: Кој прашува, дејствува! Кој си молчи, претпоставува! ПРАШАЊЕ: Jас сум мајка на близнаци на возраст од 2 години и 8 месеци. Вербалните вештини на девојчето се на многу високо ниво, додека момчето сѐ уште не зборува. Од пред една година посетува дефектолог поради тоа што не се вртеше по ...

Среќни и сакани тинејџери, кои се чувствуваат добро за себе и за своите животи – ова е чувство кое може да има долгорочен ефект врз здравјето на нивните срца, според нова студија на научен тим објавена овој јануари во списанието на Американското здружение за срце. Истражувачите откриле дека тинејџерите што генерално се чувствуваат среќни, оптимистични и сакани покажале подобро кардиоваскуларно здравје во нивните 20-ти и 30-ти години, во споредба ...

Слушаме дека Швајцарија е организирана земја од соништата, но дали тој систем одговара за сите? Што се случува кога ќе ги избришете основните човечки желби и сè подложувате на строги правила… За животот во таа земја, најдобро говори колумната на Тамара Милаковиќ: „Овде сме во Базел, а сега сме тројца. Нашиот мал трет член е роден пред неколку месеци во најлуксузната болница во светот. Трошоците за прегледи за време на бременоста, самото раѓање и ...

Бремените жени со прееклампсија имаат четирипати поголема веројатност да доживеат срцев удар и мозочен удар во средна возраст, покажа едно истражување. Состојбата што предизвикува висок крвен притисок во бременоста може да го зголеми ризикот од фатални мозочни удари седум години по породувањето, според истражувачите во Данска, кои прегледале здравствени досиеја на повеќе од милион бремени жени во земјата помеѓу 1978 и 2017 година. Севкупно, ...

Близнаците отсекогаш биле интересни за набљудување. Така и овие две девојчиња кои ќе ги погледнете во следното видео. Тие се неверојатно синхронизирани – како да си ги читаат мислите. Оваа состојба се нарекува и близначка телепатија, кога близнаците може да си ги читаат мислите без екстерна, односно вербална комуникација. Студиите сѐ уште не ја докажале оваа појава, но откако ќе го погледнете видеото, сигурно ќе се замислите дали е вистина. ...

Односот мајка-ќерка е сложен, променлив и често помалку јасен од сите други семејни односи. Истовремено, тој е еден од најважните во психолошкиот развој на жената. Секоја мајка ја носи својата ќерка во себе и секоја ќерка ја носи својата мајка во себе. Од детството до полнолетството на ќерката има промени во односот мајка-ќерка, има различни конфликти кои влијаат врз психолошкото здравје и на мајката и на ќерката. Развојните кризи на ќерката ја ...

Ново истражување објавено во списанието „Чајлд дивелопмент“ открило дека помладите деца ги учат своите постари браќа и сестри на важна човечка особина – емпатијата. – Иако се претпоставуваше дека постарите браќа и сестри и родители имаат примарно влијание врз развојот на помалите деца, но не и обратно, откривме дека и помалите и постарите деца позитивно придонесуваат за меѓусебна емпатија со текот на времето – објаснува авторот Марк Џамбон. ...

Секое дете чувствува потреба да биде поблиску до она што предизвикува да се чувствува безбедно, а тоа се неговите родители. Љубовта, наклонетоста и вниманието се сè што им треба на децата. Меѓутоа, во денешниот свет, каде што родителите се исклучително зафатени, децата може да се чувствуваат изоставени и очајни за вниманието на нивните родители. Еве неколку знаци што можат да ве известат. Приврзаност Децата можат да покажат знаци на приврзаност ...

Што е постпородилна психоза? Постпородилна психоза, накратко ППП, е ретка состојба која се јавува кај четири од 1.000 мајки, а нејзините симптоми се тешки и може да се појават во рок од една до две недели по породувањето. Според „Postpartum Support International“, овие симптоми вклучуваат чувство на збунетост, халуцинации, параноја, обиди да се повредите себеси или вашето бебе или брзи промени во расположението, за неколку минути. Истражувањата ...

Техниките за релаксација се нешто за кое размислуваме барем еднаш дневно, а кога нашите деца ќе ни ги кренат нервите, понекогаш успеваме да се воздржиме од она што би сакале да го направиме и почнуваме да дишеме длабоко. Така, малку по малку некако се опуштаме. А кога имаме малку повеќе време, можеме малку повеќе да се посветиме на релаксација. Но, што е со децата? Дали им треба релаксација или треба да ги испразнат батериите во текот на денот ...

Истражување во Англија спроведено пред нешто повеќе од десет години покажало дека возачите на возраст меѓу 18 и 22 години многу почесто умираат во сообраќајни незгоди. Имаат добри рефлекси, добро гледаат, имаат добро внимание, здрави се, но повторно многу умираат во споредба со другите возрасни групи, открил Ранко Рајовиќ во поткастот со Милан Јовановиќ Стронгмен. „Што е проблемот? Дошле до заклучок дека работата е што младите не се свесни за ...

За разлика од примарната неплодност, која се дијагностицира ако жената никогаш немала завршена бременост, секундарната неплодност ја означува неможноста да се постигне бременост по барем една претходна бременост. Иако е доста честа појава, секундарната неплодност е тема за која сè уште ретко се дискутира. Според Клиниката „Мајо“, овој тип неплодност може да биде предизвикан од различни проблеми, вклучувајќи: -оштетување на јајцеводите што го ...

Дали некогаш сте слушнале за кампањата „капка по капка“ во маркетингот? Тоа обично значи билтен или други средства за комуникација каде што бизнисите полека градат доверба со потенцијалниот клиент. Интеракциите одговараат на ангажманот на клиентите, а содржината се испраќа врз основа на тоа како клиентите реагираат на е-пошта. Слично на тоа, родителите можат да научат да комуницираат со своето дете кога тоа е подготвено да слуша. Исто како што ...

Ако секоја маќеа добивала пари секојпат кога ќе ја слушнела следната фраза, таа лесно би можела да си дозволи одмор во прекрасен спа-центар за многу потребниот и заслужен одмор: „Знаеше дека тој доаѓа со пакет“. Секоја жена што има храброст, љубов и одлучност да се омажи за маж кој веќе има деца, веројатно има намера да биде родителска фигура за нејзините посиноци и поќерки. Ретко ќе сретнете маќеа која би потпаднала под дефиницијата за „злобна ...

Ако секогаш сте уморни, причината може да биде недостиг на сон или замор на телото, а разликата е значителна. Поспаните луѓе ќе спијат ако им се укаже можност и на тој начин ќе ја вратат енергијата, додека уморните ќе имаат недостиг на енергија и по доволно часови сон, без волја и сила да работат некоја напорна работа. Постојат многу причини за несоница и замор, како што се недостиг и слаб квалитет на сон, неправилна исхрана или некои медицински ...

Училишниот педагог Невена Тоскиќ од Србија се осврнува на темата за образованието на девојчињата. Оваа тема е од големо значење за денешното родителство, а како што вели Невена, текстот што го напишала за порталот „Јумама“ е нејзин личен став, кој е проткаен со искуство од секојдневната работа со децата. Ова е дефинитивно текст кој треба да го прочита секој родител на девојче, без разлика на нејзината возраст. „Кога си девојка денес во Србија, ...

Во одреден момент во следните три до четири недели ќе родам бебе. Како што се наближува големиот ден, и додека се шетам во јавност, го добивам неизбежното прашање: „Дали сте нервозни?“ Вистината е дека воопшто не сум. И зошто да бидам? Целосно сум образована и подготвена, ги прочитав советите за новите родители и верувам дека моето тело само знае што да прави. На крајот на краиштата, ова бебе продолжи да расте во мене со многу малку труд од моја ...

Ова 4-годишно девојче по име Леа ја живее авантурата на својот живот, а нејзината насмевка кажува сѐ. Нејзиниот татко Рафаел е пилот уште од 1991 година. Тој ја носи својата ќерка на летање заедно со него уште од нејзина двегодишна возраст. Но, во видеото што ќе го погледнете таа првпат оди на акробатско летање, а нејзината реакција е бесценета. Радосна и насмеана, Леа е вистинска позитива. Нејзината љубов кон летањето го наследила од татко ѝ, ...

Кил Бил

3 минути - Нова ТВ
weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
6.17
56%
1013
weather icon

Белград

22ᴼ / 22ᴼ
1.54
53%
1012
weather icon

Загреб

23ᴼ / 23ᴼ
3.09
41%
1013
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
4.63
52%
1013
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
2.15
47%
1011
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 20ᴼ
2.57
55%
1014
weather icon

Атина

21ᴼ / 18ᴼ
2.06
62%
1011
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
2.57
64%
1013
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
5.66
53%
1012
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 20ᴼ
4.63
59%
1013
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 23ᴼ
7.72
47%
1013
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 15ᴼ
7.2
50%
1013
Currency

61.525

Currency

53.5268

Currency

71.7367

Currency

34.5534

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63352

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1051.34

Злато

111305.26

Бакар

9.55

Паладиум

29803.74

Платина

30837.68

Родиум

173614.03

Цинк

2.52