
Скопје
28ᴼ /
28ᴼ



Родителството е забавно патување и објаснувањето на сите детали од животот на малите луѓе кои сè уште не го разбираат светот може да заземе различни насоки. Разговорот за комплицирани теми како сексот и бременоста и како се создаваат луѓето е од клучно значење и кога информациите доаѓаат од нас, децата се подобро подготвени. Но, дури и овие разговори можат да имаат неочекуван исход. Седумгодишно девојче ја кажува својата теорија за тоа како се ...
Хрватска ИТ-компанија во соработка со најценетите невропедијатри во земјата развила систем за вештачка интелигенција кој, врз основа на видео од движењето на бебето, може да дијагностицира невроразвојно нарушување кое е тешко да се открие на таа возраст без поминати часови на тестови и анализи. Врз основа на кратко видео од бебето, снимено со обичен мобилен телефон, благодарение на оваа технологија, можно е со рана интервенција да се ублажи или ...
Бебињата може да имаат акутна и хронична дијареја. Ротавирусната инфекција е најчеста причина за акутна дијареја. Сепак, постојат и други причини, како што се: -нетолеранција на храна -бактерија -паразити -лекови -нарушување на цревата. Секој тип стомачна инфекција бара посебен режим на исхрана, со цел желудникот побрзо да закрепне. Затоа е важно да знаете што смеат, а што не смеат да јадат бебињата во тој период. Првата и основна храна за ...
Децата чии родители секој ден им одржуваат лекција дека училиштето е поважно од сѐ генерално не успеваат да ги совладаат социјалните вештини и заостануваат зад своите врсници по емоционална интелигенција. Ова го покажало истражување на германските педагози, кои сакале да откријат што се случува со децата кои се учат дека успехот на училиште е пред сите други. Фокусот на оценките и совладувањето на материјалот е позитивен, но тоа не смее да биде ...
Љубовта е она што го означува целиот наш живот. И бидејќи не сакаме нашите деца да ги повторуваат нашите грешки во која било област од животот, речиси најмалку сакаме тоа да им се случи во љубовта. Можеби ќе ги послушаат, можеби не, можеби ќе се сетат на нив во клучен момент, а можеби и нема, но можеби нашите зборови барем накратко ќе им ѕвонат во ушите, па ако има некаква надеж за тоа – вреди да се проба. И запомнете дека речиси никогаш не е ...
Инстант нудлите, евтино јадење што се загрева на шпорет или во микробранова печка, се водечка причина за изгореници кај децата, покажува новото истражување на Универзитетот во Чикаго за медицина. Истражувачите проучувале 790 случаи на изгореници на деца од 2010 до 2020 година. Тие откриле дека кај 31 процент, или 245 мали пациенти, причината биле инстант тестенините. Дури 40 отсто од изгорениците настанале кога малечките биле оставени без ...
Студија објавена во списанието „Просидингс оф д ројал сосајети“ покажа дека бабите можат да чувствуваат подлабока емотивна врска со своите внуци отколку со своите деца. Студијата, спроведена од истражувачи од Универзитетот „Емори“, испитувала мозоци на 50 жени кои имале најмалку едно внуче на возраст од 3 до 12 години. Мозокот на жените бил скениран со помош на функционална магнетна резонанса, која ја испитува активноста на мозокот. На жените им ...
Поради стравувањата од демографска криза во Кина, откако наталитетот во земјата го достигна најниското ниво досега, официјалните лица во една од најнаселените провинции започнаа политика која им овозможува на невенчаните лица да регистрираат раѓања на неограничен број деца. Потегот на здравствената комисија во провинцијата Сечуан, која е дом на речиси 84 милиони луѓе, ги прави невенчаните родители подобни за бенефиции кои претходно беа ...
Во продолжение ќе ја прочитате листата со најлоши родителски практики според корисниците на „Редит“. Еве кои работи укажуваат на лошо родителство, врз основа на искуството на десетици илјади гласачи на платформата: -Никогаш не им се извинуваме на нашите деца ако направиме грешка. -Кажување на тајните на вашите деца на пријателите и другите луѓе. -Кога сопственото дете се плаши од вас. -Кажување работи како „Премногу си млад за да бидеш ...
Со само една кутија и бујна фантазија и креативност, еден татко успеал од својата дневна соба да направи мини забавен парк за неговата ќерка. Имено, тој ја ставил својата ќерка во кутијата, а на ТВ-екранот пуштил видео од вистински забавен парк и адреналинско возење на луда железница. Додека камерата го следи возењето на екранот, тој ја мрда кутијата во која е неговата ќерка за таа да се чувствува како да е дел од тоа возење. Најдобро од сѐ е ...
Погледнете што се случува со образованието. Акцентот е ставен на оценувањето и на децата и на наставниците, па учењето се сведува на подготовка за тестови. А тестовите влијаат и врз судбината на учениците и на наставниците. Гарантирано ќе го уништи секој значаен образовен процес. Наставникот не може да биде креативен, имагинативен или да ги земе предвид различните потреби на учениците. Учениците, пак, не можат да ги следат нивните интереси ...
Прашањата до психолозите и психотерапевтите може да ги испраќате на е-пошта: prasajpsiholog@deca.mk. Ве молиме прашањата пишувајте ги на кирилица. Нашето мото е: Кој прашува, дејствува! Кој си молчи, претпоставува! ПРАШАЊЕ: Моето дете има 3 години и од скоро почна да оди во градинка, а претходно го чуваше мајка ми. Убаво зборува, итар е, паметен, само е многу темпераментен, сака да се качува секаде, сака да игра во вистинска кујна, со вистински ...
Мајка тврди дека нејзината ќерка почнала да одбива храна откако нејзиното училиште ја класифицирало во група на деца со „прекумерна тежина“ во писмо до родителите. Девојчето е трето одделение, а сите ученици морале да направат тест за физичка подготвеност, при што на децата им биле мерени висината и тежината за да се одреди нивниот индекс на телесна маса, објаснила мајката на „Редит“. „Тие им дадоа писма на сите родители на деца со прекумерна ...
За разлика од казнувањето, укажувањето на последиците не го засрамува детето и не влева страв. Овој начин на дисциплинирање едноставно испраќа порака дека постапките имаат последици. Нема потреба од лекции или викање бидејќи последиците зборуваат сами за себе. Како и многу застапници на методот Монтесори, воспитувачката и учителка Кристина Клемер му дала на својот син да пие од чаша кога имал шест месеци. Како што вели, луѓето често ја прашувале ...
Ако го оставите вашето бебе да спие на места каде што не треба да спие, првенствено ги загрозувате неговите дишни патишта. Кога одиме низ продавниците за опрема за бебиња, некако секогаш претпоставуваме дека овие производи се апсолутно безбедни за употреба. Безбедниот сон е многу важен, особено за бебињата кои поголемиот дел од денот го поминуваат во спиење. Иако многу производи имаат одредени безбедносни ограничувања, тие некако успеваат да се ...
40 отсто од родителите во САД се „екстремно“ или „многу“ загрижени дека нивните деца во одреден момент ќе се борат со анксиозност или депресија, открива ново истражување. Во извештајот на Истражувачкиот центар „Пју“ се вели дека менталното здравје е најголема грижа меѓу родителите, по што следува врсничкото насилство, кое ги загрижува 35 отсто од родителите. Овие грижи ги надминаа стравовите од киднапирање, опасности од дрога и алкохол, ...
Веројатно поминувате многу време размислувајќи за тоа како исхраната на вашето дете влијае врз неговото тело. Можеби внимателно го следите неговиот внес на калциум за да бидете сигурни дека неговите коски се развиваат како што треба, размислувате за внесот на витамин Ц, за да бидете сигурни дека детето има доволно силен имунолошки систем и можеби следите како различните оброци влијаат врз неговото ниво на енергија во текот на денот. Всушност, ...
Децата сѐ почесто страдаат од разни алергии, а најчести детски алергии се атопичен дерматитис, контактен дерматитис, уртикарија и алергија на храна. Многу родители ги интересира дали нивното дете ќе има алергија доколку и тие имаат, а еве што велат педијатрите. – Тенденцијата за развој на алергии навистина може да има генетска компонента. Не можете директно да пренесете специфична алергија на детето, но ако, на пример, мајката има многу алергии ...
Оваа прекрасна реклама што беше емитувана за време на „Супер боул“ успева да ја долови врската помеѓу лабрадор и девојчето Ава, додека растат заедно, сето тоа во само една минута. На почетокот на рекламата, насловена „Засекогаш“, го гледаме кучето Бер како малечко кученце и Ава како детенце, но во наредните 60 секунди тие растат заедно, па ја гледаме Ава со свое семејство, а Бер сè уште е покрај неа. Рекламата завршува со пораката: „Ништо не е ...
Ако сте имале спонтан абортус, наоѓањето на вистинските цитати, зборовите кои навистина помагаат, може да бидат моќна алатка за исцелување. Цитатите за спонтан абортус може да ви помогнат да ги артикулирате сопствените сложени чувства; дури и чувствата што не сте биле во можност јасно да ги идентификувате. – Тагата, во други искуства, често е за жалење по минатото. Спонтаниот абортус значи тагување по иднината. – Загубата на бременоста често е ...
„Ако вашето прво дете е прекрасно, мирно, соработливо, не фалете се премногу како родител. Тоа е само трик на мајката природа да ве измами да имате уште едно дете.“ Не знам кој ја кажал оваа реченица. Како и многу други паметни изјави, се шири непотпишана на „Фејсбук“. И е толку вредна што ќе ја пренесам како што е. Така е и во мојот случај. Моето мало девојче е прекрасно соработливо дете од самото раѓање. За сѐ можам да се договорам со неа. ...
Брус Вилис е горд татко на пет ќерки: Румер, Скаут, Талула, Мејбел и Евелин. Откако му беше дијагностицирана афазија, тој се повлече од светот на актерството, а наскоро ќе стане дедо бидејќи неговата ќерка Румер е бремена. Во воспитувањето на неговите ќерки, тој ја следел филозофијата која вклучува активно слушање. Тој верува дека на овој начин може да научи повеќе за децата и да ги води кон вистинскиот пат. – Понекогаш морам да одолеам на ...
Често се вели дека ако одеднаш настане тишина во домот, тогаш децата сигурно нешто наумиле и прават некоја беља. Кога ќе го погледнете следното видео, можеби ќе се пронајдете, но и ќе се насмеете на будалштините што знаат да ги прават дечињата. Овие две деца решиле да применат „интересна“ активност, а таа подразбира да го удираат ТВ-екранот во дневната соба со своите играчки. Забавно и за нив, но и за нивните родители откако ги фатиле на дело. ...
Под ризик да бидам обвинета дека сум една од оние што „пак ги бранат децата, создаваат разгалени дечишта, каде оди ова општество“, морам да излезам и да кажам – да, да, ние сме виновни. Колку пати сте ја слушнале фразата – овие деца денес: -не ги почитуваат постарите -не знаат ништо -само зјапаат во телефонот -се потсмеваат со сите -знаат само за насилство -ништо не читаат -ништо не ги интересира -само ги бараат своите права и не ги исполнуваат ...
Сите многу добро знаат дека кучињата се одлични миленичиња. Но, дали семејното куче навистина може да помогне во развојот на малите деца? Едно ново истражување објавено во списанието „Педијатрик рисрч“ вели дека може. Истражувањето открило голем број придобивки од поседувањето куче кај децата. Според психологот Ејми Морин, растењето со куче може да донесе многубројни придобивки за детето, без разлика дали се работи за неговиот социјален или ...
Сѐ испланиравте, сѐ е средено, работата која никој друг освен вас не може да ја заврши ќе издржи некако тие 7 дена кои ќе ги поминете на долго планираниот одмор. Ден пред тргнување ве известуваат: Вашето дете има температура. Како? Но, ние одиме на одмор, сѐ одложивме, испланиравме. Не е фер. Животот не е фер. Никој не нѐ учи на тоа. Прво ни читаат бајки, па ние кажуваме бајки, на крајот бајката станува драма, понекогаш хорор, главно нема ништо ...
Често можеме да слушнеме дека јазикот открива потенцијални здравствени состојби, од кои некои можат да бидат опасни, па затоа е неопходно навреме да се препознаат. Една од промените што често се случуваат е таканаречениот географски јазик, а точната причина не е позната. Најчесто се јавува кај деца до четири години, а се јавува двојно почесто кај девојчињата отколку кај момчињата. Но, како да се препознае географскиот јазик и што воопшто значи ...
Секоја мајка многу добро знае колку ѝ се менува животот кога ќе дојде на свет нејзиното бебе – одеднаш се соочуваме со многу различни обврски, голема одговорност, немање приватност, балансирање помеѓу семејството и работниот живот… Сите овие работи можат да бидат многу оптоварувачки. За да ве потсети токму на тоа, австралиската инфлуенсерка и мајка на две деца, Кристи Андерсон, споделила фотографија на „Инстаграм“ која ја покажува суровата ...
Прашањата до психолозите и психотерапевтите може да ги испраќате на е-пошта: prasajpsiholog@deca.mk. Ве молиме прашањата пишувајте ги на кирилица. Нашето мото е: Кој прашува, дејствува! Кој си молчи, претпоставува! ПРАШАЊЕ: Син ми има две години и седум месеци. Растен е со љубов, со разговор, во хармонична семејна заедница со двајца родители и не е удиран. Но, во последните два месеца многу често му се случува да ги турка децата на лулашки, без ...
Како се снаоѓаат другите родители? Ова е прашање што секој родител си го поставил барем еднаш. Да бидете во тек со работата, да се грижите за семејството, да водите домаќинство и да управувате со сите други обврски се чини невозможно, особено ако имате мали деца. Понекогаш дури може да изгледа дека никогаш нема да ја завршите вашата бескрајна листа со задачи. Ова се предизвиците што придонесоа една мајка да го објави својот дневен распоред на ...