Како што тинејџерите се обидуваат да го откријат сопствениот глас и место во светот, секое правило станува предизвик. Тинејџерите повеќе не се деца, туку повозрасна личност која еден ден нема да живее во вашиот дом. Сакате да доживеат независност, но исто така сакате да се безбедни, сигурни и сакани. Со оглед на тоа што воспитувањето на тинејџерите е вистински предизвик, ова се некои од советите за родителство што експертите сакаат да не ги ...

По враќањето од светскиот натпревар во Италија, Вања си продолжи со неговото секојдневно усовршување. Постојано вежба. Месецов се одржа прелиминарната етапа од HIPPO 2023 натпреварот и сега чекаме резултати, а се одржа и општинскиот натпревар по англиски јазик ELTAM каде што освои прво место и со тоа си овозможи понатамошен пласман и на регионалниот дел, споделува неговата мајка Милена Основецот Вања Ѓорѓиоски од Прилеп освои прво место на ...

Превенцијата од пренатални инфекции е исклучително важна за секоја трудница и за детето што го носи. Ви претставуваме мини-водич за трудници за заштита на своето здравје и здравјето на нероденото дете. Бременоста е време на огромна радост и возбуда за жените и нивните семејства. Но, ова е и време на голема одговорност, што може да вклучува многу грижа. За некои, помислата дека нешто не е во ред со здравјето на нивното дете е постојан страв. За ...

Во денешно време, со пристапот до низа социјални мрежи, децата имаат можност да бидат во тек со најновите трендови, како и музички хитови. Ова преслатко девојче, кое има 5 години и се вика Карис, го изведува на свој уникатен начин хитот на пејачката Хелси – Without me. За кратко време Карис стана вистински хит на интернет, а во следното видео ќе погледнете како музичари ја надополнуваат нејзината изведба свирејќи на инструменти и креирајќи ...

Деца.мк – омилениот портал на родителите во Македонија – денеска го слави 5. роденден. За тимот кој стои зад овој портал, овие пет години поминаа многу брзо, секогаш во потрага по свежи и релевантни информации. Насочени кон поддршка на родителите, изминативе пет години успеавме да им помогнеме на околу 350 мајки и татковци кои побараа помош од нашите психолози во рамките на рубриката „Прашај психолог“. Тоа за нас е чест и знак дека публиката ...

Потврден е прв случај на морбили кај 13-месечно дете од Свети Николе. Марија Димитрова, директор на Центарот за јавно здравје – Штип, потврдува дека анализите од крвта се пристигнати од Институтот за јавно здравје и потврдуваат дека станува збор за морбили. Посочува дека детето било хоспитализирано прво на детско одделение во штипската Клиничка болница, веднаш по појавата на исипот е испратен примерок од крв во Скопје. – Сметам дека нема место ...

Следува преглед на несоодветни модели на однесување на децата и што навистина се крие зад тоа. Што гледате? – Што навистина се крие зад тоа Чувствително: -плаче за секоја ситница – на детето му недостига саморегулација -тагува кога заминувате – детето се плаши од „нови“ работи и треба постепено да се запознава со темата -не сака да биде само – детето има внатрешен немир кој не може да го изрази со зборови. Луто: -често вика и вреска – детето не ...

Патот на родителството или мајчинството не е еднакво лесен или тежок за секого. Поврзувањето со бебето не е лесно, ниту пак едноставно. Поврзувањето не се случува веднаш за некои родители. Но, за среќа, постојат мали секојдневни задоволства кои можат да ви помогнат во ова. Станува збор за активности што не се ниту заморни ниту здодевни, а постои голема веројатност веќе да ги правите. Гледајте го бебето в очи – поврзувањето со бебето е најлесно ...

Ако мислевте дека ентузијазмот и љубезноста се најдобри начини да ги мотивирате тинејџерите да работат повеќе на училиште и да се трудат, размислете повторно. Излезе дека многу тинејџери ќе бидат најмногу мотивирани од можноста да ги повторат задачите, доколку добијат ниска оценка. Тоа не е највозбудливото решение, но е решение, нели? Американско истражување во кое учествувале 1.011 ученици на возраст од 13 до 19 години покажало дека можноста за ...

Односот помеѓу децата и домашните миленичиња е скапоцен. Особено кучињата многу им се радуваат на своите најдобри пријатели – луѓето. Во следното видео погледнете колкава радост споделуваат куче и малечко девојче кога повторно се гледаат. Тие навистина имаат специјална врска која сигурно ќе ве разнежни. Девојчето нетрпеливо чека на прозорец, додека кучето возбудено се качува по скалите за да се сретне со својата најдобра пријателка. Овие двајца ...

Иако на почетокот се велеше дека двомесечното бебе кое по земјотресот во Турција беше 128 часа под рушевините останало без мајка, се испостави дека жената е жива и дека била на лекување во друга болница. Детето и мајката се повторно заедно по 54 дена, а за да се потврди дека тоа е мајката на 3,5-месечното бебе, бил направен ДНК-тест. You probably remember this picture of the baby who spent 128 hours under rubble after an earthquake in Turkey. It ...

– Пред 4 месеци се преселивме во Норвешка. Нашата ќерка наполни 6 години непосредно пред Нова година, па бевме законски обврзани да ја запишеме во прво одделение бидејќи децата во Норвешка тргнуваат во прво одделение во годината кога ќе наполнат шест години, без разлика дали се родени во јануари или декември. Вака ја започнува својата приказна мајката која за една српска веб-страница одлучи да го сподели нејзиното искуство од животот во ...

Новите истражувања покажуваат дека стресот на децата значително се зголемува кога го слушаат викањето и лутиот глас на нивните родители. Дури и заспаното дете регистрира висок глас и тон и доживува зголемен стрес за кој е потребно извесно време да се смири и да исчезне. Ако нивото на стрес кај детето се зголеми пред спиење, детето нема да може да заспие со часови. Овие истражувања го потврдуваат она што секое дете може да го каже: страшно е кога ...

Спиењето помеѓу седум и девет часа секоја вечер е од суштинско значење за одржување добро здравје, покажуваат многу истражувања. Сега експертите веруваат дека децата, односно тинејџерите кои не спијат доволно, се изложени на поголем ризик од мултиплекс склероза. Имено, група научници од Шведска откриле дека младите луѓе кои спијат помалку од седум часа во текот на ноќта имаат и до 40 отсто поголеми шанси да заболат од мултиплекс склероза во ...

Не треба да се каже дека светот е – и отсекогаш бил – навистина тажно место. Од војни и малтретирање до спонтани абортуси, неочекувана смрт на сопружници, дијагнози за сериозни болести, активизам кој се чини дека не трогнува никого, системи кои го овековечуваат тековниот гнев и тага… списокот продолжува и понатаму. Тоа може да биде преоптоварување со информации кои предизвикуваат тага, а произлегуваат од медиумите или од вашите лични искуства. ...

Тоа е еден од најдобрите моменти што како родители сте го чекале – и штом првиот пат ќе го слушнете смеењето на вашето бебе, нема да можете да се заситите од звукот, без разлика дали се работи за смеење на глас или за кикотење. Вашето бебе експериментира со звуци од првиот месец, со гугање. Смеењето е следниот чекор во учењето да комуницирате меѓусебно. Кога почнуваат да се смеат бебињата? Многу бебиња првпат се смеат гласно кога ќе наполнат 3 ...

Многу родители веруваат дека одгледувањето среќни деца е најважното достигнување во нивниот живот. Сепак, често мислиме дека среќата е во тие кратки моменти да го добијат она што го сакаат. Трајната среќа е, всушност, многу посложена, но и многу подобра. Начинот на кој го воспитувате вашето дете ќе ги зголеми неговите шанси за среќа во животот. Што треба да се направи за детето да порасне во среќна личност? Бидејќи среќата е „само последица“ на ...

Утрово, како и обично, го однесов моето дете во градинка. Опуштено, без напнатост, лесна петминутна прошетка, само ние двајца. Влезе насмеан, носејќи книга за ајкулите бидејќи деновиве учат за океаните. И тогаш, на излегување од градинка, налетав на сцена која ме врати неколку години наназад. Мајка, во елегантно палто и чевли, очигледно подготвена за работа, го носи своето петгодишно девојче. Детето е без јакна, без чевли. Плаче, се ...

Прво бебето почнува да се врти кон стомакот или грбот, а потоа сфаќате дека не можете никаде да го оставите. Потоа почнува подигнувањето на колената, а потоа ги ограничувате местата каде што ќе го оставите. Но, имате среќа што сè уште имате безбедно засолниште наречено креветче со висока ограда. Но, вашето дете оди на сосем друго ниво и ги користи нозете и наеднаш креветчето престанува да биде безбедно место. Згора на тоа, поумешните деца имаат ...

Ако сте вработена мајка која треба да вози до работа, веројатно сте останале во автомобилот пет минути подолго отколку што треба само за да се одморите од сите. Тоа се тие 5 минути што ни се потребни на сите, но како мајки ретко ги добиваме. Затоа „крадеме“ можности. Некој се заклучува во бањата и седи малку подолго, а некој „малку подолго бара паркинг“. Всушност, веднаш сме нашле место за паркирање, но се одмараме во автомобилот. На сите им ...

Хрватска останува без педијатри во примарната медицинска нега. Родителите често не можат да најдат лекар што ќе ги пријави бебињата од породилиште, па ги прегледуваат лекари кои доаѓаат како замена од околните градови. За да опстане системот, мора да работат пензионирани лекари, на возраст од над 80 години. Се отвораат конкурси, се распишуваат специјализации, но никој не се пријавува на овие конкурси, така што здравствената заштита за најмладите ...

Играњето со коцки е неизбежен дел од растењето на секое дете. Без разлика на трендовите, коцките како играчки се користат со генерации и го разубавуваат секое детство. Се разбира, при изборот на коцки за вашето дете, пред сè, мора да ја имате на ум неговата возраст. Малите, ситни коцки во никој случај не се погодни за помали деца бидејќи лесно можат да ги голтнат. Се препорачува да ги користат по шестата година, додека за помалите деца се ...

Кога зборуваме за семејните односи, воспитувањето кое не одговара на правилниот развој на детето може да доведе до формирање на таканаречениот комплекс „маж-дете“. Што значи тоа? На пример, ако таткото не и дава емоционална поддршка и внимание на мајката, таа може да почне да го бара тоа кај своето дете, со што ќе создаде подлабока врска отколку што е потребно. Затоа, мајката може да стане премногу грижлива и да го „задуши“ својот син со своето ...

Од првите моменти во бременоста вашето тело почнува да се менува. На почетокот овие промени се речиси незабележливи, но со текот на времето стануваат сè повидливи. Една од првите видливи промени може да се појави на градите. Она што секоја трудница го забележува е дека градите се потешки, поцврсти, поболни, но и дека под кожата се појавуваат сини вени. Зошто во бременоста се појавуваат сини вени на градите? Иако тие можат да ви го привлечат ...

Поминаа 22 години откако актерите се појавија во првиот филм како волшебници во светот на Хогвортс, а сега Даниел Редклиф, актерот кој ја толкува улогата на Хари Потер, ќе стане татко. Иако сите сè уште го гледаат Редклиф како детето кое стекна слава играјќи го Хари Потер, триесет и тригодишниот актер веќе го очекува своето прво дете. Даниел Редклиф ја запознал својата девојка на снимањето на филмот на кој работеле и двајцата и истакнал дека тоа ...

Министерството за образование и наука го објави Конкурсот за упис на ученици во јавните средни училишта во Македонија за учебната 2023/2024 година. Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши во еден уписен рок со две пријавувања во месец јуни, на 20 и 21 јуни, и второ пријавување на 27 и 28 јуни 2023 година, преку порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука https://e-uslugi.mon.gov.mk со најава на ...

Утре, на Денот на шегата, „Светот на Биби“ ве поканува на супернастан во „Веро центар“ во Скопје. Во 12 часот ќе се менуваме со сликички, а потоа, точно во 12:30 часот, ќе настапи Биби. Целта на овој настан е преку песна, другарување и забава да ја споделиме радоста на овој мегаспецијален ден! Сите дечиња што ќе бидат маскирани како јунаците од „Светот на Биби“ ќе добијат подарок изненадување! Ве очекуваме на Априлијада со „Светот на Биби“ во ...

Прашањата до психолозите и психотерапевтите може да ги испраќате на е-пошта: prasajpsiholog@deca.mk. Ве молиме прашањата пишувајте ги на кирилица. Нашето мото е: Кој прашува, дејствува! Кој си молчи, претпоставува! ПРАШАЊЕ: Ќерка ми има 5 години. Пред некое време имаше невреме и оттогаш детето не е исто. Не сака да излегува надвор кога дува ветер, се плаши кога грми или кога ќе се наоблачи времето. Ве молам за совет. ОДГОВОР: Како родител, ...

Според д-р Џејн Л. Фредерик, репродуктивен ендокринолог, жените добиваат најголемо внимание затоа што имаат ограничен број јајце-клетки и мора да се борат со промените во количината и квалитетот на јајце-клетките почнувајќи од 35 години. – Жените играат клучна улога во репродукцијата, што нè наведува да веруваме дека темите за плодност, бременост и породување се женски проблеми, без мешање од мажите откако ќе донираат сперма. Иако многу мажи над ...

Монтесори-педагогијата разликува посебен начин на стекнување нови зборови, односно поими, а Марија Монтесори го нарекла тоа – „лекција во три времиња“. Самиот метод на лекцијата помага во развојот на говорот и олеснување на детето да разбере и научи нови зборови. Методот е многу едноставен за примена и вклучува именување, посочување и прашување. Прва лекција (именување) Првиот час вклучува именување на предмети, па се одбираат три предмети кои ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
1.03
38%
1013
weather icon

Белград

26ᴼ / 24ᴼ
0.45
56%
1013
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
3.6
49%
1016
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
1.03
46%
1013
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
0.87
47%
1013
weather icon

Љубљана

21ᴼ / 19ᴼ
1.54
64%
1016
weather icon

Атина

23ᴼ / 19ᴼ
3.58
57%
1012
weather icon

Тирана

22ᴼ / 22ᴼ
2.06
49%
1012
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
1.54
53%
1012
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 23ᴼ
3.09
44%
1013
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 23ᴼ
3.13
56%
1014
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 17ᴼ
5.66
49%
1014
Currency

61.525

Currency

54.091

Currency

71.7367

Currency

34.5534

Currency

39.0763

Currency

66.0828

Currency

7.40933

Currency

0.65821

Currency

0.37987

Currency

0.52443

Currency

1.42259

Currency

0.63352

Алуминиум

2.62

Кобалт

42.99

Никел

15411.50

Рутениум

20190.67

Калај

30.62

Сребро

1049.88

Злато

109913.70

Бакар

9.54

Паладиум

29610.84

Платина

30576.51

Родиум

173614.03

Цинк

2.52