Сите пострадаа во Рим за време на Марко Аврелиј и епархот Рустик. Кога Рустик ги запраша: „Вие мислите дека ако умрете за Христа ќе примите награда на небото?“, Свети Јустин одговори: „Не мислиме, туку знаеме“. Потоа беа сите обезглавени, во 163 година, и се преселија во вечното царство на Христа Бога. Тропар Верата Христова ве подготви на подвиг благодатен, о Јустине, Харитоне, Харито, Евелписте, Јераксе, Пеоне и Ливеријане, и сведоштвото ваше ...

Неговиот татко Дометиј, брат на римскиот цар Пров, побегна од Рим како христијанин и дојде во Византија. Византискиот епископ Тит го посвети за презвитер. По смртта на Тит Дометиј стана епископ Византиски. По смртта на Дометиј, епископскиот престол го зазеде неговиот постар син Пров, а по кончанието на овој, престолот епископски го зазеде Митрофан. Кога царот Константин првпат го виде Митрофан, го засака како татко. Во времето на Првиот ...

Свети Еразмо Охридски Овој светител беше родум од Антиохија и живееше во времето на царевите Диоклецијан и Максимијан. Се подвизувше крепко на Ливанската Гора и имаше од Бога голем дар на чудотворство. Како архиереј тргна да го проповеда Евангелието. Кога дојде во Охрид, Еразмо го воскресна синот на некој човек по име Анастас и го крсти овој човек. Во таа прилика крсти и мнозина други незнабошци и ги разори идолските жртвеници во Охрид. За ова ...

Роден од родители грци во самарјанскиот град Сихем, подоцна наречен Наблус, во 105 година после Христа. Усрдно ја бараше мудроста кај философите, најпрво кај стоиците, потоа кај перипатетичарите, па кај питагорејците и најпосле кај платоничарите. Иако ни Платоновата философија не го задоволуваше, сепак најдолго се задржа на неа, бидејќи не наоѓаше нешто што повеќе би го привлекувало. По Божја Промисла, му се јави еден чесен старец, кој ја ...