ХАК, главниот продавач на конзервирана храна како грашок, грав и сос од јаболка во Холандија, привремено ќе го запре производството оваа зима поради високите трошоци за енергија, а портпаролот на компанијата изјави дека паузата ќе трае шест недели од јануари, објави Ројтерс Холандски НОС го цитираше директорот на ХАК дека одлуката нема да доведе до празни полици во продавниците, бидејќи компанијата задржува дополнително снабдување во случај на ...

Поради енормно високата цена на електричната енергија македонското стопанство е пред вистински колапс. Доколку компаниите не добијат субвенционирана струја од државата прашање на време било само кога ќе се започне со масовно затворање и отпуштање на вработените. Во моментов во просек струјата се купувала по 500 до 600 евра за мегават час, а некогаш во ноќните часови цената и достинувала и 900 евра. Според бизнисмените нити едно стопанство не ...

Британскиот министер за финансии, Кваси Квартенг, најави дека владата се откажува од намалувањето на даноците за најбогатите и рече дека покажува оти ги разбира и ги слуша своите граѓани и дека нема намера да поднесе оставка, пренесуваат агенциите. „Нема да ја укинеме даночната стапка од 45 проценти. Разбравме, послушавме“, објави Квартенг во изјавата на „Твитер“. Финансискиот план што владата на премиерката Лиз Трас го усвои пред десет дена ...

Доколку забележите дека вашиот шеф повеќе не го признава вашиот труд и напор како порано, тогаш постои можност да ви дава „тивок отказ“. Според Team Building, компанија за развивање на тимови, „тивкото отпуштање“ е „пасивно – агресивен пристап на менаџирањето на перформансот“. Овој концепт може да се појави на повеќе начини – намерно или ненамерно. Наместо да ги отпуштат вработените, овие менаџери работното место го прават што е можно повеќе ...

Доколку забележите дека вашиот шеф повеќе не го признава вашиот труд и напор како порано, тогаш постои можност да ви дава „тивок отказ“. Според Team Building, компанија за развивање на тимови, „тивкото отпуштање“ е „пасивно – агресивен пристап на менаџирањето на перформансот“. Овој концепт може да се појави на повеќе начини – намерно или ненамерно. Наместо да ги отпуштат вработените, овие менаџери работното место го прават што е можно повеќе ...

Гаврил Бубевски основниот јавен обвинител на ОЈО Скопје ја назначи Искра Хаџи Василева јавната обвинителка од истата институција како лице за контакт во врска со предметите поврзани со безбедноста на новинарите, кои се во надлежност на Основното јавно обвинителство Скопје. Одлуката која пристигна на адреса на ЗНМ е донесена врз основа на заклучоците од состанокот на Бубевски со претставници на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и ...

Управата на воздухопловно – техничкиот центар (ЗТЦ) во Хрватска неодамна на работниците кои успешно направиле ремонт на противпожарните авиони им исплатил парична награда, пишува Jutarnji list. Според нивните информации, парични награди се исплатени на дваесетина вработени, меѓу кои се механичари, вработени во администрацијата, но и на некои директори, а висината на наградата се движела од 500 до 2,000 куни (од 66 до 265 евра). На заслужните ...

Индексот на слободни работни места (OVI Index) укажува на тоа дека во септември оваа година во Хрватска побарувачката за работна сила била голема, а најбарани занимања биле продавач, келнер, учител, магационер, сметководител, објавил Економскиот институт на Загреб (EIZ). Најбарани занимања се продавач, келнер, учител… „Во согласност со движењата на пазарот на трудот во последната година и пол, OVI индексот покажува дека во септември оваа година, ...

Конкретни младински иницијативи и заложба за нивно финансирање, амандмански предлози и други законодавни иницијативи, како и симулации на собраниски активности како практична настава за учениците се само дел од идните активности кои Локалниот младински совет ќе ги достави до Општина Валандово од каде ќе бидат упатени за реализација до законодавниот дом – овие заклучоци беа во фокусот на иницијативата „Младите во фокусот“, во организација на ...

Лидерот на опозицискиот Демократски сојуз на Косово (ЛДК), Љумир Абдиџику порача дека, кога ќе дојде на власт неговата партија, ќе им ги исплати платите на наставниот кадар за септември годинава, кои владата на Албин Курти одбива да им ги исплати поради тоа што минатите повеќе од месец дена штрајкуваа, јави дописникот на МИА од Приштина. Абдиџиуку на неговата страница на Фејсбук го обвини Курти дека, „наместо смирување и зближување, бара ...

СДСМ за само пет години ги зголеми платите на вработените во основното и во средното образование за 36 %, стои во соопштението на партијата. Од друга страна, велат, ВМРО – ДПМНЕ за 11 години, платите на наставниците ги зголеми само за 4 %. Од 2017 година платите во основното и средното образование се поголеми за повеќе од една третина. Само со последното покачување, од септември годинава, околу 32,500 вработени во основното и средното ...

Тесла го именувал ко-основачот на Airbnb, дизајнерот и милијардерот Џо Гебија како независен член во својот Управен одбор. Назначувањето на Гебија за член во одборот на произведувачот на електрични возила следува по заминувањето на претседателот и главниот технички директор Лари Елисон. Тесла ги именувал Елисон и поранешната извршна директорка Валгринс Бутс Кетлин Вислон – Томсон во одборот во 2018 година. Тоа го направил со цел да се придржува ...

Прилепското стопанство чека државна помош и субвенции за струјата, зашто со моменталната состојба, а допрва е зимата, ситуацијата станува неиздржлива. Најавата за да се плаќа по 250 евра мегават час, а разликата во повисоката цена да ја субвенционира државата, многу би помогнало, велат стопанствениците. Филип Велски, директор на текстилната индустрија „Комфи Ангел“, вели дека товарот е паднат на компаниите и мора да се најде решение за фирмите ...

Влада за многу скоро време ќе излезе со конкретни антикризни мерки насочени кон најранливите категории на граѓани, како што правеше и од почетокот на кризата и во времето на КОВИД пандемијата, најави денеска премиерот Димитар Ковачевски. – Во неколку наврати кажав дека заврши времето на изобилство и со електрична енергија, меѓутоа и со други ресурси. Европа се наоѓа практично во војна на својот континент. Во Украина се води војна. Гледате дека ...

По барање на синдикатот на УКИМ денеска ќе се одржи средба во Владата на Македонија на која треба да се разговара за синдикалните барања за нов колективен договор на ниво на работодавец, зголемување на платите на вработените и подобрување на статусот на УКИМ во општеството. „Синдикатот на УКИМ очекува од Владата да ги прифати нашите барања за надминување на исклучително тешката материјална состојба на вработените на УКИМ, за обезбедување на ...

Сојузот на стопански комори ги повикува институциите на државата транспарентно да остварат дијалог со сопственикот на топланите Исток и Запад, компанијата Адора Инженеринг и безусловно да го решат прашањето во врска со топланите за навремено да се обезбеди топлинска енергија за градот Скопје. Само на овој начин државата ќе покаже дека имаме институции и владее правото во оваа држава, бидејќи и компанијата, а и граѓаните трпат огромни штети. Ги ...

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,20% % во однос на одлуката од 30.09.2022 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување кај бензините во просек за 0,973%, кај дизелот зголемување е во просек за 0,154%, кај екстра ...

Исплатени се трите заостанати плати во „Водостопанство во државна сопственост Скопје, како резултат на синдикалните активности, информира денеска Сојузот на синдикатите на Македонија”. ССМ претходно најавуваше дека ќе побара за претпријатието да се отвори стечајна постапка. Активностите на АГРО Синдикатот и Сојузот на синдикатите на Македонија дадоа конкретни резултати и во петокот на вработените во АД Водостопанство им беше исплатена една од ...

Вработените во Германија ќе можат да добиваат регреси и премии до 3.000 евра годишно, без даноци и придонеси, за полесно да ја надминат високата инфлација. Ваква одлука донесе Бундестагот, пренесува „Капитал“. Олеснувањето ќе важи до крајот на 2024 година. Сепак, отворено е прашањето колку работодавци воопшто ќе можат да исплатат бонуси. Претседателот на синдикатот на работодавачи, Рајнер Дулгер рече дека не сите компании се во состојба да се ...

Зајакнувањето на човечкиот капитал е еден од најголемите предизвици на земјава. Квалитетот на образованието е основа за развојот на човечкиот капитал, реформски процеси во националниот образовен систем, меѓутоа потребни се дополнителни инвестиции за подобрување на процесот на учење. Една од иновациите е националната процена на тестирањето со што ќе се исполнат условите на следењето, еволуцијата на успехот на учениците во основните училишта на ...

Се повеќе луѓе во Германија не се расположени за работа и одат на работа само затоа што мораат, покажаа резултатите од анкетите, пишува „Dpa“. Речиси половина од вработените, 48 отсто од нив, сакаат да преминат на намалено работно време во договор со работодавачот, пишува „Дпа“. Повеќе од половина од анкетираните изјавиле дека ќе ја напуштат работата. Дури 56 отсто се изјасниле дека се подготвени веднаш да ги напуштат своите работни места – но ...

1. Поради сериозноста на ситуацијата во која се наоѓа стопанството, со оглед на високите сметки за електрична енергија, зголемени до 6-пати (за што ниту една компанија во државата не е виновна), Комората бара од Владата најдоцна до 5.10.2022 година, за кога е закажана седница на Економскиот совет, да донесе мерки кои ќе го ублажат силниот ценовен удар. Повеќе од 1600 правни субјекти кои се наоѓаат на слободниот пазар на 30.9.2022 година беа ...

Речиси 3,4 милиони евра профит направиле лани 99 извршители, колку што ги има во државава, ексклузивно за Пари, открија од Комората на извршители. Добивките се движат од само 1.821 денари (најмалата) до дури 8.019.304 денари, или над 130.000 евра (најголема добивка). За да стигнат до оваа добивка, извршителите во текот на 2021 година извршиле над 63.000 присилни наплати. Сумата којашто ја наплатиле во постапките изнесува 130 милиони евра. Пари ...

Рубрика трудово и социјално право ТЕМА: Нешто повеќе за неоснованите причини за отказ Законот за работни односи ги предвидува начините на кои може да се прекине договорот за вработување помеѓу работодавачот и работникот. Во таа смисла работодавачот има одредена слобода да го откаже договорот за вработување на оној работникот кој не ги извршува работните задачи соодветно. Меѓутоа работодавачот мора да има основана причина за откажување на ...

Кога луѓето се благодарни само на фактот дека имаат работа, постои шанса дека тоа да ги одврати од залагањето за своите права. Научниците среќата ја поврзуваат со благодарноста, но и среќата понекогаш има свои недостатоци. Иако благодарноста за вашата работа може да биде искрена и автентична, често е депласирана и е резултат од притисокот да бидете „благодарни“ за вработувањето. Оваа „должна“ благодарност може да ни се одбие и од глава. „Bright ...

Британските железници беа речиси во целосен застој поради штрајкот на синдикатите, бидејќи вработените бараа зголемување на платите поради инфлацијата. Низ земјата денеска сообраќаат само 11 отсто од возовите, а во некои делови на Велика Британија воопшто нема железнички сообраќај. Еден од синдикатите, кој им се извини на граѓаните за штрајкот, објави дека британската Влада е одговорна за штрајкот „поради предлогот да се укинат некои работни ...

Унијата на независни синдикати на Косово вчера објави дека се суспендира до јануари 2023 година штрајкот започнат на 25 август годинава во јавната админитрација и образованието, но дека не се откажува од барањата за надоместоци за наставниот кадар, јави дописникот на МИА од Приштина. Претседателот на штрајкувачкиот одбор, Рахман Јашарај, кој е воедно и лидер на Обединетиот синдикат на образованието, науката и културата (СБАШК), на ...

Незадоволството на вработените во Министерството за култура е огромно, особено по негативното мислење на Министерството за финансии кое и покрај информацијата дека средствата за покачување на платите се обезбедени во Буџетот на Култура, не даде согласност за потпишување на Колективен договор, велат извори за „Вечер“. Државата е за некого мајка, а за некого маќеа, велат за весникот од Култура. Вработените од Министерството за култура посочуваат ...

Поранешниот вработен во Тесла, Карл Медлок, откри што би направил Илон Маск и како вработените обично знаеле дека се под закана од отпуштање. Медлок се појави на The Iced Coffee Hour во август за да зборува за своето искуство во компанијата, а во разговорот кој траеше речиси еден час, тој откри досега непознат детал. „Ако Илон ви кажува што да правите и како да го правите тоа, тоа не е добар знак затоа што тој обично им дозволува на луѓето од ...

Менаџерскиот тим на Еуроникел донесе одлука со која се стопира работата на компанијата, оставајќи ги вработените на улица. Еуроникел е компанија со 865 вработени што ја прави 25-ти најголем работодавец во Републиката! Покрај тоа што компанијата во последните три години работи со голема добивка, менаџерскиот тим одлучи вработените да ги остави без примања во ек на економска криза. Веќе неколку години наназад Еуроникел е дел од најпрофитабилните ...

weather icon

Скопје

20ᴼ / 20ᴼ
2.06
40%
1021
weather icon

Белград

18ᴼ / 17ᴼ
1.54
60%
1021
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
1.03
64%
1021
weather icon

Софија

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
82%
1021
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
1.83
70%
1019
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 18ᴼ
1.54
79%
1021
weather icon

Атина

26ᴼ / 22ᴼ
1.79
48%
1016
weather icon

Тирана

19ᴼ / 19ᴼ
1.54
68%
1017
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
1.54
53%
1018
weather icon

Букурешт

16ᴼ / 13ᴼ
1.03
77%
1020
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 17ᴼ
1.54
54%
1021
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
3.6
77%
1018
Currency

61.535

Currency

53.2474

Currency

72.2284

Currency

34.5295

Currency

39.1925

Currency

65.588

Currency

7.42289

Currency

0.66745

Currency

0.36942

Currency

0.52463

Currency

1.35117

Currency

0.61735

Алуминиум

2.50

Кобалт

42.99

Никел

14970.00

Рутениум

21637.45

Калај

32.63

Сребро

1167.64

Злато

110378.60

Бакар

9.55

Паладиум

33050.97

Платина

38665.45

Родиум

177632.87

Цинк

2.56